„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

abaz-2

(ФОТО) Градежните активности на улицата „Абас Емин“ се одвиваат со непрекинато темпо

Градежните активности на улицата „Абас Емин“ се одвиваат со непрекинато темпо.-Денеска започна поставувањето на првиот асфалтен слој на дел од коловозот на потегот од крстосницата со улицата „Охридска бригада“ кон крстосницата со улица „Железничка“. На овој потег претходно беа финализирани активностите за поставување на целокупната подземна инфраструктура, беше извршено тампонирање на подлогата и се поставија нови рабници, напаша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Градоначалникот во објавата додава:-Во рамки на овој значаен инфраструктурен проект интензивно се работи на поставување на цевководите од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата.-Според планираното, комплетната реконструкција улицата „Абас Емин“ се очекува да заврши пред почетокот на годинешната летна сезона.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kosta-goran

Георгиески на директорот на Општата Болница му врачи донација “Охајо” кислородни маски

Градоначалникот на Општина Охрид Др Константин Георгиески, оствари работна средба со директорот на ЈЗУ Општа Болница Охрид Др Горан Балески. На средбата градоначалникот Георгиески и директорот Балески разговараа за моменталната состојба со ковид 19 во охридската болница и за изградбата на кислородна станица до модуларната ковид болница .Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на директорот на ЈЗУ Општа Болница во оваа пригода му врачи донација “Охајо” кислородни маски кои се неопходни во лекување на пациенти кои што се на кислородна поддршка, додека маските беа обезбедени преку СОС Балканмедиа.Градоначалникот Георгиески и Др Горан Балески вечерва го посетија и Центарот за кардиоваскуларни заболувања, каде што се лекуваат пациенти од Ковид 19, каде што исто така градоначалникот Георгиески изврши донација на кислородни маски “Охајо” за потребите на кардиолошкиот центар. 

Македонија | пред 4 години

ambasadorka

Георгиески и Брнс на онлајн состанок за размен на искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари

Чест ми е што денес бев дел од онлајн состанокот кој беше организиран од Бирото за борба против тероризмот на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и Институтот за стратешки дијалог (ИСД) од Лондон, Велика Британија.Целта на состанокот беше да се разменат искуства од раководењето на локално ниво од страна на поранешни и сегашни градоначалници од САД, активисти на граѓанското општество и практичари од Северна Македонија, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:Овој состанок беше продолжение на соработката во рамки на Мрежата на силни градови и Конференцијата на градоначалниците на САД, која се одржала на почетокот од оваа година.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за поканата и можноста за соработка.На денешниот состанок присуствуваше и Димитар Спасески, кој на состанокот беше единствен кој не е носител на јавна функција.Спасески на својот ФБ профил напиша:Денес со особено задоволство присуствував на онлајн состанокот кој беше организиран од страна на Бирото за борба против тероризам на Стејт департментот, Амбасадата на САД во Република Македонија и Институтот за стратешки дијалог од Лондон! Честа за мене беше поголема што на состанокот сум поканет лично со оглед на фактот што скоро четврта година не сум носител на јавна функција. Тоа е најдобар доказ за нечија професионалност и посветеност во извршување на својата функција и за среќа нашите меѓународни пријатели тоа го почитуваат! Секогаш,нашиот стратешки партнер САД вложуваат максимални напори за напредок на Република Македонија во сите области! Благодарам до Амбасадата на САД во Република Македонија за поканата! Секогаш е чест да се претствува Република Македонија на вакви настани!

Македонија | пред 4 години

romi

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод Меѓународниот ден на ромите

До сите припадници од ромската етничка заедница упатувам искрени честитки по повод 8. Април Меѓународниот ден на Ромите. Посакувам со заеднички напори да продолжиме да го унапредуваме социо-економскиот статус и квалитетот на животот на Ромите во сите сегменти на општественото живеење.Вие сте почитуван дел од заедничкото мултикултурно општество и придонесувате во напорите за подобра иднина на сите граѓани. Уверен сум дека со негување на традицијата и културата, обичаите и јазикот, ќе ја зачувате убавината на своето богато наследство кое ќе им го оставите на идните генерации. Сте ја имале и во иднина ќе ја имате нашата поддршка за да ги остварувате своите цели и да придонесувате во развојот на Охрид и Република Северна Македонија, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

zdravje

Градоначалникот Георгиески со честитки за здравствените работници по повод Светскиот ден на здравјето

Најголемиот здравствен предизвик во историјата на човештвото ни покажа дека здравствените работници се нашите најхрабри херои. Преку својот неуморен хуман ангажман, повеќе од една година го ставааат на располагање целокупниот човечки и професионален капацитет и затоа заслужуваат највисоко вредување и почит. Тие се најсилниот столб на нашиот здравствен систем и најважната алка во здравствената заштита.Во мое лично име и во името на Општина Охрид до сите здравствени работници кои се посветени на грижата за здравјето и животот на граѓаните упатувам неизмерна благодарност и искрени честитки по повод 7-ми април, Светскиот ден на здравјето!Ви посакувам пред се добро здравје, сила и истрајност со желби за многу успеси и подобри услови за работа, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Актуелно | пред 4 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид организира увид и јавна расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Горица Север

Општина Охрид организира jавна презентација и расправа по Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за Урбанистички план вон населено место – Горица Север.Заинтересираните граѓани и правни лица можат да го видат Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина во Одделението за заштита и влијание врз животната средина, секој работен ден од 8 до 16 часот заклучно со 4 мај, а истиот е достапен и преку веб-страницата на Општина Охрид, www.ohrid.gov.mkЈавната презентација и јавната расправа по документот ќе се одржи на 23 овој месец во големата сала на Општина Охрид со почеток во 13 часот со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19.Правните и физичките лица и јавноста, наредните 30 дена можат да достават свое мислење во врска со Извештајот. Сите заинтересирани може да дадат своето мислење, забелешки и предлози по Нацрт-извештајот и да ги испратат преку електронска пошта на адресата zivotna sredina@ohrid.gov.mk, или по пошта на адресата Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.

Македонија | пред 4 години

Ohrid-2

Георгиески со апел до граѓаните да бидат одговорни и максимално да ги почитуваат сите мерки за превенција од вирусот Ковид 19

Владата на Република Северна Македонија вчера донесе одлука за дополнителни рестриктивни и превентивни мерки со единствена цел – заштита на јавното здравје и заштита на сите граѓани.Од денес до 20-ти април 2021 воведена е забрана и посебен режим на движење на граѓаните на територијата на Северна Македонија, од 20:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.Од денес до 20-ти април 2021 воведена е целосна забрана за посетители и гости во сите вежбални, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање.Од денес до 20-ти април 2021, се забранува организирање, одржување и присуство, учество на секаков вид на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков вид.Од утре до 20-ти април 2021 се воведува целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти – кафетерии, ресторани, барови, клубови, како и во делот за исхрана во угостителски објекти за сместување, хотели, мотели, хостел, пансион или на бензински станици. Оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да вршат достава или да овозможат подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (штанд/пулт).Од утре до 20-ти април 2021 се воведува целосна забрана за посетители/гости во сите обложувалници. Работата на обложувалниците да биде овозможена исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер/штанд/пулт), односно угостителскиот дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители.Упатувам апел до граѓаните да бидат одговорни и максимално да ги почитуваат сите мерки за превенција од вирусот Ковид 19, напиша градоначалникот Георгиески во својата објава на ФБ.

Македонија | пред 4 години

kosta-2-1

Георгиески упати сочувство до семејство на младиот охриѓанец кој почина од КОВИД 19, но до сите кои изгубија блиски како последица на пандемијата

Како последица од Ковид 19 денеска згасна уште еден млад живот. Со големо жалење ја примив веста за смртта на младото 28 годишно момче од Охрид. Упатувам сочувство до неговото семејство и до сите наши сограѓани кои изгубија свои блиски како последица на пандемијата. Исто така упатувам пораки за добро здравје и трпение до сите сограѓани кои во моментот ја водат битката со вирусот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Уште еднаш апелирам за максимално почитување на актуелните мерки за заштита и превенција. Да бидеме внимателни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Veligden-04022021001

Велигденска честитка на градоначалникот Георгиески до граѓаните со католочка вероисповед

Градоначалникот Константин Георгиески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до граѓаните од католичка вероисповед.– Најискрено Ви го честитам големиот христијански празник Велигден, еден од најважните и најзначајните денови во историјата на човештвото. Ви посакувам на овој голем ден, денот на Христовото Воскресение, да го прославите во голема радост кон животот и љубовта, во добро расположение, здравје, среќа и семејна хармонија. Во миговите на чествување на најсветите традиционални  и духовни вредности, да им се восхитуваме на вистинските вредности.Во ова тешко време кога се соочуваме со бројни нови искушенија, потребна е верба и сплотеност за надминување на истите. Празнувањето на Воскресението Христово – Велигден, нека ни донесе повеќе верба, здравје, среќа и радост и нека ни дава сила за справување со искушенијата. 

Македонија | пред 4 години

grigor-prliciv

(ФОТО)Исчистена спомен плочата на Григор Прличев, која беше испишана со разни броеви и симболи

Спомен обележјето на Григор Прличев кое се наоѓа во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура експресно беше исчистена од исписите кои непознати сторители ги направиле.Спомен плочата беше испишана со разни броеви и симболи, непочитувајќи ги вредностите препознатливи за нашиот град, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додаде:Експресната реакција на ЈП Градски гробишта Охрид ја исчисти спомен плочата и го врати нејзиниот сјај.Општина Охрид ги замолува граѓаните да ги почитуваат и негуваат спомен обележјата кои се значајни за нашата култура, народ и нашата држава.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

IMG-3ca4e11feeb257ac5e1fa62ee401673c-V

Георгиески: Сите заедно да придонесеме во подигнување на јавната свест за поголема инклузија на лицата со аутизам

Во рамки на своите определби и заложби за создавање на општество кое нуди еднакви можности за сите, даваме силна поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства.Креирањето на услови со кои овие наши сограѓани ќе имаат подобар живот е потреба, а не привилегија. Токму поради тоа, сите заедно, во рамки на можностите и надлежностите, треба дадеме придонес во подигнувањето на јавната свест за поголема инклузија на лицата со аутизам во нашето општество, напиша градоначалникот на својата објава на ФБ.Фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиески: Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од првиот мотивациски настан ,,Патот кон успехот”

Чест ми е што денес имав можност да бидам дел од првиот мотивациски настан ,,Патот кон успехот” кој го организираше тимот на Факултетското студентско собрание при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.Мотивацијата е клучна за успех на секој поединец, па затоа ме радува фактот што вакви мотивациски настани се организирани од страна на студентите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Георгиески во објавата додава:Во рамки на настанот своите успешни бизнис приказни во делот на хотелиерството и угостителството ги споделија говорниците Дамир Бошњак и Бранко Попоски.Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да даде поддршка на вакви настани, кои даваат придонес во делот на образованието и туристичкиот бизнис, како главна основа на економскиот развој на Охрид.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

1-5

(ФОТО) Започна асфалтирањето на собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец

Започнавме со асфалтирање на собирната улица во Кураичка маала во село Лескоец.Во ова маало повеќе од 30 години во супстандардни услови живееја 250 жители.Општина Охрид минатата година овде постави и канализациона мрежа, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додава:А од наредната недела продолжуваме со асфалтирање и на други улици во селото Лескоец.Задоволството на граѓаните за продолжување на работните активности во селото беа нескриени и нивната поддршка искрено ни значи. Тоа е и мотив Општина Охрид да продолжи да работи на подобрување на условите за сите граѓани во општината. извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kosta-6

Георгиески: Општина Охрид покажа спремност дека постапува по Планот за управување со УНЕСКО преку уривање на бесправните објекти

Општина Охрид покажа спремност дека постапува по Планот за управување со УНЕСКО преку уривање на бесправните објекти што се спроведе минатата година. Со средства од 6 милиони денари продолжуваме и годинава.Сепак за сериозна и голема акција потребни се 60 до 70 милиони денари. Средства кои општината не може да ги обезбеди од сопствениот буџет. Во таа насока наместо обвинувања за ингеренции потребна е меѓуинституционална соработка со цел отстранување на сите нелегални објекти не само покрај крајбрежјето туку и пошироко, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.видео: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

sandanski-vodovod

Поставена нова водоводна линија на улицата “Јане Сандански” во Охрид

Одличен старт на реконструкцијата на улицата “Јане Сандански“.Во моментов се поставува нова водоводна линија, а потоа продолжуваме соПриклучување на домаќинствата со средства покриени од општината.Продолжуваме да работиме на проектите кои се во интерес на граѓаните, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања