„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

media-library10rh3ijr5hi83TLtPSG

Четири ленти, нови тротоари и заштитно зеленило – стартува проектот за „Македонско-косовска бригада“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.Според него, станува збор за значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот. Проектот предвидува четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по два метри.Во рамки на изградбата е планирано и поставување заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и проширување на просторот кај автобуските стојалишта, со цел подобрување на јавниот превоз и зголемување на безбедноста на патниците.„Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура. Секоја инвестиција треба да значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овој проект се создава нов, позелен и поорганизиран урбан простор.Тој најави дека со подобрувањето на временските услови напролет ќе започне поинтензивна реализација на инфраструктурни проекти низ градот, со цел, како што посочи, рамномерен развој во сите општини.

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryp6p9kt237kud8gtSvsy

Ѓорѓиевски по изборот во Извршниот комитет: Должност што се прифаќа со исправен грб и целосна посветеност

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со јавно обраќање ја изрази својата благодарност за укажаната доверба да биде избран за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека станува збор за должност што се прифаќа со целосна одговорност, исправен грб и подготвеност за пожртвувана работа во интерес на државата и граѓаните.Ѓорѓиевски нагласи дека довербата добиена од претседателот Христијан Мицкоски за него претставува чест, но и обврска за уште поголема посветеност кон визијата за подобро Скопје и посилна Македонија. Тој потсети дека патот до овој момент не бил лесен и дека политичките победи не биле подарени, туку освоени со истрајност, жртва и верба, што, според него, ја зацврстило и ја обединило партијата.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски се наврати и на својата лична политичка биографија, посочувајќи дека неговата приказна со ВМРО започнала уште на 16-годишна возраст, кога бил претседател на местен комитет, по што чекор по чекор минувал низ сите партиски нивоа до членство во највисокото партиско тело. Тој истакна дека токму тешките периоди го градат карактерот, а лидерството се докажува кога условите се најпредизвикувачки.Ѓорѓиевски порача дека актуелното раководство, рамо до рамо со претседателот на партијата, има јасна намера да остави траен белег и да ја испише историјата, потенцирајќи дека периодот што следи ќе биде обележан со интензивна работа заедно со општинските комитети, партиските ветерани, Унијата на млади сили и Унијата на жени. Според него, фокусот ќе биде ставен на мотивирана, обединета и цврста политичка акција во интерес на граѓаните, идните генерации и развојот на државата, со уверување дека Македонија ја очекува убава иднина.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Над 2 милиони евра се платени на некој што имплементирал нефункционален систем во ЈСП, рече Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седница на Град Скопје изјави дека над два милиони евра се исплатени на субјект кој имплементирал нефункционален систем во Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, нагласувајќи дека токму поради тоа претпријатието со години трпи сериозни финансиски загуби.Според Ѓорѓиевски, најголем дел од загубите во ЈСП настануваат поради ненаплата на билети, што директно произлегува од нефункционалниот систем кој, како што вели, мора целосно да се замени. Тој посочува дека во моментов состојбите во претпријатието постепено се нормализираат и дека се работи на воспоставување поефикасно и одржливо функционирање.Во текот на расправата, градоначалникот е прашан од советничка како е можно Ленин Јовановски да биде ангажиран како надворешен консултант во ЈСП, а советничката на Левица го нарече „кралот на приватните привозници“. На тоа, Ѓорѓиевски одговара дека не му е познато за кого станува збор и дека нема сознанија дека таква одлука е донесена од страна на директорот на претпријатието.

Скопје | пред 1 месец

media-library4sci5rpe5ie48DEAjbs

ЕБОР го откочи БРТ: Скопје оди кон набавка на 130 автобуси, наместо најавените 80 - дел ќе стигнеле и до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека наместо првично најавените 80, за Скопје ќе бидат набавени вкупно 130 нови автобуси. Тој информира дека утрово пристигнува писмо од ЕБОР со кое конечно се откочува проектот за брзиот автобуски превоз БРТ и неговата изградба.„Наместо 80 автобуси, ќе бидат набавени 100 автобуси. Од ЕБОР утринава стигна писмо со кое конечно се откочува проектот со БРТ и изградба на истиот“, вели Ѓорѓиевски, додавајќи дека обврска на Градот е да формира проектна единица и да изврши измена на планот за јавни набавки.Покрај 100-те автобуси кои ќе ги обезбеди Влада на Република Македонија за Скопје, градоначалникот најавува дека преку БРТ-проектот ќе се обезбедат уште најмалку 30 автобуси за градот. „За брзо ќе ја започнеме постапката за тоа. Сега ќе бидат 130 автобуси, иако сум ветувал 80 автобуси“, посочува тој.Според информациите со кои располага, набавката најверојатно ќе се реализира по моделот влада со влада, што, како што вели, ќе ја забрза испораката. Во однос на роковите, Ѓорѓиевски нагласува дека најголемиот дел од автобусите треба да бидат испорачани во текот на оваа година, но не може да гарантира дека сите 100 од првата набавка ќе пристигнат до крајот на годината.„Во најголем дел автобусите ќе треба да бидат испорачани оваа година. Но дали сите 100 ќе стигнат оваа година, не можам да гарантирам – не го правам јас тоа“, изјавува градоначалникот, додавајќи дека динамиката ќе зависи од постапките и од партнерите вклучени во набавката.Со оваа најава, како што оценува Ѓорѓиевски, јавниот превоз во Скопје влегува во фаза на значително засилување, при што се комбинираат директна владина поддршка и долгорочно решение преку БРТ-системот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryv6h8agcfa0lv4aFqrbU

Орце Ѓорѓиевски најави 100 нови еколошки автобуси: Јавниот превоз во Скопје влегува во нова фаза

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, оценувајќи дека со ова започнува суштинска трансформација на јавниот превоз во главниот град. Според него, станува збор за исполнување на конкретно ветување и за чекор што директно ќе го подобри секојдневието на илјадници граѓани.Како што соопшти Ѓорѓиевски, одлуката е донесена од страна на Влада на Република Македонија, а предвидува на Скопје да му бидат доделени 100 нови автобуси, заедно со 50 полначи. Тој истакна дека ваквата инвестиција значи побезбеден, навремен и подостоинствен јавен превоз, но и значаен придонес кон заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.Градоначалникот се повика и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека оваа поддршка за Скопје е дел од поширока стратегија за стабилизација и модернизација на јавните услуги. Според Ѓорѓиевски, одлуката произлегува од стратешки договор „влада со влада“ меѓу Македонија и Унгарија, што овозможува набавка на возилата по исклучително поволни услови.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски нагласи дека проблемот со јавниот превоз, кој со години бил една од најголемите болки на скопјани, наскоро ќе стане минато. Тој посочи дека преземањето на функцијата значело соочување со сериозен колапс во системот, но и дека токму поради тоа прифатил одговорност да започне процеси кои со години биле закочени.Градоначалникот информираше дека за неполни три месеци од стапувањето на функцијата се иницирани повеќе клучни постапки, меѓу кои и набавката на нови возила за Комунална хигиена, чие пристигнување се очекува до крајот на годината, како и стартот на процесот за набавка на новите автобуси. Според него, ова се првите конкретни резултати од, како што рече, „тектонски промени на подобро“.Ѓорѓиевски упати јавна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и, како што нагласи, за посветеноста кон граѓаните, оценувајќи дека без таквата поддршка реализацијата на вакви крупни проекти не би била возможна. Тој порача дека Скопје има потенцијал повторно да стане град со достоинство, ред и јасна визија за иднината.На крајот, градоначалникот истакна дека времето на дилеми дали може подобро завршува и дека следува период во кој граѓаните директно ќе ги почувствуваат промените, додавајќи дека подобриот јавен превоз и почистата животна средина се заедничка обврска кон сегашните и идните генерации.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryq5u4fdlvdmg7fhxyqAz

Стартува еден од најзначајните проекти за Скопје: сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања