„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

ohrid-italija

Охрид се промовира во Италија

Во неколку туристички списанија и весници и на социјалните мрежи, Охрид се промовира во Италија. Деновиве се објавени повеќе промотивни текстови со кои потенцијалните италијански туристи се запознаваат со културно – историското наследство на Охрид, но и со природните убавини.Оваа кампања за италијанскиот пазар ќе продолжи и во наредниот период. Се очекува бројот на гости од Италија, да биде значително зголемен поради промоциите и редовната авио линија Милано – Охрид.Кликнете на фотографијата за повеќе…

Македонија | пред 6 години

pateka

(ФОТО) Изграден и вториот крак од пешачката патека од саат кулата до Горна Порта

Деновиве заврши изградбата на пешачката патека во стариот дел на градот, што води од Саат кулата до Горна порта. Должината на патеката е 275 метри, со крак од 114 метри, што ја спојува патеката со улицата “Св. Кирил и Методиј“.Инвеститор на овој проект е Центарот за развој на југозападниот плански регион, со средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Вредноста на целиот проект е 11 милиони и 500 илјади денари, од кои 3 милиони се издвоени за оваа патека.Патеката е изградена од природни материјали, а вдолж истата се поставени и 24 автентични канделабри.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јавен оглас бр.02/2019 за вршење на општински линиски превоз

Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 донесена од општинскиот  Совет  на ден 11.06.2015 година, Oпштина Охрид објавуваЈАВЕН  ОГЛАС бр.02/2019За добивање на дозвола за вршење на општински линиски превозГрадска линија 1 и Градска линија 21. Предмет на овој оглас е доделување на дозволa за вршење на општински линиски превоз на патници за: Градска линија 1 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)  иГрадска линија 2 за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз(Релацијата е утврдена со Одлука на Совет бр.09-7951/10)Возните редови за горенаведените линии кои се прилог на овој оглас заедно со одлуката на Совет бр.09-7951/10 и останатите обрасци потребни за огласот  може да се  подигнат преку официјалната веб страна на Општина Охрид-www.ohrid.gov.mk.2. Услови кои треба да ги исполнуваат превозниците за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз:1) Да е впишан во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна  дејност- вршење на превоз на патници во патниот сообраќај;2) да е сопственик на минимум 4(по две за секоја линија ) регистрирани возила за превоз или да има договор за лизинг за возила, да има од 20-32 места за седење  и најмалку 15 места за стоење, со исполнети посебни техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз  и потврда за еколошки стандарди на возилото ( најмалку ЕУРО 4) и за истите да поседува важечки извод од лиценца за  вршење општински линиски превоз;3) Да има вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум  еден возач  по возило што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата;4) Управителот или овластеното лице одговорно за превозот да има сертификат за професионална компетентност и5) Да не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството или безбедноста во јавниот сообраќај.6) Посебни услови:При аплицирањето превозникот мора да понуди најмалку 4 возила  кои не смеат да се поклопуваат во останатите линии(по две посебни возила за секоја линија). Четирите возила се бараат бидејќи две возила треба да биде во резерва во случај да се случи дефект на моторното возило со кое во моментот се врши превоз на патници.На огласот економските оператори можат да учествуваат поединечно или групно под услови предвидени со закон. НАПОМЕНА: (За поседување на бараните возила се приложува фотокопија од сообраќајната дозвола  заверена на нотар,  а додека за докажување на вработени возачи се приложува Список на вработени по обврзник издаден од ФПИОМ не постар од 60 дена ) Договорот за добивање дозвола за вршење превоз има важност 5 години согласно Законот за превоз.Договорот ќе ги содржи минимум следните одредби:Економскиот оператор(превозникот) се обврзува дека ќе вози на горенаведената релација за максимална цена односно цена пониска од максималната утврдена со Одлука на Совет(член 25-а од Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10);Општината го задржува правото за промена или дополнување на линиите назначени во возниот ред заверен во општина Охрид притоа превозникот нема да има право на приговор ниту да превзема некакво правно дејство;Превозникот е должен во целост да ги почитува дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(член 22-б) односно во склоп на општинскиот линиски превоз да врши и превоз на ученици(средно и основно образование) од најблиската автобуска постојка во местото на живеење на ученикот до најблиската автобуска постојка на училиштето во работни денови за период за кој се склучува договорот.[член 22-б од дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај(Сл.весник на Р.М бр.163/18)] 3. Критериуми за доделување на дозволи за вршење на општински линиски превоз: Дозволата ќе биде доделена на оној правен субјект кој во целост ги исполнува условите од точка 2 од јавниот оглас 02/2019, понудил највисок  паушал за користење на автобуски постојки за реализација на пакет  линијата за период од 5 години и потпишал изјава за прифаќање на максималните цени по релација за превоз на патници утврдени со Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Охрид донесена од страна на Советот на Општина Охрид по предлог на одделението за сообраќај при Општина Охрид.Најповолниот превозник на одредена линија ќе биде избран по одржување на електронското наддавање кое ќе се врши врз основа на првично изготвената ранг листа на датум и термин определен од Комисијата формирана за спроведување на огласот. Како почетна цена на електронското наддавање ќе се смета највисоко понудената цена за користење на автобуски постојки за период од 5 години утврдена во почетната ранг листа.Начинот на одвивање на електронското наддавање ќе биде определен со правилник кој на понудувачите ќе им биде поделен на денот на отворање на понудите.Дозволата и возниот ред од ставот 2 на овој член се издаваат со рок на важење од пет години. 4. Содржина и рок на доставување на понуда за добивање на дозвола за вршење на линискиот превоз: Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понуда во запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса.Внатрешниот плик се приложува во запечатен надворешен плик кој:е адресиран со точна адреса на договорниот орган,го содржи бројот на огласот, делот за кој аплицираво горниот лев агол стои ознака „Не отварај“, да не се отвора пред времето и датумот за отворањето на понудите. Пример како треба да се адресира надворешниот коверт:,, Не отворај”ЈАВЕН ОГЛАС БР.2 -Градска линија 1 -Градска линија 2                                                                                  ДоОпштина Охридул. ,,Димитар Влахов” бр.57Понудата за добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз на патници во Општина Охрид и регистриран возен ред треба да содржи:Полн назив, седиште и адреса на превозникот;Матичен број и адреса на превознокот;Пополнет образец на понуда;Документи во оргинал или фотокопија за докажување на исполнување на уловите од  точка 2(два) од јавниот оглас;Изјава за прифаќaње на максималната цена за чинење на возниот билет (истата е утврдена со Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници). Начинот на подмирување на надоместокот за користење на автобуски постојки ќе биде определен со договорот за добивање дозвола за вршење на превоз на одредена релација.Во образецот понуда во делот надоместок, превозникот самиот го наведува износот на годишниот паушал за користење на автобуски постојки.Понудите  кои нема да ја содржат целокупната барана документација нема да бидат предмет на евалуација.Доколку двата плика не се затворени и обележани како што се бара, договорниот орган не презема одговорност за затурање или предвремено отворање на понудата. Понудите кои се отворени предвремено поради непридржување кон условите за затворање и обележување на истите ќе се отфрлат како неуредни. Заинтересираните превозници своите понуди треба да ги достават во затворени коверти со назнака за Јавен оглас 02/2019, најдоцна до 16. 12. 2019 година до 13:00 часот на следната адреса: Општина Охрид-Комисија за спроведување на оглас 02/2019-релација  Градска линија 1  и  Градска линија 2,  ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид.Записникот од отварањето на понудите на сите подносителите на понуди ќе им биде достапен во секое време. 

Македонија | пред 6 години

krov

Се реконструира кровот на Охридската гимназија

Во тек се градежните активности за санација  на кровот од ОСУ „Св. Климент Охридски“.   Со зафатот кој е по налог на Општина Охрид предвидена е  реконструкција на оловните табли од куполите, санација на олуците,китирање на спојните  елементи,  оловните табли, окапници и ветробрани. Оловните плочи ќе бидат прицврстувани со нови завртки.  Во рамки на планираното ќе се изврши и молерисување и варосување на ѕидовите од поткровјето кои имаа видни оштетување од протекување на вода.Вредноста на проектот е околу 400.000 денари и со неговата реализација се надминува неколку годишниот проблем на протекување вода во просториите на гимназијата.Изведувач на градежните активности е фирмата ФИЛАНД 2012 од Охрид.

Македонија | пред 6 години

sostanok

Работен состанок на градоначалникот со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Градоначалникот Константин Герогриески, одржа работен состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и претставници на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат.На состанок се разговараше за повеќе теми, меѓу кои концесиите за стопанисување со Охридското езеро и ловиштата, како и за зајакната контрола од страна на надлежните инспекциски служби.фото: Охрид.гов.мк

Македонија | пред 6 години

Centar_autizam

Охрид доби центар за лица со аутизам

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на отворањето на   Центарот  за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам,  во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Непосредно по увидот  во изјава за новинарите, градоначалникот Георгиески укажа на значењето на Центарот за лица со аутизам.– Во рамки на своите определби и заложби да креираме општество кое нуди еднакви можности за сите Општина Охрид ги подржува ваквите проекти и во рамки  на своите ингеренции секогаш застанува зад нив.  Со отворањето на Центарот за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам, покажуваме дека има постепено поместување во перцепцијата и ослободување од предрасудите за лицата со посебни потреби. Важно е да се сфати дека создавањето на амбиент во кој лицата со аутизам ќе имаат подобар живот , не е привилегија за нив. Тоа е неопходност преку која овие лица полесно ќе ги совладаат пречките со кои се соочуваат на патот кон остварување на нивните права. Само на тој начин, општеството демонстрира зрелост и обезбедува  почитување на достоинството за сите свои граѓани еднакво. Лицата со аутизам и воопшто со пречки во развојот се наш дел, наше секојдневие . Оваа категорија на граѓани, заедно со нивните најблиски, постојано се во состојба на вложување натчовечки напор  за минување на еден ден. Затоа сите заедно во рамки на можностите треба максимално да се заложиме , да преземеме мерки и активности за да им обезбедиме полесно функционирање . Тоа е тема која треба и мора широко да се отвори и да се дискутира – рече градоначалникот Георгиески.На настанот присуствуваа и Заменик министерот за здравство Армент Арслани, чешкиот амбасадор во земјава, Мирослав Томан и претставници од Стопанската комора на Македонија.Носител на проектот е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“ и е поддржан од   Министерство за здравство  кое ги отстапи просториите  за сместување на Центарот во болницата „Св. Еразмо“.Реконструкцијата и опремувањето на просторот  е финансиран  од  амбасадите на Република Бугарија и Република Чешка во Република Северна Македонија. Наредниов период се очекува, во Охрид  да биде отворен  и Центарот за рехабилитација, едукација и сензонарна интеграција наменет за ран третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром. Центарот  за деца на возраст од 2 до 8 години ќе биде сместен во охридската Општа Болница.Со отворањето на овие два центри Охрид ќе  прерасне во регионален центар за грижа за лицата со аутизам.Центрите ќе ги опслужува високо професионален тим составен од: специјални едукатори, рехабилитатори, логопеди, семејни и клинички психолози. Освен третманите на лицата со аутизам ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел подобра грижа на лицата со аутизам.фото: Охрид.гов.мк

Македонија | пред 6 години

Ceski_ambasador

Протоколарна средба на градоначалникот Георгиески со амбасадорот на Чешка Мирослав Томан

Градоначалникот Константин Георгиески,  оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан. Чешкиот амбасадор пројави голем интерес за зголемување на соработката во областа на туризмот и културата, помеѓу Охрид и Чешка. Амбасадорот Томан изрази подготвеност амбасадата да учествува во промотивните активности на локалната самоуправа, со цел, доближување на Охрид како туристичка дестинација до чешките граѓани.На средбата се разговараше и за културен настан, односно можноста во Охридскиот театар да гостува театарска група од Чешка со претстава на Вацлав Хавел, со која годинава се одбележува 30 – годишнината од воспоставување на чешката демократија.По средбата, градоначалникот Георгиески и амбасадорот Томан, ќе присустуваат на отворањето на Центарот за рехибилитација, едукација и сензонарна интеграција за возрасни лица со аутизам во болницата “Св. Еразмо“, чија реконструкција и опремување финансиски е поддржано од амбасадите на Чешка и Бугарија.

Македонија | пред 6 години

Veliko_Trnovo

Потпишан договор за соработка помеѓу ОУТУ „Ванчо Питошески“ и професиналната гимназија по туризам од Велико Трново

На покана од Татјана Данчева – директор на  Професионалната гимназија по туризам „Д-р Васил Берон“  во Велико Трново – Република Бугарија присуствуваа директорот на ОУТУ „Ванчо Питошески“-Охрид – Марјан Радески и Секретарот Душко Јаковчески.Директорите Данчева и Радески потпишаа Договор за соработка помеѓу двете училишта. Соработката ќе се состои од: Меѓусебна размена на информации, знаење, искуства, идеи и добри практики, развивање и реализирање на заеднички иницијативи и проекти, заедничко организирање на образовни иницијативи, обуки и пракса, заедничко користење на материјално-техничка основа за едукативни активности, организирање и одржување состаноци, натпревари, конкурси, заеднички развој и имплементација на регионални и меѓународни проекти и други активности.Радески и Јаковчески остварија средби и со градоначалникот на Велико Трново Даниел Панов и претседателот на Советот Венцислав Спиридонов. Првите луѓе на градот изразија големо задоволство за потпишувањето на договорот помеѓу двете училишта. Со оглед на фактот дека Охрид и Велико Трново се збратимени градови  тоа ќе придонесе за зајакнување на врските и пријателството помеѓу двата града.

Македонија | пред 6 години

Dalian

Делегација од градот Далиан се сретна со градоначалникот Георгиески

Делегација од градот Далиан, Народна Република Кина, предводена од заменик претседателот на Конгресот на општината, Лиу Вајму, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска.На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка што двете општини, Далиан и Охрид, ја негуваат. Посебен акцент беше ставен за можната соработка во зачувувањето и реставрацијата на старите објекти во Охрид, како и заштитата на животната средина.

Македонија | пред 6 години

Budzetski_forum

Буџетски форум со невладините организации

Синоќа, во малата сала на општина Охрид се одржа првиот буџетски форум на општина Охрид, на кој учествуваа триесетина претставници на здруженија на граѓани, спортски клубови и културно – уметнички друштва.На форумот на кој присуствуваа и заменик- градоначалникот, Ристо Николески и раководители на повеќе сектори, беа истакнати повеќе проблеми со кои се соочува граѓанскиот сектор во градот.Меѓу другото, се спомена и потребата од формирање локална канцеларија за млади, изградба на младински културен центар, формирање локален совет на млади и донесување младински буџет.Се разговараше и за формирање локално тело составено од повеќе лица кое ќе ги опфати сите сегменти на граѓанско дејствување и кое соодветно и навремено ќе ги детектира проблемите со кои се соочуваа граѓанскиот сектор. Беше предложено  природното и културното наследство на Охрид да се предава како предмет во основното образование, да се формира Центар за спортови на вода и нуркачка еко- патрола.Присутните донесоа и заеднички заклучок дека службите на општина Охрид треба да пристапат кон подготовка на правилник со критериуми според кои невладините организации ќе можат да пристапат кон аплицирање за финансиски средства од општинскиот буџет, за наредната 2020 година.Организациите ќе можат да ги поднесуваат предлозите и идеите за нацрт верзијата на буџетот на општината до крајот на овој месец, по што ќе следува уште една ваква средба.

Македонија | пред 6 години

rasprava

Јавна расправа за управување со природното и културно наследство

Денеска во Охрид  се одржа  Јавна расправа за Нацрт- Планот за управување со природното и културно наследство  и Нацрт- Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019- 2028. На почетокот на настанот во полната сала во ЦК „Григор Прличев“ свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески-Дозволете да ја изразам мојата благодарност за организација на оваа Јавна расправа  токму тука во Охрид  затоа што Нацрт – Планот за управување со природното и културно наследство и Нацрт – Извештајот за стратегиска оцена на животната средина за планот за управување со природното и културно наследство за кои денес ќе дебатираме  се однесуваат  токму на Охридскиот регион за период од 2019 до 2028 година. Ние луѓето сме креатори на идеи нив ги преточуваме во проекти и  секогаш настојуваме доследно да се грижиме за своето минато, сегашност но и иднина. Древниот Охрид кој е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар многу одамна е впишан на листата  на УНЕСКО како  Светско природно и културно наследство. Тоа значи дека многу одамна сме се обврзале да постигнеме највисок стандард на заштита на природното и културно наследство.Денешнава средба е во насока на  согледување на   состојбите, ресурсите и проблемите во Охридскиот регион во целина  со што битно ќе допринесеме во   дефинирање  на  целите, мерките и режимите за заштита.Охридскиот регион поседува исклучителна универзална вредност како комбинација од природни феномени со квалитетот и разновидноста на културното наследство – материјално и нематеријално.Двата документи кои денес се тема на јавна расправа ќе обезбедат  висок степен на заштита на исклучителната универзална вредност на регионот. Тие се  основа за донесување на развојни одлуки од сите засегнати страни со што се обезбедува рамнотежа меѓу заштитата на доброто и неговото искористување.Градот Охрид е еднa од најстарите човекови населби во Европа,  со исклучително природно наследство   и со  ретко архитектонско и уметничко достигнување.  Тој е ризница на нематеријални и  материјални, вредности инспирација на многу уметници и оддишка за многу  гости и туристи. Сите ние во рамки на своите надлежности,  да останеме доследни на постојаните  заложби и понатака безрезервно да се вложуваме со цел максимално да го заштитиме непроценливото природно и културно наследство на Охрид и неговиот регион – рече градоначалникот Георгиески.Пригодно обраќање имаше и  градоначалникот  на општина Дебрца, Зоран Ногачески по што  Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска  одржа презентација на Нацрт – Планот  за управување  со природното и културното наследство.   Зоран Павлов од Комисијата за управување со културното и природното наследство говореше за важноста  на Планот за заштита на културното наследство и мерките и активностите кои овој план ги предвидува за остварување на заштитата на културното наследство. Мартина Блинков од Градежниот институт на Македонија одржа презентација на Нацрт – Извештајот за стратегиска оцена н животната средина за планот за управување  со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019 – 2028г.Организатор на настанот е  Министерството за животна средина и просторно планирање  при Владата на РСМ.

Македонија | пред 6 години

opstina-1

Пилот проект „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух- AIRTHINGS“

Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид која како пилот општина согласно проектните активности на ЕУ INTERREG Balkanmed Проектот AIRTHINGS „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух“ заврши со поставувањето на   11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри, како и поставување/инсталирање на 15 филтри на оџаците на  домаќинства во населбата Кошишта  кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.Од страна на Државниот Инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање беше обезбедена логистичка поддршка за реализација на техничкиот дел од проектот, а Општина Охрид беше  вклучена во изборот на домаќинства кај кои се  инсталирани филтрите.Проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух- AIRTHINGS“ ќе ги искористи новите технологии преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, обезбедувајќи нови, податоци во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови (Во Македонија Охрид-пилот град), следење на квалитетот на воздухот, “облак” базиран на “Отворени податоци” систем со предвидлива анализа и напредна можност за учење кое овозможува навремени активности на јавните органи. Во комбинација со насоки и методологии за мониторинг на квалитетот на воздухот во градот, воспоставувањето на заедничка анализа на генерални политики за намалување на регионалните загадувачки супстанции и моделите за оценување на квалитетот на воздухот, проектот ефикасно ќе го адресира загадувањето на воздухот и ќе им овозможи носење на правовремени одлуки на јавните власти, граѓаните и бизнис заедницата.На 1.10.2019год. во Охрид беше одржан Европски ден на соработка кога официјално беше  промовиран овој проект.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Георгиевски: Правиме се за да го задржиме статусот во УНЕСКО

Се бориме за УНЕСКО и ќе се избориме. Тоа е голем предизвик со бројни болни мерки за решавање, но мора да го спроведеме, мора да го задржиме статусот на Охрид во УНЕСКО истакна охридскиот градоначалник Константин Георгиевски на трибината на СДСМ под мотото „На прав пат“.Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека и покрај големите долгови кои на општината и ги остави претходната локална управа на ВМРО-ДПМНЕ од 1,6 милијарди денари, реконструирани се Кејот Македонија, булеварот Туристичка, улиците АСНОМ и Егејска и сменети се покривите на четири училишта во Охрид.Сега следува развитокот на градот нагласи Георгиевски, најавувајќи дека наскоро ќе започнат бројни проекти, од кои ја издвои целосната ренострукција на улицата Емин Абас, со изградба на водовод, фекална и атмосферска канализација, како и новиот влез во Охрид од страната на Битола.Поддршката што Охрид ја добива е огромна, го цениме тоа и повторно Охриѓани ќе докажат дека сме на прав пат и на 12 април ќе завериме уште една победа во Охрид, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на трибината на СДСМ „На прав пат“ во Охрид.

Македонија | пред 6 години

7_Noemvri

75 години слободен Охрид

Во рамки на одбележувањето на 7-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, градоначалникот, Константин Георгиевски  се обрати на Свечената академија што претпладнево се одржа во ОМУ „Методи Патче“.Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Георгиески истакна:–  Денеска Охрид  празнува, чествува и се потсетува  на храброста и пожртвуваноста на  охриѓани  кои пред 75 години во борбата против фашистичкиот окупатор  ги вградија своите животи за слободен град. Историја забележала  многу датуми, но само 7- Ноември  е поврзан со  борбата за слобода  на   Охрид и охриѓани . Со пожртвуваност и храброст, умешност и мудрост  нашите сограѓани ја донеле толку посакуваната слобода  удирајќи ги темелите  на  современ град. Животот е часовник. Стрелките се движат напред. Секое завртување е показател  за  едно одминато и сегашно време, а просторот меѓу бројките е наша постојка на која застанувајќи за миг стануваме свесни дека  без минато иднина нема. Не заборавајќи го  делото на нашите предци,на крваво спечалената слобода го  градиме и развиваме Охрид, продолжувајќи   онаму каде што генерациите пред нас застанале. Секогаш неуморни и родољубиви во заедништво, солидарност и почит едни кон други го надградуваме и развиваме нашиот убав Охрид претворајќи го во  заеднички напреден и праведен дом, онака како што го сонувале и посакувале нашите борци. Од ослободувањето  до денес многу нешта се промениле  но не и напорите на темелите на правдата , исправното и доброто да го развиваме Охрид како значаен економски , туристички, културен и образовен центар. Продолжувајќи го  аманетот на нашите предци да ја сочуваме со животи платената слобода го градиме и разубавуваме Охрид. Чесно и посветено работиме на крупни  проекти за подобра иднина на сите граѓани. Конечно го решивме деценискиот проблем на градот, раздолжување на  општина  Охрид, работиме на реконструкција и изградба на колекторскиот систем. Градиме улици, патишта и тротоари. Ги подобруваме условите за образование на нашите деца.  Реконструираме  училишта, градиме нови спортски сали. Денеска во современ Охрид кој е идеален склоп на традиционалното и модерно време со понос и посебен пиетет се присетуваме на секој живот и секоја жртва дадена за слободата на Охрид кои се траен потсетник и патоказ за изградбата на уште поуреден и понапреден град. Нека ни е честит и вековит 7-ми Ноември, денот на ослободувањето на Охрид од фашистичкиот  окупатор  и неговите  сојузници- рече Георгиески.Свечената Академија  беше заокружена со културно-  уметничка програма.Денеска попладне со свечена приредба  во НУЦК „Григор Прличев“ ќе биде одбележан патрониот  празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“’, а во ОМУ „Методи Патче“ учениците ќе го одржат Седмоноемврискиот концерт.

Македонија | пред 6 години

7_Noemvri_07112019023-900x692

75 ружи за 75 години слободен Охрид

Во рамки на чествувањата посветени на 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците  во Спомен паркот на револуцијата, а присуствуваше и на историскиот час за значењето на 7-ми Ноември.Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци  и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида и културно- уметничка програма.Свежо цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.По завршување на свечените церемонии градоначалникот Константин Георгиески во својот кабинет  прими делегација од Сојузот на борци. Тој им посака добро здравје и им се заблагодари за  доприносот што тие го дале во досегашниот развој на Охрид.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања