„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

vakcini-1

(ВИДЕО) Беспрекорно се одвива имунизацијата во вакциналниот центар во Охрид - граѓаните презадоволни

Беспрекорно се одвива имунизацијата во вакциналниот центар во Охрид во салата „Билјанини извори“. Граѓаните презадоволни, властите организирани.Граѓаните кои уредно се пријавени на сајтот vakcinacija.mk задоволни како тече имунизацијата. Велат се е организирано, не се чека воопшто. Тие откриваат дека по приемот на вакцината се чувствуваат добро.Директорот на општата болница д-р Горан Балевски и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески секојдневно се во центарот. Тие се категорични дека само со масовна вакцинација може да се избориме со пандемијата. Георгиевски и Балевски ги повикуваат граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk за побрзо да ја надминеме оваа пандемија. Тие воедно апелираат граѓаните кои се вакцинираа да продолжат да ги почитуваат мерките.Инаку за да салата Билјанини извори стане регионален центар истата беше целосно испразнета од реквизити, просторот ослободен и се откажаа сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи. Во се поставени 14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација, 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места, Нов агрегат за фрижидерот за вакцините, оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство.Во процесот на вакцинација, покрај медицинскиот кадар, во организацискиот дел вклучени се вработените од општината кои се ангажирани за непречено следење на протоколот и административниот дел за граѓаните од пристигнувањето во салата до процесот на вакцинација.Вакцинацијата е важна алатка за контрола и пораз на епидемиите. За да се стави крај на пандемијата мора дури 85 отсто од населението да биде имуно на вирусот. Според некои проценки во земјава  до сега сме имунизирани на природен начин, близу 60 отсто. За да стивне епидемијата кај нас би требало 75 до 80 отсто да бидат имуни. Независно дали на природен или на вештачки начин со вакцини.Масовната имунизација во земјава е светлото на крајот од тунелот. Година и два месеци издржавме во карантини, со забрани, полициски часови, задолжително носење маски, држење на дистанца.. и ред дриги мерки. Сега кога вакцината е достапна и кај нас, да бидеме совесни и пријавувајќи се и примајќи ја истата да допринесеме до стопирање на пандемијата, а со тоа и да помогмене во враќањето во нормала на животот.

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-1

Георгиески: Одлично тече процесот на вакцинација во салата " Билјанини извори"

Одлично тече процесот на вакцинација во салата " Билјанини извори".👉Денеска дури 990 граѓани се вакцинирани со кинеската вакцина "Синофарм".👉Ги повивувам граѓаните да се пријават на сајтот vakcinacija.mk за побрзо да ја надминеме оваа пандемија. Воедно до граѓаните кои се вакцинираа апелирам да продолжат да ги почитуваат мерките.👉Само здружени можеме да се вратиме во нормалниот живот.👉Голема благодарност и до вработените од општината кои се ангажирани за непречено следење на протоколот и административниот дел за граѓаните од пристигнувањето во салата до процесот на вакцинација, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. 

Македонија | пред 4 години

opstina

Трета седница на локалното собрание на млади на општина Охрид

Се известуваат сите заинтересирани млади лица кои имаат желба да аплицираат на Јавниот повик за членови на Локалниот младински совет на општина Охрид и ги исполнуваат потребните услови, дека рокот за пријавување истекува во сабота на 08.05.2021 година во 24 часот. Пријавите согласно јавниот повик се подесуваат електронски на емаил: sovetnamladiohrid@yahoo.com.Воедно ги известуваме членовите на Локалното собрание на млади на општина Охрид дека третата седница на Локалното собрание на млади на која ќе се избираат членови на Локалниот младински совет на општина Охрид ќе се оддржи на ден 12.05.2021 година (среда), во 10.30 часот, во Големата сала на Советот на општина Охрид. Ви прилог дневниот ред за оваа седница.Усвојување на записниците од првата и втората седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид;Донесување на деловник за работа на Локалното собрание на млади на општина Охрид;Претставување на кандидатите за членови во Локалниот младински совет на општина Охрид;Избор на изборна комисија која ќе ги спроведе изборите за членови на Локалниот младински совет на општина Охрид;Избор на членови на Локалниот младински совет на општина Охрид;Разно;Напомена: На седницата се поканети и имаат право да присуствуваат и сите кандидати за членови на Локалниот младински совет кои добиле потврда дека поднеле уредна документација до општина Охрид. Секој кандидат ќе има право кратко пред членовите на локалното собрание на млади на општина Охрид да ја образложи својата апликација и мотиви за членство во младинскиот совет на општина Охрид по што ќе следува тајно гласање. Согласно одлуката на Локалното собрание на млади нивните имиња нема да се објават до денот на оддржување на третата седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид.Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

generalka

“Генералка викенд” во Охрид

Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје на 08.05.2021 год. (сабота) со почеток во 08 часот, ќе се одржи „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, во повеќе општини во државата. Во акцијата се вклучува и делегацијата на Европската Унија со нивната иницијатива „За чисто како и дома исто“.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.Општина Охрид и Ј.П.„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред с. Пештани. Во акцијата ќе земат учество и здруженијата „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“.Акцијата ќе се организира во согласност со протоколите за Ковид-19, односно задолжително носењето заштитни маски и држење физичка дистанца.Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

rusenje

Георгиески: Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано

Конечно воведуваме ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.➡️Ги ослободуваме плажите од нелегални градби, платформи, ѕидови и овозможуваме нивно непречено користење. Граѓаните ќе можат слободно да ги користат плажите без нелегално наплаќање на влез, лежалки и паркинг.➡️За таа цел денеска продолжуваат активности за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани.➡️Активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не бидат отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.➡️На локациите каде што ќе се отстрануваат нелегалните градби тековно ќе се врши уредување на просторот согласно препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, стои во објавата на ФБ профилот од грдоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

saraiste

Општина Охрид: Да се отстранат сите пловни објекти од плажа “Сараиште”

Општина Охрид, упатува апел до сопствениците на пловните објекти истите да ги отстранат од брегот кај плажата „Сараиште“ со цел навремено расчистување на плажата која се очекува годинава да е посетена од охриѓани и туристи од земјава и соседството.Плажата „Сараиште“ привлекува бројни посетители и капачи пред се жители од старото градско јадро, но и охриѓани од останатите охридски населби.

Македонија | пред 4 години

rusenje

(ФОТО) Продолжува отстранувањето на бесправни градби на Охридското крајбрежје

Денеска се спроведуваат активности за отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол“ до селото Пештани. Средствата за отстранување на бесправните објекти, во износ од 6 милиони денари беа обезбедени од страна на Владата на Република Северна Македонија.Активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид. Со цел да се намалат штетите, да се избегнат дополнителни трошоци и да се забрза процесот на отстранување, Општина Охрид упатува апел до сопствениците на бесправни градби да постапат по решенијата за отстранување и сами да ги отстранат објектите.Во текот на изминатите две години Општина Охрид во согласност со финансиските можности реализираше активности за отстранување на платформите на угостителските објекти во потегот од месноста „Ј’но“ до населбата „Канео“, бесправни објекти на потегот во населбата ,„Свети Стефан“, а се спроведуваа и активности за отстранување на еден поголем сместувачки објект и две бетонски бази.Општина Охрид во координација со Владата на Република Северна Македонија останува посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО, имплементацијата на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.Општина Охрид ќе продолжи да се залага за конечно воведување на ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано.Активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не биде отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.

Македонија | пред 4 години

pat-3

(ФОТО) Започнa изградбата на нов асфлатен пат од селото Велгошти до црквата "Свети Никола"

Започнa изградбата на нов асфлатен пат од селото Велгошти до црквата "Свети Никола" со што исполнуваме едно долгогодишно барање од месното население, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Горгиески.Градоначалникот во објавата додава:Се работи за патен правец кој се протега во стрмен планински потег. Проектот предвидува тампонирање на основата и поставување на нов асфалт на коловозот.Овие активности се дел од овогодинешната Програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 10.300.000 денари.  извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-4

(ФОТО) Стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид

Денеска официјално стартуваше масовната имунизација во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. Вакцинирањето се одвива непречено и организирано согласно протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.Во текот на вчерашниот ден пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Регионалниот центар во Охрид е надлежен за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.Општина Охрид во координација со ЈП "Билјанини Извори" и надлежните од Министерството за здравство обезбеди просторни услови и беше вклучена во логистичка поддршка во делот на опремување. Исто така 36 вработени од локалната самоуправа се ангажирани во редарската служба на центарот и во делот на функционирањето на системот за евиденција.Регионалниот центар за имунизација во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Бладарение на општествено одговорни компании, центарот беше опремен со 14 паравани, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните.За останатите надлежности околу спроведување на имунизацијата, ангажирање на волонтери, за целиот процес и протокол за организација на вакцинацијата надлежно е Министерството за здравство. Сите поединци кои се дел од процесот на имунизација се соодветно обучени и имаат поминато процес на симулација на вакцинација.Според информациите од министерството, во моментот во Центарот за вакцинација во Охрид ангажирани се доволно лица за непречено одвивање на процесот и доколку се утврди зголемена потреба, според соодветен план и динамика можно е да бидат вклучени и дополнителни обучени лица.Општина Охрид упатува апел до сите граѓани да се регистрираат во системот и навремено да резервираат термин за вакцинација. Вакцинацијата е единствениот начин за надминување на здравствената криза предизвикана од светската пандемија со Ковид 19.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

vakcinacija-sala

Започна масовната вакцинација во Охрид

Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утрово започна масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.Првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм" пристигна вчера.Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните.„Упатувам посебна благодарност до вработените во Локалната самоуправа кои ќе бидат ангажирани во редарската служба и ќе бидат задолжени за логистичка поддршка на компјутерскиот центар, како и до сите здравствени работници кои ќе работат во центарот“, истакна градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој од рано утрово е во центарот за вакцинација.

Македонија | пред 4 години

181257320_817311222207816_3725446425244184758_n

Започнува вакцинацијата во Охрид, пунктот доби вакцини

Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утре ќе започне масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.„Денеска пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување. Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните. Упатувам посебна благодарност до вработените во Локалната самоуправа кои ќе бидат ангажирани во редарската служба и ќе бидат задолжени за логистичка поддршка на компјутерскиот центар, како и до сите здравствени работници кои ќе работат во центарот“, пишува градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

veligden

Георгиески: Нека биде честит и вековит најголемиот православен празник Воскресение Христово- Велигден

Нека ни биде честит и вековит најголемиот православен празник Воскресение Христово- Велигден. Празнувањето да го поминеме во радост и среќа со нашите најблиски и да покажеме дека со заедничка вера, љубов и надеж, можеме да се справиме со сите искушенија.Во празничните денови во кои го славиме Христовото воскресение, нашите молитви нека бидат посветени за мир, здравје и напредок,заедништво, солидарност и вистинско почитување и уважување. Славејќи ја победата на животот над смртта, да ја поделиме радоста со најблиските, пријателите и слабите на кои им треба помош, а нашите мисли да ги насочиме кон напорите за благосостојбата на секој човек.Да си посакаме среќа, здравје и сила за да ја надминеме оваа здраствена криза, да бидеме одговорни и да ги почитуваме новонаметнатите правила, зошто само така брзо можеме да се вратиме во нормалното живеење и да му се радуваме на животот, напиша градоначалникот во својата ФБ објава.

Македонија | пред 4 години

zastita

Градоначалникот Георгиески со апел за почитување на заштитните мерки за време на празничниот викенд

Упатувам апел до жителите на Охрид и сите посетители кои во текот на празничниот викенд туристички ќе престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од Корона вирусот-Ковид 19.Да се носат заштитни маскиДа се одржува потребна дистанца при посета на храмовитеДа се одржува лична хигиена според препоракитеДа се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања.Да празнуваме одговорно, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

Македонија | пред 4 години

paketi1

Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските празници, Општина Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница, кои ќе бидат наменети за социјално ранливите семејства.Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради псндемијата со корона вирусот.Деновите на Рамазанскиот месец се поклопуваат со Велигденските празнувања. Заедничкото чествување на празниците е дополнителна можност да ги зајакнеме соживотот и пријателство. Нека верата во Бога ни даде сила да ги надминиме сите искушенија и преку искрена човечност и солидарност заедно да продолжиме да чекориме кон посветла иднина за нашиот град,напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

Македонија | пред 4 години

final

Георгиески: Реконструкцијата на улицата „15-ти Корпус“ влегува во финална фаза

Реконструкцијата на улицата „15-ти Корпус“ влегува во финална фаза. Ова е исклучително важна инфраструктурна инвестиција со која Охрид добива современ влез во градот.Улицата е во должина 1900 метри и за нејзина реконструкција општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, додека останатите 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.Продолжуваме со инфраструктурни инвестиции затоа се од големо значење за граѓаните и затоа што од нив зависи економскиот развој на општината, пишува градоначалникот во својата објава на ФБ.ФБ профил Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања