„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

kosta

Општина Охрид во партнерство со општина Чепин од Хрватска, доби Проект од програмата „Европа за граѓаните“

ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:Општина Охрид во партнерство со општина Чепин од Република Хрватска е добитник на грант за реализација на проектот “SUN2EU”, финансиран од Европската програма „ Европа за граѓаните“ (Еurope for Citizens), мерка 2.1 збратимени градови и општини.Проектот е во вредност од 10.080 евра. Во рамки на планираните проектни активности се предвидува одржување на конференција во Охрид во месец мај на тема: „Европска унија –очекувања и заедничка иднина“, со учество на претставници од локално заинтересирани страни од општините Чепин и Охрид.Ова е прв проект на општина Охрид одобрен во рамки на Европската програма „Европа за граѓаните“, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/538627786742829/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Grigor_06022020012

(ФОТО) Промовирана книгата „Антологија на ловорот“

Во рамки на традиционалната свеченост „Стихови и звуци за Прличев“ денеска во Спомен-куќата на Григор Прличев беше промовирана книгата „Антологија на ловорот“ која е издадена под покровителство на Општина Охрид, како дел од овогодинешните чествувања посветени на ловороносецот.Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Општина Охрид, Ристе Николески.-Чувствувам посебна гордост и голема чест, како претставник на Општина Охрид, како историчар, како охриѓанец и како човек да говорам за големиот Григор Прличев, еден од најмаркантните македонски книжевници, кој со своите творечки достигнувања е своевиден историски симбол за нашиот Охрид.Неговото име, неговите вредни дела и неговиот животен пат, биле и сеуште се вистински предизвик за книжевната наука. Голем број истакнати литературни дејци, ја истражувале и ја проучувале неговата дејност, со цел да ја одгатнат суштината и да ја покажат вредноста на неговиот значаен опус.Годинава во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ одбележуваме два значајни јубилеи, а тоа се 190 години од раѓањето на Григор Прличев и 160 години од објавување на безвременската поема „Сердарот“. Литературната критика го ословуава ова дело како апсолутен врв во уметноста на зборот, а лауреатот Прличев со епитетот „Втор Хомер“.Со својата содржина и мотив ова дело е една нераскинлива нишка помеѓу сегашноста и минатото, еден светол пример кој не учи и ни помага да продолжиме да ја водиме нашата борба за подобро утре и подобра иднина за новите генерации. Искрено се надевам дека токму тие, младите, ќе ја продолжат таа нишка на храброст, сплотеност и посветеност и дека ќе го негуваат Прличевото дело, со надеж и уверување дека Охрид повторно ќе може да се гордее со некој нов уникатен уметнички талент, кој ќе остави вековен печат во нашата историја, истакна Николески.Оваа можност ја користам во мое лично име, во името на градоначалникот Константин Георгиески и во името на Општина Охрид да им се заблагодарам на Димитар Пандев, Славе Ѓорго Димоски и Митре Велјаноски за нивниот ангажман за креирањето на изданието „Антологија на Ловорот“, кое значително ќе придонесе за зачувување и промовирање на ликот и делото на Григор Прличев.Со организирање и поддршка на ваквите настани Локалната самоуправа покажува дека е определена и во иднина да продолжи да ги негува културните традиции и да дава придонес во зачувување на културните вредности на Охрид, истакна Николески. Тој во името на општината им додели по неколку примероци од антологијата на претставниците на образовните и културните институции од Охрид.Во рамки на настанот им беа врачени и пригодни награди на ученичките Андреа Савиќ и Марија Вранишкоска чии трудови беа првонаградени по распишаниот литературен конкурс на ОУ „Григор Прличев“.Во рамки на програмата од овогодишната манифестација „Прличеви беседи“ денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се одржа и традиционалната „Прличева визита“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

prlicev

(ФОТО) Цвеќе во чест на Прличев

Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев, делегација на општина Охрид предводена од претседателката на градскиот  Совет , Живка Ангелоска положи свежо цвеќе пред спомен бистата на поетот пред НУ Библиотека „Григор Прличев“.Општинска делегација предводена од заменик градоначалникот, Ристо Николески цвеќе положи и на гробот на Прличев каде се одржа и панихида.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

zivka-magazin

Охрид дел од ТВ магазинот „По патот на свилата:ПРИЈАТЕЛСТВО“

Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски беа дел од свечената промоција на тв-магазинот „По патот на свилата: пријателство“.Промоцијата се одржа вчера во Скопје во организација на Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.Дел од тв-магазинот кој ќе се емитува на националниот јавен сервис „МРТ“ се очекува да биде посветен на пријателските односи и протоколот за соработка помеѓу Општина Охрид и кинескиот град Далиан.Овој проект се реализира во рамки на активностите за продлабочување на соработката и остварувањето на заедничките интереси на двете пријателски земји.фото: Општина Охрид

Актуелно | пред 5 години

babe

(ФОТО) Чествување за ликот и делото на охриѓанецот Андон Кецкаров

Со панихида и пригоден историски час, денеска кај неговото вечно почивалиште што се наоѓа на источната страна на црквата „Свети Константин и Елена“ беа  одбележани 155 години од раѓањето и 75 години од смртта на македонскиот револуционер, просветниот и општествен деец, охриѓанецот Андон Кецкаров. На чествувањето за ликот и делото на Кецкаров зборуваше Д-р Никола Митровиќ- Бабе.Андон Кецкаров  е роден во Охрид во 1865 година и е еден од истакнатите интелектуалци од 80-те и 90-те години на XIX век, кои бараат нови форми на организирање на населението, комбинираjќи ја просветната со револуционерната агитација. Во периодот 1887-1889 година Кецкаров бил учител во Охрид, а меѓу 1889-1897 година во Битола. Во 1942 година Кецкаров бил еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Св. Климент Охридски“, која имала хуманитарни цели. Починал на 30 јануари 1945 година.Пригодните чествувања за првпат се организираа пред  спомен обележјето кое неодамна  беше соодветно реконструирано и уредено  од страна на Општина Охрид и ЈП „ Градски гробишта“.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Fekalna_kanalizacija_Rca

Нова фекална канализација во Рача - Охридско

Деновиве се изведуваат завршните работни активности од правата фаза за поставување на нова фекална канализација во населбата Рача.Се работи за одводна мрежа во должина од 320 метри и соодветни приклучни шахти. Активностите се дел од Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2019 година и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид беа предвидени 1.092.560 денари. Работните активности на терен ги изведува фирмата „Бокоп“.Во тек е подготовка на тендерска документација за објавување на Јавен повик за изведување на втората фаза од оваа канализациона линија, која е предвидена во Програмата за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води од 2020 година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Andon_Keckar

Пригодни чествувања за ликот и делото на Андон Кецкаров

Со панихида и пригоден историски час на 30-ти јануари 2020 година со почеток во 12 часот, ќе се одбележат 155 години од раѓањето и 75 години од смртта на македонскиот револуционер, просветниот и општествен деец, охриѓанецот Андон Кецкаров.Частвувањата ќе се одржат на неговото вечно почивалиште кое се наоѓа на источната страна од црквата „Свети Константин и Елена“. Ова спомен обележје и просторот околу него, беа соодветно уредени неодамна од страна на Општина Охрид и ЈП „Градски гробишта“.Андон Кецкаров е роден во Охрид 1865 година и е еден од истакнатите интелектуалци од 80-те и 90-те години на XIX век, кои бараат нови форми на организирање на населението, комбинираjќи ја просветната со револуционерната агитација. Во периодот 1887-1889 година Кецкаров бил учител во Охрид, а меѓу 1889-1897 година во Битола. Во 1942 година Кецкаров бил еден од основачите на Охридската општограѓанска фондација „Св. Климент Охридски“, која имала хуманитарни цели. Починал на 30 јануари 1945 година.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid-900x312

Јавен повик за откупа на фотографии со мотиви од Охрид

Согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година, Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид објавува: ЈАВЕН ПОВИКза  откуп на фотографии со мотиви од Охрид(културни, историски и природни убавини) I            Предмет на Јавниот повик е откуп на фотографии со мотиви од Охрид (културни, историски и природни убавини) согласно Г2 програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2020 година. IIСекторот за Туризам и ЛЕР  согласно програмата за 2020 година има определено средства во износ од 150.000,00 денари.Откупот ќе се реализира преку:– Откупување на фотографии со мотиви од Охрид кои до сега не се воопшто користени за други цели;– Максимален број на откупени фотографии од еден понудувач е 10. IIIНа јавниот повик право на пријавување имаат сите заинтересирани субјекти, правни и физички лица кои се занимаваат со изработка и продукција на фото и видео материјал. IVДоколку се работи за физичко лице, истиот мора да достави изјава за авторско право над фотографиите, во согласност со Законот за авторско право и сродните права и потпишана изјава дека фотографиите не се претходно објавувани или користени за други цели.Доколку се работи за правно лице/компанија треба да достави писмена изјава од авторот на фотографијата, како и изјава за ставање на авторски права за избраните фотографии на компанијата која располага со истите, како и изјава дека фотографиите не се претходно објавувани или користени за други цели.Во прилог на барањето за доделување на финансиските средства (Прилог 1 од Правилникот) и потребната документација, правните лица треба да ја доставaт следната документација:Решение за регистрација ДРД образец (оригинал или копија со печат и потпис на поднесувачот);Потврда за платени даноци, придонеси и други давачки од надлежен орган; VСредствата за откуп на фотографии со мотиви од Охрид ќе се извршат врз основа на евалуацијата за исполнување на следната спецификација и следните критериуми: КритериумиФотографиите треба да бидат доставени во дигитален JPEG формат и печатен формат, со резолуција помеѓу 1-5mbФотографиите не треба да бидат постари од 1 годинаФотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да учествувале на други конкурси СпецификацијаНационален парк ГаличицаПланински пејсажи во четири годишни времињаАктивен туризам – параглајдерство, велосипедизам, планинарeње …Културно-историски споменици, традиции, фолклор, манифестации, природни убавини Комисијата е должна во рок од 30 дена по крајниот рок за доставување на барањата да состави ранг листа, согласно горенаведената спецификација и критериумите. Откупот на фотографии со мотиви од Охрид ќе се врши се додека не се потрошат средствата од член 2. VIБаратели треба да ги достават следните документи:Барање на конкурс во 2 примероци кое содржи име и презиме (ако се работи за физичко лице) или назив на компанијата (ако се работи за правно лице) со назив:ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОТКУП НА ФОТОГРАФИИЕлектронско портфолио (CD) кое ќе содржи најмалку 5 фотографии, а најмногу 30 од Охрид и околината Документите се доставуваат по пошта или директно во Архивата на општина Охрид во затворен плик кој во горниот лев агол ќе биде означен со НЕ ОТВАРАЈ, додека барањето за пријавување да биде прикачено на самиот плик на кој ќе може да се направи прием во Архивата на општина Охрид, но не подоцна од предвидениот рок. VIIПо донесеното решение за избор на квалификуваните барања, добитникот треба да ги достави во рок од 10 дена:– Фотографиите да се достават во TIFF формат во висока резолуција 300 DPI,– Фотографиите треба да бидат со наведената локација,– Избраните фотографии дополнително да бидат доставени во оргинален формат, во дигитален TIFF формат, со висока резолуција соодветна за печатење постери од 20 до 100 mb.Понудувачот е должен фотографијата или фотографиите да ги достави целосно артистички и графички обработени. VIIIФотографиите кои ќе содржат модели (личности) треба да бидат доставени со договор за согласност од личноста која е фотографирана (Model Release договор), доколку се работи за фотографии со малолетни лица задолжително и доказ за согласност од родител или старател. По откупување на ваквиот вид фотографии општина Охрид нема обврска за плаќање на било каков надоместок на личноста која е фотографирана.Општина Охрид како и Комисијата не подлежат  на одговорност во случај на злоупотреба на авторските права од страна на самите учесници или трети лица за фотографиите пријавени на конкурсот.Вработените во општина Охрид како и членовите на комисијата немаат право на учество во јавниот повик. IXРокот на поднесување на апликацијата е 30 дена од денот на објавата на конкурсот, а барањето за пријавување на јавниот повик, поднесителите можат да го најдат на официјалната веб страна на општина Охрид www.ohrid.gov.mkНепотполните и задоцнетите барања, нема да бидат разгледувани од страна на Комисијата.Кандидатите кои нема да бидат избрани на јавниот повик ќе бидат известени во рок од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

Sanitarni_jazli

Се реконструираат санитарните јазли во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“

Во средното економско училиште, деновиве, започна реконструкција на санитарните јазли за учениците и професорите. Со реконструкцијата се опфаќа промена на целокупната инсталација, се поставува нова санитарија и плочки.Санитарните јазли во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ за прв пат се реконструираат после 20 години. Вкупната вредност на реконструкцијата изнесува 640 959 денари, а средствата ги обезбеди општина Охрид.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Честитка до српската заедница по повод празникот Св. Сава

Градоначалникот Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница кои живеат во Охрид и Република Северна Македонија.– Ви  го честитам големиот православен празник Свети Сава и ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет, духовен мир и општа благосостојба. Одбележувањето на ваквите големи празници нека бидат мост за градење доверба и меѓусебно почитување, уважување  и развој на вкупните општествени односи. Воедно, Ви изразувам искрена благодарност за вашиот постојан придонес во градењето на соживот и просперитет на нашиот древен Охрид. Со ваквите чествувања им даваме пример на идните генерации како треба да ја почитуваат традицијата и универзалните вредности– се вели  во честитката на градоначалникот Константин Георегиески упатена до припадниците на српската заедница.

Македонија | пред 5 години

EMUC-CAROVSKA

Вицепремиерката Царовска во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Вицепремиерката за економски прашања во Република Северна Македонија, Мила Царовска, денеска беше во работна посета на Охрид во рамки на која во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се запозна со условите за спроведување на дуалното образование во овој образовен центар.Во придружба на заменик градоначалникот на Охрид Ристо Николески, директорот на училиштето Сашо Недески, претставници од Дирекцијата на германското стопанство, фирмите „ОДВ Еелектрик“, „Костал“  и „ЛТХ –Лераница“,  вицепремиерката Царовска направи увид на кабинетите во кои се реализира практична настава. Таа беше информирана дека учениците кои следат настава според програмите за дуално образование за тхничар за мехатроника веќе изведуваат феријална пракса во трите компании, „Костал“, „ЛТХ – Леарница“ и „ОДВ – Електрик“.  Феријалната пракса се изведува за време на летниот распуст на учениците и трае 2-3 седмици.  Редовната практична настава во истите компании во текот на учебната година се спроведува во втора, трета и четврта година. Заеднички беше заклучено дека мора да постои поголема синергија помеѓу образовните институции и фирмите- обучувачи на ученици како и да има повеќе практични часови на сметка на теоретските, односно да се приближуваме кон германскиот дуален образовен систем со цел да имаме поквалификувана работна сила.Системот на дуално образование е еден вид јавно-приватно партнерство помеѓу стручните училишта и компаниите, а е координирано од Делегацијата на  германското стопанство во Македонија. Дуалното образование е единствен образовен систем кој ги комбинира содржините кои се предаваат на училиште со практична обука во компанијата.  Со тоа на компаниите ќе се им се овозможи да вработат квалификувани работници со соодветни вештини, а учениците ќе имаат можност да бидат обучувани од сертифицирани  ментори од компаниите во простории за обуки каде се симулираат вистински работни околности . На овој начин младите ќе се здобијат со практични знаења, работно искуство и на крајот со завршување на програмата, ќе се стекнат со диплома за завршено средно стручно образование и сертификат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Humanizam

(ФОТО) Врачена светската награда за хуманизам за 2020 година

Вечерва спроти големиот христијански празник, Богојавление – Водици во куќата на Уранија во Охрид свечено беше доделена светската награда за хуманизам на добитникот за 2020 година, академик Георги Старделов.Тој е  првиот добитник на ова престижно светско признание од нашава земја , а наградата му  ја врачи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.– Импозантниот творечки опус на професорот Георги Старделов ноќва во Охрид, во очи големиот христијански празник Богојавление -Водици собра домашна и меѓународна асемблеја на гости . Вечерва кога сме „најблиску до Бога“ со чиста љубов и мисла се поклонуваме пред делото на Македонецот кој со своите величествени творечки достигнувања успеа да ја извиши нашава земја до најодалечените Светски културни меридијани. Академик Георги Старделов е четиринаесеттиот добитник по ред на светската награда за хуманизам, а прв од Македонија, правејќи не со тоа, нас Македонците исклучително горди што припаѓаме на неговиот род. Тој е автор на импозатен опус од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавен на голем број јазици на петте континенти. Пред официјалното овенчување на професорот Старделов со престижното светско признание сакам да упатам јавна Благодарност до амбасадорот Јордан Плевнеш и до Охридската академија на хуманизмот што ја организираат оваа величествена манифестација со која се активира генетскиот код и колективната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа. Овој настан кој на величествен начин ја најавува утрешната прослава на која се одбележува „Крштевањето на Бога“ стана наша неопходност како писменост, како традиција, како култура , како континуитет на духот. Охрид престолнината на духовноста и верата изразени преку утрешните прослави, вечерва повторно оживува и како центар на хуманизмот што столетија и столетија пред нас го основа Климент Охридски. Нашиот чудесен Охрид, градот на УНЕСКО оваа година ќе биде закитен и со спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“ чиј автор е неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година на кого искрено му оддаваме почит. Почитуван професор Горги Старделов, дозволете да Ви го честитам добивањето на Светската награда за хуманизам и да ви ја врачам оваа резбана Статуетка на Св. Климент Охридски која верувам дека ќе биде ваша идна инспирација за достигнување на нови творечки хоризонти – рече градоначалникот Георгиески.Добитникот на наградата го изрази своето задоволство што и тој се вброи во личностите кои оставиле траги во развојот на светскиот хуманизам.–Исклучително сум почестен што Охридската академија на хуманизмот го вброи моето име на оваа светска награда со огромен престиж што досега била доделена на личности кои оставиле длабоки траги во светската историја на хуманизмот– истакна  СтарделовВо беседата посветена на годинешниот добитник на наградата   претседателот на Охридската академија  на хуманизмот, Јордан Плевнеш образложи зошто е неопходно Старделов да биде добитник на престижното  признание.   –Академик Георги Старделов, станувате прв добитник на Светската награда на хуманизмот од Македонија, бидејќи Вие сте автор кој припаѓа на Врвот на Светската цивилизација и кога Вие ќе ја изговорите парадигмата Weltschmerz и  македонскиот бол станува дел од светскиот бол .Кога Вие ќе изговорите светска филозофија и Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка. Кога ќе речете Светска историја го одредувате местото на Македонија и нашите очи се свртени кон Вашата реторика, бидејќи Вие сте оратор што не се повторува еднаш на 1000 години. Како што пишуваше охридскиот раскажувачки гениј Живко Чинго Македонија е мала земја, во крпче да ја врзиш и тоа крпче се огледува во мислата на Сервантес: El Mundo es un Pañuelo или целиот свет е мал како едно марамче  и од тој мал свет, крпче, марамче, шамивче, handkerchief, mouchoir ..Вечерва во име на Интернационалното жири на Охридската академија на хуманизмот Ве прогласуваме за прв добитник на Светската награда на хуманизмот од Макадонија И тоа е доволно за следните 1000 години. Ве прогласуваме од простата причина што Кога ќе речете Светска естетика ќе излезат сите Ваши книги и списи за јужнословенската естетика, за балканската естетика, за европската естетика, Бидејќи само Вам Ви личи да ја објасните сличноста меѓу двата збора Бескрај и Македонија Затоашто и Бескрајот и Македонија се слични оти Граничат сами со себе. – истакна Плевнеш.Беседа за Старделов одржа и претседателот  на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор на Ројал колеџот од Лондон.–Мислам дека овогодишниот лауреат, за 2020 година, академик Георги Старделов, со целокупното негово дело, во доменот на литературата, естетиката и филозофијата, е вистинската интернационална референца и нов столб на хуманизмот кој ќе продолжи да ја води ваквата борба, токму затоа што тој, покрај своите таленти и знаење, ја има и ПРИВИЛЕГИЈАТА да биде македонец! Да се биде македонец значи да не се припаѓа на ниедна од големи националистички ложи на Европа на неприкосновената моќ, и во таа смисла можеме да можеме слободно да им судиме на идеите што сакаат по секоја цена да ни ги наметнат во нашата современост. Му посакувам храброст и сила неопходна за оваа задача и сигурен сум дека Светската награда на хуманизмот ќе му ја даде најсоодветната платформа за да се слушне надалеку неговиот глас. Ова би го кажал за вас господине Старделов, ако бев присутен! За жал, на 18 јануари, морам да одам во Големото Војводство од Луксембург да учествувам на Советот за образование и затоа нема да можам да учествувам (на мое големо жалење) во пренесувањето на факелот на хуманизмот- истакна Конрад чие обраќање пред присутните го прочита Лилјана Плевнеш.На свеченоста со   посебно признание  му беше  одадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам“, коешто  годинава  ќе биде свечено поставено  на плоштадот „Долна Порта“.По повод овенчувањето на Старделов со Светската награда за хуманизам ,организаторот – Охридската академија на хуманизмот објави и печатена публикација. Настанот е поддржан од Општина Охрид. фото: Општина Охрид 

Македонија | пред 5 години

graso-1

(ФОТО) Охрид жив како никогаш порано – Грашо пееше на преполн плоштад

Позитивна атмосфера, насмеани лица, преполн плоштад, преполно лизгалиште на мраз и исполнети сместувачки капацитети ја отсликуваат атмосферата во Охрид вечерва, наспроти утрешниот верски празник Богојавление Водици.На плоштадот во Охрид вечерва настапи Петар Грашо, а плоштадот не се памети кога последен пат бил исполнет во толкав број во зима. Позитивна енергија и расположение какво одамна немало, публиката пееше со Грашо, а градот едноставно пулсираше во позитивен дух.Социјалните мрежи се преполни со фотографии од охриѓани но и од посетителите кои уживаа во оваа магична ноќ, каква градот одамна немал.

Македонија | пред 5 години

sanacija

Градоначалникот Георгиески направи увид на активностите за санацијата на колекторскиот систем

Градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски денеска изврши увид на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро.Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија  „Инд Еко“ од Ријека. Во текот на изминатиот период, во рамки на правата фаза од санација на Колекторскиот систем, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и на овој потег извршено е комплетно чистење на цевководот во должина од 750 метри. Во моментот се изведуваат работни активности за санација на пумпната станица „Орце Николов“ и чистење на цеководот од потегот на вила „Билјана“ кај месноста Горица до потегот кон каналот „Студенчишта“.За санацијата на Колекторскиот систем се користи најсовремена технологија за чистење на цевководот, без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура.Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, a ќе биде извршено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.

Македонија | пред 5 години

Vodici_konferencija

Започна 8. интернационална конференција „ОХРИД – ВОДИЦИ“ 2020

Во куќата на „Уранија“, денес, започна 8. Интернационална конференција „Охрид – Водици“ 2020, на тема „Современи предизвици за заштита и управување со природното и културно наследство“. На почетокот на конференцијата, свои обраќања имаа градоначалникот на Охрид, Константин Герогиески, претседателот на комитетот на конференцијата, проф. др. Рубин Земон и министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми.Во своето излагање градоначалникот Константин Георгиески, истакна дека оваа тема е постојано актуелна.– Овогодинешната тема на конференцијата, не само што сега е актуелна, туку тоа е постојан предизвик. Заштитата и управувањето со природното и културно наследство е во постојан фокус на општина Охрид. Чекорите и мерките кои моментално ги преземаме, се во корелација со препораките од УНЕСКО, а нашата намера за постојано унапредување на  заштитата е веќе препознаена од меѓународните институции, – истакна градоначалникот Георгиески и додаде дека очекува од учесниците на конференцијата да произлезат позитивни идеи во насока на унапредувањето на заштитата и управувањето со природното и културно наследство. Министерот Едмонд Адеми, потенцираше дека е неопходна потребата од заштита на природното и културно наследство, особено за охридскиот регион.– Најголемиот предизвик пред кој се наоѓа секое развиено општество е токму заштитата на природното и историското наследство што го поседува. Тоа не е опција, туку обврска и должност. Покрај евроатлантската интеграција, УНЕСКО стана еден од клучните политички приоритети на државната надворешна политика. Свесни сме за придизвиците со кои се соочуваме околу сочувувањето на статусот на охридскиот регион во УНЕСКО, што е еден од највиските приоритети на Владата, рече Адеми притоа посочуваќи ги преземените чекори во таа насока, согласно Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство и препораките на УНЕСКО, рече министерот Адеми. Професорот Рубин Земон, посочи дека потребно е поголемо вклучување на научната мисла во справувањето со овие предизвици.Имаме доста активен невладин сектор и политики на локално и државно ниво, но некако она што недостасува е придонесот на научната мисла во справувањето со проблемот. Преку овој собир се обидуваме да придонесеме за повеќе да ја вклучиме науката во справувањето со предизвиците. Секој од учесниците доаѓа тука со свои трудови, така што сметаме дека од тие презентации ќе произлезат некакви препораки што потоа би биле доставени до надлежните институции како насоки за понатамошно делување, рече Рубин Земон.На овогодинешната Интернационална конференција „Охрид – Водици“ 2020 учество ќе земат 36 експерти, научници, стручни работници, уметници, политичари од десет земји, кои преку своите искуства, знаења и истражувања ќе се обидат да дадат придонес кон осветлувањето и решавањето на одредени прашања и проблеми.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања