„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Нема фотографија

Од 1 јули ќе бидат ставени во функција рампите за регулирање на сообраќајот во стариот дел на Охрид

Се известуваат жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од 1.07.2021 година (четврток) ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот.Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат картичка за движење во овој дел од градот.Оваа мерка е дел од утврдениот режим на сообраќај за старото градско подрачје и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила.Постоечките картичките за кои не е извршена навремена пререгистрација во согласност со повикот на општината, кој беше објавен на 20.05.2021 година, ќе бидат поништени и неважечки.Функционирањето на рампите ќе биде регулирано со 24 часовно физичко обезбедување и ќе биде под постојан видео надзор.Се упатува известување до сите правни лица кои сообраќаат во стариот дел на градот дека дотурот на стока ќе може да се врши само преку влезот кај „Горна Порта“ во утринските часови во периодот од 05:00 до 10:00 часот.За такси компаниите кои вршат такси превоз нема да бидат издавани посебни картички и такси возилата ќе бидат пропуштани во стариот дел на градот исклучиво само од влезот кај „Горна Порта“.Се известуваат сопствениците на сместувачките капацитети дека гостите ќе може да влезат со своите возила во стариот дел на градот, само за да извршат истовар на патници и багаж. Доколку возилата бидат непрописно паркирани ќе бидат отстранети со асистенција на пајак службата.

Македонија | пред 4 години

plazi-3

(ВИДЕО) Се изработува планот за крајбрежјето, од следната година на плажите типизирани шанкови со логото на Општина Охрид

Песок, сонце, кристално Езеро, мир, рајска убавина... Вака изгледаат Охридските плажи по акцијата на локалната самоуправа за отстранување на дивоградбите на самиот езерски Кеј.Граѓаните велат ваков мир немало многу одамна. Некои се потсутуваат на времето од детството кога плажите беа само дар од природата.Градоначалникот Константин Георгиески, вели дека позитивни коментари стигнуваат и до него. Според него ред во хаосот мораше да се направи, по што од следната година по изработката на планот за крајбрежјето од страна на Агенцијата за планирање, ќе настапи новото менаџирање на плажите, но по крајни други услови.„Ќе се поставуваат објекти од монтажен тип, типизирани дрвени шанкови кои ќе бидат со логото на општина Охрид и кои ќе се издаваат на јавно наддавање и ќе се издаваат година за година, на тие делови каде ќе може да се стопанисуваат плажите“, вели Георгиески за Охрид 1 .Годинава се отстранија објектите кои беа градени на потегот од Метропол, па се до Елешец, а минатата се средуваа на потегот од Горица 3 кај Св Стефан. Овие плажи се исчистени, освен еден два објекти кои правно не беа чисти за да можеме да се постапува на тој потег.„Градежниот шут е комплетно исчистен.Цело време ги средуваме плажите, ЈП Охридски комуналец ја чисти дивата вегетација и ѓубрето кое беше таму останато. Се засадуваат нови садници, се поставуваат корпи за отпадоци, контењери. Поставивме и мобилни тоалети, затоа што оваа година ниту има време ниту план општината за изградба на тоалети на секоја плажа, тоа ќе биде предмет на решавање следната година кога ќе биде изработен планот за крајбрежјето од страна на агенцијата за планирање и тогаш ќе настапи новото менаџирање на плажите“, вели Георгиески.За потегот кај Градиште, градоначалникот вели дека таму нема некои големи објекти за отстранување. На овој потег има настрешници, околу огради околу самите камп приколки.„Ќе постапиме кога ќе имаме нов тендер за отстранување на бесправни објекти. Инаку работата која се заврши за отстранувањето на објектите досега преку 5000 метри кубни градежен шут се отстрани од плажите. Ова беше голема работа и тој процес сеуште трае. Веќе ја средуваме поранешната плажа Корали. Се поставува автентична песок од сливот на Охридското Езеро. Претходно се средуваше поранешната плажа Атлантис. Потегот од Метропол до Лагадин е веќе среден со нова песок“, вели Градоначалникот.Плажите кои се во опфат на генералниот урбанистички план, како што се Потпеш, Канео, Куба Либре, Кадмо, Бела виста, ќе бидат предмет на планот за одржавање на плажите од државно значање кое го прави Агенција за просторно планирање.„Доколку според овој план се предвидат објекти од таков габарит, наредната година општината ќе направи таков повик и ќе ги издава, доколку не се предвидат во новиот генерален урбанистички план за крајбрежјето, тогаш ќе треба и тие да се отстранат, статусот на тие објекти зависи од планот. Таму ги отстранивме платформите, објектите ќе бидат предмет на решавање зависно од планот. Доколку се дел од планот ќе бидат предмет на нови концесии. Но, сепак тоа е дискутабилно, затоа што мора да се воспостави врска помеѓу студенчишко блато и Езерото и ќе мора преку патеката која е тука изградена да се направи физичка врска помеѓу блатото и Езерото, а сето тоа ќе треба соодветно да се испланира. Тие објекти неможат да обавуваат таква дејност затоа што немаат договори за концесионирање на просторот кој е сопственост на Македонија“,  категоричен е првиот човек на Охрид.

Македонија | пред 4 години

egipkani-1

Георгиески: Заедницата на Египќани е важен дел од мултикултурната разноликост на Охрид

Заедницата на Египќаните е важен дел од мултикултурната разноликост на нашиот Охрид и дава значаен придонес во сите сфери наопштественото живеење.Чест ми е што вечерва бев дел од свеченоста за отворање на “Културно информативниот центар” кој ќе придонесе за зачувување на традиционалните вредности и ќе овозможи креирање на нови можности за напредок на припадниците на оваа заедница. Преку заедничка соработка создаваме услови за подобар живот и еднакви права за сите граѓани.Со обезбедување на простории за работа, Општина Охрид континуирано дава поддршка на голем број здруженија и невладини организации, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

plazi-1

(ФОТО) Интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти

Во пресрет на туристичката сезона, интензивно се уредуваат плажите на крајбрежјето, каде што се вршеше отстранување на бесправни објекти.🌿Се чистеше дивата вегетација⛱️Се посипува автохтон песок🌳Се засадуваат дрвја✅Се поставуваат нови контејнери и садови за отпад🚾Се поставуваат времени тоалетиВо текот на наредниот период ќе бидат поставени➡️клупи за седење➡️монтажни соблекувални➡️фонтани за водаВо рамки на своите ингеренции и можности, Општина Охрид ќе ги обезбеди сите потребни услови за непречено користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

obuka

Во четврток “Отворен ден за јавноста” граѓаните ќе можат да видат дел од леталата и опремата на Воздухопловниот ВИНГ

Воздухопловниот ВИНГ на АРМ од денес до петок на крајбрежјето на Охридското Езеро ќе изведува летачка обука над водени површини со два хеликоптери Ми-8/17.➡️Како дел од активностите на Воздухопловниот ВИНГ, а во соработка со Општина Охрид во четврток на 24.06.2021година во период од 16 до 19 часот пред Кампот за обука на АРМ кај каналот „Студенчишта“ ќе се реализира „Отворен ден за јавноста“ каде што граѓаните ќе можат да видат дел од леталата и опремата со која што располага Воздухопловниот ВИНГ.📝Активностите се дел од подготовките за планираната НАТО вежба за кризен менаџмент „Северна Македонија 21“ водена од НАТО – Евроатлантскиот центар за координација за одговор при катастрофи (NATO EADRCC) и ЦУК која треба да се реализира во месец септември 2021 година во Охрид, пипува градоначалникот Георгиески во својата ФБ објава.

Македонија | пред 4 години

kosta-2

(ФОТО) Георгиески, Мерко и Џаколи на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро, разговараа за исполнувањето на препораките на УНЕСКО

Преку јасно дефинирана стратегија, координирани активности, меѓуопштинска и меѓугранична соработка, можеме да обезбедиме долгорочна заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето на Охридското Езеро, напиша на својот Фб профил градоначалникот на охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Заедно со градоначалниците Рамиз Мерко и Илир Џаколи на одбележувањето на Денот на Охридското Езеро во Поградец разговаравме за сите актуелни прашања и сите мерки кои треба да се преземат за заштита на природата и исполнување на препораките на УНЕСКО.Сите општини од брегот на езерото, треба подеднакво да се вложат и да преземат конкретни чекори кои ќе бидат во полза на целокупниот процес за зачувување на ова бесценето природно наследство.

Македонија | пред 4 години

ohridsko-ezero

Георгиески: Охридското Езеро е нашиот најскапоцен дар од природата кој треба внимателно да го чуваме и вистински да го вреднуваме

Охридското Езеро е нашиот најскапоцен дар од природата кој треба внимателно да го чуваме и вистински да го вреднуваме.Привилегија е да се поседува една ваква уникатна убавина која е препознаена и запишана како светско природно наследство. Наша должност и обврска е да го заштитиме и да го оставиме како аманет за идните генерации.Нека е честит и вековит 21-ви јуни Денот на Охридското Езеро, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

pokriv1

Нов покрив на детската градинка “Билјана” во Охрид

Во тек се активности за изградба на нов покрив на детската градинка „Билјана“. Новиот рамен покрив ќе биде изведен по сите најсовремени стандарди, во неколку слоеви, со висок степен на заштита и изолација, а на страничните делови ќе има лимени конструкции.Проектот е вреден 1 милион и 530 илјади денари, средства кои се обезбедени од буџетот на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со неговата реализација се става крај на долгогодишните проблеми со прокапување вода при врнежи од дожд и снег во сите простории од градинката.Во објектот има четири занимални во градинскиот дел, во кој согласно протоколите за заштита од КОВИД се згрижени по 20 деца во група односно 80 вкупно и две занимални со јасли во кој се згрижени по 15 односно 30 деца вкупно.  

Македонија | пред 4 години

kosta-1

Градоначалникот Георгиески од трибините во Букурешт: Навиваме со срце за нашата репрезентација!

Испишуваме спортска историја! Навиваме со срце за нашата репрезентација! Напред момци, вие сте најголемата фудбалска гордост, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

ograda

(ВИДЕО) Георгиески: Железната ограда од вилата „Билјана“ ја предадов како гест на пријателство и соработка меѓу двата народа

Денеска во посета на Белград предадов дел од железната ограда која го опкружувала парламентот во Белград од 1936 до 1956 година кога била отстранета и разнесена во различни држави на поранешна Југославија. Дел од оваа уметнички обработената железна ограда беше пронајден во поранешната резиденција на Јосип Броз Тито и сегашна вила на македонскиот претседател „Билјана“ во Охрид. Оградата денес ја предадов како гест на пријателство и соработка меѓу двата народа, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

divogradbi-2

Рушењето на дивоградбите во Охрид го поддржа и премиерот Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција“ за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот на Општината, Константин Георгиески.– Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, напиша Заев.Премиерот посочува дека сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат. Ова, како што појасни тој, особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство.– Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме. Се надевам дека наскоро ќе може да ја поздравиме и одлучноста на Општина Струга, наведува премиерот Заев во објавата на Фејсбук.

Македонија | пред 4 години

ograda

(ФОТО) Георгиески на Дачиќ му го предаде делот од оградата на Собранието на Србија кој беше во Охрид

Големо е задоволството што денеска во Белград ја имав честа свечено да предадам дел од оградата на Собранието на Србија, како гест на пријателство помеѓу Македонскиот и Српскиот народ, напиша на својот ФБ профил Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Со претседателот на српското собрание, Ивица Дачиќ имавме можност да поразговараме за дел од историските вредности на оградата чиј значителен дел беше пронајден во Охрид.На пригодната свеченост и во рамки на официјалната средба беа отворени и повеќе теми на заеднички интерес со што ја потврдивме добрата соработка помеѓу двете држави, која се темели на нашата заедничка историја и традиционалната поврзаност помеѓу двата народи.Особено беа потенцирани можностите за соработка во делот на туризмот и интересот за Охрид како посакувана дестинација на српскиот туристички пазар.

Македонија | пред 4 години

kosta-3

Георгиески до амбасадорот на ЕУ Гир: Ви благодарам за поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО

Упатувам јавна благодарност до амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир за неговата силна поддршката во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион.Особено сум горд што нашите стратешки партнери од ЕУ, ги препознаваат нашите заложби за почитување на законите и владеење на правото, со што ставаме крај на децениската деградација на крајбрежјето, напиша на својот Фб профил Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Ohrid

Поддршка за Георгиески од ЕУ амбасадрот Гир: Дивите градби немаат место покрај Охридското Езерото и треба да се отстранат

Дивите градби немаат место покрај Охридското Езерото и треба да се отстранат. Уникатното природно и културно богатство во регионот – признато од УНЕСКО – мора да се зачува. Заштитувајќи го наследството на Охрид сега, ние исто така инвестираме во работни места и во угостителската индустрија, напипа на својот Твитер профил Евро амбасадорот неговата екселенција Дејвид Гир.извор: Твитер Дејвид Гир

Македонија | пред 4 години

kuba-4

Општина Охрид: Не е точно дека дека поранешениот концесионер на плажата "Куба Либре" не добил известување за отстранување на бесправните објекти

Општина Охрид најостро ги демантира тврдењата на адвокатите и менаџерскиот тим на фирмата поранешен концесионер на плажата "Куба Либре" дека не добиле известување за отстранување на бесправните објекти во кои обавуваат угостителска дејност, се вели во соопштението од Општина Охрид.Во продолжение на истото се додава:Решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување на објектите од страна на Општина Охрид е доставено до фирмата пред десетина дена. Исто така, јавноста преку медиумите, неколку пати до сега беше информирана за целиот процес на отстранување на објектите од плажите и до сега неколку пати беше потенцирано дека ќе се пристапи кон отстранување на плажите во градската зона и дека нема да има никакава селективност во постапките.Целосно манипулативна е изјавата од фирмата поранешен концесионер, дека бил изнајден начин за подмирување на закуп на земјиштето и дека имале платено кирија до 2021 година. Тоа е целосна лага! Општина Охрид потенцира дека станува збор за присилна наплата согласно закон и по основ на Судска пресуда по признание за стекнување без основ, со извршно решение.Се работи за минимален износ на наплатени средства кој е значително помал во споредеба со износот кој би бил наплатен за реален закуп односно концесија на земјиштето.Плажата"Куба Либре" работела без концесија и остварувала приходи на државно земјиште на штета на општината и државата. И покрај тоа што немале активен договор за концесија, непречено обавувале угостителска дејност, остварувале приходи и извршиле доградување и проширување на објектите со што узурпирале атрактивно земјиште од крајбрежјето и граделе платформи во езерото.Наместо да даваат паушелни изјави со кои сакаат да ја извртат вистината во своја корист, треба конечно да разберат дека времето на незаконско работење на плажите истече и дека нивните бизнис интереси повеќе нема да бидат над законите и интересите на Охрид.Општина Охрид останува посветена на почитување на законите и исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на Светското природно и културно наследство.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања