„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

kosta-2-1

Општина Охрид и оваа година ќе го поддржи организирањето на Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“

Општина Охрид и оваа година ќе го поддржи организирањето на Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“ кој четврта година по ред ќе се одржува во Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на објавата на градоначалникот се додава:На средбата која денес ја остварив со организаторите на фестивалот беше разговарано за содржината и замислата за реализација на овогодинешната програма, а беше презентирана и кратка историја на изминатите фестивалски изданија.Од страна на „Бич филм фестивал“ на Општина Охрид и беше врачена благодарница за придонесот во рамки на успешната реализација на фестивалот.Општина Охрид во континуитет ќе продолжи да ги поддржува манифестациите кои ја збогатуваат културната понуда на нашиот град.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

voda

Георгиески: Охридското Езеро може да претставува најголем извор на чиста вода за пиење низ Европа, наша обврска е истото да го заштитиме и чуваме

Денеска е Светскиот ден на водата. Таа е основата за здравите екосистеми и опстанокот на човекот воопшто.Се поголемиот недостаток на вода е резултат на климатските промени и во таа насока Охридското езеро претставува важен ресурс за пивка вода за Охрид, Струга и регионот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Недостатокот и потребите од повеќе вода за пиење особено во текот на летните периоди Охрид ги решава со тоа што преку пумпната станица Метропол црпи вода од Охридското Езеро. Истата се филтрира, хлорира и според Центарот за јавно здравје е безбедна за пиење. Количините кои се добиваат од таму се нешто повеќе од 300 литри во секунда.Според експертските студии во ситуација кога сè повеќе ќе недостасува вода, Охридското Езеро може да претставува најголем извор на чиста вода за пиење низ Европа.Затоа наша обврска и цел како општина е истото да го заштитиме и чуваме, напиша Георгиески на ФБ.

Македонија | пред 4 години

kosta-2-1

Градоначалникот Георгиески со сочувство за смртта на Серафим Булоски, вработен во општина Охрид

Со големо жалење ја примив веста дека како последица на корона вирусот Ковид 19, животот го загуби долгогодишен вработен во Општина Охрид и член на Локалниот кризен штаб. Се работи за прв смртен случај од вирусот во рамки на општинската администрација.Во мое лично име и во името на локалната самоуправа упатувам искрено сочувство до семејство и неговите најблиски.Повторно апелирам до сите вработени во општината и до сите граѓани за максимално почитување на мерките за заштита и превенција од вирусот. Да продолжиме да бидеме одговорни, да го сочуваме сопственото и јавното здравје, напиша на ФБ градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

kosta-3

Градоначалникот на Охрид гласаше на внатрепартиските избори на СДСМ

Со задоволство го остварив правото да гласам на првите внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.Изборите се во тек и се спроведуваат со почитување на сите здравствени протоколи.🇲🇰Денешните избори се врв на демократијата во една политичка партија и токму СДСМ е прва во позитивните промени.Ова е показател дека СДСМ знае и СДСМ може! СДСМ се менува, СДСМ расте и СДСМ победува, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. извор: ФБ константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kosta-2

Охрид и врати на министерката за култура: Ако сакате да помигнете обезбедете 60 милиони евра кои ви ги баравме

Изненаден сум од изјавата на министерката за култура за одземањето на ингеренциите на општина Охрид. Прво, таква законска можност каква што таа кажува воопшто не постои. Имено, според законот, централанта власт на локалната власт може условно да и ги одземе ингеренциите само за одреден предмет или за конкретен случај, а не целосно. Тоа може да го направи само во случај ако локалниот инспекторат не постапува па надлежноста ја презема државниот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Досега по сите предмети согласно нашите ингеренции сме постапувале и немало барање односно потреба за интервенција на државниот инспекторат. Второ, од денот кога е донесен планот за управување, Општина Охрид во целост го почитува и спроведува, нема ниеден случај во кој сме постапиле спротивно на планот. Трето, ако министерката вистински сака да помогне во делот на отстранување на објектите, треба да помогне да се обезбедат 60 милиони денари финансии кои повеќе пати ги бараме. За да можеме да ги имплементираме сите препораки за рушење на се она што е законски издржано и маркирано како значителен штетен импакт кон езерото статусот и животната средина, потребни се овие финансии кои општината ги нема. Се што досега беше во рамки на можностите на општината направивме и покажавме храброст и решителност и отстранивме сериозен дел од објектите. За крај, ако министерската алудира на тоа дека општината недоволно се ангажира за заштита на културното и природното наследство, јас одговорно тврдам дека за две и пол години колку што јас сум градоначалник се направени повеќе активности во насока на заштита отколку за последните 20 години. За крај, верувам дека министерката, исто како и сите ние, сака да го заштити регионот. Сепак, како член на владата споделува одговорност за тоа па затоа сметам дека би било далеку поконструктивно да се вклучи активно во надминување на проблемите. Верувам дека е добро заеднички да работиме за надминување на состојбите за што желба кај сите нас постои, вели градоначалникот Георгиески.извор: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

3-3

(ФОТО) Интензивно се работи на реконструкцијата на ул „Абас Емин“ и „15 ти Корпус“

Интензивно се одвиваат градежните активности за реализација на двата најголеми и најзначајни инфраструктурни проекти во Општина Охрид, а тоа е реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ и реконструкцијата на улицата „15-Корпус“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:На улицата „Абас Емин“ се работи на главните цевководи на атмосферската, канализационата и водоводната мрежа и непрекинато се спроведуваат нови приклучоци. Исто така се врши тампонирање на дел од коловозот, се поставуваат рабници и се уредуваат тротоарите.На улицата „15 Корпус“ се работи на нови приклучоци на водоводната линија и се поставува новата атмосферска канализација. Се врши уредување на тротоарите и велосипедските патеки од двете страни на коловозот, а на дел од улицата веќе е поставено ново улично осветлување.Продолжуваме да реализираме важни инфраструктурни проекти за нашиот град! фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Kosta

Георгиески: Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид 19

Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон мерките за заштита од Ковид 19. Третиот бран на пандемијата донесе нов пораст на заразени и наше е да бидеме одговорни со цел полесно да го поминеме. На тема Ковид утрово зборував во Студио 10 на Телевизија 24.Процесот на вакцинација е започнат во нашата држава но до негово целосно спроведување и период потоа остануваат на важност препораките носење маска, држење дистанца и честа дезинфекција на рацете, истакна Георгиески.видео: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kosta-2-1

Георгиески: Додека се полнат рестораните, ќе се полнат и болниците во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Костантин Георгиески загрижен за ситуацијата со корона вирусот во Охрид.„Мерките беа олабавени во изминатите два месеци. Угостителските објекти работеа и тоа доведе до зголемување на бројот на заболени. Најчесто се заразени лица од 20 до 40-годишна возраст, што ме загрижува. Јас мислам дека додека се полнат рестораните, ќе се полнат и болниците во Охрид“, истакна Георгиески.извор: Фокус

Македонија | пред 4 години

NAvodnuvanje_Biljanini_Izvori_03162021001

Се инсталира најсовремен систем за наводнување на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ во соработка со Фудбалската федерација на Република Северна Македонија започна со реализација на активности за инсталирање на најсовремен систем за автоматско наводнување на градскиот стадион „Билјанини Извори“.Според планираното, ќе бидат инсталирани 33 прскалки со сонда за наводнување на почвата. Новиот систем ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на фудбалскиот терен и ќе ја намали потрошувачката на вода.Поради непречено одвивање на работните активности, стадионот ќе биде затворен за користење до 3-ти април 2021.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

pozarnaohrid3

Координативен состанок на локалниот совет за превенција и заштита од пожари

Превентивните мерки и активности кои треба да се преземат со цел да се спречат пожари од поголеми размери во Охридскиот регион, беше главната тема на денешниот состанок на Локалниот совет за превенција и за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простории од пожари.На состанокот кој се одржа преку онлајн платформа, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески истакна дека досегашната комуникација и соработка помеѓу надлежните служби е ефективна и дека истата треба да продолжи и во иднина. Тој потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за помош и поддршка за подобро менаџирање на кризни состојби со пожари на отворено но и да пружи поддршка во делот на превентивното делување. Исто така, градоначалникот информираше дека во делокругот на своите обврски, општината континуирано работи и реализира активности за подобрување на условите и капацитетите на Територијалната противпожарна служба.Покрај градоначалникот, на состанокот присутвуваа претставници од одделите за превенција на СВР Охрид, претставници на Охридската територијална противпожарна единица, НП „Галичица“, ЈП „Национални шуми“- подружница Галичица, претставници на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.На состанокот беше донесен заклучок во текот на наредниот период да се спроведат советодавни посети на месните заедници на територијата на општините Охрид и Дебрца со цел да се информира населението за опасноста од пожари, мерките за заштита и навремено делување.фото: Архива 

Македонија | пред 4 години

inverter-klima

Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на Охрид за набавка на инвертер клима уред за 2021 год

Согласно Програмата за заштита на животната средина и природата за 2021год. за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување- инвертер клима уред за  2021 година објавува ЈАВЕН ПОВИКза субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем  за затоплување- инвертер клима уред за 2021 година Опис на Јавниот повикОпштина Охрид , со цел да ги стимулира жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на посовремени уреди  за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред  во 2021 година  ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Јавниот повик ќе трае заклучно со 15 април 2021 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за оваа намена, Општина Охрид ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. 2. Право на учество на Јавниот повик:Право на учество на Јавниот повик имаат жителите  на Општина Охрид кои имаат купено  инвертер клима уред  за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во 2021 година  и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците, освен вработени во локалната самоуправа на Општина Охрид и нивни блиски лица односно лица кои се во брачна заедница со вработеното лице; роднини по крв во права линија (син и ќерка, внуци, татко и мајка, баба и дедо). 3. Услови што треба да ги исполни барателот:Барателот е должен да ги исполни следниве услови:да има живеалиште на подрачјето на Општина Охрид,Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,набавениот уред да биде купен во 2021-та  година,  се до  завршување на Јавниот повик и истиот да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,Само едно лице по домаќинство (станбен објект) може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.По исклучок од ставот 1 од овој член, за барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење, не важи условот од став 1 точка 3 на овој член. Напомена: Барателот мора да ги исполнува сите горенаведени услови за неговото барање да биде усвоено. Во спротивно Комисијата доставува предлог до градоначалникот на Општина Охрид за неусвојување на барањето. 4. Начин на пријавување на Јавниот повикЗа надоместување за дел од трошоците за набавка на инвертер клима и докажување дека условите за учество на јавниот повик се исполнети , барателот до Општина Охрид треба да достави;Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општината: www.ohrid .gov.mk),фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина Охрид,Изјава од барателот дека нема искористено субвенции за купување на инвертер клими,Изјава дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користи,фотокопија од трансакциска сметка, на барателотдоказ во оригинал дека е извршено купување во 2021 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата.По исклучок од ставот 1 на овој член, барателите кои имаат нов станбен објект, а немаат никакво греење не ја доставуваат документацијата од став 1 точка 5 и 6 на овој член.Барателот треба да го достави барањето и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување- инвертер клима за 2021 година“ во архивата на Општина Охрид, на адреса ул. Димитар Влахов бр.57, Охрид секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.На пликот треба да е наведено: „Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување – инвертер клима за 2021 година“.Архивата на Општина Охрид примените барања ќе ги евидентира со точното време на  поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата. 5. Начин на спроведување на јавниот повикГрадоначалникот на Општина Охрид формира Комисија за спроведување на Јавниот повик која ќе ја спроведе постапката во две фази:во првата фаза ќе ги разгледа пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни иво втората фаза ќе изврши теренски увид кај сите баратели кои имаат доставено уредна и комплетна документација за да утврди дека ги исполниле условите од овој Јавен повик, а особено дека купената инвертер клима е инсталирана во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее и дека барателот до поднесување на барањето  е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазутБарателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторијата во која е инсталиран набавениот инвертер клима уред.Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања по принципот „прв дојден прв услужен“, по претходно донесени решенија за усвојување на барањата од страна на градоначалникот на Општина Охрид. 6. Начин на остварување на правото на надоместокГрадоначалникот на Општина Охрид на предлог на Комисијата носи решение за одобрување  на барањето  за барателите кои ги исполниле условите од овој Јавен повик, а во случај на неусвојување на барањето, подносителот писмено се известува за неусвојувањето.Комисијата ги известува барателите кои не ги исполниле условите согласно јавниот повик за одбивање на барањето.  Б А Р А Њ Е ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕД ЗА 2021 ГОДИНА (word doc.)

Македонија | пред 4 години

47-Sednica-Sovet

Заврши педесет и седмата седница на советот на Општина Охрид

Советниците на денешната педесет и седма седница ги усвоија предлог одлуките за донесување детален урбанистички план во УЗ 8, УБ 8.3, општина ОХРИД, плански период 2016-2026, за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022 година, за усвојување на Извештајот за работата на Територијалната противпожарна единица–Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година, за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација за 2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година за периодот од 01.01.2020 – 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на програма за детска заштита за 2020 година, за период од 01.01.2020-31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за социјална заштита за периодoт од 01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за 2019 – 2021 година за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за други комунални услуги за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Советниците на денешната седница ги прифатија и предлог одлуките за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување јавна чистота за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за енергетска ефикасност за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година, за усвојување на Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2020 година, за усвојување на Годишниот извештај и завршна сметка на буџетот на единицата на локалната самоуправа Општина Охрид за 2020 година и Извештајот за годишниот попис за 2020 година, за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07.2020 до 12.2020 година, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2019 година на ОУ„Христо Узунов“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Братство – единство“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Кoчо Рацин“ Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОМУ„Методи Патче“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУТУ„ Ванчо Питошески“ – Охрид, за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид, за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2019/2020 година, за усвојување на Финансискиот извештај и Годишниот извештај за работењето на ЈП ВОДОВОД Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година, за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2020година, за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Грaдски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година, за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 12.2020 година, за усвојување на Извештај од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар – Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020.По исцрпување на дневниот ред заврши педесет и седмата седница на советот на општина Охрид.

Македонија | пред 4 години

kosta

Општина Охрид го донесе првиот ДУП усогласен со Планот за управување со Охридскиот регион

Општина Охрид го донесе првиот ДУП усогласен со Планот за управување со Охридскиот регион.На денешната седница со 22 гласа „ЗА“ советот го изгласа ДУП-от кој се однесува на Урбана заедница 8, урбан блок 8.3 Бејбунар, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Овој план првично беше поништен во 2013 година но по препорака на градоначалникот Константин Георгиески истиот се преработи и усогласи согласно препораките на УНЕСКО. Во планот се намалија висините, искористеноста на просторот се сведе на 50% и Општина Охрид за истиот доби позитивно мислење од Комисијата за УНЕСКО и Министерство за транспорт и врски.Општина Охрид ќе ги усогласи сите Детално урбанистички планови согласно Планот за управување со УНЕСКО. Нашата крајна цел е Охрид да го зачува статусот на заштитено културно и природно наследство.Фото: Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

atina

Георгиески за Атина Бојаџи: Бојаџи до денес останува најмладиот првак на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња

Најславната охриѓанка маратонка Атина Бојаџи е родена на денешен ден 1944 година. Таа со само 11 години успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Атина Бојаџи била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Таа два пати била светски шампион. Првиот пат со само 18 години, но вистински подвиг запишала кога учествувала на сериозно опасниот маратон Саида-Бејрут кога од 23 натпреварувачи на целта успеала да стигне таа и уште еден пливач од Египет. За својата пливачка моќ од претседателот на Либан Бојаџи добила орден за храброст.Бојаџи до денес останува најмладиот првак на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња, напиша градоначалникот на ФБ. Фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

1-1

ЈП Охридски Комуналец извршија вонредна дезинфекција во училишните објекти и објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Екипи на ЈП Охридски Комуналец извршија вонредна дезинфекција во училишните објекти и објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.Дезинфицирани беа сите училници, занимални, ходници, тоалети, канцеларии и помошни простории. Активноста се спроведе согласно препораките и мерките за заштита и превенција од корона вирусот Ковид 19.Дезинфекцијата во образовните објекти е дел од оперативниот план на Локалната самоуправа поради зголемениот број на заболени на територијата на општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања