„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Stipendii

Доделени рекордни 412 ученички и студентски стипендии

Општина Охрид оваа година додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии, за кои се наменети 8.426.000 денари од овогодинешниот општински буџет.Вкупно 270 доделени стипендии се наменети за ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината од кои: 213 стипендии за основци и средношколци кои живеат во потешки социјални услови; 37 стипендии за ученици со посебни постигнувања и 20 стипендии за талентирани основци и средношколци. Поединечниот месечен износ на овие стипендии изнесува 1.500 денари.Вкупно 142 од доделените стипендии се наманети за редовни студенти на додипломски студии кои студираат на државните универзитети во нашата држава. Поединечниот месечен износ на овие стипендии изнесува 3.000 денари.Веќе е започната исплатата на стипендиите и до сега се исплатени 1.242.000 денари буџетски средства.Доделувањето на стипендиите кое беше извршено врз основа на јавни конкурси е во насока на мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.Општина Охрид во текот на изминатата 2020 година додели вкупно 288 стипендии од кои 185 беа наменети за ученици од основни и средни училишта, а 103 стипендии беа наменети за студенти.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

Igraliste_Kosel_1

Нов лик на детското и спортско игралиште во Косел

Со финансиска поддршка и по налог на Општина Охрид, екипи на  ЈП „Градски Пазар“  деновиве извршија  комплетна реконструкција  и поставување  нови реквизити на детското игралиште во с.Косел.Во рамки на проектот  се изврши    реконструкција на старата метална ограда  на спортското игралиште, а целосно нова метална ограда  доби детското  игралиште во  ова охридско село.  Со тоа се создадоа поволни услови за спорт и рекреација  на младите и  насочување  кон здрави животни навики.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 4 години

kovid-ohrid

Градоначалникот Георгиески со апел за состојбата со КОВИД 19

Поради актуелната состојба со корона вирусот КОВИД 19 и зголемениот број на заболени на територијата на Општина Охрид упатувам апел до граѓаните максимално да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција.Да се носат заштитни маскиДа се одржува потребна дистанцаДа се одржува лична хигиена според препоракитеДа се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирањаДа се почитува полицискиот часУпатувам апел до надлежните инспекторати да ги засилат теренските контроли на угостителските објекти, на трговските објекти и на сместувачките капацитети, со цел да се почитуваат протоколите и да се превенираат несакани последици.Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша во фејсбук објавата градоначалникот Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид со превентивни мерки за заштита од КОВИД 19 - опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки

Поради актуелната состојба со корона вирусот КОВИД 19 и зголемениот број на заболени на подрачјето на Општина Охрид, по налог на градоначалникот Константин Георгиески, од денеска 11.03.2021 (четврток), опшинската зграда ќе биде затворена за физички посети на странки.Се известуваат граѓаните дека покрај тоа што нема да биде дозволен приод во општинските простории, сите надлежни служби ќе работат непречено. Граѓаните кои имаат било каква потреба од општински услуги ќе може да се обратат на активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината, кои се достапни на општинската веб страница. За граѓаните ќе биде достапен шалтер на општинската архива каде што ќе можат писмено да се обратат.Оваа мерка се воведува со цел да се обезбеди поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот КОВИД 19 и обезбедување на услови за побезбедно функционирање на општинските служби. Мерката ќе важи до стабилизирање на состојбата со вирусот.Општина Охрид упатува апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни препораки за заштита и превенција од вирусот, кои се донесени од страна на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.фото: Архива

Македонија | пред 4 години

krov2

Целосно нова кровна лимена конструкција на ОУ “Христо Узунов”

Овозможивме подобри услови за учениците во ОУ „Христо Узунов“ преку инвестиции од околу 9 милиони денари. Инвестиравме во:Промена на стариот азбестен покрив со нов лимен покривач во вредност од 3,2 милиони денари;Комплетна реконструкција на тоалетите во вредност од 2,9 милиони денари;Комплетна промена на дограмата во вредност од 3 милиони денари;Наскоро треба да започне реконструкција на подовите во сите училници, напиша во фејсбук објавата градоначалникот Георгиески.ФБ: Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Во ОУ "Григор Прличев" променета на дограмата, реконструирани подовите и тоалетите

Реализирани се низа инвестиции за подобрување на условите за учениците во ОУ "Григор Прличев".Во новиот училишен објект извршена е🔹Комплетна промена на дограмата во сите училишни простории,🔹Реконструирани се подовите во неколку училници,🔹Обновени и реконструирани се тоалетите на приземјетоВо старата училишна зграда извршено е молерисување на дел од внатрешните и надворешните ѕидови, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Свикана 57 седница на Советот на општина Охрид

Усвојување на Записниците од 53 та, 54 та, 55 та и 56 тата седницаПредлог – одлука за донесување детален урбанистички план во УЗ 8, УБ 8.3, општина ОХРИД, плански период 2016-2026.Предлог – одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти.Предлог – одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до  12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за работата на Територијалната противпожарна единица–Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01.2020 до 312.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација за 2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2020 година за периодот од 01.01.2020 – 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програма за детска заштита за 2020 година, за период од 01.01.2020-31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за социјална заштита за периодoт од 01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации и творештво за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог- одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 01.01.2020 до  12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прeчистување на отпадна вода за 2019 – 2021 година за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01.2020 до 12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за други комунални услуги   за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 годинаПредлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште за периодот од 01.01.2020 до  12.2020 годинаПредлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување  јавна чистота за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 годинаПредлог – одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило  за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата за енергетска ефикасност за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештајот за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и завршна сметка  на буџетот на единицата на локалната самоуправа Општина Охрид за 2020 година и Извештајот за годишниот  попис за 2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата за периодот од 01.07.2020 до 12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2019 година на ОУ„Христо Узунов“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Григор Прличев“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Братство – единство“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Кoчо Рацин“ Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУ„Св.Наум Охридски“ с. Пештани.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОМУ„Методи Патче“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ОУТУ„ Ванчо Питошески“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2020 година на ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за работа на ОЈУ Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2019/2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот извештај и Годишниот извештај за работењето на ЈП ВОДОВОД Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини извори“ – Охрид за 2020година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Грaдски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до  12.2020 година.Предлог-одлука за усвојување на Извештај од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар – Охрид за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020.  

Македонија | пред 4 години

15

Будете мудри, храбри, и достоинствени, вели Георгиески во 8 мо мартовската честитка

Им го честитам 8ми Март, Меѓународниот ден на жената на сите жени во нашата држава. Будете мудри, храбри, и достоинствени. Вие сте нашата поддршка и водилка кон подобра иднина.Во таа чест денеска им подарив каранфили на жените во новиот затворен пазар во нашиот град. Тоа е само мал гест за нивната големина.Ви благодарам што не бодрите и секогаш покрај нас.Честит 8 Март, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Во Охрид поставивме велосипедски постојки на девет локации

Поставивме велосипедски постојки на девет локации во градот.🔹На улица „Македонски Просветители“ кај трговскиот центар „Амам“,🔹На улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар,🔹Кај меѓуградската автобуска станица во Охрид ,🔹Пред „Маларична“,🔹Кај Факултетот за туризам и угостителство,🔹Во непосредна близина на поштата🔹Пред општинската зграда.🚴‍♀️🚴Градиме здрави животни навики и го редуцираме сообраќајот во градот. Проектот е во вредност од 600.000 денари и општината го реализираше во соработка со ГИЗ и ЗЕЛС, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 4 години

ohrid

Граѓанска иницијатива или подготовка за политичка партија, што се крие зад „Охрид SOS"?

На социјалните мрежи се почести се коментарите дека граѓанска иницијатива „Охрид SOS"  како  да се подготвува за влезе во политика.Граѓанска иницијатива „Охрид SOS" или подготовка за политичка партија, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.Ова посебно се истакнува откако оваа граѓанска иницијатива како да влегува во отворена „војна“ со охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.„Охрид SOS" најавија дека ќе покренат тужба против градоначалникот на Охрид доколку тој, односно Општина Охрид не усвои акт за прогласување за „ништовно" одобрението за градба на објект на местото на се уште постоечкиот ресторан „Парк".Граѓаните комементираат дека е подобро доколку се има факти за нешто и доколку си сигурен за потезите кои се превземаат да се излезе со име и презиме, а не да се затскриваш зад некоја иницијатива. До овој момент сеуште никој отворено не застанал да каже дека е дел од „Охрид SOS. Зошто, прашуваат граѓаните на соцојалните мрежи.„Нели добро е да се легитимират затоа што никој не знае кој стои зад оваа организација“, стои во друга објава.Лице кое се претставуваше дека е невладин активисти е дел е Охрид SOS" сега е советник во Град Скопје. Дали ова лице сеуште остана да делува како невладин активист на едно место, а на друго поинаку, прашуваат граѓаните.„Охрид SOS" во јавноста се појави кога со Охрид владееше естаблишмент поставен од ВМРО ДПМНЕ. Тие жестоко се конфронтираа со тогашните власти и отворено работеа со претставниците на тогашната опозиција, пред се со Томислав Тунтев од СДСМ.  Тогаш иако „Охрид SOS" беше правно непостоечка творба во јавноста се појавуваа неколку лица кои се претставуваа како раководство на „Охрид SOS", но по изборите 2017 година овие лица се повлекоа од медиумите.Токму поради ова граѓаните коментираат дека се наметнува прашањето, дали „Охрид SOS навистина работат за интересите на Охрид и охриѓани, или криејќи се зад некоја организација кој ги решава проблемите на Охрид и охриѓани „Охрид SOS" од правно непостоечка и никаде нерегеистрирана творба, можеби се подготвува правно да се канализира и отелотвори во политички субјект кој ќе се појави на избори?Охрид SOS досега преку медиумите во јавноста отвори многу проблеми кои ги тиштат Охриѓани и се во интерес на градот, но колку од нив се решени?Граѓанската иницијатива за заштита на животната средина Охрид SOS на својот Facebook профил неодамна објави снимки на кои се гледа како механизација врши ископ на песок од литоралот на езерото, посочувајќи дека станува збор за механизација на Нефи Усеини, за потребите на неговата нелегално изградена бетонска база. По ова со остра реакција се јавија од компанијата кои тврдеа дека невистинити се информациите објавени од страна на активисти на Охрид SOS, дека нивни багер црпеле песок од езерото што, како што нагласија било утврдено и од страна на полицијата што ги проверувала тврдењата објавени на статусот на Охрид SOS.По најновите случувања и најавата за тужба против градоначалникот на Охрид доколку тој, односно Општина Охрид не усвои акт за прогласување за „ништовно" одобрението за градба на објект на местото на се уште постоечкиот ресторан „Парк", денеска со реакција се огласија и од кабинетот на првиот човек на Охрид. Тие во реакцијата меѓу другото велат:Општина Охрид најостро реагира на вчерашниот напис на социјалните мрежи од страна на таканареченото граѓанско здружение, „Охрид SOS“. Овие дежурни критичари, кои поради нејасни причини досега не се јавно декларирани како личности, на дрзок и недоличен начин, преку навреди и дисквалификации го прозиваат градоначалникот Константин Георгиески дека дава поддршка на урбанистичката мафија и дека има најголема одговорност за најавената градба на хотел, на локацијата кај поранешниот расторан и дикотека „Парк“.Недозволиво е „Охрид SOS“ да се повикува на член од Законот за градење и да тврди дека градоначалникот Георгиески може да сноси кривична одговорност доколку не го поништи правосилното одобрение за градење, бидејќи правна основа за тоа не постои. Основна причина за тоа е фактот што инвеститорот на градбата „Ремис“ ДООЕЛ Охрид согласно одобрението за градење кое му е издадено на 20.04.2018 година и соодветните законски прописи има поднесено известување за започнување на градба на 26.06.2019 година, се вели меѓудригото во реакцијата и додаваат:Граѓаните треба да знаат дека преку изнесување на инсинуации и лажни обвинувања и овој пат „Охрид SOS“ се обиде да ја манипулира јавноста, но цврсто сме уверени дека нивните обиди ќе останат безуспешни.фото: Архива

Македонија | пред 4 години

Opstina_Ohrid_030

Општина Охрид: „Охрид SOS“. со лажни обвинувања и овој пат се обиде да ја манипулира јавноста, уверени сме дека нивните обиди ќе останат безуспешни

Општина Охрид најостро реагира на вчерашниот напис на социјалните мрежи од страна на таканареченото граѓанско здружение, „Охрид SOS“. Овие дежурни критичари, кои поради нејасни причини досега не се јавно декларирани како личности, на дрзок и недоличен начин, преку навреди и дисквалификации го прозиваат градоначалникот Константин Георгиески дека дава поддршка на урбанистичката мафија и дека има најголема одговорност за најавената градба на хотел, на локацијата кај поранешниот расторан и дикотека „Парк“.Во интерес на транспарентноста на постапката и со цел јавноста да биде навремено и точно информирана во врска со ова прашање и да се избегнат манипулациите со информациите кои беа тековно објавувани, градоначалникот одржа наменска прес конференција на која беа изнесени сите детали во врска со овој предмет и без исклучок беше одговорено на сите поставени новинарски прашања, се вели во реакцијата од Општина Охрид.Во продолжение на истата од Општина Охрид додаваат:Недозволиво е „Охрид SOS“ да се повикува на член од Законот за градење и да тврди дека градоначалникот Георгиески може да сноси кривична одговорност доколку не го поништи правосилното одобрение за градење, бидејќи правна основа за тоа не постои. Основна причина за тоа е фактот што инвеститорот на градбата „Ремис“ ДООЕЛ Охрид согласно одобрението за градење кое му е издадено на 20.04.2018 година и соодветните законски прописи има поднесено известување за започнување на градба на 26.06.2019 година.Иако градоначалникот навремено ги соопшти сите детали за овој предмет, би сакале уште еднаш да ја информираме јавноста дека Локалната урбанистичко планска документација за овој предмет е усвоена на седница на Советот на Општина Охрид со Одлука бр.07-2830/27 од 11.11.2009 година. Согласно урбанистичката документација, правосилното одобрение за градење и одобрениот основен проект бр.20-623 од 06.07.2018 година, на предметната локација ќе се гради објект со намена Б3-големи угостителски единици-ресторан/хотел во висина П+3+Пк(Н=13,50м). Со урбанистичката планска документација е предвидена градежна парцела со површина од 9748 м2 и објект со површина во основа со 4525м2 или со процент на изграденост од 40%. Оддалеченоста на површината, согласно одобрената урбанистичко планска планска документација изнесува 50 метри од Охридското Езеро.Во постапката за издавање на Одобрението за градење запазена е постојаната законска регулатива за изградба на објект со ваква намена. Има решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање од 23.04.2010 и Водостопанска согласност исто така издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање од 28.10.2016 година.Изнесените факти покажуваат дека Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески транспарентно ги водат сите урбанистички постапки и продолжуваат во континуитет да бидат посветени на исполнување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.Граѓаните треба да знаат дека преку изнесување на инсинуации и лОпштина Охрид најостро реагира на вчерашниот напис на социјалните мрежи од страна на таканареченото граѓанско здружение, „Охрид SOS“. Овие дежурни критичари, кои поради нејасни причини досега не се јавно декларирани како личности, на дрзок и недоличен начин, преку навреди и дисквалификации го прозиваат градоначалникот Константин Георгиески дека дава поддршка на урбанистичката мафија и дека има најголема одговорност за најавената градба на хотел, на локацијата кај поранешниот расторан и дикотека „Парк“.Во интерес на транспарентноста на постапката и со цел јавноста да биде навремено и точно информирана во врска со ова прашање и да се избегнат манипулациите со информациите кои беа тековно објавувани, градоначалникот одржа наменска прес конференција на која беа изнесени сите детали во врска со овој предмет и без исклучок беше одговорено на сите поставени новинарски прашања, се вели во реакцијата од Општина Охрид.Во продолжение на истата од Општина Охрид додаваат:Недозволиво е „Охрид SOS“ да се повикува на член од Законот за градење и да тврди дека градоначалникот Георгиески може да сноси кривична одговорност доколку не го поништи правосилното одобрение за градење, бидејќи правна основа за тоа не постои. Основна причина за тоа е фактот што инвеститорот на градбата „Ремис“ ДООЕЛ Охрид согласно одобрението за градење кое му е издадено на 20.04.2018 година и соодветните законски прописи има поднесено известување за започнување на градба на 26.06.2019 година.Иако градоначалникот навремено ги соопшти сите детали за овој предмет, би сакале уште еднаш да ја информираме јавноста дека Локалната урбанистичко планска документација за овој предмет е усвоена на седница на Советот на Општина Охрид со Одлука бр.07-2830/27 од 11.11.2009 година. Согласно урбанистичката документација, правосилното одобрение за градење и одобрениот основен проект бр.20-623 од 06.07.2018 година, на предметната локација ќе се гради објект со намена Б3-големи угостителски единици-ресторан/хотел во висина П+3+Пк(Н=13,50м). Со урбанистичката планска документација е предвидена градежна парцела со површина од 9748 м2 и објект со површина во основа со 4525м2 или со процент на изграденост од 40%. Оддалеченоста на површината, согласно одобрената урбанистичко планска планска документација изнесува 50 метри од Охридското Езеро.Во постапката за издавање на Одобрението за градење запазена е постојаната законска регулатива за изградба на објект со ваква намена. Има решение за одобрување на елаборат за заштита на животната средина издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање од 23.04.2010 и Водостопанска согласност исто така издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање од 28.10.2016 година.Изнесените факти покажуваат дека Општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески транспарентно ги водат сите урбанистички постапки и продолжуваат во континуитет да бидат посветени на исполнување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.Граѓаните треба да знаат дека преку изнесување на инсинуации и лажни обвинувања и овој пат „Охрид SOS“ се обиде да ја манипулира јавноста, но цврсто сме уверени дека нивните обиди ќе останат безуспешни, се вели во реакцијата од Одделение за односи со јавност во Општина Охрид.фото: Архива 

Македонија | пред 4 години

kosta-1

Улицата „Прва Македонска ударна бригада“ доби реконструирана коловозна лента, уредени тротоари, нова дистрибутивна ниско напонска мрежа

Улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улицата „Питу Гули” до „Стобекс” доби:🔹Реконструирана коловозна лента со два асфалтни слоја во должина од 750 метри🔹Уредени тротоари со бехатон плочки и нови рабници🔹Нова дистрибутивна ниско напонска мрежа за пренос на електрична енергија👉За овој важен инфраструктурен проект кој значително ги подобри условите за сообраќај во овој дел на градот, оштината издвои 13 милиони денари, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески 

Македонија | пред 4 години

asnom1

Реконструирана улицата “АСНОМ” во Охрид

Ја реконструиравме улицата „АСНОМ“, во должина од 630 метри. Инвестицијата вредна над 8,8 милиони денари опфати:Нов асфалт на коловозот со површина од 5. 953 м2,Реконструирани тротоари од двете страни на улицата,Нивелирање на сите шахти и сливници,Современа хоризонтална и вертикална сигнализација, напиша во својата објава на фејсбу градоначалникот Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

11

Поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје

Со цел да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во водите на Охридското Езеро, Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период исти заштитни механизами ќе бидат поставени и на останатите речни корита.Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП "Градски гробишта", а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

protets-ohrid

Жителите на „Јане Сандански“ ја поддржуваат реконструкцијата на улицата, тие се против реакциите на Охрид SOS

Жителите на „Јане Сандански“ ја поддржуваат најавената реконструкција на улицата. Тие со граѓански собир  денеска изразија незадоволство од реакциите на граѓанската асоцијација „Охрид СОС“ и барањето да се стопира проектот за реконструкција на улицата. Велат дека веќе 30 години го чекаат овој проект и не знаат кому му одговара ова да се стопира. Додаваат дека најголем проблем им е водоводната и канализациона мрежа, стара повеќе од пет децении.– Ние овој проект го бараме веќе 30 години. Не се работи само за обновување на дрворедот, бараме реконструкција на водоводна мрежа, тротоарите да се нивелираат, да има велосипедска патека. Добро е што конечно ќе се реализира овој проект. Улицата што е бренд за Охрид жалосно е да се гледа во оваа состојба, рече Илија Џепароски, жител на улицата.По однос на сечењето на дрвата велат дека секојдневно се соочуваат со наткренатите тротоари од излезените корења, што им претсавуваат проблем во движењето особено на повозрасните, лицата со посебни потреби и мајките со деца. Апелираат да се засадат нови, но со коренов систем кој нема да бида површински.– Има многу проблеми, а најголем е водоводната инсталација градена некаде 56/57-ма година. На секој втор месец има по некоја пукнатина, се прават штети, има дел од жителите кои имаат тужено и ги имаат добиено делата. Да се смени водовод и канализација, тротоарите да се направат, а за дрвата, ќе се зададат нови, со подлабок корен, овие прават голем проблем, коренот им е површински па подигнат е тротоарот. Треба да се одберат дрва на кои коренот ќе оди надолу, вели Јове Јованоски, еден од постарите жители на оваа улица.Се жалат дека при поголеми врнежи од дожд водата им влегува во дворовите и уште еднаш потенцираа дека жално е да се стопира нешто убаво што се сака да се направи.Инаку, утринава започна сечењето и отстранување на дрворедот на улицата „Јане Сандански“ како дел од најавените подготвителни активности за комплетна реконструкција на една од поважните сообраќајни артерии на градот и промена на водоводната азбестна линија. Ќе се реконструира потегот од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс.   

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања