„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

Нема фотографија

Кризен штаб Охрид: Во текот на изминатите 24 часа, на територијата на Охрид, влегле над 300 моторни возила од други општини

ВАЖНО⚠️Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, беа донесени следните заклучоци➡️Од утре (четврток) пред сите поголеми маркети на територијата на Општина Охрид од страна на Кризниот штаб ќе бидат поставени редари кои ќе имаат за задача да спроведуваат ред и ограничување на бројот на лица кои влегуваат во маркетите, во согласност со препораките за превенција од Ковид 19.➡️Најголемиот производител на леб и бели печива во Охридскиот регион "Жито Леб" ќе се приклучи во хуманитарната акција за доставување на основни прехранбени намирници до најзагрозените семејства, која беше иницирана од Кризниот штаб на Општина Охрид.Започнувајќи од утре (четврток), секој работен ден во попладневните часови, Мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст ќе подигнуваат прехранбени пакети од "Жито Леб" и ќе ги доставуваат до најзагрозените и социјално ранливи семејства, по утврден список на Црвен Крст.➡️Беше заклучено дека се потврдија очекувањата, поради која Кризниот штаб на Општина Охрид, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, непосредно пред велигденските празници.Според евиденцијата на членовите на Кризниот штаб, во текот на изминатите 24 часа, на територијата на Општина Охрид е регистриран влез на повеќе од 300 моторни возила со регистарски таблички од други општини. Од оваа бројка се исклучуваат возилата кои се од соседните општини на Општина Охрид.Врз основа на оваа состојба и очекувањата дека во текот на следните два дена, оваа бројка ќе биде значително поголема, се упатува⚠️❗АПЕЛ ❗⚠️до сите граѓани кои туристички престојуваат во викенд становите и куќите на територија на градот Охрид и крајбрежните населени места, да се придржуваат до сите препораки за превенција и заштита од Корона вирусот Ковид-19. Се апелира особено да се почитува Полицискиот час, забраната за групни собири и прослави, препораката за држење на соодветно растојание на јавен простор, соодветно депонирање на отпадот и носење на соодветна заштитна опрема.Да бидеме совесни и одговорни! Да го зачуваме сопственото и јавното здравје.#ОхридСедиТдомаhttps://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/579804339291840/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ) Георгиевски: Бараме од Владата да воведе забрана на влез на жители од други општини во Охрид

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, истакна во своето видео обраќање градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна, вели градоначалникот.Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид, со тоа што ќе се оневозможи и редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на општина Струга и селата од струшкиот регион каде што бројот на заболени од Ковид 19 секојдневно расте. Ова особено се однесува на градежни работиници кои работат на градежни објекти во Охрид, а потекнуваат од струшкото кризно подрачје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Ohrid-2

Охридскиот кризен штаб бара Владата да забрани влез на жители од други општини во Охрид

⚠️🆕📌Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.➡️Оваа мерка е неопходна непосредно пред Велигденските празници, со цел да се намали, односно да се оневозможи посетата на градот за туристички, верски и рекреативни цели. Барањето се заснова и на фактот што во Охрид и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор и викенд престој. Врз основа на најавите за поволните временски услови кои се очекуваат во текот на наредните две седмици, оваа мерка е навистина неопходна.➡️Оваа мерка значително ќе придонесе и за намалување на ширењето на вирусот и заштита на граѓаните на Охрид, со тоа што ќе се оневозможи и редовна комуникација и фрекфенција на граѓаните од територијата на општина Струга и селата од струшкиот регион каде што бројот на заболени од Ковид 19 секојдневно расте. Ова особено се однесува на градежни работиници кои работат на градежни објекти во Охрид, а потекнуваат од струшкото кризно подрачје.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/576430416295899/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

biljanini

(ФОТО) Се дезинфицираат влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид

⚠️Согласно препораките за превенција од Ковид 19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Општина Охрид.Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини Извори“.➡️Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во останатите станбени комплекси на територијата на општината, Објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.575728399699434/575728106366130/?type=3&theaterФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Важно известување од кризниот штаб на општина Охрид!!!

Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со  мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија за ограничено движење, беа донесени следните заклучоци:Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Охрид кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Охрид на следната електронска адреса krizen.stab@ohrid.gov.mk најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.Се упатува известување до сите Аптеки на територијата на општината кои ќе работат за време на Полицискиот час за време на викендот, задолжително да ги испратат потребните податоци на електронска адреса krizen.stab@ohrid.gov.mk најдоцна до утре (среда) до 12 часот. Ова е потребно за навремена координација со мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст и СВР Охрид.Се упатува апел до филијалите и експозитурите на сите банки кои работата на територијата на Општина Охрид да обезбедат редарски мерки за клиентите кои чекаат на шалтерите и пред влезовите на банките, како и за банкоматите кои се наоѓаат пред објектите на банките.Се упатува препорака до маркетите да вршат задолжителна дезинфекција на објектите во утринските часови, пред почетокот на работното време.Се упатува известување до сите граѓани на Охрид кои имаат потреба од движење за итни и неодложни потреби за време на траењето на Полицискиот час за време на викендот да испратат барање до СВР Охрид до утре (среда) до 12 часот.Кризниот штаб на Општина Охрид упати барање до Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да изнајде решение за редуцирање или ограничување на движењето на граѓаните од Охрид кон Струга и обратно, со цел поголема заштита и превенција на граѓаните.БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС БАРАЊЕ ЗА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Во општина Охрид се одржа координативен состанок со претставници на сите здравствени институции од подрачјето на Општина Охрид

Во насока на исполнување на оперативните мерки за соодветно и навремено делување при справувањето со Корона вирусот Ковид 19, денеска во просториите на Локалната самоуправа беше одржан координативен состанок со претставници на сите здравствени институции од подрачјето на Општина Охрид, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение градоначалникот пишува:📄На состанокот беше дефиниран оперативниот план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од болничко лекување, согласно утврдените протоколи од страна на Министерството за здравство и препораките на Светската здравствена организација.Беше утврдено дека👇🏨Направени се сите потребни подготовки за навремено делување на Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ Општа Болница. Ова ќе биде оддел каде што ќе се згрижуваат пациентите со потешка клиничка слика и потреба од интензивно лекување.🧪Целокупната медицинска опрема, ресурси и капацитети за интензивна нега кои што ги поседуваат сите здравствените установи ќе биде на располагање при лекувањето на потенцијалните пациенти во Одделот за интензивна нега во Општата болница👩‍⚕️ Целокупниот медицински персонал од јавните здравствени институции, кој според проценките е во доволен број, ќе биде ставен на располагање за навремено и тековно делување, согласно протоколите👩‍🔬Формирани се тимови од доктори и медицински персонал кои имаат големо искуство во интензивната нега и истите ќе бидат ангажирани за интензивен болнички третман во изолација. За оваа намена обезбедена е соодветна заштитна опрема↔️Утврдена е и логистика за координирање помеѓу сите надлежни институции, со цел да бидат ставени на располагање сите ресурси и заеднички да се придонесе за посоодветно надминување на оваа состојба.❗На состанокот беше утврдено да се упати ЈАВЕН АПЕЛ до сите граѓани на Општина Охрид да покажат највисоко ниво на јавна свест, да ги почитуваат сите препораки за заштита од Корона вирусот Ковид 19 и покрај поволните временски услови да останат во своите домови.Само така ќе можат да помогнат и да придонесат за зачувување на своето здравје, здравјето на најблиските и целокупното јавно здравје.ДА БИДЕМЕ ОДГОВОРНИ!ОД СИТЕ НАС ЗАВИСИ!фото: ФБ Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

kosta-1

Георгиески од ЈЗУ „Општа Болница“: Подготвуваме оперативен план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од интензивно лекување

Заедно со колегите на ЈЗУ „Општа Болница“ и останатите здравствени установи во општина Охрид, подготвуваме оперативен план за згрижување на пациенти кои ќе имаат потреба од интензивно лекување, објави на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во текот на утрешниот ден ќе Ве информираме за повеќе детали околу потребните превентивни подготовки кои ќе бидат направени, како и за планот за организирано делување согласно потребите.❗Заедничката соработка и посветеност е клучна за поефикасно надминување на ваквите состојби, напиша градоначалникот Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/563441697594771/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

kosta

Георгиески детално за заклучоците кои ги донесе Советот на Општина Охрид

ФБ статус на градоначалникот Константин Георгиески:Во рамки на оперативните мерки кои ги презема Локалната самоуправа за превенција од ширење на Корона вирусот Ковид-19, на 41-та седница на Советот на Општина Охрид која се одржа денеска беа донесени следните заклучоци👇1️⃣Советот на Општина Охрид ги задолжува сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид да ги испитаат законските регулативи и можности за донесување на соодветни мерки за олеснување на обврските спрема правните субјекти и физичките лица кои што во согласност со мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од страна на Владата на РСМ имаат забрана за извршување на својата дејност и за период од десет дена да достават информација до Градоначалникот и Советот на Општина Охрид.➡️Дали постои законска можност да не се испорачуваат фактури од јавните претпријатија кон коминтентите во периодот кога не обавуваат дејност.➡️Дали постои законска можност да не се пресметува казнена камата за извршени плаќања на сметките после утврдениот законски рок, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од Владата.2️⃣Советот на Општина Охрид ги задолжува Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште и Секторот за даноци и комунални такси да ја испитаат законската регулатива за периодот за кој правните субјекти и физичките лица не ја обавуваат дејноста врз основа на донесените мерки од Владата за справување со Корона вирусот Ковид-19, да бидат ослободени од надомест за краткотраен закуп и комунална такса.3️⃣Советот на Општина Охрид ја задолжува правната служба во рамки на локалната самоуправа да ја испита законската можност за времено запирање на присилната наплата и извршните побарувања и пресметување и наплата на камата и пенали на правните субјекти и физичките лица кои што по кој било основ се засметуваат од страна на Општина Охрид, во периодот додека траат мерките и препораките за заштита од Корона вирусот Ковид-19 донесени од страна на Владата.

Македонија | пред 5 години

kosta

Општина Охрид презема оперативни мерки за справување со корона вирусот

Согласно состојбата со Корна вирусот и мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, денеска, градоначалникот Константин Георгиески, одржа неколку состаноци со директорите на сите јавни претпријатија, директорите на здравствените установи, претставник на матичните лекари, раководителот на пазарна инспекција – Охрид и директорите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ и Студентскиот дом „Никола Карев“ на кои беше одлучено да се преземат оперативни мерки. Во продолжение се наброени преземените чекори и дополнителните кои што во наредниов период ќе се преземат:– Изминатава недела целосно се изврши вонредна дезинфекција на сите објекти од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“,– Од денес започна дезинфекцијата на основните училишта „Григор Прличев“, „Братство Единство“ и „Методи Патче“, а до крајот на недела ќе се изврши дезинфекција на преостанатите основни и средни училишта,– Исто така изминатава недела се изврши дезинфекција и на Градскиот пазар,– Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ врши миење на улиците низ градот со средство за дезинфекција,– Локалните и меѓуградските возни линии се редуциират. Новиот возен ред ќе биде објавен на општинската веб страница,– Возилата на општинските линиски превозници секојдневно се дезинфицираат, а возачите задолжително носат маски и ракавици, додека на такси превозниците им препорачуваме да ги следат мерките кои што важат за општинските линиски превозници,– Локалната самоуправа од денес ќе работи редуцирано со странки од 09 до 11 часот и тоа само преку архивата на општина Охрид,– Од денеска ЈП „Билјанини извори“ ги повлекува вработените кои што работат на градските паркинзи, а наплатата ќе се врши само по електронски пат,– Од денеска основците и децата од претшколска возраст ќе имаат можност да ги следат едукативните содржини кои што ќе се емитуваат на трите канали на националниот сервис МРТВ, а содржини кои се изведени од актуелните наставни програми,– Дополнително министерството за образование во соработка со бирото за развој на образованието, работи на решение за сличен модел и за повозрасните ученици– Општина Охрид во соработка со Црвен Крст, ќе издвои 300 000 за помош на лица од социјално ранливи категории кои што ќе се во изолација, за основни прехранбени продукти и средства за хигиена,– Во соработка со Црвен крст – Охрид, општина Охрид дополнително формира мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица, на лицата со специјални потреби и на сите оние кои имаат потреба од помош и било каква друга поддршка на подрачјето на општина Охрид и да им излезат во пресрет за прехрамбени производи, продукти  за хигиена и лекови,– Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви од Црвен крст – Охрид: 046/ 261 – 909, 070/ 315 – 309, специјалниот број 13 – 112, 070/ 989 – 806 и 070/ 354 – 712,– На истите броеви граѓаните може да пријават одредени неправилности и непостапување по мерките кои што ги има донесено Владата на Република Северна Македонија и може да пријават лица кои што треба да бидат во самоизолација, а не ја применуваат,– Медицинската опрема (термометри, пулсоксимометри, спирометри, мобилни ЕКГ апарати, апарати за притисок, глукометри, стетоскопи..) набавена преку проектот „Cross 4all“ ќе им биде ставена на располагање на медицинските установи од градот,– Два објекти (ученичкиот дом „Ванчо Питошески“ со 38 соби и студентскиот дом со околу 30 соби) по потреба ќе бидат пренаменети во обејкти за изолација и карантин за лесни случаи, (Општина Охрид ќе учествува во набавката на заштитни скафандери за здравствените установи)Ваквите состаноци ќе продолжат се до надминување на состојбата со Корна вирусот.

Македонија | пред 5 години

opstina-ohrid

Општина Охрид формира посебни мобилни тимови

Со одлука на градоначалникот на Охрид, од денес на територијата на општина Охрид, почнуваат да функционираат мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица и на лицата со специјални потреби да им излезат во пресрет за прехрамбени производи, продукти  за хигиена и лекови или доколку  имаат потреба од помош или било каква друга поддршка.Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви: 070 / 98 98 06 и 070 / 354 – 712.Тимовите се составени од по двајца вработени во Локалната самоуправа и им е ставено на располагање општинско возило кое ќе можат да го користат за потребите на граѓаните.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

parking-oh-300x150

ЈП Билјанини извори ги повлече сите вработени на паркинзите од своите работни места

ЈП Билјанини Извори следејќи ја ситуацијата поврзана со корона вирусот а во насока на заштита на здравјето на вработените на градскиот паркинг донесе одлука од денес до 24 март да ги повлечи сите вработени на паркинзите од своите работни места. Имено станува збор за работни места кои се директно изложени на комуникација со голем број на граѓани така што оваа одлука се носи како превенција во насока на заштитата на здравјето на вработените а со тоа и на пошироката јавност.Сите дополнителни информации или барања во делот на јавниот градски паркинг сите заинтересирани граѓани, институции и компании можат да го направат на нашиот официјален e-mail : biljaniniizvori@gmail.com или на следниот телефонски број 078/298-359.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vodovod

Апел од ЈП Водовод: Плаќањата да се вршат во банките електронски или на веб страната за електронско плаќање

Согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот COVID 19 , ЈП ВОДОВОД Охрид испраќа апел до сите корисници на услугите, во  наредниот период доколку е возможно да се избегнува физичко присуство  односно за сите потребни информации да се користат телефоните за контакт : 046/ 250 -120 , 046/230-020, 046/254-179 , дежурна служба за  интервенции 075/212 -901 , официјалниот мејл:javnost@vodovod-ohrid.com.mk а уплатите најдобро е да се вршат во банките електронски или на веб страната за електронско плаќање www.evodovod-ohrid.com.mk *****Шалтерите за наплата во наредниот период ќе работаат со ново работновреме и тоа:- Дирекција од 08:00 - 14:00 ч.- Наплатен центар Корзо : од 08:00 - 18:00 ч.- Наплатен центар Комуналец (градски пазар) од 08:00 - 18:00 ч.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

Избрано идејно решение за дизајн на промотивен материјал за Општина Охрид

Во постапката за спроведување на конкурс бр. 26-891/1 од 27.01.2020 година, за идејно решение за дизајн на промотивен материјал на општина Охрид, комисијата за избор на идејно решение и дизајн, ги информира учесниците на конкурсот за следното:До крајниот рок за поднесување на предлозите 27.02.2020 година, пристигнале три (3) предлози.Комисијата за избор на идејно решение и дизајн во соодветна постапка согласно конкурсните услови и конкурсните критериуми донесе одлука  бр.09-2932/1 од 10.03.2020 година, за избор и рангирање на пристигнатите идејни  решенија, при што за најуникатно, најиновативно, естетски најпрепознатливо, најоригинално и најизводливо е избрано идејното решение на авторот со шифра ИП (IP) со вкупно освоени 152 бодови,На второ место со вкупно освоени 120 бодови е идејното решение на авторот со шифра ИО.Од страна на комисијата не беа оценувани идејните решенија на авторот под шифра 33554, бидејќи беше констатирано дека истиот не доставил решенија за целокупниот  материјал согласно конкурсот.Согласно условите на конкурсот, ги повикуваме авторите на наградените идејни решенија во рок од 7 дена да се јават во секторот за ТЛЕР кај претседателот на комисијата Горан Мицкоски, со лични податоци и печатена копија од доставените примероци на конкурсот, како потврда за автентичност.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

kolektorski_sistem_Ohrid

Ќе се чисти секундарната канализациона мрежа на ул. „7 ми ноември“ во Охрид

Од понеделник (16.03.2020), фирмата „Еко Тим“ започнува со чистење на секундарната канализациона мрежа на ул. „7ми Ноември“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ до кружниот тек кај „Охридска Банка“.Заради овие активности, граѓаните кои живеат на овој потег треба сифоните да ги остават полни со вода за да не дојде до непријатни миризби. Исто така апелираме граѓаните да имаат разбирање поради евентуалниот сообраќаен метеж кој би настанал.Фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

40_sednica_12032020002

Заврши четириесеттата седница на Охридскиот совет

Со обемен дневен ред од 65 точки, дополнет со уште три нови, денес се оддржа четириесетттата седница на Советот на Општина Охрид. Во најголем број точките од дневниот ред се однеуваа на усвојување на извештаи за работата на општинските сектори и одделенија, јавните претпријатија, училиштата и Територијалната противпожарна единица. Сите точки на дневниот ред беа усвоени, освен дополнителните, кои се однесуваа на предлозите за изработка на локална урбанистичка планска документација во КО Долно Лакочереј и одлуката за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и начинот на спроведување на постојните урбанистички планови.фото: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања