„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

asfalt-1024x653

Градежните активности за реконструкција на улицата “15-ти Корпус” во финална фаза

Со силен интензитет ги финализираме градежните активности за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“. Рано утринава, уште за време на полицискиот час започна поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, на потегот од крстосницата со пристапниот пат кон село Велгошти до влезот во село Лескоец.Во текот на претходните денови на овој потег од улицата се изврши асфалтирање на пешачките и велосипедските патеки.Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности, напиша во својата објава на ФБ градоначалникот Георгиески.ФБ профил Костантин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kosta-3

(ВИДЕО) Георгиески: Советниците од ВМРО ДПМНЕ избегаа за да не гласаат за точката со која на инвеститорите на станбени згради им се забранува употребата на дигалки во паркинзите

Советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија денешната седница на совет. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека сите причини кои ги наведе советничката група од ВМРО ДПМНЕ, не се вистинската причина поради која тие ја напуштија седницата затоа што на сите тие точки можеа да гласаат против.„Но, на денешната седница се наоѓа една точка, за која тие едноставно не можее да гласаат против, а немаа храброст да гласаат „ЗА“. Тоа е точката под реден број 55 со која што на инвеститорите на станбени згради им се забранува употребата на дигалки во паркинзите со што значително се воведува ред во паркирањето и сузбивањето на урбаниот хаос. По резултат на притисоците на урбаната мафија и сите кои го извртуваат законот и предвидуваат употреба на механички дигалки, советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја искористи оваа причина со Водовод и поскапувањето на водата да си најде оправдување и да избега од носење на една ваква крупна одлука која ќе воведеше ред во функционирањето на паркирањето“, истакна Георгиески.Тој додаде дека како и многу пати до сега нивната политика уште еднаш излезе на виделина.„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ одлучи да не гласа денес за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди, за субвенционирање на кајчарите, на општинскиот линиски превоз, на давателите на угостителски услуги во селските домакинства, на туристичките водичи и други важни одлуки“, истакна Георгиески..Градоначалникот додаде дека што се однесува до обвинувањата околу ЈП Водовод, вчера со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко го потпишале договорот за превземање на долговите од ЈП Колекторски систем, со што 72 та милиони денари кои беа долг на Општина Охрид, према Министертво за финансии, сега Општина Охрид нема долг према Министерството.„На почетокот на мај ќе донесиме одлука за задолжување на општината за преостанатиот блок и конечно да ја деблокираме општината. Што се однесува до цената на водата таа се покачува за нецел денар по метар кубен во следните три години. ЈП има загуба, но има средстав кои останаа заробени во „Еуростандард банката“, вели градоначалникот.

Македонија | пред 4 години

mladi2

Градоначалникот Георгиски дел од конституивната седница на Локалното собрание на млади

На мое големо задоволство денес бев дел од конституивната седница на Локалното собрание на млади, кое потоа ќе биде надлежно за формирање на Советот на млади во општина Охрид.На конститутивната седница учествуваа 14 делегати од здруженија на граѓани и подмладоци на политички партии. За претседавач на собранието е избран Георги Ставрески, а за секретар Јована Ристеска.Ги охрабрувам младите и им посакувам успех во реализација на секоја позитивна идеја која обезбедува напредок за сите нас, затоа што тие се носители на младинските активности во градов. Им посакувам позитивна мисла и понатамошни креативни идеи, а јас со задоволство ќе го поддржувам сето она што значи напредок и развој на нашиот град, напиша градоначалникот во ФБ објавата.ФБ профил Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

ohrid-sv-naum-3

(ФОТО) Исчистен зелениот простор помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Свети Наум

Во пресрет на празничниот викенд, екипите на ЈП "Охридски Комуналец" вршат чистење на зелениот простор помеѓу двете коловозни ленти на магистралниот пат Охрид-Свети Наум.Денеска беше извршено косење на неуредната вегетација на потегот од Хидробиолошкиот завод до населбата "Свети Стефан". Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредниот период, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Извор: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 4 години

Rabotnici

Општина Охрид финансиски награди 83 работници од ЈП „Охридски Комуналец“ кои неуморно неколку денови во три смени го расчистуваа снегот во февруари

Општина Охрид финансиски награди 83 работници од ЈП „Охридски Комуналец“ кои неуморно неколку денови во три смени го расчистуваа снегот во февруари. Се чистеа сите јавни површини во централното градско подрачје и локалните патишта кон селата и периферните населби, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додава:Во погон беше ставена целата механизација на јавното претпријатие кое претпријатието со помош на Општина Охрид ја набави во изминатиот период.Уште еднаш упатувам искрена благодарност за нивниот ангажман и навремената реакција, која придонесе за непречено одвивање на сообраќајот по главните улици и локалните патишта кон сите села во општината. извзор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

cistenje

(ФОТО) Исчистен патниот правец кон селото Скребатно и црквата "Успение на Пресвета Богородица“

По налог на Општина Охрид во текот на изминатите денови беше извршено чистење на патниот правец кон селото Скребатно и црквата "Успение на Пресвета Богородица".Со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, со помош на механизација беа отстранети одрони и наноси од земја и камења, а беше исчистена и сувата неуредна вегетација, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.  извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

grobista

Георгиески: После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта во Охрид

После цели 25 год се асфалтираат уличките во Градските гробишта. Средствата за овој зафат ги издвоивме од буџетот на општина Охрид.Во завршна фаза е и реконструкција на улицата „15ти Корпус“ која води кон градските гробишта. Оваа улица е една од најфреквентните улици во градот, а нејзината лоша состојба го забавуваше текот на сообраќајот. Градежните активности треба да завршат во јуни со што ќе се олесни пристапот до гробиштата и инфраструктурно ќе се реши и овој дел од градот, напиша на својот фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Bogomilska

(ФОТО) Започнаа подготовки за реконструкција на улица „Богомилска“ во Охрид

Започнавме со подготовки за реконструкција на улица „Богомилска“.Оваа улица беше во навистина лоша состојба поради изградбата на неколкуте станбени објекти.Во следниот период покрај ова улица ќе се реновираат и улиците „Славеј Планина“ и „Спас Банџов“ каде претходно поставивме нова водоводна линија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. извор: Фб Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Реконструкција на дел од улицата „Богомилска“ во Охрид

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, на 24.04.2021 година (сабота) ќе отпочне со градежни активности за реконструкција на дел од ул. „Богомилска“ на потегот од јавната чешма кај стамбените згради до крстосницата со „Булевар Туристичка“. Градежните активности ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга .Се молат сите учесници во сообраќајот и станарите да ги отстранат паркираните возила и да ја зголемат внимателноста заради безбедно одвивање на сообраќајот и непречено одвивање на активностите.

Македонија | пред 4 години

kosta-ambasador-2

Георгиески се сретна со амбасадорот на Австрија: Изразивме подготвеност за зацврстување на пријателските односи

Денеска се сретнав со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас и неговиот асистент Александар Палмер. Амбасадорот Вуцас го запознав со тековните проекти во општина Охрид како и постапките и динамиката при нивно реализирање. Општина Охрид по навистина долга пауза ја посетува Австриски амбасадор и на мое големо задоволство и двајцата изразивме подготвеност за зацврстување на пријателските односи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

zivka-2

Цвеќе пред спомен обележјето на Христо Узунов

По повод одбележување на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Христо Узунов претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето во градскиот парк во Охрид. Воедно претседателката Ангелоска им го честита патрониот празник на учениците и вработените од ОУ „Христо Узунов“ што годинава се одбележува согласно здравствените протоколи поради пандемијата од КОВИД 19.извор: Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

Kosta-111

(ВИДЕО) Георгиевски: Сите плажи од Метропол према Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници

„Можеме да се откажеме од надоместок на паркирање, така да излеземе во пресрет. Не сум оптимист во однос на туристичката сезона која претстои. Оваа година исто така пандемијата е далеку од завршување. Досега се дистрибуирани милијарда вакцини, значи за околу 7 милијарди вакцините не се достапни. Минатата сезона беше не така добра сезона, согласно условите. Очекувам домашните туристи да се тука и оваа се зона. Разговараме за тековните проблеми кои ги имаме во текот на летната сезона, како што е плажите, урбаната опрема, Стар Град, разноразните објекти на кејот“, рече Георгиевски кој кажа дека објектите за храна на кејот, од сега ќе има куќарки со довод на топла вода, одвод, а ќе се овозможи со Агенцијата на храна.„Во најскоро време ќе продолжиме со расчистување на крајбрежјето. Имаме објекти останати на плажите, тие оваа сезона нема да функционираат, сите ќе бидат отстранети. Предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, вели Георгиевски.Градот 20 години, секој градоначалник ветувал катна гаража, вели актуелниот градоначалник Георгиевски и додава дека проектот за катната гаража во Охрид е готов. Се чека одобрение и ќе се спроведе постапка за јавно-приватно партнерство за да се почне реализацијата. Тој потенцира дека крупни проекти се во тек. За директорите на јавните претпријатија, вели дека секогаш може подобро, потенцирајќи дека ни на нив не им е лесно бидејќи јавните претпријатија имаат стари долгови, лоша продуктивност, превработеност.„Препораките на УНЕСКО се и за албанскиот дел од крајбрежјето. Дивоградбите се само дел од комплексниот проблем кој е креиран претходните 40 години. Ние покажавме волја, но не можеме да изрушиме толку колку што луѓето можат да изградат. Другите институции се неми посматрачи. Општината е само една алка во спроведувањето на законите. За ние да постапиме по сите објекти, потребни ни се огромни средства. Овде не е само крајбрежјето. Бесправната градба е бесправна градба и треба подеднакво да се третира. Општината во соработка на општината, треба да има активен тендер од околу 60-70 милиони денари. Општината треба да има урбанистички планови, општината ќе треба да биде поажурна за одобрување на урбанистички планови. Треба на повеќе точки да се делува на проектот“, вели Георгиевски за препораките од УНЕСКО.За реконструкцијата на улиците, Георгиевски вели дека работата на терен оди добро. Се прават и потпорни ѕидови во Стар Град, се спрема постапка за промена на пумпите кај Канео и Александрија. „Улицата ‘Абас Емин’ мислевме ќе ни е најголем проблем, бидејќи долги години никој не се нафаќал да ја работи таа улица, и со право. Станува збор за поставување на фекална, водоводна и атмосферска линија, ископот по цела улица е четири метри. Огромна работа е. Таму работите си зедоа тек, сега сме стигнати до последната третина во поставувањето во подземните делови на канализациите. Добро оди таму. Улицата „Петнаести корпус“ изненадувачки излезе тежок проект се јавија доста имотно-правни спорови. Во носењето на одобрението, тие ги немавме. Експропријации кои се во тек. Инсталациите кои не знаевме дека се присутни. Атмосферската канализација е исто четири метри длабочина. Завршуваме со тие проекти“, додава Георгиевски според кого втората улица ќе е завршена кон 15 јуни и вели дека и реконструкцијата на „Јане Сандански“ оди добро“ вели Константин Георгиевски градоначалник на ОхридТој смета дека проблемот со долговите кои ги има Охрид го стопирале да не може да реализира големи проекти како што е ново школо и градинка.„Нешто што ми е мака што не успеав да го реализирам е прочистителната станица во Трпејца кој е важен проект. Изработен е еден проект од претходната власт но е тежок и несоодветен. Има 57 пумпи кои треба да ја испумпуваат водата. Со тоа треба да се позанимаваме. Мора да изградиме ново школо и градинка. Но, од општина која беше милијарда и шесто кога станав градоначалник, сега сме на 350 милиони стигнати. Не можеш да размислуваш на такви големи инфраструктурни проекти. И реализацијата на овие планови е ваква бидејќи паралелно се раздолжуваме.Интервјуто со градоначалникот Константин Георгиевски  во целот може да го погледнете во продолжение.

Македонија | пред 4 години

Kosta-1

Георгиески за 70 годишнината од основањето на Државниот архив: Оваа институција е вистински чувар на нашата историја и култура

По повод 70 годишнината од основањето на Државниот архив на Република Северна Македонија, остварив средба со директорот на архивот д-р Емил Крстески и раководителот на подрачното одделение во Охрид, д-р Никола Митровиќ, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Заедно потенциравме дека оваа значајна државна институција е вистински чувар на нашата историја и култура. Архивот поседува илјадници оригинални документи, писма, фотографии и други материјали од познати историски личности, општествени дејци, како и документи од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности кои со своето дејствување и работа оставиле трага во минатото.Разговаравме и за можностите за продлабочување на соработката со Локалната самоуправа како и за можнoстите за креирање и имплеметирање на заеднички проекти кои би биле од големо значење за нашиот Охрид, како еден од најважните културно историски центри во нашата држава.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

cinar-1

Георгиески: Под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет, започна санација и ревитализација на Чинарот

Преземаме конкретни мерки за заштита и зачувување на природното и културното и наследство на Охрид. Под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје, започнаа предвидените активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“.Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Susica_04222021002

(ФОТО) Се уредува дел од коритото на реката Сушица

Општина Охрид со поддршка на проектот на ГИЗ – Адаптација кон климатските промени и управување со ризикот од поплави во Дримскиот слив, ја реализира адаптивната мерка за заштита од поплави, уредување на дел од коритото на реката Сушица, со цел зголемување на неговата пропустна моќ. Согласно проектот, ќе се изврши чистење на депонираниот отпад на бреговите на реката, како и чистење на речното корито, со хортикултурно уредување на просторот.извор: ohrid.gov.mk

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања