„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

47_Sednica

Предлог- Одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела, помина на совет во Охрид

Советниците од Охрид  дадоа амин за Предлог- Одлуката за начинот и постапката на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела.Со оваа одлука се регулира начинот и постапката на паркирање на возила во рамките на градежната парцела. Според одлуката паркирањето може да се организира на ниво на подземните делови на градежната парцела.Според член 3 пак, од оваа одлука не се дозволува користење на монтажни паркинг системи со две или повеќе нивоа , ниту на ниво на терен ниту во подземните делови на градежната парцела. Исто така не се дозволува паркирање на повеќе возила во едно паркинг место со завиени и независни паркинг системи, односно паркирање на повеќе возила едно над друго.Оваа точка според градоначалникот е една од поприоритетните за Охрид, поготово за централното градско подрачје за лето.

Македонија | пред 4 години

ohrid-1

Фирмите кои гo узурпираат крајбрежјето во Охрид, под лупа на сеопфатна истрага на неколку институции

Од како е забележано масовно давање откази во угостителството и бегање на работната сила во фабричките хали, како и поради притисокот од странските претставништва да се реши проблемот со криминалот кој се прави со узурпацијата на брегот на Охридско Езеро, од повеќе државни институции се побарани информации и координирано е започната акција на испитување на финансиското и трудовото работење на фирмите кои ги стопанисуваат узурпирани плажи - дознава NEWS1 од извори во Владата.ФРАПАНТНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ КОИ ОТВОРААТ БРОЈНИ ПРАШАЊАКако што дознаваме проверките направени во официјално пријавените финансиски биланси покажуваат дека еден угостителски објект лоциран на дел од брегот непосредно до урбаната зона на Охрид од 2017 година до 2020 година остварил приходи од над 190 милиони денари ( над 3 милиони евра ), додека друг угостителски објект кој е во близина на споменатиот кој исто така е распослан на илјадници метри квадратни узурпирано државно земјиште,  а за разлика од првиот остварил далеку помали приходи од само над 1 милион денари и имал само еден вработен.Милионски приходи остварил и угостителски објект кој противзаконски узурпира плажа во урбаната зона на Охрид,  во самиот град,  а кој остварил над 60 милиони денари ( над 1 милион евра ).   Извори за NEWS 1 велет дека имињата на фирмите кои се под лупа на иннституциите од страна на истите, за брзо време ќе бидат обелоденети, по комплетирањето на документацијата.ИЛИ НЕМАЛЕ ВРАБОТЕНИ ИЛИ ПАК ГИ ДРЖЕЛЕ НА ПОЛА РАБОТНО ВРЕМЕДека овие угостители се занимаваат само со менаџирање на начини и процеси како што е можно повеќе да ја оштетат државата се гледа и од проверката на тоа какви и колку вработени имале. Па така откриено е дека тоа варира од целосно работење на црно ( со само еден пријавен кај еден од објектите ) до пријавување на вработени на пола работно време кај другите, што пак отвора прашање како вработените се плаќани за останатите часови работи, ако се знае дека објектите работат скоро по 20 часа на ден.Сите овие откриени податоци институциите најверојатно ќе ги презентираат јавно, по што јавноста сама ќе има можност за конкретни угостителски објекти да добие претстава колку пари заработувале , а со години ништо не плаќале ( и со помош на скапо платени адвокати и евтино платени локални медиуми ) ги заглавувале процесите во судовите со цел да продолжат да не плаќаат ништо на државата и да остваруваат астрономски профити на штета на народот и градот Охрид.КАМПАЊАТА ДЕКА ОХРИД ЌЕ ОСТАНЕЛ БЕЗ ТУРИЗАМ ПРОПАЃА ВО СТАРТИ додека градот и државата ги прават проверките кои откриваат тешки кршења на законите, дел од допсисниците и локалните интернет портали се обидуваат на јавноста во државата да и прикажат погрешна и лажна слика дека Охрид ќе останел без понуда на плажите, што секако не е точно бидејќи на брегот на езерото работат и постојат хотели, плажи и други угостителски објекти кои постојат со децении и работат легално, со пријавени вработени и пријавен промет и што е најважно без да вршат узурпација на земјиште сопственост на државата и народот.КАКВА Е И ЈА ИМА ЛИ ПОВРЗАНОСТА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ СО ПЛАЖИТЕ ? !Под истрага ќе се најдат и политичките естаблишменти кои до сега го владееја Охрид, со оглед на тоа дека овој период за кој се проверувани бројките во работењето опфаќа три градоначалници на Охрид. Како што дознаваме се проверувало и што правеле инспекциските служби сите овие години.Константин Георгиевски е единствен градоначалник на Охрид кој со тешки опструкции и саботажи од други институции во Охрид се почна акција за отстранување на овие објекти кои нелегално стопанисувале на повеќе полиња со години, кумулирале средства и го доведоа Охрид до фаза да биде избришан од УНЕСКО.извор: NEWS1 

Македонија | пред 4 години

nikola-1

Георгиески со сочувство за загубата на младиот ракометар Никола Даниловски

Изразувам искрено жалење за загубата на младиот ракометар Никола Даниловски.Даниловски како чувар на мрежата на ракометниот клуб на Охрид ги помина сите младински репрезентативни категории, а се наоѓаше и на поширокиот список на репрезентативци на сениорската репрезентација.Загубата е ненадоместлива, упатувам искрено сочувство до фамилијата, напиша во својата ФБ објава Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta-2

Георгиески: Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и покажуваме вистинска грижа за запирање на деградацијата на нашиот регион

Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и покажуваме вистинска грижа за запирање на деградацијата на нашиот регион. Донесовме План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, кој доследно го почитуваме, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:👉Во моментот се работи на отстранување на бесправните објекти од плажите, кои тековно ќе се уредуваат согласно сите препораки за заштита на природата.👉Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот и континуирано вложуваме во поддршка на туристичкиот сектор.👉Само со одговорна и посветена работа ќе го зачуваме сјајот на Охрид и ќе овозможиме вистински развој на туризмот.  

Актуелно | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Се уредува тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“

Се уредува тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“.Се поставува нова тампон подлога и се врши прередување на веќе поставените бехатон плочки. Поради значителни оштетувања, на одредени места се поставуваат и нови бехатон плочки, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Активностите се дел од програмата за уредување на градежно земјиште, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Во текот на наредниот период планирано е уредување на тротоарите на уште неколку улици во градот каде што има значителни оштетувања.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kosta-3

Георгиески: Покрај значајните инвестиции во инфраструктурата континуирано инвестираме и во образованието

Покрај значајните инвестиции во инфраструктурата континуирано инвестираме и во образованието.Извршена е реконструкција на подови, санитарни јазли и поставена е нова дограма во неколку основни и средни училишта, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Доделивме 412 ученички и студентски стипендии.Ова се само дел од инвестициите во образованието. Како Општина ги препознаваме приоритетите и вложуваме во младите кадри и иднината на државата.

Македонија | пред 4 години

Zelen_pojas_05252021004

Нов зелен појас на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“

Се засадува нов зелен појас од украсно зеленило на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“. Во делот на подготвителните  активностите за засадување на зеленилото беа ангажирани екипи на ЈП „Охридски Комуналец“.Покрај уредување на зелениот појас се врши и партерното уредување на просторот од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ и ЈП  „Градски гробишта“. Според планираното, ваква ограда од зеленило ќе биде засадена и на тротоарските рабови од останатите кружни крстосници на булеварот „Туристичка“.  

Македонија | пред 4 години

grigor

Реконструирани подовите во ходничните простории на ООУ „Григор Пррличев“

Во завршна фаза се активностите за реконструкција на подовите во ООУ „Григор Прличев“. Нови подни облоги од линолеум се поставени во ходничните простории на приземјето и првиот кат од новиот училишен објект.Оваа инвестиција е дел од овогодишната Програма за образование на Општина Охрид и за нејзина реализација од општинскиот буџет се издвоени 748.162 денари.Со цел да се подобрат условите за одвивање на наставата, во текот на изминатиот период, со средства од Општина Охрид беше извршена промена на дограмата во новиот објект, беа реконструирани подовите во неколку училници и беше извршена реконструкција на дел од тоалетите.  

Македонија | пред 4 години

delegacija-opstina

Делегација на општина Охрид предводена од претседателката на Советот положи цвеќе пред споменикот на Св.Кирил и Методиј

По повод одбележувањето на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид предводена од Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, положи свежо цвеќе пред нивниот споменик на кејот „Македонија”.Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.Во чест на празникот со поддршка на Општина Охрид и во организација на КУД „Гердан” беше одржана пригодна свеченост во старото училиште „Свети Кирил и Методиј” во населбата „Кошишта”. Исто така со поддршка на општината денеска ќе биде организиран и свечен концерт во црквата „Света Софија” со почеток во 17 часот.

Македонија | пред 4 години

24maj-1024x1051

Георгиески:Светите браќа Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик

Светите браќа Кирил и Методиј борејќи се за признавање на словенското писмо и јазик, го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик.Нивното историски и културолошки значајно дело претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености. Со своето творештво даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување. Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес преку писменоста обединува многу народи.Нека е вечно името на светите браќа, а делото нивно да го зачуваме од заборав. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители и да го славиме уште многу години, стои во ФБ објавата на градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

vlasi

Градоначалникот Георгиески со честитка по повод националниот ден на Власите, 23 мај

По повод Националниот ден на Власите, во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до припадниците на влашката заедница со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и благосостојба.Власите се нераскинлив дел од градењето на нашето општество и даваат вреден придонес во негувањето на меѓуетничкиот соживот и толеранција.Одбележувањето и почитувањето на овие празници е од исклучително значење за чување и унапредување на меѓусебните односи, како и за јакнење на заедничкиот стремеж за напредок и развој на сите полиња.Верувам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да чекориме кон подобра иднина за нашиот град и нашата држава и да обезбедиме подобар живот за идните генерации, стои во ФБ објавата на Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta-ivan-jone

Георгиески: Со задоволство ја прифатив поканата од „Охрид трчат“да учествувам на традиционалната Панел дискусија, посветена на спортскиот туризам

На 6 ти јуни, Охрид по петти пат ќе биде домаќин на Спортската манифестација „Охрид трчат“.Со организаторите на овој спортски собир разговаравме за подготовките на овогодинешното издание како и за деталите на сите предвидени настани во рамки на програмата.Со задоволство ја прифатив поканата да учествувам на традиционалната Панел дискусија, посветена на спортскиот туризам на која ќе дискутираме за значењето на ваквите манифестации во насока на развој на туризмот, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Геогиески. Извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kiril-ii-metodij-1

Во Охрид свечено одбележување на солунските браќа Кирил и Методиј

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј, во понеделник 24 мај, ќе биде одбележан денот на овие двајца големи просветители. Потоа е предвидена културна програма во црквата Св.Софија, со почеток од 17 часот.Словенските просветители, браќата Кирил и Методиј се првите мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи. 

Македонија | пред 4 години

legendi-fudbal

Фудбалските легенди од поранешна Југославија, гости на градоначалникот Георгиески

Чест ми е што денеска мои гости беа фудбалските легенди од поранешната Југославија, Бошко Ѓуроски, Станислав Караси, Јован Аќимовиќ и Милош Шестиќ.Во Охрид деновиве ќе престојуваат повеќе од 40 поранешни фудбалери, како и членови на управата од клубот „Црвена Ѕвезда“.Предвидено е во сабота на Градскиот плоштад во Охрид, точно на пладне гостите да остварат неколку часовно дружење со фановите, додека за 18 часот е закажан ревијален натпревар помеѓу ветераните на „Црвена Ѕвезда“ и ветераните на фудбалскиот клуб „Охрид“. Натпреварот ќе се одигра на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“.Иницијатор на средбата е Здружението на фудбалски ветерани на ФК „Охрид“, каде членови се дваесеттина првотимци од сите генерации на клубот. Гостувањето се поклопува со јубилејот што го одбележува ФК „Охрид“ кој оваа година прославува стогодишнина од формирањето на 18-ти април 1921 година, напиа во својата ФБ објава градоначалникот.

Македонија | пред 4 години

Gradiste-inspekcija-1

(ФОТО) Општина во Охрид ќе урива дивоградби во Градиште, извршен вонреден инспекциски надзор во автокампот

Градежните инспектори од Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид на 19.05.2021 година извршија вонреден инспекциски надзор во автокампот „Градиште“ со увид на лице место согласно Законот за градење и Законот за инспекциски надзор. Извршен е комплетен надзор на 15 автокамп приколки, при што се затекнати бетонски подлоги, метални настрешници, целосно затворање на автокамп приколките со лим, дрво, алукобонд и водоотпорни гипс картон плочи. Затекнати се недозволени дрвени и метални конструкции и времени објекти. На одредени локации се затекнати и приклучоци за водоводна мрежа, канализациона мрежа и електрична енергија, се велат од Општина Охрид.Во дописот од локалната самоуправа додаваат:Изготвен е записник и фотодокументација за надзорот, при што е констатирано дека субјектот кој стопанисува со автокампот „Градиште“ не поседува одобрение за поставување на времени објекти, решение за изведба на платформи изведени од дрвена и метална конструкција и решение за изведба настрешници кои се поставени над автокамп приколките.Констатираната моментална состојба е надвор од сите одобрени проекти и законски прописи. Врз основа на тоа, Одделението за инспекциски надзор донесе Решение за отстранување на времените објекти, платформите, настрешниците, армиранобетонските плочи, плочите од бекатон плочки, според член 134 и член 135 став(1) алинеа 3 од Законот за градење Сл.Весник на РСМ( од бр.130/09 до 279/20).Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе продолжи со спроведување на инспекциски контроли во автокампот „Градиште“ како и на останатите автокампови на крајбрежјето на Охридското Езеро, кои се наоѓаат на локации кои се на територија на општината.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања