„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Нема фотографија

Конкурс за доделување стипендии

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува: КОНКУРС за доделување  стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2019/2020година КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти  од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државните универзитети во Република CМакедонија и на државни универзитети во други земји  за  академската 2019/2020 година 

Македонија | пред 6 години

ezen

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби

Жири комисијата во Општина Охрид ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби по објавениот конкурс „Есенските градини со златни бои грст плодови ставаат во дланките твои“ и ги избра најдобрите трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија:Прва награда во висина од 7.000,00 денари  Софија Милевска , VIII одделение од ОУ „Григор Прличев “ ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Симона Димитриеска VI оддение, од ОУ „Кочо Рацин“ , ОхридТрета награда во висина од 3.000,00 денари, Филип Гиноски, VI одделение, од ОУ „Христо Узунов “, ОхридОд пристигнатите ликовни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари  Лука Пуцоски, II одделение, од ОУ „Григор Прличев“,  ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари Петар Илоски, V  одделение, од ОУ „Кочо Рацин“, ОхридТрета награда во висина од 3.000,00 денари Иван Теслоски , II одделение , од ОУ „Григор Прличев“ ОхридСе молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов  бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Македонија | пред 6 години

Avstraliski_ambasador

Австралија поддржувач во исполнувањето на препораките од УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес, одржа средба со делегација од австралиската амбасада предводена од заменик амбасадорот Лианг Зенг. Како дел одделегацијата на амбасадата беа и Билјана Бижиќ, координатор на програмата за директна помош и Зоран Костовски, почесен конзул.На средбата Георгиески и Зенг, разговараа за актуелната состојба со спроведувањето на препораките од УНЕСКО. Заменик амбасадорот изрази задоволство од сериозниот пристап наЛокалната самоуправа во спроведувањето на препораките и ја искажа својата лична поддршка и поддршката на неговата земја во понатамошната работа.Исто така, заменик амбасадорот повика на поголемо учество на повикот за доделување на грантови од страна на Австралиската амбасада. Дополнително градоначалникот Георгиески и заменик амбасадорот Зенг, разговараа и за унапредување на промоцијата на Охрид во Австралија со цел зголемување на бројот на туристи кои би го посетиле регионот.

Македонија | пред 6 години

pari-evropski

Со европски методи ќе се проверува квалитетот на воздухот во Охрид - пред општина Охрид поставен првиот сензор

Во организација на општина Охрид. Делегацијата на Европската унија, Министерството за локална самоупрва и Државниот инспекторат за животна средина, денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа манифестацијата „ Европски ден за соработка“. Централниот дел на манифестацијата беше посветен на  Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ .-Општина Охрид контрибуира со своите ресурси во неколку европски проекти, посебно во рамките на оваа програма, а се надеваме дека и во иднина ќе продолжиме со нашите активности да дадеме силен придонес на промовирање на европските вредности, пред се во областите едукација на младата популација, културното и природното наследство и животната средина.Европскиот ден на соработката ги посочува достигнувањата постигнати преку територијалната соработка на илјадници луѓе секоја година. На овој начин се зголемува видливоста и се подигнува јавната свест за Интерег Ипа прекуграничната соработка, транснационалните и интернационалната соработка и нивните проекти.Иднината е кај најмладите и на сегашните и идните генерации треба да им обезбедиме здрава животна средина, а овој проект токму е фокусиран на следењето на квалитетот на воздухот во Охрид преку нови иновативни методи, а ќе биде и од особено значење за планирањето на идните активности и мерки во оваа област- рече заменик градоначалникот Ристо Николески.Пред зградата на општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на пилот проектот „ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух–„AIRTHINGS“, кој е дел од програмата „ Интерег Балкан Медитеран“ на Европската унија.Проектот „„AIRTHINGS“ предвидува поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри на подречјето на општина Охрид, како и поставување/инсталирање на 15 филтри за домаќинства кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.-„ Интерег Балкан- Медитеран“ програмата е само дел од бројните фондови кои се поддржани од Европската унија, кои треба да се реализираат, бидејќи тие се знак за нивната поддршка на нашиот пат кон евроатланските интеграции- рече заменик- министерот за локална самоуправа Дејан Павлески. Претставникот на Државниот инспекторат Дарко Блинков, додаде дека постојано се зголемува бројот на трансграничните проекти и дека радува фактот што има многу проекти што се поврзани со заштитата на животната средина.На манифестацијата „ Европски ден за соработка“ учениците од училиштето „ Братство- Единство“ од различните етникуми кои беа дел од овој настан преку интерактивна игра сплотени испратија пораки на обединување на различните религии, народи и држави, промовирајќи ги европските вредности на соживот, почитување на културата и заштита на животната средина.Денот на европска соработка се одбележува секоја година во земјите што имплементираат програми за територијална соработка, финансирани од Европската унија, со цел да се афирмираат придобивките од соработката меѓу земјите и регионите и од реализацијата на голем број заеднички проекти. 

Македонија | пред 6 години

pariz

Во Париз птрезентиран првиот извештај за исполнување на препораките од УНЕСКО

Првиот извештај за напредок по однос на препораките од последната сесија на Комитетот на светско и природно наследство, државната делегација во која е и градоначалникот Константин Георгиески, го презентира денеска во седиштето на УНЕСКО од Париз, Франција. На средбата со Мечтил Рослер, директор на Центарот за светско културно наследство при УНЕСКО и Изабел Анатоле- Габриел, шеф на Одделот за Европа и Северна Америка, градоначалникот Константин Георгиески, информира за чекорите кои се преземени во однос на имплементацијата на препораките и обврските преземени на сесијата на Комитетот што се одржа во Баку. Беа презентирани преземањата во однос на препораките кои се под ингеренции на државните институции, микроменаџментот на локално ниво и чекорите преземени од страна на општина Охрид.Претставниците на УНЕСКО изразија поддршка и задоволство за посветеноста и прогресот што е направен за реализирање на препораките од сесијата на Комитетот во Баку, со надеж дека процесот ќе продолжи со истиот интензитет.На средбата беше најавено дека во месец ноември, претставници на УНЕСКО ќе дојдат, за на терен да ја скенираат состојбата и да се уверат за постигнатиот напредок.Во рамки на состаноците и официјалните средби со високи претставници на оваа меѓународна органзација, беа презентирани актуелните состојби, преземените активости и мерки на локално и централно ниво, за да се исполнат 19-те препораки од последната реактивна мисија на УНЕСКО од 2017 година.Во текот на изминатите три месеци, општина Охрид покажа значителен напредок во делот на исполнување на препораките. Покрај Акцискиот план за постапување кој беше донесен на почетокот на месец август, Советот на општина Охрид ја усвои и Одлуката за времен прекин на донесувањето и спроведувањето на урбанистички планови и постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. Со оваа одлука веќе е исполнета препораката под реден број 6.Во однос на препораката под реден број 9, во месец јуни беше изготвен Регистар на бесправно изградени објекти, за кои во периодот од 2006-та година до мај 2019-та година, инспекциските служби имаат констатирано прекршувања на Законот за градење и имаат донесено некаков акт со кој се утврдува нелегална градба. Изработен е детелен попис на градбите, а во тек е изработка на оцена на влијание на бесправните градби врз културното и природното наследство.Во согласност со законските процедури, општина Охрид веќе ја започна акцијата за отстранување на бесправните градби, која се одвива по утврдена динамика. Во рамки на акцијата, ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки и акцијата за уривање ќе ги опфати сите физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на општина Охрид. Во однос на превенцијата на понатамошни бесправни градби во Охрид, општината ги засили инспекциските контроли и го доекипираше општинскиот инспекторат, со уште двајца нови градежни инспектори.Во делот на препораката под реден број 18, во тек е изработка на Сообраќајна студија за Охрид, а веќе функцинира постојан режим на сообраќај со електронска евиденција на возилата во стариот дел на градот. Исто така значаен напредок има и во однос на препораката под реден бвој 19, врз основа на која се пристапи кон отстранување на неавтохтоните видови на растенија (палми) и рекламните паноа-билборди.

Македонија | пред 6 години

SAFRANBOLU_27092019-2-e1569568280350-900x599

Делегација на општина Охрид во посета на Сафранболу

Делегација на општина Охрид заедно со фолклорни групи беше дел од овогодинешното издание на филмскиот фестивал „International golden saffron documentary film festival“ во Сафранболу, Турција. Фестивалот се одржува од 25 до 28 септември, а во негови рамки фолклорните друштва се претставуваат со нивни изведби.Охрид и Сафранболу се збратимени градови и негуваат добра меѓусебна соработка.

Македонија | пред 6 години

postojka

Во Охрид поставени девет постојки за паркирање на велосипеди, на неколку локации во градот

Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИЗ и ЗЕЛС реализиравме проект вреден околу 600.000 денари за поставување на д.Станува збор за проект кој е корисен и практичен за охриѓани, но за сите велосипедисти кои го посетуваат нашиот град.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/441153459823596

Македонија | пред 6 години

Opstina_Ohrid-900x312

Охрид подготвен да руши дивоградби

При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општина Охрид,опфатени во регистарот  кој беше изготвен според препораките на УНЕСКО.Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје.На почетокот,ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки. Акцентот, како што беше речено, ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на НП „Галичица“ и крајбрежјетоНа средбата беше изразена согласност, активностите на Општина Охрид во справувањето со нелегално изградените објекти дека ќе бидат поддржани од надлежните државни институции , а се ќе се одвива со постојана меѓусебна координација.

Македонија | пред 6 години

cisto

(ФОТО) Голема акција за чистење на Охридското Езеро и крајбрежје, Езерото го чистеше и градоначалникот

Активностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење  за заштита на  животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато  на почетокот    на  акцијата за чистење на  Охридското Езеро и крајбрежје,  поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија,  како дел од акцијата „Чисто  како дома исто“.Градоначалникот, Константин Георгиевски  кој даде  директна поддршка и заедно со   нуркачите од  клубот за подводни дејности „Охрид“ нурна во езерските води од каде се вадеше отпад ,  непосредно пред почетокот на акцијата во изјава за  медиумите рече:– Во оваа прилика дозволете да ја упатам мојата благодарност до   организаторите  и до сите учесници на  денешната акција за чистење на Охридското Езеро и крајбрежје  затоа што преку неа се потврдуваат   стратешки определби на локалната власт  за чист Охрид кој не случајно заедно со езерото е под заштита на УНЕСКО како светско културно богатство и природна реткост. Управувањето со отпад е еден од најозбилните проблеми со кои се соочува денешниот Свет,  а  кои се однесуваат на зачувување на чистата  животна средина.  Ваквите акции  се чекор напред во напорите Управувањето со отпад во нашата земја да се прилагоди на  барањата на Европската Унија со цел да се воспостави систем на интегрално управување со отпад.  Станува збор за комплициран проблем кој бара добри организациски капацитети и соработка помеѓу бројни страни во приватниот и јавен сектор. Се надевам дека ваквите активности со кои во голема мера допринесуваме во заштита на животната средина ќе бидат пракса и во иднина затоа што само така ќе обезбедиме поздрава иднина за сите нас- посочи Георгиевски.Евро амбасадорот Самуел Жбогар и Даниела Нелепа од Македонската Асоцијација за  цврст отпад, укажаа на суштината на денешната акција за чистење на езерото и крајбрежјето и за слични активности кои се алка во низата која ќе не поврзе со европското семејство.Настанот е во организација  на Македонската Асоцијација за цврст отпад (МаСВА), поддржана од Делегацијата на ЕУ во земјава,Општина Охрид, ЈП „Охридски комуналец“и колективниот постапувач „Нула Отпад ДОО- Скопје. Во чистењето на Охридското езеро учествуваа нуркачи од Клубот за подводни дејности  од Охрид.Вечерва во црквата Св. Софија во Охрид  свечено ќе биде отворена конференцијата „Комуникација за управување со отпад“. На работниот дел што утре  ќе се одржува во Струга учество ќе земат претставници на меѓународни организации, интернационални експерти, на централната и локалните власти и специјализирани компании.На конференцијата ќе стане збор за унапредување на управувањето со отпадот во Македонија, можностите за имплементација на светските искуства во регионот и успешно реализираните мали грантови.

Македонија | пред 6 години

znaci-1

(ФОТО)Во Охрид се отстрануваат стари патоказни табли, билборди и автобуски постојки

Екипи на ЈП „Нискоградба“ по налог на Секторот  за комунален развој сообраќај и улици при општина Охрид започна акција за отстранување на нефункционални патоказни табли,  огради и други видови препреки на тротоарите на целата територија од градов.Со акцијата  е предвидено да се отстранат и  стари билборди, оние на кои им е изминат договорот склучен со општината или билборди поставени без дозвола. Наредениве денови ќе  се врши и замена на старите со нови автобуски постојки.

Македонија | пред 6 години

12092019_Ministerot_Ademi_rabotni-sredbi-vo_Ohrid-i-Struga_1

Работни средби со општините Охрид и Струга за спроведување на препораките на УНЕСКО

Денес, мешовита владина група предводена од министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, одржа работни средби со општините Охрид и Струга за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство во Охридскиот регион.На средбите со градоначалниците Константин Георгиевски и Рамиз Мерко и општинските служби се разгледуваа работните верзии на Планот за управување со природно и културно наследство и Стратешка оценка на животната средина, два клучни процеси за долгорочна заштита на светското наследство.За време на средбите се дебатираше околу критичните зони, режимите на заштита, како и временската рамка за усогласување на Планот и негово финално усвојување.Од страна на надворешните експерти кои ја изработуваат Стратешката оценка на животната средина беше порачано целите на Планот да бидат фокусирани кон контролирана урбанизација, зајакнување на управувачките капацитети на надлежните институции, заштита на природното и културното наследство, подигање на свеста и едукација, како и зголемена еколошка функционалност на крајбрежјето.На работните средби, покрај општините присуствуваа претставници од министерствата за култура и животна средина и просторно планирање, Управата за заштита на културното наследство, Завод и музеј Охрид, и Национален Парк Галичица. Во наредниот период, експертите од животна средина и култура продолжуваат со изработка на нацрт План за управување, за кој претстои и процес на јавни консултации.  

Македонија | пред 6 години

european-mobility-week-2013

Европска недела на мобилност - Пешачи со нас!

Пешачи  со насWalk  with usEUROPEAN  MOBILITY  WEEK16   – 22  Септември  2019 год.Програма на Општина ОхридПонеделник 16.09.2019   10:00 – 11:30 ч.Порака од најмладите „ Рака за рака “ – прошетка на деца од предшколска возраст, при што ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Македонски Просветители“  од пресек со ул. „ Партизанска“   до пресек со ул.„ Коста Абраш“; Вторник 17.09.2019     10:30 – 12:00 ч.Промоција на проектот кој е во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ  „ Паркинзи за велосипеди“ – на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди; Среда 18.09.2019   од  12:00 ч.Промоција на Планот за одржлива урбана мобилност ( ПОУМ на град Охрид ) – во просториите на Општина Охрид ; Четврток 19.09.2019    11:30 – 13:00Реализација на  проектот  „ Паркирај го автомобилот – прошетај со нас“ – пешачење низ централно градско подрачје; Петок 20.09.2019    11:00  – 12.00 ч.Реализација на проектот „ Исклучи го моторот  и вози велосипед“ – велосипедско дефиле  низ повеќе улици  во централното градско подрачје на Охрид; Сабота 21.09.2019 од 11:00 – 14:00 ч.„Промени се – паркирај правилно и прописно“  – централно градско подрачје, ќе бидат поделени флаери за подигање на свеста  кај возачите за опасностите   кои  може да бидат предизвикани од неправилно паркираните возила кои можат да ги доведат во опасност децата, лицата со хендикеп,  велосипедистите како и сите останати учесници во сообраќајот. Недела   22.09.2019 година Реализација на проектот „ Светски ден без автомобили“ – затворени улици за сообраќај низ централно градско подрачје на град Охрид.

Македонија | пред 6 години

velestovo-480x480

Повторно се расчистуваше патот до с.Велестово

Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад.Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест.

Македонија | пред 6 години

Podmolje480x480

Се расчистува магистралниот пат Охрид-с.Подмоље

После успешно завршената акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, денес се пристапи кон расчистување на магистралниот пат Охрид-с.Подмоље. Акцијата започна во 5 часот при што се ангажирани 10 комунални работници.

Македонија | пред 6 години

kosta-vodici1

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод 8 ми септември

-Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на нашиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна, суверена и стабилна држава. Пред точно 28 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина.Денес стоиме на чекор пред остварувањето на сонот, нашата татковина да стане рамноправна членка на НАТО и на Европската Унија, каде што рамо до рамо со светските сили ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата и да создадеме услови за стабилен економски развој и квалитетен животен стандард. Мораме да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да работиме кон остварување на оваа цел, која ќе донесе просперитет за нас и нашите идни поколенија.Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна Република Северна Македонија!, се вели во празничната честитка на градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања