„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

blato1-1024x1184

Го одбележуваме Светскиот ден на планетата Земја

Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид ги заврши активностите за изградба на екотуристичка инфраструктура во блатото и неговата околина. Изградена е набљудувачница за птици,видиковци за одмор иинформативни знаци.Изградената инфраструктура ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет и рекреација на посетители.Изградбата на инфраструктурата е во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022 г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. Проектот е финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) – кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата држава. 

Македонија | пред 4 години

zid

(ФОТО) Со изградба на потпорен ѕид во Варош, се решава долгогодишниот проблем на жителите

Со изградба на нов потпорен ѕид на улица „Кузман Капидан“ во населбата Варош се решава долгогодишниот проблем на жителите од овој дел на градот и се надминува опасноста која постоеше за околните индивидуални куќи.Се работи за армирано бетонски ѕид во должина од 18 метри и висина од 4 метри. Вредноста на инвестицијата е 2,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Како дел од овогодинешните активности за партерно уредување, во текот на наредниот период ќе започне реконструкцијата на пешачки патеки на неколку локации во стариот дел на градот.На дел од патеките предвидено е да биде извршена замена на старите бехатон плочки со гранитни, а на дел од патеките ќе се врши поставување на нова основа и прередување.Исто така, во текот на наредниот период ќе биде извршена промена на пумпните станици во населбата „Канео“ и во близина на хотел „Александрија“.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

a

Георгиески:Пратеникот Таневски донираше два персонални компјутери за потребите на министерството за здравство

Денес со пратеникот во Собранието, Лазе Таневски ги следевме активностите во спортската сала „Билјанини Извори“ која е во подготовки да стане Регионален центар за вакцинација.Таневски донираше два персонални компјутери за потребите на министерството за здравство. Искрено му благодарам, а граѓаните ги повикувам на масовна вакцинација со цел да го заштитиме нашето здравје и што побргу да излеземе од оваа пандемија, напиша на својот ФБ профил градоначалнокот на општина Охрид, Константин Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 4 години

korpus1-1024x683

Денес поставуање на прв асфалтен слој на улицата “15-ти Корупус” во Охрид

Активно продолжуваат градежните активности на улицата „15 Корпус“. Денес поставуваме прв асфалтен слој на дел од коловозот, а потоа следи асфалтирање на тротоарите. Претходно таму се изврши тампонирање и поставување на рабници како дел од подготвителните активности пред асфалтирањето.На улицата веќе се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.Овој капитален инфраструктурен проект според динамиката на работа треба да заврши до крајот на месец мај.Општина Охрид и во иднина продолжува инфраструктурно да го развива градот, да ги решава проблемите и потребите на граѓаните, напипа градоначалникот Георгиески во својата објава на ФБ.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

opstina

Општина Охрид ќе го поддржи кандидатот за олимписките игри Јован Стојоски

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска, денес имаше средба со атлетичарот на АК “Охрид“ Јован Стојоски. Стојоски е државен првак и рекордер во пет дисциплини и најсериозен кандидат на нашата земја за престојните Олимписки игри во Токио.Стојоски е стипендист на Македонскиот Олимписки Комитет, а Општина Охрид финансиски ќе го поддржи во неговите подготовки, за што поуспешен настап на најголемата светска спортска манифестација.

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Донесени решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги во Охрид

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/2002), член 34 од Статутот на општина Охрид (Сл. Гласник 8/07 и 1/08) и член 5 од Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги бр. 08-623/5 од 29.01.2021 година, донесена од страна на Советот на општина Охрид, градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески, ги донесе следните решенија.Повеќе на ohrid.gov.mk

Македонија | пред 4 години

vakcini-4

(ФОТО) Салата „Билјанини извори“ во Охрид, наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација

Интензивно се работи во салата „Билјанини извори“ која наскоро ќе стане првиот регионален центар за вакцинација. Во салата се поставени сите: -14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,-14 пункотви за 28 вакцинални места,-Деновиве ќе се инсталира компјутерскиот систем за потребите на министерството за здравство,-Ќе биде донесен агрегатот за фрижидерот каде ќе се чуваат вакцините и по извршената дезинфекција салата ќе биде отворена за граѓаните.-Според планираното истата треба да биде готова до петок.-Огромна благодарност до компаниите СН Осигурителен Брокер и спортските обложувалници Евротип кои не само што ги донираа сите паравани туку и сами ги наместија. Во овие моменти од исклучителна важност е солидарноста на општествено одговорните компании. Со нивен допринос овој вакцинален пункт ќе ги услужи граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Дебрца, Ресен и Кичево, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Patel

Градоначалникот Георгиески со сочувство до семејството на екс советникот Пател

Со големо жалење ја примив веста за ненадејната смрт на поранешниот советник во Советот на општина Охрид и мој долгогодишен сопартиец Ахмет Пател.Во мое лично име и во името на локалната самоуправа упатувам искрено сочувство до семејство и неговите најблиски, напиша градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.Извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

sala

(ФОТО) Почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар

Од утре почнуваат подготовките спортската сала „Билјанини извори“ да стане регионален вакцинален центар по примерот на салата „Борис Трајковски“ во Скопје, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:Денеска со претставникот од Министерството за здравство ги финализиравме активностите.- Сега салата е целосно испразнета од реквизити, ослободен е просторот, и откажани се сите натпреварувања, подготовки на спортисти, тренинзи.Во салата предвидено е да има:-14 паравани за физичко одделување на лицата при вакцинација,-14 приемни пунктови и 28 вакцинални места,-Нов агрегат за фрижидерот за вакцините,-Оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар на министерството за здравство,-Седиштата кој се потребни во системот на вакцинација на граѓаните.-Спортската сала „Билјанини Извори“ се става во функција на министерството за здравство за потребите за вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

sporska-sala

Георгиески: Спортската сала “Билјанини извори” ќе биде регионален центар за вакцинација

Спортската сала „Билјанини извори“ ќе биде вториот регионален центар за вакцинација. Последните консултации околу нејзината подготовка ќе ги затвориме утре со посетата на претставниците од Министерството за здравство, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Константн Георгиески. 

Македонија | пред 4 години

komunalec

Се уредува градското зеленило и се чистат јавните површини во Охрид

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" деновиве спроведуваат низа пролетни активности за уредување на градското зеленило и чистење јавните површини на територија на општина Охрид, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата на градоначалникот се додава:Се уредуваат цветните садници на делот околу дрворедите на неколку улици.Се врши косење на јавните тревни површини.Се чисти и подига ситен отпад во приградските населби и села согласно програмата за работа.Се отстранува дива и неуредна вегетација на регионалниот пат Охрид- Свети Наум, а подигната е значителна количина на комунален отпад.Ваквите активности континуирано ќе се спроведуваат и во текот на наредниот период.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиески: Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии

Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии. Деновиве се исплатени уште три рати од стипендиите за студенти и четири рати од стипендиите за основци и средношколци во вкупен износ 2.838.000 денари. Досега од општинскиот буџет за оваа намена се исплатени вкупно 4.872.000 денари, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Оваа година општина Охрид додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии. Целта на стипендиите е мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.извор: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 4 години

kosta-2

На 28 ми април - конститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид

Младите треба да бидат најважните носители на позитивните промени и се важен ресурс за развој на една општина. Затоа континуирано сме посветени на градење партнерство и воспоставување на соработка со младите.За остварување на јавните потреби и јавниот интерес на младите луѓе на територијата на општина Охрид, согласно Законот за младинско учество и младински политики планирано е формирање на Локален совет на млади и конституирање на локално младинско собрание, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додаде:Целта на реализација на оваа активност е вклучување на младите во спроведување на политиките и креирање на младинските програми. Тоа е можно единствено преку институционализирање во тело кое формално правно ќе ги претставува и застапува младите.Конститутивната седница на Локално Собрание на Млади на општина Охрид ќе се оддржи на ден 28.04.2021 година (среда) во 12 часот во Големата сала на Советот на општина Охрид. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Охрид ќе продолжи со комплетно финансирање на работата на центарот „Зраци“

Функционирањето на дневниот центар„Зраци“ е од исклучително значење за лицата со посебни потреби и нивните семејства, затоа Општина Охрид ќе продолжи со комплетно финансирање на работата на центарот и за оваа намена веќе се издвоени 720.000 денари од општинскиот буџет, напиша на својот Фб профил градоначакникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Со овие средства ќе се обезбедат услови за непречена работа на центарот, дополнително кадровско екипирање како и решавање на останатите тековни проблеми.Благодарницата која денес ја добив од претставниците на Здружението за лица со посебни потреби „Зраци“ е дополнителен мотив да продолжиме со оваа поддршка и преку лични примери да покажеме дека се грижиме за оваа категорија на граѓани.Мојата скромна донација на средствата наменети за дневници за службени патувања од 2020 година кои ги доделив на центарот „Зраци“ нека биде поттик за останатите функционери и претставници на бизнис секторот за поголема општествена одговорност и помош онаму каде што е потребна.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

ulica-3

(ФОТО) Продолжуваат започнатите градежни активности за асфалтирање на улици во Охрид

Посветени сме на подобрување на инфраструктурните услови за жителите на село Лескоец. Денеска продолжуваат започнатите градежни активности за асфалтирање на улици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додва:Минатата година со средства од општинскиот буџет беше поставена нова канализациона мрежа.Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе продолжи со инвестиции во руралните населени места со цел да се обезбедат подобри услови за живеење.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања