„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

kosta-1

(ВИДЕО) Георгиески во Новогодишното обраќање: Охрид да прерасне во урбан, туристички центар кој ќе понуди подобри услови за живот

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Охрид Константин Георгиески. Во дел од обраќањето градоначалникот рече:„ Изминатите 12 месеци беа исполнети со многу тажни моменти, низа предизвици и храбри чекори. Со јасна визија план и голема упорност успеавме да оствариме многу зацртани цели  на кои можеме да бидеме особено горди. Еден од најважните приоритети на кои посветено работевме беше враќањето на финансиската стабилност на општината. Го започнавме историскиот процес за раздолжување на општината и нејзина финансиска консолидација. По две децении конечно ќе имаме одблокирана сметка. Исклучително важен процес беше и формирањето на новото Јавно Претпријатие колекторски систем кое почна да функционира и ги превзеде обврските за одржување и обновување на колекрскиот систем. Со ова конечно  ги решаваме децениските проблеми со загадувањето на Охридското Езеро и целокупната животна средина. Огромна енергија потрошивме на исполнување на препораките на УНЕСКО. Како локална власт направивме големи чекори во рамки на заложбите на зачувување на статусот на светско, природно и културно наследство кој го поседува овој регион. Заедно со вашата поддршка и идеи со духот на заедништво и соработка ќе продолжиме да работиме за доброто на нашиот град со една заедничка цел  - Охрид да прерасне во урбан, туристички центар кој ќе понуди подобри услови за живот за нас и за идните генерации. Најискрени желби за мир, добро здравје и големи успеси. Ви посакувам Новата Година да ви донесе исполнување на сите ваши соништа, се вели во дел од честитката на градоначалникот Константин Георгиески.видео: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

vodici

Почнаа подготовките за чествувањето на „Богојавление -Водици“ во Охрид

Со одржувањето на првата средба на Организациониот одбор, што го формира градоначалникот Константин Георгиески, денеска започнаа подготовките за чествувањето на „ Богојавление- Водици“ и Денот на рибарите.На работниот состанок на одборот беа договорени обврските на сите субјекти вклучени во организацијата на овие традиционални манифестации и постојана меѓусебна комуникација за реализацијата на договореното.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

vozilo

(ФОТО) Општина Охрид доби противпожарно возило како донација од Германија

Општина Охрид доби специјално товарно противпожарно возило како донација од членовите на социјалдемократскиот општински совет на Тутлинген-Меринген, Германија.Се работи за современо возило од марката „Ивеко-Магирус“, опремено со целокупната потребна опрема за гаснење на пожари.Возилото значително ќе придонесе за зголемување на капацитетот на Охридската противпожарна единица. 

Македонија | пред 6 години

vozduh-ohrid

Стартуваа податоците за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Охрид

На 27-ми декември 2019 година стратуваа податоците од ЕУ ПРОЕКТОТ AIRTHINGS за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во Охрид. Поставени се 11 станични сензори, а три станични сензори комуникациски ќе се релогираат по нова година (на локациите во ОУ „Св.Климент Охридски“, Спортска сала„ Атина Бојаџи“ и ОУ „Христо Узунов“). Во Охрид се следат 5 еколошки параметри и три метеоролошки параметри.На платформата веќе се пуштени и 22 станични сензори во Софија, а до март 2020 година ќе бидат пуштени и станичните сензори во Солун, Никозија и Тирана.Податоците служат за потреби на проектните активности и истите не може да се превземаат ниту толкуваат за времетраењето на проектот без дозвола на Државен инспекторат за животна средина и Општина Охрид. Оваа платформа не е дел од Државната Мониторинг Мрежа на МЖСПП ниту дел од било која друга мрежа, истата е самостојна и креирана во рамки на ЕУ ПРОЕКТOT AIRTHINGS.Интернет страница на проектот е https:// airthings-project.com/ Со лев клик на мапата на Охрид се гледаат податоците за амбиентниот воздухВо прилог е и линкот со гранични вредности на емисиии во амбиенталниот воздух.air.moepp.gov.mk/?page_id=118фото:Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

15-TIKORPUS-3-900x827

Изградба на атмосферска канализација на „15-ти Корпус“ во Охрид

Започна изградбата на атмосферска канализација на улица „15-ти Корпус“ на потегот од Здружение на возачи до влезот на село Лескоец.За  градежните активности од кружниот тек кај Здружение на возачи до мостот кај некогашната фабрика „Езерка“ се ангажирани екипи на ЈП „Нискоградба“, а за останатиот дел од улицата ќе биде распишан тендер по новогодишните празници .Наредниов период , Општина Охрид и ЈП „Државни патишта“ ќе започнат со целосна реконструкција на улицата. Локалната самоуправа покрај изградбата на атмосферска канализација ќе биде задолжена  и за изградба и уредување на пешачките и велосипедските патеки. ЈП „Државни патишта“ ќе  биде задолжено  за реконструкција на  улицата.

Македонија | пред 6 години

phrid-saem

Охрид претставен на туристички саем во Призрен

Деновиве, Охрид беше претставен на туристичкиот саем во Призрен, Република Косово. Делегацијата на општина Охрид, во чиј состав беа и туристичките работници од градот, зеде учество на панел дискусијата која се организира во рамки на саемот.Штандот на Охрид, побуди голем интерес кај присутните, а меѓу посетителите беше и градоначалникот на Призрен, Митахер Хаскука.На завршната церемонија на туристичкиот саем, од страна на Призрен на општина Охрид и беше доделена благодарница.

Македонија | пред 6 години

ugostitelsko

(ФОТО) Ученички активности по повод престојните празници

Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески”, Охрид го посетија Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и на пензионерите им приредија пријатно изненадување по повод новогодишните и божиќните празници.Со својот личен труд, ангажман и знаење стекнати во практичната настава ги израдуваа припадниците на третата доба, со скромни подароци- храна приготвена во кабинетот на училиштето. Меѓу другото, на пензионерите им ги честитаа претстојнит празници и им посакаа долг пензионерски живот и успешна работа на Здружението.Во рамките на празничните активности учениците од ова училиште им организираа срдечен пречек на дечињата од игротеката ,,Смајли” при што им приредија слатки изненадувања подготвени во кабинетите. Дечињата ги посетија кабинетите по послужување и готварство, како и ресторантот и се запознаа со убавините на професијата готвач и келнер. Задоволството од посетата беше обострано и на дечињата од игротеката ,,Смајли” и на учениците кои им го приредија ова слатко задоволство.

Македонија | пред 6 години

sredba-1

(ФОТО) Новогодишни средби со социјално загрозени семејства

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на новогодишниот ручек што општина Охрид   го организира за 150 социјално најзагрозени лица,а во соработка со Црвен Крст и Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.  Градоначалникот  на присутните им посака добро здравје, среќа и бериќет во Новата  Година.– Чест ми е што денеска имам можност со вас да  споделам заеднички оброк и да ве запознаам одблиску. Радоста која денес ја гледам во очите на секое ваше дете, посакувам да остане забележана во текот на целата наредна година.  Сите вие сте значен сегмент  од нашето општество,  а ние сме  секогаш тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики меѓу сите граѓани. Тековно општина  Охрид реализира активности кои се дел од програмата за социјална заштита, а се за подобро утро на сите Вас.  Согласно своите ингеренции  општината редовно се вклучува во одбележување на   Неделата  на солидарност во месец април и Неделата  на борба против гладта  во месец октомври.Сите под ова небо сме едно исто- сите сме ЛУЃЕ.  Затоа да се сакаме , да се дружиме и да си помагаме меѓусебно. Сите заедно да влеземе во една посреќна, поуспешна и побериќетна година со желба  за  најдобро здравје на сите нас- рече градоначалникот Георгиески.Најмладите на настанот ги израдува Дедо Мраз кој им подари новогодишни пакетчиња, а  се одржа и културно забавна програма.

Македонија | пред 6 години

cestika

Георгиески: Мир и разбирање, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест - Честит Божиќ

Божиќа честитка за верниците од католичка вероисповед од градоначалникот Константин Георгиески. Во честитката се вели:Во духот на христијанските пораки за благосостојба, мир и разбирање, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест им го честитам големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.Посакувам овие празнични мигови да Ви донесат многу здравје и неизмерна радост и да ги исполнат Вашите домови со убавина и спокој. Големината и значењето на овој празник нека бидат инспирација за меѓусебно помагање и нека бидат мотив за негување на хуманите вредности.Вербата во бога и неговата чудотворна моќ нека не исполнат со желба, надеж и сила да го избереме вистинскиот пат и заеднички да создадеме услови за подобра иднина и поубав живот.Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да ја споделуваме божјата милост и љубов. Нека е за многу години големиот празник!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/508312336441041/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

DEDO_MRAZ-1

(ФОТО) Дедо Мраз во Охрид пристигна со авион и ги израдува најмладите

Околу 300 дечиња од предшколската голема група од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ денеска добија новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, кој слета со авион на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.Овој настан, кој беше вистинско доживување за најмладите е во организација на Општина Охрид во соработка со ТАВ-Македонија, како дел од празничната програма во пресрет на новогодишните и божиќните празници.фото:Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Prozorci_Gligor_Prlicev

Нови прозорци за ОУ „Григор Прличев“, Охрид

Во рамки на активностите за подобрување на условите за следење настава, деновиве во новиот објект на  ОУ “Григор Прличев“  е променета старата со нова висококвалитетна дограма.Нови прозорци се поставени  во  седум училници, пет  кабинети и две стојалишта на   првиот кат  и во холовите на приземјето.Во месец јануари 2020 година  општина Охрид започнува постапка  за реконструкција на сите санитарни јазли во сите училишта , а ќе се продолжи и со промена  на старите  азбесни кровови на сите училишта на територијата на општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

konstantin

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод денот на наставата на турски јазик

По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Северна Македонија.–Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од турска националност, кои денес прославуваат 75 години од денот кога официјално го добиле своето право да говорат, да се образуваат и да творат на сопствениот мајчин јазик.Турската заедница е нераскинлив дел од севкупниот општествен, економски и социјален напредок и важно парче од мултикултурниот мозаик на нашиот Охрид. Негувањето на различните јазици, култури и религии, носи силна поврзаност, ги зацврстува нашите меѓусебни односи и ја јакне меѓусебната почит.И во иднина во духот на заедништвото ќе продолжиме посветено да работиме за остварување на нашите заеднички цели и да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот град и нашата заедничка татковина, стои во честитката на Георгиески.

Македонија | пред 6 години

pazar-7

(ФОТО и ВИДЕО) Охрид доби современ затворен зелен пазар

Свечено пуштена во употреба новата деловна и административна трговска зграда во која ќе работи и затворениот зелен пазар во Охрид. На свеченоста присуствуваше претседателот на владата, Зоран Заев и бројни гости. Објектот е изграден преку формирање на јавно приватно партнерство меѓу општина Охрид и АД Илинден Струга.Во своето обраќање пред присутните премиерот истакна: „Чувствувам голема радост што сме овде во Охрид за новиот објект на Зелениот пазар кој одговара на потребите на пазарџиите со капацитет за 190 нови тезги утврдени по современи ХАСАП стандарди.Новиот Затворен зелен пазар во Охрид ги исполнува сите стандарди за трговија, со што значително се подобруваат условите за работа на пазарџиите, но и за сите граѓани кои отсега ќе може да пазаруваат во подобри услови.Репрезентативниот објект на новата административно – трговска зграда кој денес го пуштивме во употреба е со површина од 6 779 м2. Во подземјето е сместен јавен паркинг од 2 433 м2 и техничките одделенија, на приземјето се наоѓа Зелениот пазар кој располага со 190 нови тезги уредени по современи хасап стандарди.Секогаш заедно, како досега така и во иднина продолжуваме да го разубавуваме Охрид со нови проекти за доброто на сите сограѓани согласно со стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, вели градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.Свое обраќање пред гостите имаше и директорката на ЈП Градски Пазар кристина Крлеска Деспотоска. Таа меѓу другото истакна:  Често пати се поставува прашањето , дали во услови на глобалните текови на пазарните економии може да доведе до намалување на функцијата на пазарите и дали големите трговски центри се своевидна алтернатива? Тука јасно ќе кажене дека не постои алтернатива за тоа што постоело со векови. Потребна е само навремена трансформација на начинот на нивно функционирање кое подразбира адекватни инфраструктурни решенија, кадровски усовршувања и имплементација на меѓународни и домашни препораки.

Македонија | пред 6 години

20122019_PVRSM_Zaev_MZD_Ademi_uvid_kolektorski_sistem-3

(ВИДЕО) Заев: Обезбедивме средства и начин за отпочнување на санацијата на колекторскиот систем во Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска заедно со министерот без ресор, задолжен за дијаспора,Едмонд Адеми извршија обиколка и увид на отпочнувањето на санацијата на колекторскиот систем за Охридско Езеро.На настанот беа присутни и  директори на јавни претпријатија, директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски и претставници на компаниите „Инд Еко“ и „Еко Тим“.„Денеска, после неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, започнуваат работите на чистење и реконструкција на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион од наслагите и корењата од дрвјата и санација на цевководот на колекторот. Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга“, рече премиерот Заев во врска со санацијата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион, за кој се обезбедени   4,2 милиони евра од Буџетот.Премиерот Заев истакна дека овој значаен и сериозен зафат се презема поради  несеопфатната реализација и негрижата за одржувањето на системот за прочистување на отпадните води создадоа сериозни еколошки штети и закани за Охридското Езеро и за природните убавини и реткости во неговото опкружување, иако како што подвлече сознанијата за последиците биле познати изминатите години.„Во наредните 5 месеци, ќе го поправиме тоа што со години беше запуштено од негрижа и недејствување. Охридското езеро и заштитеното подрачје опфатено со УНЕСКО се наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем. Нашата намера е да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, и тоа оваа Влада ќе го докаже“, подвлече претседателот на Владата.„Во моментов имам две сосема спротивни чувства. Од една страна чувствувам огромна гордост што Владата чиј дел сум и јас одвои средства за целосна санација на колекторскиот систем, средства кои ќе ја вратат бистрината на ова прекрасно езеро и ќе го заштитат од понатамошно загадување, ќе овозможат многу подобро зачувување на живиот свет во езерото. Нашата земја има ограничени ресурси, но секогаш мора да има доволно за заштита на нашите национални богатства, било да се природни или културни богатства“, истакна министерот Адеми.Директорот на ЈП „Колекторски систем“,  Владимир Алексијоски во своето обраќање изрази јавна благодарност и почит на покојниот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски заради, како што нагласи  неговите заложби, замисла, желба и посветеност за остварувањето заедничката цел, грижата за Охридското Езеро да биде во сигурните раце на државата. Тој на денешниот настан изрази и благодарност до Владата за покажувањето разбирање и интерес за решавањето на проблемот со Колекторскиот систем сместувајќи го во најважните приоритети, и им додели благодарници на премиерот Заев,  генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски, советникот на премиерот, Дејан Николоски и адвокатот Христина Стојановиќ.Претставниците на компанијата „Еко Тим“ ДОО Скопје ги образложија техничките податоци и постапки околу процесот на санација на колекторскиотсистемзаОхридскоЕзеро.фото и видео : Влада

Македонија | пред 6 години

zamenik-ambasador

(ФОТО) Георгиески оствари средба со Литлџон од Американската амбадаса

Денес, градоначалникот Константин Георгиески оствари средба со заменик шефот на мисијата од Американската амбасада, Џенифер Литлџон. На средбата се разговараше за тековните проекти кои ги реализира општина Охрид. Соговорниците разговараа и за препораките од УНЕСКО, за кои градоначалникот Георгиески истакна дека најголем дел се завршени, а другите активно се спроведуваат. Беше разговарано и за долгот на општината и странските инвестиции во градот. Шефот на мисијата, Литлџон, ја истакна својата поддршка за реализацијата на предвидените проекти и својата подготвеност за давање идеи кои ќе придонесат полесно спроведување на проектите.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања