„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

asfaltiranje-2

Георгиески: Лага и чиста политичка манипулација се фотографиите објавени на социјалните мрежи

Лага и чиста политичка манипулација се информациите и фотографиите кои попладнево беа објавени на социјалните мрежи, во врска со градежните работи за проширување на улицата "Кирил и Методиј" заради оформување на поголем број паркинг места, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:🚧Поради специфичната конфигурација на теренот, во делот на постоечкиот дрворед најпрво е извршено асфалтирање, по што веднаш е извршено отсекување на асфалтот и оформување на соодветен простор околу дрвјата.📢Недозволиво и неетичко е да се критикуваат градежни активности кои сеуште се во тек! Затоа упатувам апел до опозицијата и носителите на јавни функции, да не ја дезинформираат јавноста на штета на имиџот на градот. Наместо да бидат дежурни пишувачи на социјалните мрежи нека дадат придонес во креирање на политики кои се во интерес на градот и граѓаните кои ги избрале.➡️Додека тие се занимаваат со неосновани обвинувања, ние продолжуваме континуирано и интензивно да работиме на подобрување на инфраструктурата и да реализираме проекти кои се во интерес на Охрид.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Георгиески: Реконструираниот базен во Св. Еразмо, значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија "Свети Еразмо" е ризница на квалитет, хуманост и стручност веќе седум децении и е вистинска гордост за нашиот здравствен систем, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:✅Реконструираниот базен за физикална терапија значително ќе придонесе за подобрување на условите за третман на пациентите и е од големо значење за развојот на здравствениот туризам во Охрид.💙Искрено се радувам што преку заедничка соработка одлучивме средствата обезбедени преку грантовата шема за инвестициски проекти за одржлив и рамномерен регионален развој, да ги инвестираме токму тука.🤝Упатувам благодарност до Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка, Центарот за развој на југозападниот плански регион и до работните групи кои беа вклучени во аплицирањето и имплементацијата на проектот.➡️Се надевам дека и во иднина ќе можеме да реализираме вакви заеднички проекти кои се од големо значење за нашите жители и за целиот регион.

Македонија | пред 4 години

ohrid1

Стартува летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид

Од денеска стартува Летниот режим на сообраќај на територијата на Општина Охрид, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација на улиците каде што е воведено еднонасочно движење на возилата.Оваа година за прв пат е воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“. По оваа улица ќе се одвива еднонасочен сообраќај во правец од пресекот со улица „Гоце Делчев“ кон „Горна Порта“ и од „Горна Порта“ кон улица „Крум Точко“. Едната страна од улицата ќе може да се користи за паркирање на моторни возила согласно предлог мерките и издадената согласност од Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид.Се упатува апел до граѓаните и туристите во целост да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, со цел да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот во текот на летната туристичка сезона.Летниот режим на сообраќај ќе трае до 31-ви август 2021 година.

Македонија | пред 4 години

opstina

Општината објави Физибилити анализа за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување

Општина Охрид објави Физибилити анализа за оценка на оправданоста за долгорочно задолжување на општината, согласно Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.Граѓаните, своите ставови, мислења и предлози може да ги достават во електронски формат на официјалната електронска адреса на Секторот за финансиски прашања finance@ohrid.gov.mk најдоцна до 19 Јули 2021 година.На 20 Јули 2021 година (вторник), со почеток во 12 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи Јавна расправа на која ќе се дискутира за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување и заеднички ќе бидат разгледани мислењата и предлозите на граѓаните, напиша на сввојот ФБ профил градоначалникот Георгиески.Физибилити анализата може да ја прочитате на приложениот линк https://ohrid.gov.mk/%d1%84%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b8-%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%86%d0%b5%d0%bd%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%80/?fbclid=IwAR3kwyjk6MFeZzqK8QyuIxN383G4ZOZ7X18vBbJLov1U5UunDh3h5Z769x0

Македонија | пред 4 години

balkanski-2

Георгиески: Фолклорните вредности се пренесувале од колено на колено и грижливо се чуваат и денес

Балканскиот фестивал на народни песни и игри е нашиот вечен трезор во кого грижливо се чуваат богатствата на песнопојната и играорната традиција, не само на македонскиот, туку и на многу други народи. Тие, фолклорни реткости со генерации се пренесувале од колено на колено, се преплетувале и надополнувале и правеле вистински филиграни кои им одолевале и им оддолеваат на сите притисоци на современото живеење.Шеесет годишната културна манифестација, препознаена и призната од УНЕСКО, во рамки на трите фестивалски вечери, низ играта и песната ќе ги шири универзалните вредности на фолклорот и интеркултурното разбирање на различните балкански народи.Убеден сум дека фолклорните ансамбли за гостите ќе приредат незаборавни моменти, а фолклорните уметници ќе понесат со себе, барем мал дел од магијата на вечниот Охрид, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Инвестираме во инфраструктурата но работиме и на зачувување на статусот од УНЕСКО

Инвестираме во инфраструктурата но работиме и на зачувување на статусот од УНЕСКО, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во објавата градоначалникот додава:👉Нашиот Охрид е меѓу 38 други градови во целиот свет кои се заштитени од УНЕСКО. Тоа е титула која мора да ја почитуваме. Јас сум особено горд што како локална самоуправа ги менуваме работите.👉Во новиот Урбанистички план кој го изработува Агенцијата за просторно планирање на крајбрежјето ќе има одредени локации каде ќе може да се изградат соодветни типизирани шанкови.👉Целта е да ослободиме повеќе места на плажите за туристите, повеќе слободен простор за пливање во езерото и мирна атмосфера за уживање.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Општина Охрид го поддржa проектот „Младите – креатори на нашата иднина“

Општина Охрид го поддржa проектот „Младите – креатори на нашата иднина“ кој го реализира Здружението на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ“ од Скопје, напиша на својот Фб профил Претседателката на советот на Општина Охрид, Живја Ангеловска.Ангеловска во објавата додава:Проектот e so цел да ги мотивира младите ученици, развој и напредок на културата, зголемување на креативноста и интересот кон музиката, актерството, сликањето и творењето.Во рамки на проектот se организирa неколку-дневен настан во Извидничкиот центар во Охрид, кој опфаќа повеќе натпревари во различни категории.

Македонија | пред 4 години

prepreki

Општина Охрид: Да се отстранат нелегално поставените препреки на јавни површини

Општина Охрид упатува апел до сите охриѓани кои узурпирале јавни површини  сопственост на РСМ со поставување  тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање  или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите.Во спротивно нелегално поставените препреки од понеделник (05.07 2021 г.)  ќе бидат отстранети од надлежните служби на Општина Охрид.Нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини може да се пријавува на адреса:  inspektorat@ohrid.gov.mk

Македонија | пред 4 години

Kosta-Gir

Георгиески и Гир разговараа за активностите кои Општина Охрид ги презеде за отстранување на бесправните објекти на крајбрежјето

Чест ми е што нашите заложби како локална и централна власт во делот на почитување на законите, владеење на правото и исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион добиваат силна и континуирана поддршка од страна на амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:На денешниот состанок со амбасадорот Гир разговаравме за сите активности кои Општина Охрид ги презеде во изминатиот период за отстранување на бесправните објекти на крајбрежјето и подготовка на плажите во пресрет на летната сезона.

Македонија | пред 4 години

zaev-i-kosta

Георгиески: Обезбедуваме услови за слободно користење на плажите од страна на граѓаните и туристите

Заедно со премиерот Зоран Заев денеска извршивме увид на дел од охридското крајбрежје каде е што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додаде:Горд сум што како локална и централна власт покажавме решителност, вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите и да ставиме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас.Обезбедуваме услови за слободно користење на плажите од страна на граѓаните и туристите, кои ќе летуваат покрај нашето прекрасно Охридско Езеро.

Македонија | пред 4 години

01072021_PVRSM_uvidOhrid-3

Заев од Охрид: Активностите и грижата за Охридскиот Регион се за да го зачуваме непроценливото богатство верификувано од УНЕСКО за идните генерации

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и градоначалникот на Општина Охрид Костадин Георгиевски денеска извршија увид во активностите на комуналните служби преземени за исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето.„Денеска сме тука за да ја посведочиме сериозната посветеност на Општина Охрид во исполнување на препораките на УНЕСКО и на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето. Тоа е веќе сосема видливо на терен. Општина Охрид, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт, покажа волја, капацитет и подготвеност за спроведување на нејзините обврски за отстранување на бесправните градби на плажите. Во тек е процес со кој се става крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас“, истакна Премиерот Зоран Заев и додаде:„Дозволете ми јасно да потенцирам. Општина Охрид за овие активности ја има и ја добива целата поддршка и асистенција. Продолжуваме неуморно да работиме за интересите на Охрид како културен и туристички центар и да го зачуваме непроценливото богатство за идните генерации. Охрид и целиот Охридски Регион е туристичка атракција и заради печатот на УНЕСКО. Независно од тоа каква ќе биде одлуката на Комитетот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО во однос на статусот на заштитено подрачје кој го поседува Охридскиот Регион, ние цврсто стоиме на ставот дека нашата определеност за регулирање на овие состојби е непоколеблива и целосна.Да потсетам дека предлог-одлуката е базирана на Извештајот на УНЕСКО за состојбите до јануари 2020 година, а ние од тогаш до денес постигнавме значителни резултати во насока на исполнување на сите препораки.Освен препораките на УНЕСКО, зад нашите заложби стои законот, правото и прописите кои задолжително мора да се почитуваат.Како дел од задачите понатаму, што произлегуваат од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, предвидени се активности што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на регионот и за зајакнување на институционалниот капацитет за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион“, истакна Заев.Во придружба на премиерот беше и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

daljan

(ФОТО) Се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан, по што ќе се расчистува теренот

Се отстрануваат платформите од езерото кај Далјан. Потоа следи расчистување на теренот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во објавата додава:Туристите и на овој потег наскоро ќе добијат чисти плажи и повеќе простор во езерските води. Општина Охрид продолжува со ослободување на плажите од бесправните платформи.

Македонија | пред 4 години

60-ta_Sednica_Sovet_06302021003

Одржана 60-та седница на Советот на општина Охрид

Со пет точки на дневниот ред и една дополнително усвоена од советниците, денес се одржа шеесетата седница. Советниците ја разгледаа и ја усвоија информацијата за оценката на перфомансите на јавните расходи и финансиската одговорност на Општина Охрид, а во продолжение следеа одлуки за статурна измена на Статутот на ООУ “Св.Климент Охридски“, одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти, одлука за измена на годишниот план за вработување на Општина Охрид. Советниците донесоа одлука за време на летната сезона, гостите со српски и турски сообраќајни регистерски таблички да бидат ослободени од плаќање на јавен паркинг. 

Македонија | пред 4 години

pesok

(ФОТО) Плажите се посипуваат со афтохтон песок

Рано утринава беше транспортиран и посипан песок на неколку плажи, како дел од активностите за уредување на крајбрежјето што ги спроведува Општина Охрид во пресрет на туристичката сезона.🏖️Се работи за афтохтон песок кој се распоредува во согласност со одредбите од Планот за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.✅Екипите на јавните претпријатија интензивно работат на терен, а во текот на наредните денови ќе бидат поставени клупи за седење, монтажни соблекувални и фонтани за вода, напика на својот фб профил, градоначалникот на Охрид Константин Гоергиески.

Македонија | пред 4 години

lagadin

(ФОТО) Плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона

Плажите во Лагадин се подготвени за новата туристичка сезона. Ова е вистинската слика како тие треба да изгледаат, слободни и тивки за вистински одмор за нашите туристи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот во Објата додава:Овде во изминатиов период беа отстранети бесправните објекти и платформи по што екипите на ЈП "Охридски Комуналец" го расчистија градежниот шут и засадија дрвја. Сега туристите може да постават сопствен чадор или лежалка, да изберат каде сакаат да престојуваат без дополнителни трошоци.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања