„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

kazan

(ФОТО) 1,5 тони рибна чорба за денот на рибарите

Во рамки на манифестацијата Денот на рибарите која ќе се одржи на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. За подготовка на чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирници и зачини.Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу 5000 порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Vodici

(ФОТО) Охрид се „гланца“ во чест на празничниот викенд - Водици 2020

Екипите на општинските јавни претпријатија во координација со Организациониот одбор, денес започнаа да ги реализираат активностите кои се дел од техничката подготовка за одбележување на празникот Богојавление Водици во Охрид.На потегот околу градското пристаниште постевени се тезги на кои ќе се служи топла ракија и вино, а поставени се и соодветни заштитни огради во делот на крајбрежјето.Исто така во пресрет на празничниот викенд кога во Охрид се очекуваат голем број на гости, извршено е чистење и уредување на јавните површините на трите приоди кон градот. 

Македонија | пред 5 години

Parking-centar

За Водици забрането паркирање кај кружниот тек и капетанија

Поради непречено одвивање на сите активности во делот на организизацијата на големиот црквно-народен собир по повод големиот христијански празник Богојавление Водици од 18-ти јануари (сабота) од 23 часот до 20-ти јануари (понеделник) до 16 часот нема да биде дозволено паркирање на потегот во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата и паркингот во потегот на кружниот тек во центарот на Охрид.Се упатува апел до сите сопственици навреме да ги отстранат своите моторни возила од овој потег. Во спротивно, возилата ќе бидат отстранети со помош на надлежните служби.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

kapka-krv

Крводарителска акција во Охрид „ВОДИЦИ 2020“

Во рамки на Програмата за одбелжување на Големиот православен празник Богојавление Водици во Охрид, на 19 јануари 2020 година (недела), охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“.Крводарителната акција годинава ќе се реализира под мотото  „Една капка може да промени се“.Сите хумани граѓани ќе може да даруваат крв во периодот од 9 до 15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Македонија | пред 5 години

G_Stardelov

Во сабота ќе биде врачена светската награда за хуманизам

На 18 –ти јануари (сабота), ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици во куќата на Уранија со почеток во 19 часот ќе биде врачена Светската награда за хуманизам на годинешниот добитник, академик Георги Старделов.Старделов е четринаесеттиот добитник на ова престижно светско признание, а прв од нашава земја.  Наградата ќе му ја врачи градоначалникот на Охрид,  Константин Георгиески,  во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите под покровителство на УНЕСКО. Истата вечер, со посебно признание ќе му биде оддадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, коешто  годинава ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“.Пригодни беседи за Старделов ќе одржат Јордан Плевнеш и Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџ од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.Организатор на настанот е Охридската академија на хуманизмот, со поддршка на Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

VODICI_KAPACI

Пријавување на капачите за „Водици“ 2020

Пријавувањето на капачите кои ќе го бараат чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро за празникот Богојавление Водици во Охрид, ќе започне утре на 16-ти јануари (четврток) во 12 часот.Сите заинтересирани граѓани, ќе може да се пријават во црквите „Свети Никола Геракомија“, „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ и „Свети Великомаченик Георги“. Евиденирањето на пријавените капачи ќе се врши заклучно со 18-ти јануари (сабота) до 17 часот.Пријавените капачи ќе можат да ги извршат потребните медицински прегледи во поставените шатори на охридскиот Црвен крст на 18-ти јануари (сабота) од 19 часот и во утринските часови на 19-ти јануари (недала), на денот на манифестацијата.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

nagradi

(ФОТО) Доделени наградите за најубаво украсени новогодишни дворови

Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски, денес ги додели наградите за најубаво украсени новогодишни дворови. По пристигнатите апликации, комисијата ги одбра трите најубаво украсени дворови. Првото место им припадна на Иванка и Бруно Гигер, второто место го освои Јована Бандилоска Јованоска, а третото место е на Клаудија Арсенова и  годинава за првпат беше доделено за најубаво украсен балкон.Прво местоВторо местоТрето место 

Македонија | пред 6 години

bogojeski-3

И општина Охрид со апел да не се палат огнови на отворено

Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување-  инвертер клими.Исто така Општина Охрид е дел од Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија. Во рамки на проектот, поставени се 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошките параметри на подречјето на општината. Во моментов се следат пет еколошки параметри и три метеоролошки параметри.Со цел да се превенира загадувањето на воздухот и зголемената концентрација на ПМ честичките во амбиенталниот воздух, Општина Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од палењето на традиционалните василичарски огнови на отворено.Општина Охрид во рамки на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година презема мерки против загадувањето на амбиентниот воздух и има предвидено Проект за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух со субвенционирање на граѓаните при купување на модерен систем за затоплување-  инвертер клими.Исто така Општина Охрид е дел од Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздух– AIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија. Во рамки на проектот, поставени се 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошките параметри на подречјето на општината. Во моментов се следат пет еколошки параметри и три метеоролошки параметри.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

ohrid-dokumentacija

Изработена техничка документација за реконструкција на три Охридски улици

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, Општина Охрид доби изработена комплетна техничка документација за реконструкција на улиците „Гоце Делчев“, „Ѓорче Петров“ и „Кленоец“.Официјалните записници за примопредавање на техничката документација беа потпишани денеска на пригодна свеченост која се одржа во Министерството за финансии во Скопје, во присуство на Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Марко Мантованели.На настанот присуствуваа Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски и Раководителот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Томе Нанески.Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што се имплементира преку посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбедени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините во Република Северна Македонија.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

ohrid-vodici-2

Охрид се подготвува за големиот христијански празник „Богојавление - Водици“

Охрид подготвен за најмасовната верска манифестација што се одржува во градот, за „Богојавление – Водици“.Градоначалникот Константин Георгиески на денешната прес-конференција истакна дека во духот на православието и традицијата, со Божја помош Охрид и оваа година ќе биде центарот на одбележувањето на големиот празник Водици.-Оваа манифестација е од исклучително значење за нашиот град и вистинска радост за охриѓани, за нашите гости и за целиот православен свет, па затоа и годинава максимално сме посветени на целокупните подготовки и внимателно ги планираме сите детали. Дополнителна причина за посветен ангажман и беспрекорна организација е и тоа што годинава одбележуваме јубилеј- 30 години од првата масовна организација на овој празник на охридското градско пристаниште. Оваа можност ја користам да искажам голема благодарност до сите охриѓани кои се вклучени во планирањето и организацијата на овие празнични денови. Упатувам благодарност до Дебарско-кичевската епархија, сите институции и поединци кои даваат свој придонес и годинава да имаме еден величествен ден и еден народен собир кој ќе биде достен на значењето и вредностите на овој голем празник, истакна градоначалникот Константин Георгиески, на денешната прес конференција, на која беа изнесени детали за чествувањето на празникот и целокупната организација.Георгиески потенцираше дека и годинава организацијата ќе биде составен од два дела, првиот - верскиот , кој е согласно православните начела го спроведува Дебарско-кичевската епархија, додека вториот граѓанскиот го координира Општина Охрид, а се однесува на целокушната организација на настанот со пропратната програма.– Со оглед на тоа што празникот е во викенд, очекуваме голем број гости од земјата и странство, со исполнетост на сместувачките капацитети. Со цел да ги поддржат Богојавленските чествувања и да придонесат за поголем број гости, охридските хотели и годинава нудат сместување по симболична цена од 15 евра на ден во периодот од 16 до 20 јануари, рече Георгиески.На Водопос 18 јануари или ден пред „Богојавление“,  Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, во 20 часот на Градскиот плоштад.Како и секој година така и оваа празнувањето продолжува на 20 јануари на празникот Свети Јован Крстител или „Денот на рибарите“,   кога на Сараиште се се капат рибарите, а на кејот се приготвува рибна чорба во голем казан, што бесплатно ќе се послужува на гостите.На овој ден задолжен за забавата на гостите на плоштадот ќе биде македонската фолк-ѕвезда Миле Кузманоски.во сите парохиски цркви на 19 јануари од 7 часот ќе се служат утрински богослужби, додека централната архиерејска литургија ќе се одржува во „Света Богородица – Каменско“ од 8:45 часот. Од 9:45 часот литијата ќе се упати кон Градското пристаниште, каде во 10 часот ќе се изврши Големиот богојавленски водосвет и ќе биде положен чесниот и животворен крст во осветените води на Охриското Езеро. Пријавувањето на сите верници што планираат да влезат во езерските води ќе се врши во сите цркви на епархијата од 16 јануари, а за сите нив се обезбедени пригодни флаери со информации, како и маици.Во подготовка на теренот каде ќе се осветува Езерото се вклучени сите. Имено екипи на Јавните претпијатија ќе го исчистат кејот, а нуркачите од Клубот за подводни активности „Амфора“ ќе го исчистат дното на Езерото.За безбедноста на капачите кои ќе скокаат по Светиот крст ќе се грижат четири екипи спасители на вода со два чамца, три нуркачки екипи и осум медицински екипи распоредни долж брегот и на Градското пристаниште.Во однос на техничката подготовка и логистика во текот на организацијата на двата празнични денови предвидени се низа активности за чистење и уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот и активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Koleda_01062020004

(ФОТО) Охридските коледари го најавија христовото раѓање

Со свеќи во рацете , кандилца и ѕвезди  околу 700 дечиња беа дел од денешната  Бадникова поворка што  седма година по ред се одржува  во Охрид. Пеејќи ја  коледарската песна  „Вечниот Бог“  низ охридските улици и чаршијата, младите охриѓанчиња кои ги симболизираа ангелите  го најавија христовото раѓање.На плоштадот „Св. Климент Охридски“  кај божиќната пештера што е подарок од Бигорскиот манастир, Св. Јован Крстител, коледарчињата ги пречека градоначалникот Константин Георгиески кој ги дарува со божиќни пакетчиња.– Возвишено е чувството, да се биде дел од оваа културно – верска манифестација во која учествуваат нашите најмили –  дечињата, кои со  старохристијанската коледарска песна го најавуваат христовото раѓање. Возобновувањето на оваа традиција е секако за поздравување затоа што преку неа најмладите се запознаваат подлабоко со суштината на нашата вера,  со значењето на христовото раѓање.  Секогаш мора да си ги познаваме своите корени, своите традиции за да градиме успешна и посветла иднина за сите нас.  Во оваа прилика им го честитам големиот христијански празник Божиќ на сите православни христијани, со надеж дека ќе  го минат во добро  здравје, со ведра мисла и спокој,  опкружени со љубовта на своите најблиски- рече градоначалникот Георгиески.Градоначалникот Георгиески присуствуваше и на бадниковата поворка што втора година по ред се одржува во Селото Велгошти.Бадниковата поворка е една од најмасовните културно-  верски манифестации што се организираат по повод големиот христијански празник Божиќ.Организатор на настанот е Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржан од  општина Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

badnik

И годинава во Охрид, ден пред Божик традиционална Бадникова поворка

Традиционално и годинава во Охрид, на празникот Бадник, ден пред големиот христијански празник Божиќ  ќе се одржи Бадниковата поворка со која се најавува христовото раѓање.Во понеделник во 11 часот од црквата „Св. Георги“ во „Горна Влашка Мала“ над  700 деца ќе ја започнат Бадниковата поворка. Пеејќи ја возобновената старо христијанска песна „Вечниот Бог“ тие ќе се движат по улиците  „Јане Сандански“  и  „Туристичка“  и низ  охридската чаршија . Околу пладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај божиќната пештера, децата  ќе ги пречека градоначалникот Константин Георгиевски  кој ќе ги дарува со божиќни пакетчиња.Бадниковата поворка во Охрид која се одржува седма година по ред е во организација на Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е  поддржана од локалната самоуправа.Втора година по ред Бадникова поворка  ќе се одржи и во село Велгошти. Дечињата во  10 часот ќе тргнат од црквата Св. Димитрија, а околу 11:15 часот ќе стигнат во црквата Мал Св. Климент каде ќе ги пречека градоначалникот Георгиески кој ќе ги дарува со божиќни пакетчиња. Во рамки на прославите со кои се најавува христовото раѓање е предвидена културно уметничка програма  со божиќни песни.фото: Архива

Македонија | пред 6 години

Integriran-katastar-900x512

Општина Охрид изработи интегриран катастар на загадувачи на животната средина

Согласно Законот за животна средина, Општина Охрид изработи „Интегриран Катастар на загадувачи на животната средина“ со кој ce опфатени: воздух, вода, почва и отпад. Информацијата за изработката на овој стратешки документ, беше усвоена од страна на Советот на Oпштина Охрид на 37-та седница.Изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи е со цел да се добие основна квалитативна и квантитативна база на податоци за состојбата со емиторите и емисијата на загадувачките супстанции во воздухот, водата, почвата, генерираниот отпад и постапувањето со него, заради следење на трендовите на основните индикатори за квалитетот на животната средина во Општина Охрид, како и заради контрола на успешноста на преземените мерки врз основа на соодветни одлуки и решенија на локално ниво.Базата на податоци и нивото на нивната обработка дава можност овој Катастар да биде динамичен стратешки документ и како таков, заедно со законската регулатива во оваа област да биде инструмент на државната и локалната власт за одржливо управување со квалитетот на животната средина.За изработката на Интерираниот Катастар на загадувачи беше задолжена фирмата „Технолаб“ од Скопје.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

Novorodence

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески го посети првото новороденче за 2020 година

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска на Гинеколошкото одделение при Општата Болница во Охрид го посети првото новородено бебе во Новата 2020 година.Тој упати честитки до мајката, Нита Кркути од Дебар за новородениот син и во име на општината на бебето му подари вредносен чек од 10.000 денари и пригодни подароци.-На малиот јунак кој е првото новороденче во Охрид, му посакувам пред се многу здравје, да порасне во многу среќен и успешен човек. Во мое лично име и во името на Општина Охрид, упатувам и искрени честитки до среќното семејство на новороденчето. Посакувам ова бебенце да донесе нова надеж и верба за подобра и поуспешна година. Ние како локална власт постојано работиме на секое поле да ги подобриме условите за живеење во градот, со цел младите да не се иселуваат и да имаат желба да ги изградат своите семејства во своето родно место. Само на тој начин ќе се создадат услови за зголемување на наталитетот што е една значајна основа за иднината на еден град, изјави градоначалникот Георгиески.Новороденото бебе е тешко 3,6 килограми и долго 54 сантиметар. Породувањето било спонтано, а лекарскиот тим го водела д-р Мимоза Влаши Хиса, гинеколог-акушер, заедно со д-р Зорица Стрезоска, неонатолог. Новороденчето и мајката се во одлична здравствена состојба.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 6 години

kosta-nova

(ФОТО) Градоначалникот Георгиески Новата година ја дочека на Градскиот плоштад во Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески,  Новата 2020  Година ја дочека на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски “ во Охрид меѓу своите сограѓани и гостите од земјава и странство. Тој им посака добро здравје, среќа и бериќет во Новата Година.-Драги охриѓани,  драги гости од земјава и странство кои вечерва сте тука со нас на плоштадот во Охрид, Ви посакувам пријатни и незаборавни мигови во ноќва кога ја испраќаме старата и дочекуваме Новата 2020 Година. Секој почеток буди надеж и верба за подобро утро и посветла иднина. Токму така и ние ја испраќаме старата година оставајќи се лошо во неа со надеж дека ќе имаме поздрава, посреќна и побериќетна година во која ќе бидеме и помудри и поуспешни на секој план.Како одговорна локална власт во претстојната година продолжуваме со реализација на започнатите и отпочнување на нови проекти кои се за доброто на Охрид  и охриѓани. Посветено  и неуморно продолжуваме да го градиме Охрид  како пријатен дом за сите охриѓани  и посакувано место за одмор на туристите и гостите од земјава и странство. Посакувам оваа ноќ да ја минете незаборавно како и да ги проследите содржините кои се дел од  новогодишната програма што општината ја организира до 20-ти јануари. Доброто здравје, ведрата мисла, спокојниот сон  и љубовта од саканите нека бидат само дел од убавите нешта кои ќе ви се слуичат во 2020 Година- рече градоначалникот Георгиески.За забавата на плоштадот во Охрид се погрижија естрадните уметници, Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања