„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

kosta-2

Георгиески: Под слоганот “Градиме иднина” започнуваме со презентација на проектите од страна на локалната самоуправа

Две години посветено и одговорно работиме за обезбедување на подобри услови за развој на Охрид.👉Вашата доверба и поддршка е основниот мотив да продолжиме понатаму со реализација на исклучително важни проекти со кои ја подобруваме урбаната слика во градот и креираме можности за напредок на сите полиња.✅Иако тековно и редовно Ве информираме за сите детали од нашата работа, врз основа на принципите на транспарентност и отчетност од денес под слоганот “Градиме иднина” започнуваме со презентација на проектите и активностите кои како локална самоуправа ги имаме реализирано во текот на изминатата година (од април 2020 година до април 2021 година).✅Во финалниот дел од презентацијата на срботеното ќе биде објавена и соодветна публикација која ќе биде достапна во печатено и електронско издание, стои во ФБ објавата на градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

pozarnikari

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод 20 мај- Денот на пожарникарите

Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод 20. Мај – Денот на пожарникарите.Вашата професионалност, хуманост и пожартвуваност е од исклучително значење за обезбедување на заштита и сигурност во општествената заедница. Со вашето делување во кризни и опасни ситуации заради штитење на граѓаните, имотот и општото добро, ги изложувате на ризик сопствените животи. Затоа оваа благородна професија е достојна за голема почит и вреднување.Како Локална самоуправа континиурано сме посветени на обезбедување на подобри услови за работа и зголемување на капацитетот на Охридската противпожарна единица. Во текот на изминатиот период инвестирани се значителни средства за набавка на нова опрема за пожарникарите и ваквите активности ќе продолжат и во иднина, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Пререгистрација на постоечките картички за движење на возила во стариот дел на Охрид

Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат сите жители кои веќе поседуваат картички да се пријават во Општина Охрид и при тоа со себе да ја носат подолунаведената документација и тоа:За постојани  жители на стар дел од град ОхридКопија од лична карта и на нивно име и адреса да има регистрирано моторно возило со важечка регистрација (се докажува со копија од сообраќајна дозвола).Правни лицаЌе можат да добијат картичка за движење на возилата кои се регистрирани на иста адреса, на која адреса е и седиштето на правното лице , а кое е во стариот дел од град Охрид  (како доказ се приложува копија од сообраќајна дозвола и тековна состојба од Централен Регистар – не постара од 60 дена);Жители  кои немаат постојана адреса во стариот дел од градотКои во сопственост имаат станбен објект во овој дел ќе им биде издадена само една картичка за моторно возило регистрирано на нивно лично име (како доказ приложуваат имотен лист од објектот, копија од лична карта и копија од сообраќајна дозвола од сопственото возило).СтаноиздавачиСите станоиздавачи кои во склоп на својата КП поседуваат уреден простор за паркирање со повеќе паркинг места и кои до објектот имаат непречен пристапен пат ќе добијат онолку картички  колку што имаат обезбедено паркинг места (како доказ приложуваат  важечко Решение за категоризација издадено од Општина Охрид и потврда од Комисијата дека во склоп на објектот има паркинг места).ТуристиКои имаат резервирано сместување преку BOOKING со формуларот ќе може да влезат во Стариот дел од градот за сместување и во временски интервал  од 1 час возилото треба да излезе.Сите баратели кои ги исполнуваат наведените услови ќе може да извршат пререгистрација на картичките секој работен ден од 21.05.2021 до 04.06.2021 година во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот, на посебен шалтер кој ќе биде поставен пред влезот на зграда од Општина Охрид.Покрај горенаведените документи, барателите со себе треба да ја носат и старата картичка за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид.На сите иматели на картички кои не ги исполнуваат условите од Правилникот, картичките ќе им бидат поништени.ПРАВИЛНИК ЗА ИЗДАВАЊЕ НА КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАД ОХРИД    

Македонија | пред 4 години

Havarisani-vozila

Општина Охрид: Да се отстранат хаварисаните возила од јавните површини

Надлежните служби на општина Охрид упатуваат апел до сите охриѓани кои имаат хаварисани возила паркирани на јавните површини истите да ги отстранат во најкраток временски период. Во спротивно тие ќе бидат отстранети со пајак служба , на трошок на сопствениците.Воедно се упатува апел до сите охриѓани да испраќаат фотографии од хаварисани возила оставени на јавни површини на адреса inspektorat@ohrid.gov.mk со цел истите да бидат отстранети од комуналните служби при општина Охрид.

Македонија | пред 4 години

pateka

(ФОТО) Типизирани куќарки се поставуваат и на пешачката патека после мостот

Типизирани куќарки брендирани со логото на Општина Охрид покрај на Кејот се поставуваат и на пешачката патека од мостот према некогашен Парк.  Нема повеќе продавање прехранбени производи и книги на колички или ѕидчиња. За оваа намена се предвидени токму оваа куќарки.Куќарките што прв пат беа употребени за потребите на Новогодишниот базар на Градскиот плоштад ќе бидат целосно поврзани на електричната и водоводната мрежа за да обезбедат услови за безбедно работење.Според најавите од Општина Охрид, се работи за обид да се воспостави ред во услужните дејности, односно да се спречи продавањето храна на туристите од привремена урбана опрема што не исполнува минимални безбедносни услови.Право на продавање прехранбени производи на шеталиштето во градот  и на пешачката патека после мостот ќе биде дозволено само за оние угостители и трговци што ќе закупат од привремените објекти поставени за таа намена, додека „дивите” продавачи ќе бидат отстранети.

Актуелно | пред 4 години

kapetanija-parking

(ФОТО) Нема повеќе „подзастанување“ пред Охридската капетанија, поставена нова сигнализација и топки

Како што најави градоначалникот Константин Георгиевски, „во очи“ на туристичката сезона се решаваат проблемите на Охрид.  Еден од нив е паркирањето на централното градско подрачје, поготово во Стариот дел на Охрид.Нема повеќе паркирање автомобил под изговор „на кратко сум“, па да се остане неколку часови. сообраќајниците во центарот не се место за паркирање, туку официјалните обележани паркинг локации.Ваков проблем мината година имаше сообраќајницата пред Охридската капетанија, пред рампата за излез или влез на жителите од Стариот дел на градот. Токму поради тоа од синоќа на овој потег е поставена нова сигнализација и топки. На овој потег нема повеќе паркирање на автомобили.Инаку жителите од стариот дел на Охрид за свои потреби имаат паркинзи, проблемот настанува во летната сезона, со гостите кои се сместени во Варош или Месокастро. За нив во моментов локалната го има предвидено паркингот пред Горна Порта, но гостите или „досетливите домаќини“ своите картички за поминување преку рампите им ги дава на гостите, па на овој начин улиците низ стариот дел на градот се претвораат во паркиралишта.Градоначалникот неодамна истакна дека овој периот често се дискутира за овој проблем, па се изнаоѓаат начини да се реши и овој проблем.Кога сме кај проблемот со паркирањето во централното градско подрачје, се чини дека конечно ќе биде решен со долго најавуваната катна гаража. Георгиески како конечно да ги помести реботите од мртва точка со овој проект. Градоначалникот неодамна за Охрид 1 истакна дека  проектот за катната гаража во Охрид е готов.„Се чека одобрение и ќе се спроведе постапка за јавно-приватно партнерство за да се почне реализацијата“.Ако се тече според планот и ако овој проект го добие одобрението од управата за заштита на културно наследство, реализацијата на овој проект треба да почне од на есен.   

Македонија | пред 4 години

Plazi-ohrid

Георгиески: Во моментов работиме на расчистување на плажите од потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани

Со отстранувањето на бесправно изградените објекти на плажите овозможуваме нивно слободно користење без нелегално наплаќање на влез и лежалки. Лежалки ќе може да бидат поставени пред хотелските комплекси но влезот на плажите ќе биде слободен за сите посетители. Во моментов работиме на расчистување на потегот од хотелот „Метропол“ до селото Пештани, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:‼️Апелирам, стопанствениците на објектите на плажите во опфат на ГУП-от да постапат по решенијата за отстранување од 2017 година и самостојно да ги отстранат објектите. Општина Охрид не отстапува од намерата да ги спроведе законите. Узурпацијата на државното земјиште и бесправното користење на овие објекти како вршење на дејност преку која стопанствениците се стекнуваат со профит претставува кривично дело.Општина Охрид и во следниот период продолжува со отстранување на бесправните објекти. Предмет на постапување ќе бидат бесправните објекти од траен или времен карактер покрај крајбрежјето во опфат на ГУП-от. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид: Упатуваме апел до јавноста, до родителите, раководниот и наставниот кадар да постапуваат достоинствено и да не ги злоупотребуваат темите за мултиетнички соживот во негативна конотација

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека има етничка селекција на ученици при уписите на првачиња во ООУ „Братство Единство“ и останатите основни училишта на територијата на општината, општина Охрид ја информира јавноста дека врз основа на член 63 од Законот за основно образование („Сл.весник на РСМ “ 161/19), член 36 од Законот за локална самоуправа(„Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 18 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на 8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/19), Советот на општина Охрид на седницата одржана на 29.05.2020 година има донесено одлука за утврдување на реоните од кои се запишуваат учениците во основните училишта во општина Охрид, се вели во соопштението од Одделение за односи со јавност при Општина Охрид.Во продолжение на истото од Општина Охрид додаваат:Оваа одлука беше донесена врз основа на воочените недостатоци во делот на опфатот на реонот од училиштата и улиците во Одлуката за мрежата на основните училишта во општина Охрид од 11.05.1990 година (Службен гласник под бр.3 бр. 08 – 5953 донесена од Собранието на општина Охрид). Со новодонесената одлука за реонизација се направи соодветна измена и дополнување со што се овозможи упис на ученици во прво одделение во основните училишта на територијата на општина Охрид, согласно закон.Училишната мрежа на основното образование на подрачјето на општина Охрид ја сочинуваат 8 општински основни училишта во кои наставата се изведува на Македонски јазик. Припадниците на заедниците кои следат настава на Албански и Турски јазик, се запишуваат во училиштето ООУ „Братство Единство“, освен оние ученици кои сами ќе изразат желба да одат во друго училиште.Ова основно училиште отсекогаш било вистински пример за соживот, меѓусебно почитување и толеранција и повеќе од седум децении функционира врз принципите на мултикултурализмот како основна вредност за заедништвото во едно општество. Ова го потврдуваат генерациите успешни и реализирани ученици од сите етнички заедници, голем број признанија и награди, како и успешната имплементација на меѓународни проекти за интеграција во образованието.Упатуваме апел до јавноста, до родителите, раководниот и наставниот кадар да постапуваат достоинствено и да не ги злоупотребуваат темите за мултиетнички соживот во негативна конотација, преку која се создава погрешна слика и се остава лош впечаток за мултиетничкото живеење во нашиот град.Исто така, упатуваме апел до родителите да ја почитуваат одлуката за реонизација на основни училишта во Охрид, да ги запишуваат учениците во ренското училиште и без објективни причини да не бараат потврди за промена на реонското училиште. 

Македонија | пред 4 години

Plazi-ohrid

(ВИДЕО) Охридските плажи исчистени, еве како ќе изгледаат оваа сезона

Охридските плажи подготвени за туристичката сезона. Тие се расчистени од градежниот шут кој остана по уривањето на дивоградбите. Песок, вода и слободен простор – вака ќе изгледаат плажите, откако локалната вложи напори да ги врати во првобитна состојба. Нема повеќе наплаќање лежалки и кавга доколку сакате да поставите пешкир на песок и да уживате во природата, а да не пиете ништо.Расчистени се дел од плажите, но има уште. Градоначалникот наодамна најави дека ќе продолжат со расчистување на крајбрежјето, а веднаш после тоа акцијата ќе продолжи и во урбаната зона на Охрид и Стариот дел на градот.„Имаме објекти останати на плажите, тие оваа сезона нема да функционираат, сите ќе бидат отстранети. Предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, истакна неодамна Георгиески.Инаку акцијата за отстранување на дивоградбите од Охридските плажи започна минатата година. Се отстрануваа според список со плажи ( објекти ) кои треба да се отстранат од брегот на езерото и тоа по редослед според тоа која плажа најдолго работела без договор со државата.Охрид со децении беше претворен во своевидно „елдорадо“ за урбанистите во Локалната, градежните компании како и угостители кои со години без никаков договор на брегот на Охридско Езеро во владение самоволно имаа запоседнато илјадници метри квадратни државно земјиште на кои изградиле угостителски објекти или поставиле времена опрема, а ваквите прилики и неприлики го доведоа градот пред бришење од списокот на УНЕСКО.Акцијата доби засилено темпо откако УНЕСКО препорача да се врати првобитниот изглед на градот.Зад општина Охрид во спроведување на оваа акција застана и Владата. Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.

Македонија | пред 4 години

kosta

Георгиески за ТВ 24: Мора да се работи на превенцијата на бесправната градба

Константин Георгиески градоначалникот на Охрид во емисијата 24 анализа во однос на диовоградбите во Охрид, рече дека со овој закон е предвидено целокупниот регион кој е заштитен од УНЕСКО да се изземени од законт за легализација.„Има тука различен момент за граѓаните кои живеат на заштитените подрачја. На територијата на Охрид имаме јасна слика на сите беправно изградени објекти. Точната бројка се шпекулира за околу 20 000 градби, но тоа не е така, бидејќи во општината имаа 16 000 предмети за легализација, како резултат на незапишани права во минатото. Имаме и добар дел на објети кои се класични дивоградби. И сега имаме две опции, или рушење или легализација, Проблемот не е во законот за легализација, туку што ние не работиме на превенција. И сега да донесеме закон за легализација, што после носењето на тој закон да не ни се појават пак дивоградби? Мора да се работи на превенцијата на бесправната градба.“ - вели Георгиески.извор: ТВ24.мк

Македонија | пред 4 години

kosta-4-1

Проектот „Обуки за напредни технологии во автомобилската индустрија“ кој ОЕМУЦ ќе го имплементира во соработка со „Костал“ со поддршка на Амбасадата на Швајцарија

Проектот „Обуки за напредни технологии во автомобилската индустрија“ кој ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ ќе го имплементира во соработка со компанијата „Костал“ и со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија е од исклучително значење за создавање на подобри услови за практична настава во техничките струки, но и за креирање на квалификуван кадар кој ќе може да одговори на потребите за стручна работна сила на компаниите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Општина Охрид секогаш е подготвена да даде поддршка на вакви иницијативи и да стимулира ваков вид на соработка.Особено сум горд што преку голема посветеност на локалната самоуправа и раководството на училиштето, успеавме ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ да го претвориме во репрезентативно училиште со значително подобрени услови за настава, се со цел да се зголеми бројот на ученици кои ќе се одлучат за стручно образование.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Javen-povik-Velosipedi-2020

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Охрид за купување велосипеди во 2021

Опис на јавниот повик1.1. Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои купиле или ќе купат нов велосипед.https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/%D0%88%D0%90%D0%92%D0%95%D0%9D-%D0%9F%D0%9E%D0%92%D0%98%D0%9A-%D0%97%D0%90-%D0%A1%D0%A3%D0%91%D0%92%D0%95%D0%9D%D0%A6%D0%98%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%A0%D0%90%D0%8A%D0%95-%D0%97%D0%90-%D0%9A%D0%A3%D0%9F%D0%A3%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95-%D0%92%D0%95%D0%9B%D0%9E%D0%A1%D0%98%D0%9F%D0%95%D0%94%D0%98-%D0%92%D0%9E-2021-%D0%93%D0%9E%D0%94%D0%98%D0%9D%D0%90.pdfПовеќе на ohrid.gov.mk

Македонија | пред 4 години

tocak-1024x1024

Објавен повикот за субвенции на велосипеди за граѓаните на подрачјето на Општина Охрид

Од денеска е објавен повикот за субвенции на велосипеди за граѓаните на подрачјето на Општина Охрид. Субвенциите се однесуваат на купени велосипеди од 1.01.2021 година и истите опфаќаат покривање на:70% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 8.500,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, за невработените лица, лицата кои имаат право на социјална парична помош или лицата кои се приматели на постојанасоцијална помош. 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, за лица кои се во работен однос и чии месечни нето приходи не ја надминуваат просечната месечна исплатена нето плата за месец февруари 2021 г, во износ од 27.948,00 мкд.Јавниот повик трае 5 работни дена од денот на објавување на официјалната веб страна на општина Охрид. Прочитајте повеќе: https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0…/

Македонија | пред 4 години

kukarki

(ФОТО) Започна поставувањето на типизирани куќарки брендирани со логото на Општина Охрид - нема да има повеќе шаренило

Охрид се подготвува за летната сезона. На градскиот Кеј повеќе нема да има шеренило од разноразни колички и објекти на кои ќе се продава храна.Како што најави Градоначалникот Константин Георгиески од рано утрово започна поставувањето на типизирани куќарки брендирани со логото на Општина Охрид, за оваа намена.„Нема да има шаренило како досаега од разноразни објекти кои се поставуваат на Кејот и служат за приготвување на храна во несоодветни услови. Постојано сме во координација со агенцијата за храна. Овие типизирани куќарки сите ќе имаат топла вода. Занеме дека досега храната на Кејот се подготвуваше во супстандардни услови. Охрид тоа не го заслужува“, вели градоначалникот.Инаку типизираните куќарки за прв пат беа поставени за Нова Година.Како и тогаш така и за летната сезона, ќе биде дозволено изнајмување само на овие куќарки.„Само тие ќе добијат дозвола ќе работат, сите останати ќе бидат отстранети“, вели Георгиески. 

Македонија | пред 4 години

kosta

(ВИДЕО) Општина Охрид додели 412 ученички и студентски стипендии

Еден од најважните услови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор е квалификуваниот кадар. , вели градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Оттука и потребата учениците уште во текот на образованието да стекнуваат практична настава во компаниите. Дуалното образование го нуди токму ова, практична настава во реални услови и стекнување квалификации за побрзо вработување.Општина Охрид ги поддржува сите реформи за унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта кои имаат за цел да придонесат за подобра иднина на младите.Во таа насока оваа година доделивме 412 ученички и студентски стипендии.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања