„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

ul5-1200x640

Георгиески: Започнуваат подготвителни активности за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ во Охрид

Започнуваат подготвителни активности за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ од крстосницата со булеварот „Туристичка“ до кружниот тек кај Болнички комплекс и замена на дотраената азбестна водоводна линија.Деновиве ќе се изврши отстранување на старите и оштетени стебла од дрворедот на улицата. Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, планирано е подигнување на нов дрворед.Општина Охрид во согласност со својата годишна програма, во континуитет инвестира во подобрување на животната средина и одржување на зеленилото во градот. Во тек е тендерска постапка за набавка на вкупно 300 четиригодишни садници од видот Acer platanoides, од кои дел ќе бидат наменети за новиот дрворед на улицата „Јане Сандански“.Поради непречено одвивање на активностите, ги известуваме учесниците во сообраќајот дека ќе има времена забрана за паркирање на возила на оваа улица, напиша во својата фејсбук објава градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

1-9

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести.Даваме силна поддршка за кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“ и активностите на здружението "Живот со предизвици". Лицата со ретки болести и нивните семејства ја заслужуваат нашата подадена рака за помош и соработка.Само заедно можеме да ја подигнеме јавната свест за поголема инклузија и подобри услови за овие лица во нашето општество, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kosta-2-1

(ВИДЕО) Георгиески: Продолжуваме со отстранување на нелегалните објекти на плажите

Продолжуваме со отстранување на нелегалните објекти на плажите. Во тек е избор на фирма која ќе го спроведе рушење, а во меѓувреме поднесовме 14 кривични пријави против правни и физички лица кои вршејќи стопанска дејност досега не ги имаат подмирено давачките кон државата.Општина Охрид не отстапува од почитување на препораките и Планот за управување со Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.видео: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

Јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на начинот и поблиските услови за именување на членови на комисиите за пописните реони и селекција и избор на реонските попишувачи и реонските инструктори, Државниот завод за статистика објавува јавен конкурс за ангажирање на лица кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година во периодот од 01-21.04.2021 година во својство на:Реонски попишувачиРеонски инструктори ЈАВЕН КОНКУРС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ 2021 

Македонија | пред 4 години

kosta-2-1

Георгиески: Продолжуваме да постапуваме согласно препораките на УНЕСКО

Општина Охрид продолжува да постапува согласно препораките на УНЕСКО. Во тек е тендерска постапка за избор на фирма која ќе работи на отстранување на дивоградбите на охридското крајбрежје.Во меѓувреме исто така поднесени се кривични пријави за узурпација на државно земјиште. Станува збор за правни и физички лица кои вршеле дејност преку користење на плажите на крајбрежјето, при што се стекнале со износ по основ на закуп, кој до денеска не го подмириле, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Corbeski

Икона со Св Јован крстител и честитки од градоначалникот Георгиески за Чорбески - годинешниот фајќач на светиот крст

Во мое лично име и во името на Општина Охрид денеска упатив честитки до Никола Чорбески, кој годинава го извади светиот крст од осветената вода во црквата "Свети Никола Геракомија", во рамки на црковните чествувања по повод православниот празник Богојавление Водици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Иако поради актуелните здравствени протоколи изостана официјалната организација на традиционалната манифестација на градското пристаниште, празникот Богојавление помина во духот на хуманите вредности, со надеж и желба дека догодина ќе имаме можност посвечено и достојно да го прославиме.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kanal

(ВИДЕО) Искршени светилки кај Билјанини извори

Несовесноста кај некои поединци сеуште трае. Искршени се поставените светилки крај пешачката патека во каналот Студенчишта.

Македонија | пред 4 години

opstina-Ohrid

Општина Охрид распиша тендер за уривање на дивоградбите

Општина Охрид распиша тендер за уривање на дивоградбите во Охридскиот регион. Најпрво ќе се уриваат нелегални објекти и остатоци од урбана опрема на плажите. Тендерот е во висина од над 5 милиони денари. Главен критериум за овој тендер е најниска цена, а според објавената јавна набавка договорот ќе биде склучен на 12 месеци.Пред неколку денови претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески.На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион и на развојните планови на општините.Инаку Општина Охрид во јуни минатата година започна со уривање и расчитување на крајбрежниот дел на Охрид, од нелегално поставени објекти и урбана опрема. Но акцијата беше стопирана поради недостаток на финансиски средства. Но се чини дека локалната самоуправа е е цврсто решена да го исчисти Градот од нелегални објекти и во целост да ги спроведе препораките на Унеско, со цел Охрид да го зачува статусот на  светско заштитено наследство од УНЕСКО.фото: Архива

Македонија | пред 4 години

16022021_PVRSM_sredba_gradonachalnici-2

Заев со Георгиески, Мерко, Ногачески: Да ги усогласиме напорите за заедничка акција за отстранување на ризиците по заштитениот Oхридски Pегион и Охридското Езеро

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид Константин Георгиески, на Општина Струга Рамиз Мерко и на Општина Дебрца Зоран Ногачески.На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го загрозуваат статусот на Oхридскиот Регион и Охридското Езеро како заштитено природно и културно подрачје од страна на УНЕСКО.Премиерот Заев ја реафирмираше определбата на Владата, во координација со локалните самоуправи на трите општини да се усогласат напорите за спроведување на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион со плановите за развој на општините, водејќи грижа на сите вклучени во процесот дека примарна важност имаат заштитата на културните и природните вредности на Охридското Езеро и на крајбрежјето опфатени со Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство.Заедничка констатација на средбата беше да продолжи координацијата меѓу Владата и општините Охрид, Струга и Дебрца на утврдените активности, како и на усогласување на легислативата за надлежностите кои ќе овозможат успех во спроведувањето на Планот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот Регион и на развојните планови на општините.фото: Влада

Македонија | пред 4 години

carsija-1

(ФОТО) Непрекинато се одвиваат теренските активности на екипите од ЈП„ Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот во Охрид

Во текот на изминатата ноќ и денеска непрекинато продолжија теренските активности на екипите од ЈП„ Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот.Се чистеше на плоштадот, чаршијата и останатите јавни површини во центарот на градот. Исто така интензивно се чистат тротоарите и коловозите на сите фреквентни улици.Се препорачува внимателно движење од страна на пешаците и учесниците во сообраќајот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

3-5

(ФОТО) Непрекинато се работи на расчистување на коловозите, тротоарите и останатите фреквентни јавни површини во Охрид

Во пресрет на работната седмица, денеска се спроведоа интезивни активности за чистење на пристапите кон училиштата, градинките и другите јавни институции во градот.Непрекинато се работи на расчистување на коловозите, тротоарите и останатите фреквентни јавни површини, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

kom-2

Георгиески: Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП "Охридски Комуналец" кои во три смени, работат на терен за чистење на снегот

Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП "Охридски Комуналец" кои во три смени, неуморно работат на терен за чистење на снегот.Со цел да се обезбеди поголема безбедност за учесниците во сообраќајот и за пешаците, ангажирани се над 100 работници со целокупната механизација и расположлива опрема, напипа на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Исчистени и проодни се сите фреквентни сообраќајници во централното градско подрачје и периферните населби, како и сите локални патишта кон селата. Интензивно се работи за расчистување на пешачките патеки и јавните површини во градот.Сообраќајот се одвива во зимски услови и се препорачува поголема внимателност на возачите. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

24

(ФОТО) Интензивно се работи на расчистување на снегот од сите улици, пешачки патеки и јавни површини во Охрид

Интензивно се работи на расчистување на снегот од сите улици, пешачки патеки и јавни површини во градот.Расчистени и проодни се локалните патишта кон сите села во општината и непрекинато продолжуваат активностите за чистење на коловозот.Ангажирана е целокупната расположлива опрема и механизација на ЈП "Охридски Комуналец" заедно со околу 70 работници кои рачно го чистат снегот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

17

(ФОТО) Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" од рано утринава го расчистиваат снегот во Охрид

Екипите на ЈП "Охридски Комуналец" од рано утринава се на терен и спроведуваат активности за чистење на снегот и нанесување на абразивни средства на главните сообраќајници.Исто така беше извршено прскање со средство против замрзнување на улиците кои се наоѓаат во повисоките делови на градот, напиша на својот ФБ профил Константин Георгиески. фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Turizam

Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот во Охрид

Интензивно работиме на посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на туризмот во Охрид.  Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот која ќе даде нови насоки за напредок во оваа сфера за периодот од 2020 до 2025 година.Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и истата се заснова на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања