„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

carovska

Градоначалникот Георгиески и министерката Царовска ги посетија промотивните настани на Охридските средни стручни училишта

Градоначалникот Константин Георгиески и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска беа во посета на промотивните настани на ДУТУ “Ванчо Питошески” и ОЕМУЦ ” Свети Наум Охридски” кои се организираат за идните средношколци и ги запознаваат со придобивките од стручното образование.Градоначалникот истакна дека Општина Охрид е подготвена да ги поддржи сите реформи на Министерството за образование и наука, кои се во насока на унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта и кои  придонесуваат за подобра иднина на младите. – Ја поддржуваме кампањата на “Учи паметно, работи стручно” и процесот за унапредување на средното стручно образование, со цел истото да ја оствари својата примарна функција, а тоа е креирање на стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд. Многу е важно образовните профили во стручните училишта да бидат усогласени со потребите на компаниите и бизнис секторот. Квалификуваниот стручен кадар е еден од најважните предуслови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор. Во Охрид веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Преку овој систем на образование учениците се стекнуваат со потребната пракса, а компаниите со обучен кадар, кој е подготвен веднаш да одговори на работните задачи од соодветната струка, истакна градоначалникот Георгиески. Тој потенцираше дека во рамки на своите надлежности Општина Охрид континуирано инвестира во подобрувањето на условите за учениците во средните училишта. За таа цел во текот на изминатиот период беа реализирани значајни реконструктивни зафати во сите училишни објекти, а вакви активности се планирани и во иднина.

Македонија | пред 4 години

kosta-mila

Градоначалникот Георгиески оствари работна средба со министерката Царовска

Креирањето на квалификуван стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд е еден од најважните предуслови за развој на индустријата, бизнисот и туристичкиот сектор во Охрид.Како дел од кампањата “Учи паметно, работи стручно” заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска денеска имавме можност да бидеме дел од промотивните активности на ДУТУ“Ванчо Питошески” и ОЕМУЦ “Свети Наум Охридски”, наменети за учениците од деветтите одделенија и нивните родители, на кои се презентираат струките и образовните профили за учебната 2021-2022 година.Во Охрид веќе успешно функционира системот на дуално образование, како еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите. Преку овој систем на образование учениците се стекнуваат со потребната пракса, а компаниите со обучен кадар, кој е подготвен веднаш да одговори на работните задачи од соодветната струка.Општина Охрид е подготвена да ги поддржи сите реформи за унапредување на наставниот процес во средните стручни училишта кои имаат за цел да придонесат за подобра иднина на младите, напиша во ФБ објавата градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Одлука за избор на кандидат по интерен оглас

Врз основа на член 52 точка (1) од Законот за административни службеници (“Сл. весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), секретарот на Општина Охрид донесе: О Д Л У К Аза избор на кандидат по интерен оглас зa унапредувањеадминистративен службеник Кандидатот БИЉАНА ИВАНОСКА БАЛОСКА се избира за работното место  УПР0101В01000 Советник – внатрешен ревизор во Одделение за ревизија.Оваа одлука ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на веб страната на Општината.О б р а з л о ж е н и еОпштина Охрид на својата веб страната и веб страната на Агенцијата за администрација на ден 26.04.2021 година објави интерен оглас број 2/2021 за унапредување  на еден административен службеник за работното место УПР0101В01000 Советник – внатерешен ревизор во Одделение за ревизија.Комисијата за селекција на ден 11.05.2021 година спроведе административна селекција за интерен оглас (записник бр. 04-4711/1) и интервју за унапредување на административен службеник (записник бр. 04-4711/2).Врз основа на резултатите од спроведените фази за унапредување, Комисијата за селекција изготви финална ранг-листа и предлог за избор на кандидатот Биљана Иваноска Балоска на работното место УПР0101В01000 Советник- внатрешен ревизор во Одделение за ревизија.Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука. Поука за правно средство: Против оваа Одлука може да се изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на нејзиното објавување на веб-страната на Општината.Врз основа на член 52 точка (1) од Законот за административни службеници (“Сл. весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), секретарот на Општина Охрид донесе:О Д Л У К Аза избор на кандидат по интерен оглас зa унапредувањеадминистративен службеникКандидатот САШО ЈОВАНОСКИ се избира за работното место УПР0101В01000 Советник за развој на планови и програми за управување со отпад, во Одделение за управување со отпад и регионални депонии, Сектор за заштита на животна средина и управување со отпад.Оваа одлука ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на веб страната на Општината.О б р а з л о ж е н и еОпштина Охрид на својата веб страната и веб страната на Агенцијата за администрација на ден 26.04.2021 година објави интерен оглас број 2/2021 за унапредување  на еден административен службеник за работното место УПР0101В01000 Раководител на одделение за сообраќај и улици, Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици.Комисијата за селекција на ден 11.05.2021 година спроведе административна селекција за интерен оглас (записник бр. 04-4711/1) и интервју за унапредување на административен службеник (записник бр. 04-4711/2).Врз основа на резултатите од спроведените фази за унапредување, Комисијата за селекција изготви финална ранг-листа и предлог за избор на кандидатот Сашо Јованоски советник за развој на планови и програми за управување со отпад, во Одделение за управување со отпад и регионални депонии, Сектор за заштита на животна средина и управување со отпад.Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука. Поука за правно средство: Против оваа Одлука може да се изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на нејзиното објавување на веб-страната на Општината.Врз основа на член 52 точка (1) од Законот за административни службеници (“Сл. весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), секретарот на Општина Охрид донесе:О Д Л У К Аза избор на кандидат по интерен оглас зa унапредувањеадминистративен службеник Кандидатот ЃОРЃИЈА НЕЛОСКИ се избира за работното место УПР0101Г01000 Самостоен референт – Архивар во Одделение за правни работи, Сектор за правни работи.Оваа одлука ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на веб страната на Општината.О б р а з л о ж е н и еОпштина Охрид на својата веб страната и веб страната на Агенцијата за администрација на ден 26.04.2021 година објави интерен оглас број 2/2021 за унапредување  на еден административен службеник за работното место УПР0101Г01000 Самостоен референт- Архивар во Одделение за правни работи, Сектор за правни работи.Комисијата за селекција на ден 11.05.2021 година спроведе административна селекција за интерен оглас (записник бр. 04-4711/1) и интервју за унапредување на административен службеник (записник бр. 04-4711/2).Врз основа на резултатите од спроведените фази за унапредување, Комисијата за селекција изготви финална ранг-листа и предлог за избор на кандидатот Ѓорѓија Нелоски на работното место УПР0101Г01000 Самостоен референ- Архивар во Одделение  за правни работи, Сектор за правни работи.Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука. Поука за правно средство: Против оваа Одлука може да се изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на нејзиното објавување на веб-страната на Општината.Врз основа на член 52 точка (1) од Законот за административни службеници (“Сл. весник на РМ“ бр. 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), секретарот на Општина Охрид донесе: О Д Л У К Аза избор на кандидат по интерен оглас зa унапредувањеадминистративен службеник Кандидатот НАУМ ВЕРОВСКИ се избира за работното место УПР0101В02000 Виш соработник- Проценувач на недвижен имот во Одделение за даноци, Сектор за даноци и комунални такси.Оваа одлука ќе се достави до избраниот кандидат и ќе се објави на веб страната на Општината.О б р а з л о ж е н и еОпштина Охрид на својата веб страната и веб страната на Агенцијата за администрација на ден 26.04.2021 година објави интерен оглас број 2/2021 за унапредување  на еден административен службеник за работното место УПР0101В02000 Виш соработник – Проценувач на недвижен имот во Одделение за даноци, Сектор за даноци и комунални такси.Комисијата за селекција на ден 11.05.2021 година спроведе административна селекција за интерен оглас (записник бр. 04-4711/1) и интервју за унапредување на административен службеник (записник бр. 04-4711/2).Врз основа на резултатите од спроведените фази за унапредување, Комисијата за селекција изготви финална ранг-листа и предлог за избор на кандидатот Наум Веровски на работното место УПР0101В02000 Виш соработник- проценувач на недвижен имот во Одделение за даноци, Сектор за даноци и комунални такси.Врз основа на горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на оваа одлука. Поука за правно средство: Против оваа Одлука може да се изјави жалба до Агенцијата за администрација во рок од 8 дена од денот на нејзиното објавување на веб-страната на Општината.

Македонија | пред 4 години

cestitka

Честитка од градоначалникот Георгиески за Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка по повод големиот муслимански празник   Рамазан Бајрам.– На сите граѓани од исламска вероисповед и  на раководството на Исламската верска заедница   им  го честитам големиот празник Рамазан Бајрам  кој се одбележува по светиот месец на постот со желба  да го минат  во добро здравје,  радост, љубов  и хармонија во семејството.Во ова време кога човештвото се соочува со големата борба против пандемијата предизвикана од  корона вирусот  посакувам да покажете трпение и празничните денови да ги минете со почитување на пропишаните протоколи и мерки за заштита.Нека овие денови  кај секој човек ги потврдат вредностите на толеранцијата,  слогата, и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот.Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам – стои во честитката на градоначалникот Георгиески. 

Македонија | пред 4 години

kosta-1

(ФОТО) Продолжува отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето

Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница, го задолжи Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта "Македонија пат", во соработка и координација со општина Охрид да и стави на располагање соодветна механизација согласно Мерката да продолжи и да се интензивира отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето и на објектите нотирани од страна на НП Галичица, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Упатувам јавна благодарност до Владата за поддршката на активностите за отстранување на бесправните градби. Убеден сум дека само преку заедничко делување и на локалната и централната власт ќе може да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е зачувување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Opstina_Ohrid_030

Георгиески:Општина Охрид и во следниот период продолжува со акцијата на отстранување на бесправните објекти според препораките на УНЕСКО

Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти кој веќе го усвои Собранието и кој се однесува на легализација на дивоградби не се однесува на бесправните објектите во границите на Охридскиот регион.Поточно законот не ги опфаќа дивоградбите кои го нарушуваат природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.Општина Охрид и во следниот период продолжува со акцијата на отстранување на бесправните објекти според препораките на УНЕСКО, напиша во ФБ објавата градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

opstina

Јавен повик за субвенционирање на занаетчии на подрачјето на општина Охрид за 2021

Предмет на Јавниот повик е директна еднократна парична  помош на најпогодената категорија на занаетчии од пандемијата на Ковид – 19, со цел задржување на работните места и зачувување на овие занаети од изумирање, соглсно Регионалната Занаетчиска Комора Охрид.Повеќе на  https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bd/

Македонија | пред 4 години

medicinska-sestra

Георгиески: Голема благодарност до медицинските сестри кои во оваа Ковид криза ја покажаа својата клучна улога при справувањето со пандемијата

Голема благодарност до медицинските сестри кои во оваа Ковид криза ја покажаа својата клучна улога при справувањето со пандемијата. Нивната надчовечка посветеност и неуморна работа повеќе од една година спасија многу животи и израдуваа многу семејства, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Градоначалникот во објавата додава:Денешниот Меѓународен ден на медицинските сестри им е посветен нив, за нивниот труд и нивната пожртвуваност.Ви благодариме за вашата човечност и истрајност целиот овој период.Нека ви е честит Меѓународниот ден на медицинските сестри!извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Јавен повик за субвенционирање на општински линиски превозна патници на подрачјето на општина Охрид

Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2021 година („Службен гласник на општина Охрид “бр.09-11545/59 од 29.12.2020) и Правилникот за субвенционирање на општинскиот линиски превоз на патници на подрачјето на општина Охрид со бр.08-4086/81 од 28.04.2021 година, општина Охрид објавува Јавен повик за субвенционирање на општински линиски превозна патници на подрачјето на општина Охрид.Oпштина Охрид, со оваа програмска мерка има за цел да помогне на  стопанските дејности во услови на криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, и да ги  стимулира жителите на општина Охрид за користење на општински лниски превоз, како мерка која има мултиапликативен ефект…Повеќе на ohrid.gov.mk

Македонија | пред 4 години

opstina

Оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема

Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед 13 локацииПоставување фрижидери за продажба на сладолед се предвидени на следните локации:по должината на KEJ„Македонија“ вкупно 11 локации – 1(1а), 2(2а), 3(3а),4(4a), 5(5a), 6(6a), 7(7a), 8(8a), 9(9a),10(10a) и 11(11a)на плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација – 12(12а)на ул.,,Климент Охридски,, вкупно1 локација – 17(17а)На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со површина 4м2 Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година. II. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги – 5 локации:Локациите  за продажба книги се наоѓаат на просторот меѓу комплекс Летница  и ТЦ Амам, тротоар на ул. “Македонски Просветители” вкупно 5 локации (1,2,3,4,5)Продажбата на книги ќе се извршува на простор со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година. III. Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики – 4 локацииЛокациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта, вкупно 4 локации (1,2, 3 и 4)Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2021 година. IV. Локации за поставување урбана опрема (забава на отворено) – 5 локации:Поставувањето на реквизитите за забава предвидени сепо должина на улица Кеј Македонија пред Хотел “Палас” вкупно 5 локации (лок.1, лок.2, лок.3,лок. 4 и лок.5) со димензии 4.00м х 12.00 мГрафички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година.Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена. VI. Почетна цена за издавање на локација е:локација за фрижидери за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно по локација (на една локација може да се постават по два стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце);локација за продажба на книги со почетна цена од 5.000.оо (петилјади) денари/месечно;локација за продажбана уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;Локација за поставување на реквизити за забава со почетна цена од 250,оо (двестаипедесет) денари по м2 месечно.6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.6.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.6.3 Трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00(седумденари) од м2 дневно.6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III и IV ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.6.6 Поставувањето на урбаната опрема дозволено е да отпочне по добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.VII. Доставување на понуди7.1   Понуди можат да достават физички и правни лица, и тоаПравно лице кое има регистрирно деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка на стечај или ликвидација (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)физичко лице кое е жител на општина ОхридПравното или физичкото лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021.На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење локациите за поставувае на урбаната опрема на трети лица.7.2   Понудувачот треба да достави:Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mkУплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари. Уплатата се врши на следната сметка:Трезорска сметка:     100000000063095Уплатна сметка:        84015206553Приходна шифра:      723914 Програма 00 За правни субјектиПотврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение не постара од 6 месеци);Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид); За физички лицаФотокопија од лична карта§  Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид); Понудите по точките I, II,III и IV да бидат со важност од 90 денови.Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор. VIII. Начин на доставување на понудаПонудата треба да се достави во затворен плик со назнака:„НЕ ОТВОРАЈ“Општина ОхридКомисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 01/2021Дел:Локација бр.                  (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, НА ПРИМЕР  I – продажба на сладолед, Локација бр. 5 (5а)) ул: „Димитар Влахов“ бр.57 6000 ОхридНАПОМЕНА:Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.Пример за адресирање на плик за достава на понуда: „НЕ ОТВОРАЈ“„Да не се отвора пред 27.05.2021 г12.00 часот. Оглас бр.01/2021Општина ОхридКомисија за спроведување на постапка заиздавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 01/2021 Дел:              , Локација бр.                    (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)ул „Димитар Влахов“ бр. 576000 Охрид Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид. Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата. IX. Начин на отворањеПонудите да се достават најдоцна до 27.05.2021 г во 12.00 часот.Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе се одржи на www.eaukcijaohrid.mk .Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма или електронска пошта ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање.За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата (e-mail) на понудувачот и web страната на општина Охрид.За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 7.2. X. Предмет на јавно наддавањеПредмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена; XI. Склучување на договорДоговор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач кое може да биде во писмена форма, усно или во електронска форма.Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со ЈП “Охридски комуналец” –    Охрид, закупецот се задолжува да обезбеди Одобрение за поставување урбана опрема.На закупец без добиено одобрение  за поставување на урбана опрема  му  се  забранува  да постави урбана опрема на предвидената локација, договорот се смета за ништовен без  повраток  на  уплатените  средства  и  договорниот  орган  ќе  склучи  договор  со следниот раниран понудувач.Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема и Образецот на понуда заинтерисираните субјекти можат да ги превзематод web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 12.00-13.00 часот во просториите на архивата на општина Охрид. Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

sport2

Георгиески: Ковид пандемијата покажа колку е важно здравјето и одржувањето на физичката активност

Ковид пандемијата ни покажа колку е важно здравјето и одржувањето на физичката активност. Токму затоа вчера Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортските клубови од градот организираше неколку спортски активности и се вклучи во одбележување на Светскиот ден на физичката активност, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta

(ФОТО) Денот на светската физичка активност во Охрид одбележан со низа спортски активности

Спортот и физичката активност воопшто е неизоставен сегмент за човековото здравје. Тоа е и поттик денешниот ден на Светската физичка активност да го одбележиме со низа спортски активности меѓу кои аеробик, зумба, пинг- понг, возење скејт, ролери и велосипеди, атлетика и боречки вештини.Спортските активности ги организиравме заедно со Сојузот на училишни спортови и спортските клубови од градот на неколку локации во градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Гостин на Георгиески денеска беше амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Јелстад

Мој гостин денеска беше амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Јелстад. Денот го поминавме разговарајќи за заложбите кои ги правиме за исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:Зборувавме и за актуелните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро и за важните инфраструктурни проекти кои во моментот ги реализира Општина Охрид. Амбасадорот Јелстад изрази заинтересираност за продлабочување на соработката помеѓу охридската локална самоуправа и амбасадата на Кралството Норвешка и реализација на заеднички проекти.Заедно посетивме неколку важни културни знаменитости во стариот дел на Охрид и на мое задоволство амбасадорот Јелстад уживаше и во езерска пловидба по Охридското Езеро.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

2-2

(ФОТО) „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД" во Охрид, се чистат плажите кај Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани

Денеска ги чистиме плажите кај Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани. Акцијата ја спроведуваме во рамкина проектот „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД" организирана од компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“.Голема благодарност и до граѓаните кои се вклучија и придонесоа за почиста и поубава средина, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

sportuvaj

Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на физичка активност

Со низа активности поддржани од Владата на Република Северна Македонија, Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје на 10 мај 2021 г. (понеделник) во Охрид и неколку градови во државава ќе се одбележи Светскиот ден на физичката активност.Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид заедно со Сојузот на училишни спортови и спортски клубови од градов организираат спортски активности кои ќе се одржат на Кеј „Македонија“ во период од 11 до 12 часот. Спортувањата ќе бидат согласно протоколите за КОВИД 19, а за учесниците задолжителни ќе бидат заштитна маска и физичката дистанца. Предвидените спортски дисциплини се: атлетика, боречки вештини, аеробик и зумба, пинг- понг, возење скејт, ролери и велосипеди. Истиот ден ќе се одржи планинарска тура од Охрид до над с.Велестово и назад.Целта на одбележувањето на Светскиот ден на физичката активност е да се укаже на важноста од спортувањето и рекреативните активности кои обезбедуваат здрави животни навики. Спортот и спортувањето се индикации за здрав и културен живот. Потребно е секојдневно движење и спортување независно од возраста и полот со цел да се одржи сопственото здравје и психомоторната способност на луѓето.Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања