„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

ZIVKOCINGO

Пригодна свеченост во чест на Живко Чинго

Со доделување на наградата за најдобар расказ на Јована Матевска Атанасова, денеска беше одбележана 85 годишнината од раѓањето на Живко Чинго и годишнината од неговата смрт.Поради актуелната здравствена криза со Корона вирусот „Ковид 19“ оваа година беше изоставено организирањето на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ и беше организирана само пригодна свеченост пред спомен обележјето на овој голем литературен деец, во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти.Покрај делегацијата на Општина Охрид предводена од претседателката на советот Живка Ангелоска, свежо цвеќе пред спомен обележјето положија и членови на фамилијата на Живко Чинго, претставници на ОУ „Живко Чинго“ и Сојузот на борци.Во рамки на свеченоста, пред присутните свое кратко обраќање имаше годинешниот добитник на наградата за најдобрар расказ, Матевска Атанасова која искажа голема благодарност до Општина Охрид и истакна дека оваa награда за неа претставува голема чест и поттик за понатамошно творештво и создавање на нови литературни дела.

Македонија | пред 5 години

asfalt-1

Втор асфалтен слој на „Прва Македонска ударна бригада“

Во тек се интензивни градежни активности од последната фаза за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“.Денеска започна поставувањето на вториот асфалтен слој на коловозот, а според планираното, утре се очекува да заврши комплетното асфалтирање на улицата.Претходно, работните екипи на терен, беа ангажирани за уредување на тротоарите со бехатон плочки и нови рабници.Вредноста на проектот за реконструкција на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ е 12.952.424 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

Македонија | пред 5 години

opstina-ohrid

Се поништува јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризам за 2020

Јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2020 година кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 22.01.2020 година се поништува.

Македонија | пред 5 години

opstina-ohrid

Се поништува јавниот повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид

Јавниот повик за откуп на фотографии со мотиви од Охрид кој го објави Секторот за Туризам и ЛЕР при општина Охрид на 27.01.2020 година се поништува.

Македонија | пред 5 години

forumska

Одржана петтата форумска сесија од форумот на заедниците во Општина Охрид

Во просториите на општина Охрид, денес, се одржа петтата форумска сесија од форумот на заедниците во општина Охрид. Претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, изрази благодарност до сите инволвирани страни во реализацијата на проектите.-Форумот како една од најефикасните алатки на париципативната демократија и еден од најдобрите методи за вклучување на граѓаните во процесот на носење на одлуки на локално ниво е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, кој нашата општина го имплементираше во соработка со УНДП и Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија. Особено ме радува фактот што граѓаните, претставниците на невладиниот и бизнис сектор од Охрид покажаа интерес да се вклучат во овој процес и да соработуваат со претставниците на Советот на општина Охрид и општинската администрација, при што заеднички, преку тематски работни групи беа изготвени седум предлог проекти посветени на  социјалната инклузија. Оваа можност ја користам да Ви се заблагодарам за вложениот труд и ангажман во реализацијата на проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“, кој беше финасиран со средства кои обезбедени од УНДП и Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци, истакна претседателката Ангелоска.Со проектот беа опфатени реновирање на надворешните скали кои водат до големата сала во општината, поставена е хирдраулична платформа со која се овозможи полесен пристап на лицата со телесен инвалидитет. Исто така се реновира и големата сала, се опреми со нов мебел, електрична инсталација, осветлување и опрема за пренос на седниците во живо со што се обезбеди поголема транспарентност.

Македонија | пред 5 години

Prva_Makedonska_Udarna

Ќе се поставува втор асфалтен слој на улицата „Прва Македонска ударна бригада“

Поради изведување на градежни активности за поставување на вториот асфалтен слој на коловозот, улицата „Прва Македонска ударна бригада“ од крстосницата со улица „Питу Гули“ до „Стобекс“ ќе биде затворена за сообраќај од 5 часот на 13.08.2020 година (четврток) до 14.08.2020 година (петок), до комплетно завршување на предвидените активности.Се упатува апел до граѓаните навремено да ги отстранат паркираните моторни возила и да користат алтернативни улици за сообраќање во овој дел на градот. 

Македонија | пред 5 години

dezinsekcija

Известување до Охридските пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината ЈЗУ Центар за јавно здравјe ги известува граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 13.08.2020 год.(четврток)  ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, просторот  на река Грашница и Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Македонија | пред 5 години

gradezni-raboti

Известување за жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“ во Охрид

Се известуваат жителите на населбите „Христо Узунов“ и „Даме Груев“,  дека гредежните активности за уредување на на крак од улицата „Даме Груев“ кон населбата „Христо Узунов“ продолжуваат во понеделник (10.08.2020) од 09 до 16 часот со поставување на втор слој асфалт.Затоа потребно е  жителите од овој дел на градот да ги отстранат возилата за непречено одвивање на градежните активности, а дополнително кракот на улицата „Даме Груев“ што води кон населбата „Христо Узунов“ ќе биде затворен за сообраќај во наведениот период. 

Македонија | пред 5 години

Vecer_Zivko_Cingo_

Јована Матевска Атанасова е авторот на наградениот расказ на конкурсот во чест на „Живко Чинго“

Јована Матевска Атанасова е авторот на расказот „Гладоморје“, кој годинава, од страна на стручното жири беше издвоен како најдобар на Конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“.Јована Митевска АтанасоваМатевска Атанасова по професија е Дипломиран психолог. Автор е на романите „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“ кој е награден на конкурсот за поддршка на млади талентирани автори на фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО. Учествувала на регионални и меѓународни конкурси и добила повеќе награди, меѓу кои најзначајни се наградите во 2015 и 2016 година, на реномираниот и традиционален конкурс за краток расказ кој го распишува весникот „Нова Македонија“ за насловите „Двете дланки“ и „Нештовина“.Во 2018 нејзиниот расказ „Индигото на бесот“ влегува во збирката на регионалниот конкурс „Бибер 2“ и е преведен на 3 јазици.

Македонија | пред 5 години

Konsko

(ФОТО) Градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“

Во текот на изминатите неколку дена се изведуваат градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Со изградба на потпорните ѕидови се решава долгогодишен проблем на жителите во двете населени места и се надминува опасноста од појавување на свлечишта.Овие градежни активности се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште во делот за Изградба на потпорни ѕидови и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени вкупно 3,5 милиони денари.Според планираното, во текот на наредниот период ќе се градат потпорни ѕидови и на уште неколку критични локации во општината, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.650183192253954/650183035587303/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Vecer_Zivko_Cingo_

Расказот „Гладоморје“ добитник на наградата Живко Чинго

Расказот „Гладоморје“ под шифра „Квечеруваме“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2020 година што Општина Охрид ја доделува по повод одбележувањето на Традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.По распишаниот Конкурс на општина Охрид за најдобар расказ за Живко Чинго до жири комисијата во состав, проф. д-р Димитар Пандев- претседател, проф. Славе Ѓорѓо – Димоски член и Григор Стојкоски – член, пристигнаа 78 раскази од кои 7 не ја исполнуваа анонимноста на конкурсот.Жири комисијата избраа десет раскази во поширок и четири раскази во потесен избор. На работниот состанок одржан на 05.08.2020 година, едногласно беше одлучено наградата Живко Чинго за 2020 година да му припадне на расказот „Гладоморје“ под шифра Квечеруваме.„Гладоморје“, претставува нов тип истражувачко искуство во македонската проза засновано врз принципот на асоцијативност, имагинативност со можна алегорија која упатува на универзални концепти на современото живеење во кое насилството хиерархиски се издигнува над другите примитивни човекови опстојби.Авторот на расказот со четвртиот примерок најдоцна до 11.08 2020 година треба да дојде во просториите на општина Охрид и да го докаже своето авторство. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Градоначалникот Георгиески, денес оствари средба со охридската атлетичарска надеж Јован Стојоски

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со охридската атлетичарска надеж Јован Стојоски, кој е член на атлетичарскиот клуб Охрид.На средбата беше разговарано за постигнатите резултати, како и тековните подготовки на Јован за претстојните натпреварувања. Градоначалникот изрази благодарност за промоцијата на Охрид, што Јован ја прави со своите резултати на меѓународните натпреварувања и даде ветување дека Локалната самоуправа ќе даде финансиска и логистичка поддршка, кои се од големо значење за учество на Европското и Светското првенство.Јован Стојоски е актуелен државен првак на 100,200 и 400 метри и воедно е и олимписка надеж. Тој е носител на четири државни рекорди на 200 и 400 метри во сала и на отворено, а на последното Европско првенство го освои шестото место на 400 метри.

Македонија | пред 5 години

Plaza

Изречени казни на 10 правни субјекти на Охридското крајбрежје во Градиште и Свети Стефан

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.При контролите, во автокампот и плажата „Градиште“ од страна на општинските инспектори, кај 5 правни субјекти е констатирано прекршување на Членот 161-а од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од 7.000 евра во денарска противредност. Глобата е изречена за незаконско поставување на урбана опрема-тераси со и без настрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето, на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така, од страна на општинските инспектори е утврдено прекршување на Членот 161-а од Законот за градење и изречена e глоба во износ од 7.000 евра во денарска противредност за 5 правни лица.Инспекторатот при Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби.

Македонија | пред 5 години

Ohrid-1-1

Георгиески: Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите - вонредни активности за чистење на Охрид

Поради ниската еколошка свест и несовесното однесување на голем дел од гостите кои престојуваат во Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ спроведуваат секојдневни вонредни активности за чистење на повеќе јавни локации во градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Градоначалникот додава:Освен отстранување на несоодветно депонираниот отпад, секое утро се врши и чистење на градскиот парк, градскиот кеј, чаршијата, плоштадот, пристаништето, стариот дел на градот и пешачката патека кон Горица.Ваквите активности за одржување на јавната чистота во градот, ќе продолжат интензивно и во текот на наредниот период.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.647691692503104/647691282503145/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Kosta

Георгиески: Одбележувајќи ги двата Илиндена1903 и 1944, ние славиме за поставување на темелите на македонската државност

Градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески  на  сите  oхриѓани  и останати граѓани на  Република Северна Македонија им го честита   2-ри август, Денот на Републиката.– Одбележувајќи  ги двата Илиндена  1903 и   1944, ние   славиме за поставување на темелите на македонската државност. Денес се потсетуваме на херојските дела на сите илинденци и борци  кои  со  своите животи ја   испишаа  македонската историја ,а нивните идеали за слобода и независност станаа наша реалност .Многу години по Илинденското востание и Првото Заседание на АСНОМ  чекорејќи по стапките и водејќи се  според идеалите на нашите херои , обединети и сложни  продолжуваме  посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество. Рамо до рамо со модерните демократски држави сме дел од НАТО и смело чекориме кон рамноправно членство во Европската Унија. Продолжуваме посветено и одговорно да ја надградуваме и развиваме нашата татковина во сите сегменти од општественото живеење со цел да обезбедиме подобра иднина за сите нас и нашите поколенија . Нека ни е честит и вековит 2- ри август, Денот на Републиката.  

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања