„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Zenski_slikari_0308202003

Ликовна изложба на жени сликарки

Во рамките на одбележувањето на јубилејот,25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“ , вечерва во Центарот за култура „ Григор Прличев“ беше отворена ликовна изложба на жени сликарки од Охрид. На свеченото отворање на изложбата се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.– Со поставувањето на оваа традиционална ликовна изложба, која се организира по повод одбележувањето на 25 години од основањето на Женскиот центар „ Бисера“, на специфичен начин заеднички го одбележуваме 8-ми март, Меѓународниот ден на жената. Ја одбележуваме 25 годишнината на здружението „ Бисера“ со пораката дека ваквиот сестран активизам на жените во иднина ќе се унапредува и  продлабочува во сите сфери на општественото живеење.Убаво е чуството да бидеш опкружен со овие дела на охридските жени сликарки, да бидеш дел од овој спектар на бои и уметнички потези и амбиент  полн со сензибилитет кој зрачи со позитивна енергија. Во секоја од овие слики се крие индивидуалност, но сите заедно имаат универзални пораки и уметнички вредности.Оваа изложба на ликовни дела на жени сликарки од Охрид ни покажува дека жените можат да бидат успешни и како сликари, мајки, сопруги, успешни во бизнисот и во политиката. Нема област во која жените преку постојан  активизам не даваат сопствен печат на општествените текови. Тоа е процес на  општествена еманципација и родова еднаквост, која придонесува за хармонизирање на противречностите и решавање на конфликтите.Локалната самоуправа има континуирана поддршка на женските организации и ги следи актуелните трендови за унапредување на родовата еднаквост.Неодамна донесовме стратегија за родова еднаквост во која се инкорпорирани искуства од најразвиените демократски општества со план на активности кои се во рамките на нашите надлежности– рече претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска.На отварањето на изложбата беа упатени честитки до Жанскиот центар „ Бисера“  по повод прославата на јубилејот, 25 години од основањето, со искрена желба дека ќе продолжат да ги зголемуваат нивните активности и бројот на нивните следбеници.Фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Kolektor_12202019010-900x600

Санација на канализацискиот колектор

ЈП „Колекторски систем“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека од 10.03.2020 ќе се започне со работни активности за санација на канализацискиот колектор со технологија без ископување (CIPP-технологија) и тоа на делот на главниот копнен канализациски колектор од населбата Лагадин до Охрид и на делот на главниот копнен канализациски колектор од Охрид до Струга.Инвеститор на работите е ЈП „Колекторски систем“ Охрид, а работите ги изведува компанијата „ЕКО Теам“ ДОО од Скопје и „ИНД ЕКО“ ДОО од Ријека, Хрватска.Работите ќе се изведуваат следните четири месеци во временски интервал од 0 до 24 часот, а во текот на изведувањето на работите сообраќајот ќе биде делумно ограничен. Се молат граѓаните за разбирање и почитување на привремените сообраќајни регулации.Исто така се молат сите станари да ја проверат исправноста на своите одводни сифони и да ги наполнат со вода како би спречиле евентуални непријатни миризби кои не претставуваат опасност, а кои можат да се појават во текот на санацијата во станбените простори. Се молат станарите во текот на санацијата на колекторот,  да не ги користат канализациските состави или користењето да го сведат на минимум, бидејќи истите ќе бидат вон функција за време на инсталирање на новите цевки.фото:Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

opstina-ohrid

Општина Охрид го имплементира проектот „REACH THE MOUNTAIN“

Општина Охрид ќе го имплементира проектот „Reach the mountain“ кој е одобрен во програмата „People2people“ од постојаната работна група за регионален рурален развој  SWG-RRD.Во рамки на проектот, во месец мај 2020 година, во Општина Охрид ќе биде организирана дводневна работилница за можностите и начините за аплицирање за европски фондови со практични вежби за пополнување на апликации за проектни предлози и еднодневна работилница за диверзификација на економските активисти во регионот, за начинот на воспоставување на нови туристички производи, за вмрежување во прекуграничните региони, промовирање на постечката понуда и успешно спроведување на проекти за планински туризам.Директни целни групи кои треба да земат учество на оваа работилница се претставници на планинарски организации, туристички организации, туристички професионалци, граѓански здруженија, угостителки и сместувачки капацитети, претставници на локалните власти, НП „Галичица“, млади и други заинтересирани страни од Охрид и Ресен.

Македонија | пред 5 години

Studencisko_blato_05032020002

Изготвена студија за валоризација на просторот на студенчишко блато

Општина Охрид изготви „Студија за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје“.Изготвувањето на студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје.Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани експерти од Институтот за билогија на Природно-математичкиот факултет од Скопје, Хидробиолошкиот институт од Охрид како и претставници на други институции.Во студијата е потенцирано големото значење на биолошката разновидност која ја поседува Студенчишкото блато во целокупниот еко систем на Охридскиот регион. Исто така посочени се и актуелните закани за блатото, како и сите препораки за негова соодветна заштита. фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Tribina

Започнаа активностите за изградба на новата трибина на стадионот „Билјанини извори“

Започнаа подготвителните активности за  изградба на новата трибина на Градскиот стадион “Билјанини Извори” во Охрид. Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени.Јавното претпријатие „Билјанини извори“ ги известува сите лица кои до сега ги користеа  кошаркарските терени,  понатамошните спортски  активности да ги продолжат на мултифункционалното игралиште во непосредна близина. Од претпријатието упатуваат апел и до  останатите  активни корисници на  услуги  на отворените терени посебно детските фудбалски школи, да внимаваат на движењето за време на извршувањњето на градежните активности поврзани сo изградбата на новата трибина.Инаку,  трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1480 седишта. Проектот  го реализираат  Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија.фото: ЈП Билјанини извори

Македонија | пред 5 години

KIRIL_PRLICEV_28022020-1

(ФОТО) Свеченост по повод 145 години од раѓањето на Кирил Прличев

Во Прличевата одаја во градската  библиотека, денеска свечено беше одбележана 145 годишнината од раѓањето на Кирил Прличев. На свеченоста се обрати претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, а за ликот и делото на синот на Григор Прличев историски час одржа професорот по историја Климент Спасески.-Се собравме денес овде во Прличевата одаја, да му оддадеме должна почит и да ја одбележиме 145 годишнината од раѓањето на Кирил Прличев, синот на  великиот Григор Прличев. Почестени сме што денес меѓу нас е внукот на Кирил Прличев и заеднички можеме да ја изразиме нашата благодарност за делото на  неговиот дедо и прадедо кои имаат особит белег во историјата на Охрид.Кирил Прличев бил голем македонски патриот,македонски револуционер, публицист, журналист, идеолог и интелекуалец кој не се колебал јавно да ги соопштува и да ги брани своите ставови. Бил образован, се интересирал за книжевноста, говорел и пишувал на неколку јазици и вешто знаел сето тоа да го спои во неговото учество во речиси сите етапи на македонската револуционерна борба.Делото на Кирил Прличев сеуште докрај не е истражено, но како што велат познавачите, тоа е голем предизвик за младите научници. Доколку со чесен и методолошки фундиран начин  се пристапи во проучувањето на делото на Кирил, тогаш ќе се потврдат многу претпоставки за конкретниот придонес на Григор Прличев и неговото семејство не само во книжевноста, просветителската и револуционернта дејност, туку и во вкупните процеси на Македонската преродба.Само големите луѓе можат да го препознаат најважното и реалното во народните преданија. Слушајќи ги преданијата кои му ги раскажувал неговиот татко Григор Прличев, Кирил заедно со професорот Димче Коцо во 1943 година ќе трагаат по темелите на црквата и гробот на Св. Климент Охридски на Плаошник.Во животната приказна на Кирил Прличев има многу засега непознати делови, но едно е сигурно дека во неа има многу симболика. Вечно почиваат заедно со неговиот татко Григор  во гробот што се наоѓа кај црквата Св. Богородица- Перивлепта, светилиштето во кое до возобновувањето на црквата на Плаошник беа сместени моштите на Св. Климент Охридски.Да завршиме со уште една симболика. Ако „Охридскиот Хомер“  ни ги остави во наследство нескршливиот слободарски дух, витешката борба и етичките приципи, тогаш ние како генерација, треба да ги употребиме како клуч за отворање на вратите на иднината –рече Живка Ангелоска, претседател на Советот на општина Охрид.Внукот Кирил Прличев, кој го носи името на својот дедо, се заблагодари за организирањето на свеченоста, а на претставник на охридскиот Завод и Музеј му подари портрет на Кирил Прличев. Претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, на Кирил Прличев му врачи примерок од книгата „ Антологија на ловорот“  која неодамна ја публикува Локалната самоуправа. Во културно-уметничката програма  настапи Ѕвездана Дуцкиновиќ од ОМУ „ Методи Патче“ .фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Saem_Belgrad_0221202001

(ФОТО) Охрид претставен на саемот за туризам во Белград

Во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Општина Охрид ја презентира својата туристичка понуда на 42-от меѓународен саем за туризам во Белград, Србија, кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.Природните потенцијали, уникатното културно богатство и современите туристички капацитети на Охрид како атрактивна дестинација, освен за бројните посетители, биле интересни и за голем број тур оператори и претставници на туристичкиот сектор од неколку европски земји. Голем интерес за Охрид покажале и влијателни медиуми од регионот.Секоја година Белградскиот саем за туризам е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Како резултат на остварените средби и контакти во Израел, поголема бизнис делегација од оваа земја, во текот на наредниот период ќе дојде во посета на Охрид

ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:Меѓународната конференција за иновации во општините, „Muni-World 2020“, која од 19-ти до 20-ти февруари се одржуваше во Тел Авив, Израел беше една исклучителна можност за размена на искуства и запознавање со нови креативни решенија за Smart City, кои се користат во различни сегменти на урбаното живеење во повеќе светски метрополи.Темата на овој важен регионален собир беше „Глобално размислување за урбаната безбедност и иновативноста на општините“. На конференцијата учествуваа повеќе од 1000 општински претставници од 72 земји, 500 градоначалници и лидери на општините, 9000 учесници и повеќе од 200 најдобри високо-технолошки компании за урбана технологија.Во рамки на програмата на конференцијата, заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан, остваривме важни состаноци со министри, пратеници, клучни фигури во локалното управување, претставници на израелската економија, претставници од јавниот и од приватниот сектор.Како резултат на остварените средби и контакти во Израел, поголема бизнис делегација од оваа земја, во текот на наредниот период ќе дојде во посета на Охрид, при што ќе биде рагледана можноста за понатамошна соработка.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.546843292587945/546842759254665/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Retki_blesti_0219202002

Општина Охрид се обои во зелена, розева и сина боја, боите на кампањата за денот на ретките болести

Во одбележувањето на Денот на ретките болести 29-ти февруари, на иницијатива на граѓанскиот активист Гордана Лолеска, општина Охрид ќе се вклучи на уникатен начин. Од вечерва, од 19 часот, па се до 29- ти февруари, зградата на општина Охрид, секоја вечер во траење од 5 часа ќе биде осветлена со зелена, розева и сина, кои се заштитни бои на кампањата за Денот на ретките болести. За прв пат во земјава една јавна институција ке биде осветлена со боите на ретките болести.Овие 5 часа осветлување се симболика за 5% од пациентите со ретки болести низ целиот свет за кои има некаков лек.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Izrael_19022020001

Градоначалникот Георгиески во работна посета на Израел

Градоначалникот Константин Георгиески деновиве престојува во работна посета на Израел.Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот оствари средба со Ран Куник, градоначалник на градот Гиватаим, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двата града и потпишување на меморандум за соработка. Исто така се разговараше и за размена на искуства за искористување на иновациите и техничко технолошкиот развој за подобро функционирање на урбаните средини.Градоначалникот Георгиески ја посети и Опсерваторијата и Центарот за наука, а беше во посета и на едно од деветте основни училишта во Гиватаим, каде што имаше свое обраќање и се запозна со начинот на одвивање на наставата и современите образовни практики.Исто така, во рамки на вчерашниот ден, градоначалникот оствари и значајни средби со претставници на бизнис секторот на Израел, а беше во посета и на Smart City центарот во Универзитетот „Бар Илан“ во Тел Авив. Заедно со Амбасадорот на Израел во Република Северна Македонија, Дан Оријан градоначалникот проследи презентации за Smart City платформите за сообраќај и јавно осветлување кои се користат во различни урбани центри и метрополи во светот.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

IPARD_0213202002

Поголема искористеност на ИПАРД програмите за земјоделските активности

Претставници од Секторот за Туризам и локален економски развој при општина Охрид   беа дел од   обуката   за диверзификација на фармите, автохтони видови на домашен добиток и органско производство во функција на рурален развој и нови можности за користење на ИПАРД програмите за рурален развој,  што вчера се одржа во Охрид.На обуката акцент беше ставен на ИПАРД програмите кои представуваат извонредна можност за диверзификација на руралните земјоделски активности, а производството и пласманот на органските производи во секторот на алтернативниот туризам представуваат најпрепознатлив бренд на локалниот туризам. Беше истакнато дека  можностите што ги дава ИПАРД програмата, и диверзификација на активностите преку поврзување на аграрот, органското производство и туристичката понуда се евидентни и сеуште  недоволно искористени од мал број на  аграрни и рурални семејства. Немањето информации или потребата од стручни и консалтинг услуги во подготовка и имплементација на проектите се најголемите проблеми со кои се соочуваат потенцијалните корисници.На средбата  присутните беа запознаени  со органското земјоделство и неговите предности за растителните  и животински видови кои се изложени  на болести и прилагодливи на локалните климатски услови. Моментално се соочуваме со најголемата појава на почвена ерозија досега, предизвикана од модерното земјоделство кое практикува интензивнa употреба на хемикалии врз почвата. Изумирањето на голем број видови  е еден од нашите најважни еколошки проблеми. Многу органски земјоделци со децении, собираат и зачувуваат стари семиња и одгледуваат невообичаени сорти.Органското земјоделство е добро за животната средина, подобро за бизнисот, има поголема енергетска ефикасност и повкусни производи.Органското земјоделство ги одржува руралните заедници витални. Тоа може да биде еден од начините за опстанок на една фамилијарна фарма и одржување на руралните заедници. Зголемувањето  на побарувачката на органски производи од руралните заедници дополнително ќе ја зајакне нивната финансиска состојба.Учесниците на настанот   добија   сертификати за стекнато знаење  кое  ќе им е корисно и потребно во аплицирање на ИПАРД програмите.Обуката е дел од годишната програма за работа на Секторот за ТЛЕР.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

POSETA_SOFIJA_13022020

Градоначалникот Георгиески во работна посета на Софија

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града и за можна идна соработка на заеднички проекти.Исто така на средбата се потенцираше и можноста за искористување на бугарските искуства во подготовка на проекти за аплицирање на различни програми од претпристапните фондови на Европската Унија.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

tab

Георгиески: ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар

ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиски:ОСУ „Свети Климент Охридски“ деновиве доби нов училишен инвентар. Во сите училници, старите зелени табли за пишување се заменети со нови училишни бели табли.Исто така набавени се 120 столчиња, 100 училишни клупи и спортска опрема која е наменета за спортските активности во рамки на наставата.Вкупната инвестиција за набавка на училишната опрема изнесува 300.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.541481186457489/541480583124216/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Презентација на „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид

На ден 14.02.2020 година, петок во 12:00 часот во големата сала на општина Охрид ќе се одржи презентација за изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ во економијата на општина Охрид.Предавачи на темата ќе бидат Проф. Д-р Цветко Андреески и Проф. Д-р Александар Трајков кои ќе зборуваат за значењето на економските влијанија на туризмот во општина Охрид, организацијата на туризмот во Охрид како туристичка дестинација (ДМО-дестинациска менаџмент организација), структурата на потрошувачката во општина Охрид и влијанието врз националниот БДП, анализа на влијанието врз развојот на руралните области во општина Охрид, анализа на објектите за сместување и сервисни дејности со храна во општина Охрид  и за карактеристиките на пазарот на труд (вработеноста) во туристичкиот сектор во општина Охрид.Се покануваат сите заинтересирани туристички работници, приватни стопанственици, производитети и заинтересирани граѓани  да присуствуваат  на оваа презентација.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

11022020_VRSM_7_sednica_na_Vlada2

Владата ја усвои информацијата за работата на мониторинг мисијата на УНЕСКО за Охридскиот регион

На редовната 7-ма седница што се одржа во Охрид, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информација за присуството на Реактивната Мониторинг Мисија на УНЕСКО.Владата го задолжи Претседателот на Националната Комисија за УНЕСКО да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која што во рок од 10 дена треба да изработи предлог решение за усогласување на режимите на заштита на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.Во врска со оваа точка Министерството за транспорт и врски доби задолжение да формира работна група од претставници на Министерството за култура, Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за Катастар на недвижности на Република Северна Македонија, Општина Охрид, Општина Струга, Општина Дебрца, Управата за заштита на културното наследство и Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, која во рок од 10 дена ќе изработи акциски план за постапување по Инвентарот за бесправно изградени објекти и спроведување за соодветните студии, и за истото да ја информира Владата на Република Северна Македонија.Владата им препорача на Советот на Општина Охрид, Советот на Општина Струга и Советот на Општина Дебрца да ги продолжат одлуките за времен мораториум за градба во заштитената зона донесени во август 2019 година, се до усогласување на постоечките планови со режимите за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029).Како дел од заклучоците во однос на оваа точка, Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија доби задолжение да формира работна група од претставници на ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ, Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина и Министерството за култура, која што во рок од 10 дена треба да изработи техничка спецификација за анализа на потенцијалната алтернативна железничка рута, предложена во Извештајот на Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО од 2017 година.На оваа седница беше разгледана и усвоена информацијата за извршен инспекциски надзор на изградба на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, како и информација за преземените активности на овластените градежни инспектори за наведените подрачја, на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Северна МакедонијаВладата не го прифати приложениот извештај на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и го задолжи да изврши нов увид на бесправно доградените објекти во јадрото на Старата Скопска Чаршија.Во врска со оваа точка, Владата ја задолжи Агенцијата за катастар да достави визуелен приказ на заштитеното јадро и да ги маркира објектите за кои постои сомневање дека се бесправно доградени.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања