„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

ohridski-region

Наскоро релевантни податоци за квалитетот на воздухот во Охрид

Во врска со зачестените јавувања од граѓани за зголеменото загадување на воздухот во Охрид, а чии сознанија се резултат на следење на апликацијата мој воздух и други нерелевантни извори, државниот инспекторат за животна средина достави известување за јавноста за состојбата на воздухот во Охрид. EU INTERREG, BALKANMED PROGRAMMEПРОЕКТ: Поттикнување на ефикасност на ресурсите и отпорноост на климатските промени на заедницата базирани на квалитетот на воздухот преку Интернет работиОсновната цел на проектот е да се поттикне одржливиот развој и да се ублажат климатските промени во регионот, преку заеднички мерки за соработка и пренесување на искуството помеѓу шесте партнери на проектот од пет земји на Балкан-Медитеран регионот, што е во директна корелација со целокупната цел на програмите.Проектот ќе им обезбеди во вид на препораки на националните и регионалните власти, соодветни мерки за намалување на концентрациите на партикуларните честички и азотните оксиди во воздухот. Неколку градови во програмската област не се подготвени целосно да ги исполнат спроведените стандарди на Европската Унија за партикуларни честички и азотни оксиди. Додека Европската Унија наметнува строги гранични вредности за партикуларните честички и азотните оксиди во воздухот, преку нејзината Директива 2008/50/EC, намалувањето на емисиите ќе стане премногу скапо и идното управување со емисиите ќе бара спроведување на иновативни и ефективни мерки за ублажување, засновани на трансфер на технологијата. Првата цел на проектот е да се одржи ефективен мрежен IoT-Интернет нешта мониторинг на воздухот и да се обезбеди во реално време, евтин пристап до податоците за квалитет на воздухот. Втората цел на проектот е да демонстрира методи за распределување на пилот извори кои овозможуваат стратегии за ублажување на загадувањето на воздухот навремено. Третата цел што се очекува да се постигне е намалување на загадувачките гасови со цел да се пристапи кон постигнување на соодветните национални стандарди за квалитет на амбиенталниот воздух. Проектот има за цел да им предложи и демонстрира на регионалните и националните креатори на политики иновативни и економични мерки што обезбедуваат подобар квалитет на воздухот во урбаните области. Една од основните задачи на проектот е да се поддржи јавната свест, така што политиките лесно ќе ги донесат граѓаните и деловните субјекти. Загадувањето на воздухот е главен проблем во животната средина, преку решавање на проблемот со заеднички мерки на сите засегнати страни, водени од технологијата, проектот ефективно ќе придонесе за постигнување на специфични програми за одржливи територии на програми преку транснационална соработка за ефикасност на ресурсите и ублажување на климатските промени.Во Охрид, системот се состои од 11 станични сензори за неофицијално и исклучиво индикативно мерење на квалитетот на воздухот во рамки на проектните активности и ќе ги мери најчестите загадувачи на воздухот (PM-партикуларни честички, CO-јаглероден моноксид, NO2-азотни оксиди и SO2-сулфурен диоскид) во реално време преку сензори. Секоја станица ќе испраќа информации за индикаторите до системот што ќе биде изграден на системите од типот „Отворени податоци“. По завршување на проектот станичните сензори ќе им бидат доделени на трајно користење на Општината Охрид, а проектот ќе послужи за планирање на потребата од станица во рамки на Државната Автоматска Мониторинг Мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирањеПокрај системот за мерни сензори и отворената платформа за податоци, во рамките на проектот е воведена и дополнителна пилот иницијатива во Охрид-поставување филтри на оџаците на индивидуални стамбени објекти во населбата Лескајца кои користат дрва, нафта, јаглен, пелети како енергенс за затоплување, со цел намалување на партикуларните честички преку нивно зафаќање во процент од околу 85-90%. По завршувањето на проектот, филтрите ќе бидат доделени на трајно користење на сопствениците кои се вклучија во пилот проектот, а за времетраењето на истиот ќе им биде доделен финансиски надомест за потрошувачката на електрична енергија согласно техничката спецификација за реална потрошувачка на истата.Во исто време, е развиена анализа за локацијата на сензорите и истите се поставени на 11 објекти од јавен интерес (општина, сала, училиште, гимназија, јавно претпријатие…) на целата територија на Општина Охрид која обезбеди соодветна логистичка поддршка и одобрение за поставување на истите, а ќе се развијат и дополнителни SWOT анализи, истражување за намалување на PM-партикуларните честички и NO2-азотни оксиди, а ќе биде организирана и регионална работилница за сите засегнати страни и други активности.Наскоро податоците ќе може да се следат преку Интернет страницата на ЕУ Проектот https://airthings-project.com/ и истите напоменуваме се неофицијални и индикативни и ќе служат исклучиво за потребите на проектните активности. Системот на станични сензори напоменуваме дека не е дел од Официјалната Државна Мрежа на Автоматски Мониторинг станици за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање кое беше вклучено единствено од советодавен аспект при изборот на микролокации кои би можеле во иднина да бидат потенцијални локации за официјална станица за квалитет на воздухот во рамки на државната мрежа. Исто така системот не е дел ниту од апликацијата Мој Воздух.Податоците од проектната мрежа во Општина Охрид единствено ќе може да се презентираат од страна на Државниот Инспекторат за животна средина кој е официјален партнер од македонска страна и Општината Охрид и нивно превземање и толкување од други субјекти или физички лица нема да биде дозволено во текот на целото времетраење на ЕУ Проектот до септември 2020 година. ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНАфото: Архива

Македонија | пред 6 години

ohrid

Ѓоко Танески, Камелеон и Ефто Пупиноски ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на Новата 2020

На Градскиот плоштад и оваа година ќе биде организиран заеднички дочек на Новата година. За забавата ќе се погрижат охридските музичари Ѓоко Танески, бендот Камелеон и Ефто Пупиноски.Општина Охрид организира забавен програм кој ќе трае од 01.01 – 20.01.2020 година, каде превидено е на Градскиот плоштад да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.

Македонија | пред 6 години

Lizgaliste

(ФОТО) Во Охрид се поставува лизгалиште на мраз

Јавното претпријатие „Градски гробишта“, денес започна со подготвителните активности за поставување на лизгалиште на мраз. Лизгалиштето ќе биде лоцирано на улица „Македонија“, пред НУЦК „Григор Прличев“.Во периодот додека е поставено лизгалиштето, општина Охрид, секојдневно ќе организира забавен програм на мала сцена крај лизгалиштето.Проектот за изнајмување и поставување на лизгалиштето на мраз е на Агенција за млади и спорт, а општина Охрид ги изведува подготвителните зафати. 

Македонија | пред 6 години

kosta-smet

(ФОТО) Георгиески со општинската администрација се вклучи во акцијата  за чистење на отпад

Градоначалникот, Константин Георгиески заедно со општинската администрација претпладнево се вклучи во акцијата  за чистење на отпад и разубавување на животната средина. Градоначалникот чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел. Денеска на различни локации во Охрид чистеа и вработените во охридските јавни претпријатија.По акцијата Георгиески на социјалната мрежа ФБ напиша:„Заедно со општинската администрација претпладнево се вклучивме во акцијата за чистење на отпад и разубавување на животната средина.Се чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел.Акцијата за чистење се спроведува во сите општини на територијата на државава со цел подигање на јавната свест за заштита на животната средина“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.500663753872566/500663493872592/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

proekti

Успешно реализирани микропроекти во општина Охрид

Специфичните стратегиски приоритети за развој на локалната заедница и подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните на Општина Охрид, се факторите кои се дел од процесите за реализација на програмите за поддршка на локалниот економски развој и туризмот.Соработката, меѓусебната доверба и активирање на сите чинители на економскиот и туристички развој во согласност со финансиските можности на локалната самоуправа ни овозможуваат ограничени но сепак, за микрозаедниците, многу значајни проектни активности кои и оваа година резултираа со имплементација на поголем број на микропроекти реализирани од страна на месните заедници и граѓански организации.Овие конкретни мерки кои ги презема локалната власт, се директни и поттикнувачки, со што се овозможува најдобрата практика за развојот и одржливиот  економски раст да се имплементира со директно учество на локалното население, бидејќи подготвеноста за активно учество на заедницата е пресудна за успешно спроведување на иницијативите наведени во Програмата за поддршка на локалниот економски развој и туризмот.Преку финансиската поддршка на локални микропроекти за поттикнување на локалниот економски развој и туризмот, Општина Охрид преку програмите на Секторот за туризам и локален економски развој, дава директна финансиска подддршка на проекти кои се од општествена важност и кои произлегуваат од заедницата. На ваков начин, Општина Охрид го поттикнува партиципативното учество на заедницата во општествениот развој на микрозаедниците, а согласно стратешките документи за развој на општина Охрид. При тоа мора да се истакне значењето на микрозаедниците и останатите партнери дека уште еднаш ја потврдија својата подготвеност за соработка како и нивната подготвеност да ги надградуваат сопствените капацитети и финансиски да учествуваат  во комплетната реализација на активностите.Преку овие програми за поддршка на локалниот економски развој и туризмот, во текот на 2019  година успешно беа реализирани микропроекти во вкупна вредност од 750.000,00 денари и тоа во областа на инфраструктурата и водоснабдување – ( “Инфраструктурно уредување на центарот на с.Лескоец “, “Изведба на резервоари, водоводна мрежа и селски чешми – Куратица“, “Изведба на бушотина за вода за пиење“ во село Коњско),  култура – ( “Oбнова на селскиот дом с.Куратица-фаза 5“), детски игралишта, – (“Oпремување детски игралиштаво  Рача и Орман “),, туристичка инфраструктура- („Подобрување на туристичката инфраструктура во Речица “, “Oхрид во духот на етно традицијата“,   промотивни активности и други области.)

Македонија | пред 6 години

opstina-ohrid

Советот ја потврди поделбата на МЈП Проаква

Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба  на МЈП „Проаква“ ОДУ.бр. 721/19 од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување ОДУ бр.722/19 од 04.11.2019 година. По донесувањето на планот и спогодбата во иднина самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“.

Македонија | пред 6 години

ohrid

(ФОТО) Охрид блесна во новогодишен сјај

Охридската чаршија и плоштадот Св. Климент Охридски блеснаа во новогодишен сјај. Накитени со новогодишни реквизити се и останатите делови од централното градско подрачје, кружните токови и главните  сообраќајници во градот.

Македонија | пред 6 години

memorandum

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и фудбалската федерација на Македонија

Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, денес, потпишаа меморандум за соработка. Во рамки на меморандумот е опфатен проектот за изградба на новата трибина на стадионот „Билјанини извори“.Според проектот, предвидено е трибината да има капацитет од 1480 седишта, од кои во централниот дел ќе бидат вип седиштата, а ќе има и коментаторска кабина и простор за камери. Во долниот дел од трибината предвидени се простории за вработените, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола  со санитарии,  простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории.Вкупната вредност на проектот е 1.000.000 евра, а реализацијата започнува во наредниот период.

Македонија | пред 6 години

sv-kliment-akademija

Свечена академија во чест на Св. Климент Охридски – патронот на градот

Со свечена академија во чест на Свети Климент Охридски –заштитникот на Охрид, вечерва во НУЦК “Григор Прличев“ се одржа централниот настан од празникот на градот и Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија. Пред бројните гости од дипломатскиот кор, пратеницi и граѓани, се обрати градоначалникот Константин Георгиески. – Вечерва Охрид и Македонија слават. Чествуваме и се поклонуваме пред просветлението, хуманоста, знаењето и моралноста. Го славиме учителот и светителот, заштитникот на нашиот град и Македонската православна црква, милениумскиот духовен водител, иниспиратор и бдејач над Македонскиот народ – нашата најчиста поврзаност со Бога, великиот – Свети Климент Охридски. Нека ни е честит и вековит празникот.Почитувани  пријатели, ви благодарам за вашето присуство, заедничи да го одбележиме нашиот најголем празник. Им благодарам и на сите кои не можејќи вечерва да бидат со нас, ни испратија срдечни честитки.Почитувани присутни,Во многуилјадното битисување на Охрид, низ неговите цивилизациски пластови свој белег оставиле неимари и војсководци, цареви и освојувачи, владетели и духовни водачи, кои со своите дела ја  моделирале  вечноста на овој град. Грандиозното и божествено дело на Свети Климент Охридски  по својата просветителска, хуманистичка  и посебно духовна вредност, ги надминува сите негови претходници и сите негови наследници и е најцврстиот темел за нашата посебност во севкупната човечка цивилизација. Свети Климент е хуманист и просветител, световен човек и светец, зошто … “по целата таа  земја растеа диви дрвја, а имаа нужда од облагородени плодови, тој неа ја удости и со такво богатство, пресадувајќи секаков вид питоми и плодородни дрвја и облагородувајќи ги дивите со калемење. Пресветиот Климент го направи тоа, за и на тој начин да ги поучи човечките, словенски души да го примат во себе сокот на благотворението“… ќе запишат неговите ученици во пофалното слово за својот учител, метафорично укажувајќи дека световното и светото преку Свети Климент Охридски се возможни како човечка и божја хармонија во едно.Токму таквиот пристап на Светителот кон својот народ и кон Бога ќе ни ја остави во наследство  највозвишената морална и  љубовна порака…..“ да бидеме трезвени и со чиста совест да пристапиме кон телото Божјо и крвта, без да имаме непријателство со никого; не, да се сакаме со лицемерна љубов, туку еден со друг да се почитуваме од срце, за да бидеме синови на Севишниот и учесници во Царството небесно….“.Драги пријатели,Деновие Охрид живее  во духот на својот учител, во духот на својот заштитник Свети Климент Охридски. Го славиме  најголемиот етичар и хуманист, првиот словенски архиепископ, втемелувач на Охридската архиепископија – олицетворена во сегашната Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Го славиме светителот и просветителот кој со своето дело Охрид го претворил во центар на ширењето на сесловенската писменост и култура, што претставува драгоцен придонес во светското културно наследство. Овој вонвременски великан, човекољубец и просветител ни го подари писмото како основен белег на нашиот идентитет, а на Европа и ја подари суштината и вредноста на и сега почитуваната Светиклиментова школа на хуманизмот. “Само од добар корен, никнува здрава фиданка“ – ќе запишат учениците на светителот, основачот на првиот словенски универзитет и како сончеви зраци ќе се распостелат низ Европа за да го шират словото Божјо и човечката наука. Просветлени со знаењето на својот учител Свети Климент Охридски, овие здрави фиданки со мечот на вистината, ќе ја одделат светлината од темнината, укоста од неукоста, доблеста од слабоста, а со тоа на Европа ќе и подарат фундамент на кој и денес почиваат нејзините цивилизациски вредности.  Драги сограѓани, уважени гости,Македонија и македонците низ столетијата поминале многу премрежја и ветрометини, на кои секогаш одговареле со кроткост, милосрдие и човекољубие. Но, не затоа што е тоа некаква маленкост, помала вредност или потчинетост. Не драги мои. Тоа е затоа што ние сме кротки но одлучни, нежни но цврсти, трпеливи но непоколебливи. Тоа е нашиот генетски запис и културен код всаден од нашиот Свети Климент Охридски, како најдобар патоказ да истраеме низ сите премрежја, падови и  воздигнувања . Верувам дека како генерација успеваме да истраеме на Светиклиментовата порака и ќе знаеме истата да ја пренесеме на следните генерации. Нека ни е честит и вековит Светиклиментовиот ден – истакна во своето обраќање градоначалникот Георгиески.Највисокото општинско признание наградата “Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, годинава постхумно му беше доделена на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски, а во името на семејстовото, наградата ја прими неговата сопруга Надица Стојаноска.Добитници на повелбата “Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“, годинава се Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ “Кочо Рацин“ и Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид.Академијата продолжи со културно – уметничка програма, подготвена од учениците од средното училиште што го носи името на патронот, а  насловена како “Љубовта на повеќе јазици“, како што и самиот Свети Климент со целото негово знаење и умеење се залагал за просветлување преку добродетели, богонаравија и евангелиска заповед на љубовта.Свеченостите продолжуваат и утре со поклонение пред моштите на Свети Климент на Плаошник и полагање на свежо цвеќе пред спомениците na светецот во ОУ “Св.Климент Охридски“ и на градскиот плоштад.

Македонија | пред 6 години

izlozba

Tрадиционалната изложба на Фото клуб – Охрид

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид вечерва во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ се одржа традиционалната изложба на Фото клуб – Охрид.Во Галријата на установата беше отворена и изложбата на ликовни творби на учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“, а беа доделени и награди од училишниот конкурс.

Македонија | пред 6 години

biblioteka

Свеченост во библиотеката во чест на патронот на охрид - Св. Климент Охридски

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денеска се одржа свеченост посветена на патронот на Охрид- Св. Климент Охридски, која започна со пригодна реч на проф. Татјана Дурнева. Во рамките на свеченоста, на која присуствуваше и председателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, имаше  фото презентација: „Св. Климент Охридски  и Охрид“ и изложба на книги посветени на словенската писменост:  „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.Беаше промовирана  трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ, писателот Коста Фортомар од Охрид  беше прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ , а во културно уметничкиот дел на свеченоста настапија ученици од ОМУ „Методи Патче“ .фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

nagradi-1

Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на Св Климент Охридски

По завршувањето на распишаниот конкурс од страна на Општина Охрид за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта, жири комисијата во состав Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Голабоска (член) и Митре Велјаноски (член) донесе одлука  за  најдобрите, од вкупно пристигнатите 27 поетски творби посветени на  животот и делото на Св. Климент Охридски.Жири комисијата одлучи во првата категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградата да се подели на творбите „Св. Климент“ под шифра „1009062009“ и „За Охрид – за Климентовиот“ под шифра „И јас сум дете на Климент“ .Наградата во втора категорија  за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) ѝ се доделува на песната: „ Климент во охридска прегратка“ под шифра: „Лихнид555“ .Наградата во трета категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) ѝ се доделува на песната „Потрага“ под шифра: „Климентов аманет“.Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до 06. 12. 2019 г. (петок) до 12 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале.

Македонија | пред 6 години

Pcinski

Георгиески оствари средба со претставници од Јабланичкиот и Пчинскиот регион од Србија

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со  претставници на Секторот за туризам и локален економски развој денеска оствари    средба со  претставници на Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и  претставници од тамошните општини.  На средбата  се разгледуваа можностите за  препознавање  на заеднички интереси и можности за  заедничко постапување пред претсојните   европски програми. На состанокот  беше истакнато дека општина Охрид  е подготвена за заедничка соработка доколку се изнајдат соодветни форми  пред се во делот на туризмот  и искористување на средства од  ЕУ програмите. На предлог на општина Охрид добро би би било да се реализираат проекти од областа на туризмот,  инфраструктурата и заштита на животната средина.Градоначалникот беше информиран и за  проектот „Партнерство и градење капацитети, пат до одржлив развој“ кој има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и  македонските општини и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка. Во проектот е вклучена поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија – Србија и Србија – Македонија).

Македонија | пред 6 години

nagradi

Наградата Св. Климент Охридски - посхумно за прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски

Највисокото општинско признание „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2019 година, постхумно му се доделува на прерано починатиот градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски. Решението за доделувањето на наградата, за која имаше пет апликации, го донесе градоначалникот Константин Георгиески на предлог на Стручната комисија за доделување на општински награди и признанија. Во образложението, покрај другото стои дека со постхумното доделување на највисокото општинско признание, наградата „Патронот на градот- Св. Климент Охридски “ , на прерано починатиот градоначалник Јован Стојаноски му се оддава должна почит и заслужено место во современата историја на Охрид.Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Охрид од пристигнатите осум апликации и еден предлог на комисијата, додели две повелби „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ .Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „ Кочо Рацин“ доби Повелба за остварувања во образованието, како наставник, едукатор, креатор на иновативни идеи и реализатор на повеќе проекти со меѓународна верификација.Планинарската спасителна служба Повелбата ја доби за успешното етапно реализирање на трансграничниот проект за спасување на планина, со што видно придонесува во збогатувањето на туристичката понуда и безбедно одвивање на разните активности, пред се на планината Галичица.Наградата и повелбата „ Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ ќе бидат врачени на Свечената академија, што во рамките на одбележувањето на патрониот празник на Охрид ќе се одржи на 7 Декември во Центарот за култура „ Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.

Македонија | пред 6 години

Ivaliditet

Во Охрид одбележан светскиот ден на лица со инвалидност

По повод 3-ти Декември, Меѓународниот ден на лица со инвалидност, градонацалникот Константин Георгиески оствари средба со  инвалидизираните лица од Охрид и Дебрца во просториите на Здружението  „Мобилност“.Пред присутните градоначалникот Георгиески истакна дека сите под ова сонце сме еднакви, а тогаш кога ќе сватиме дека потребите на овие лица не се привилегија туку  основно право ќе успееме да изградиме зрело општсество. Георгиевски посочи и дека во тек се проекти на Општина Охрид кои ќе бидат пристапни за оваа категорија луѓе.– Почитувани присутни, дозволете да ви го честитам 3-ти Декември-  Меѓународниот ден на  лицата  со инвалидност со  желба за добро здравје и напредок на секој план. На овој ден јавно потсетуваме дека вашите права не се привилегија туку дека  се наша обврска за целосно и недвосмислено обезбедување  услови за  непречен пристап, движење престој и работа на сите Вас. Радува фактот што од година во година   расте свесноста кај сите нас дека  Лицата со инвалидност  не се „затворен круг “ или   „ Свој  Свет “туку дека тие се дел од нас . Тогаш кога ние стануваме креатори  на промени за достоинствен живот на лица со инвалидитет  помагаме во создавањето на зрело општество во кое се почитува достоинството на сите граѓани подеднакво. Лицата со инвалидитет се најголемото малцинство во Светот, а тоа значи дека ние како општество не само што треба да ги поддржиме туку треба да обезбедиме  услови за нивно нормално функционирање и остварување на нивните права.Периодов во тек се два крупни проекти на општина Охрид од областа на  инфраструктурата во кои е земена во предвид неопходноста од надминување на физичките бариери за лицата  со инвалидност. Станува збор за реконструкција на Големата општинска сала која ќе биде лесно пристапна и достапна за лицата со телесен инвалидитет. Многу наскоро на стадионот “Билјанини извори“ ќе започне изградбата на Современа трибина, а еден нејзин дел ќе биде наменет за лица со инвалидитет.Сонцето грее подеднакво за сите нас,сите дишеме еден воздух и имаме потреба за вода и храна, ниту еден од нас не е повеќе или помалку вреден или привилегиран од другиот. Заедно го градиме ова општество и само доколку си подадеме рака едни на други тогаш кога тоа ни е најпотребно ќе изградиме зрела и стабилна држава- рече Георгиески.Пред присутните се обрати и претседателот на „Мобилност“, Венко Голабоски .Традиционално лицата со инвалидност , овој ден го одбежаа  со спортски натпревари во дисциплините: шах, пиг понг, табла, пикадо и стрелање со воздушна пушка кои се одржаа во и пред просториите на здружението „Мобилност“ .

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања