ОСМАНИ

osmani

„Димитров потпишал дека Илинденското востание е 'Илинден Преображение – востание'“, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера објави документ за кој вели дека недостасува во архивите на МНР, а всушност е Протокол кој го потпишал неговиот претходник, Никола Димитров.Османи вели дека досега имаме потпишан само еден Протокол, овој од Димитров, во кој има неколку јасни обврски за кои само сме се обврзале, но и не сме ги реализирале.-Првата е дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата “Илинден Преображение – востание”, создавајќи со тоа рамка во која Комисијата се очекува да делува, што, пак, создава тешкотии во нивната работа, но воедно и веќе создала преседан во односите со Република Бугарија, дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата. Второ, потпишувајќи го единствениот Протокол, мојот претходник ја обврзал и Комисијата, но и земјата, пред целиот свет, дека имаат краток рок до крајот на 2019 година, да најдат решение за Гоце Делчев и востанието, сега веќе и дефинирано согласно бугарската позиција како “Илинден Преображение”. Не сметам дека имал лоши намери тогаш, но нема да го премолчам неговиот обид сега да се “пенави” на нашиот обид да направиме пристоен Протокол, во кој нема да се обврземе за содржината, туку за принципите на нашата работа, претставувајќи нѐ сега нас како предавници на неговиот потпис, пишува Османи.Тој вели дека ќе продолжат со работата без разлика колкава хистерија ќе создаде неговиот претходник.-Ќе обезбедиме пристојно решение со Република Бугарија, но и европска иднина за земјата.П. С. Овој документ кој сега го презентирам, во неговата физичка форма недостасува во МНР, очекувано е кој си го земал пред да си отиде и со какви намери, тврди Османи.

Македонија | пред 3 години

osmani

„Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз“, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше на изјавата на Александар Николоски и смета дека неговите тези сакаат да создадат етнички јаз по стратешките прашања.Османи порача дека ова е обид да се ослабне позицијата на државата и така да се обезбеди политичка предност за опозицијата.„Обично се обидувам да ги игнорирам ваквите напади, особено кога тие се на теми кои претставуваа стратешки интерес за сите граѓани, вклучувајќи ги и гласачите на опозицијата.Но...., но....Понекогаш, како што во неколку наврати тоа го прави г-нот Николовски, не само што се преминуваат црвените линии на пристојност, туку без трунка одговорност, онака лежерно и волунатаристички, се напаѓа севкупната државна позиција и успехот на целиот политички спектар да се обедини околу стратешките прашања.Буквално сите граѓани, без разлика дали се Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Власи или Бошњаци, буквално сите граѓани се обединети во одбрана и на државните интереси, и на националните интереси на нашите сограѓани Македонци. Еден од клучните темели на кои се потпира нашата цврстина и во преговорите со Бугарија, но и во претставувањето на нашите позиции во ЕУ и меѓу земјите – членки, е токму обединетоста на целиот политички, етнички, културен и општествен спектар во земјава.Јас сум свесен дека борбата за политички поени е цврста и непријатна, ние сме сите политичари и се бориме да ги освоиме симпатиите на своите гласачи; но да си дозволиш да го нападнеш, и да се обидеш да го загрозиш клучниот државен столб на кој се потпира цврстината на нашите позиции, тоа не говори само за неодговорност, туку за еден вид патологија во чија суштина лежи длабоко вкоренета албанофобија.Колку ли само треба да си алчен, и да не си ја ниту почитуваш ниту сакаш државата, за да ја нападнеш нејзината суштинска придобивка – успешната мултиетничка обединетост по стратешките интереси?Јасна е намерата на овие тези кои се надевам не се позиции на ВМРО ДПМНЕ. Преку фрлање дрва и камења по Албанците како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз по стратешките прашања, да се направи раздор по етничка линија, со цел да се ослабне позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата.Наша задача е тоа да го покажеме, јасно и гласно да го посочиме, и со тоа да ги осуетиме. Да ве уверам дека нема да успеат: ќе ги зачуваме националните интереси на нашите сограѓани Македонци, ќе ги зачуваме и македонскиот јазик и посебноста на македонската култура и пристојноста, а воедно и ќе ѝ обезбедиме европска иднина на земјава и на сите нејзини граѓани“, напиша Османи.

Македонија | пред 3 години

20190715204907

„Макрон згрешил“, Османи ја правдаше употребата на „северномакедонци“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел нагласувајќи дека Макрон го употребил изразот „Северномакедонци“. На ова имаше реакции од јавноста која е децидна дека таква нација не постои. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кажа дека искомуницирале со Амбасадата на Франција во Македонија.„Комунициравме со француската амбасада. И вчера бевме цел ден со неговата делегација. Нема никакви дилеми дека тоа е ненамерна погрешна формулација. Претседателот Макрон нема дилема по однос на идентитетот и прашањата кои овде се дефинирани но и во Обединетите нации и ЕУ.Претходно, Макрон рече: „Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии“, и додаде дека со „северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи не знае што е изгласано во Бугарија за кревање на ветото, Македонија има став но не се знае дали ќе влијае

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи не знае која е финалната верзија која е усвоена во бугарскиот парламент за кревање на ветото со услови од францускиот предлог. Ставот на Македонија е историските прашања, промената на Уставот и македонскиот јазикот да не бидат дел од преговарачката рамка, но дали истиот ќе влијае – не е познато.„Прво треба да видиме што текст има изгласано Бугарија и што француското претседателство ќе достави како конечен предлог. Верзијата која беше доставена беше работна, бидејќи одредени прашања за кои не сме усогласени останаа во загради. Така што допрва треба да видиме која е бугарската позиција и што француското претседателство кога ќе види наша и бугарска позиција, како ќе пристапат во овој процес. Ќе бидеме во комуникација со нив за да видиме што ќе биде“, кажа Османи.Тој додаде: „Ќе видиме каква резолуција донел бугарскиот парламент, па што ќе одлучи француското претседателство“.

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-bujar-osmani-960x640-1

„Ковачевски и Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл“, вели Милошоски

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Ковачевски и Османи се актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл.„Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација.Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото.Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“, вели Милошоски

Македонија | пред 3 години

24062021_PVRSM_Zaev_od-Sobranie_2

(ФОТО) Се бара итна дискусија за барањата од Бугарија веќе утре, затоа што задутре можело да биде предоцна

Пратеникот Антонио Милошоски бара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да му ги достави протоколот и преговарачката рамка поврзани со барањата од Бугарија. Тој бара истите во текот на денешниот ден да бидат доставени до него.„По доставувањето на овие два битни документи, утре би одржале седница на Комисијата за надворешна политика бидејќи задутре кога се одржува седница на Советот на ЕУ може да биде и предоцна. Седницата на комисијата заради големиот интерес предлагам да биде отворена за јавноста. Вие имате право да побарате истата да има и затворен карактер. Право е на Бугарија да си одлучи и дискутира на темата Македонија во нивното Собрание, но за Владата и за Собранието во Македонија ваквата расправа во претставничкиот дом на граѓаните е уставна и морална обврска, бидејќи се работи за нашата држава“, им напиша Милошоски во барањето.

Македонија | пред 3 години

26032020_VRSM_Osmani_pres1

Османи: Кога се зборува за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, вистинскиот термин би бил заокружување на Унијата, а не проширување

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше воведно обраќање на министерската сесија насловена „Заедничко градење на отпорна европска безбедност”, во рамки на Преспа форумот за дијалог, кој денеска и утре се одржува во Охрид.На сесијата, како специјален гостин, се обрати генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, а во дискусијата учествуваа министрите за надворешни работи на Светата Престол, надбискупот Пол Ричард Галагер, на Полска, Збигнев Рау и на Косово, Доника Гервала Шварц, заменик-министри за надворешни работи на Албанија, БиХ и Малта, Меги Фино, Јосип Бркиќ и Кристофер Кутајар, како и директорката за Европа на Европската служба за надворешни работи при Европсакта комисија, Ангелина Ајхорст, а онлајн обраќање имаше заменик-генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.Во фокусот на дискусиите беа нарушената европска безбедносна архитектура во променливото геополитичко опкружување; справувањетo со глобалните и регионалните безбедносни предизвици и најновите безбедносни ризици со кои се соочува Европа денес, како и улогата на ЕУ, ОБСЕ и НАТО во одржувањето на меѓународниот мир.Зборувајќи за новата геополитичка реалност која ја тестира отпорноста на европската архитектура, Османи рече:„Одбраната на Украина не е прашање само на опстојување на националниот суверенитет и територијален интегритет – историски, двата фундаментални принципи на демократското владеење – туку во крајна линија станува збор за одбрана на Европа од мешање и империјален нагон на трети актери со цел целосно распаѓање на државата. Оттука, зачувувањето на независноста на Украина не е фундаментално само за самите Украинци, туку и за секој друг Европеец. На геостратешко ниво, слободна, независна, успешна и европска Украина, подеднакво би помогнала Европа безбедносно да се консолидира.“Министерот Османи се осврна и на иднината на Западниот Балкан, која инхерентно е поврзана со Европа, европските и евро-атлантските структури:„Да ја повторам клучната порака од минатогодишниот форум, а тоа е дека Западниот Балкан и географски и политички и културно е дел од Европа, и оттука нема дилема дека неговата иднина е во европските и евро-атлантските сојузи. Само еден краток поглед на географската карта јасно покажува дека Балканот не е на периферијата туку во срцето на Европа, опкружен од сите страни со земји членки на Унијата. Овој регион нема други граници, туку само граници кон ЕУ и оттука, кога се зборува за интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ, вистинскиот термин би бил заокружување на Унијата, а не проширување. И ова не е само политичка, туку и геостратешка констатација. Лоцирани на југоисточниот дел од Европа, Западниот Балкан од секаков можен аспект претставува југоисточна порта на Европа. Кога се зборува за енергетска диверзификација, неминовно се размислува за југоисточните коридори на енергетско поврзување; кога се осврнуваме на предизвиците на миграцијата, неминовно на дневен ред доаѓаат балканските рути на движење; кога го имаме на ум поврзувањето со Централна Азија, со Африка – единствениот пат проаѓа низ овој регион. Оттука, стабилен, просперитетен и интегриран Западен Балкан претставува геополитичка инвестиција за безбеден, стабилен и просперитетен континент.“

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

Османи останува оптимист за преговорите со ЕУ: Има доволно денови

Бујар Османи смета дека има доволно време за Бугарија да го откочи патот на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија. Тој кажа дека разговорите со соседот можат веднаш да продолжат, но тие треба да дадат знак. Одговорноста, според Османи, е кај Европската Унија, а не кај Македонија.„Доколку се има политичка волја, има доволна основа да се постигне договор. Ние имаме волја, спремни сме веднаш да продолжиме со разговорите. Чекаме друга страна да имаме за да продолжиме со тие разговори. Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ, за тоа каква порака ќе прати на граѓаните на Западен Балкан. Од нас не се очекува да донесеме одлука. Сметам дека има доволно денови и основа доколку се има политичка волја“, кажа Османи.За прашањето за Северна Македонија мора да одлучуваат само бугарските пратеници, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков пред почетокот на редовна владина седница, додавајќи дека Владата ќе расправа за одлука со која се предвидува за сите предлози од француското претседателство со Европскиот совет или од земја членка на ЕУ за темата со земјава да се расправа на Комисијата за надворешна политика на Собранието на Бугарија.Софија е важно која порака ќе ја прати кон 18 милиони жители на Западен Балкан, смета Османи кој кажа дека веќе утре може да има договор меѓу двете држави.„Доколку не се успее да се постигне договор, тотално неважно е кои се различните ставови во процесот. Доколку се успее ќе се каже. Доколку не се успее можеме мемоари да пишуваме. Ние сме спремн

Македонија | пред 3 години

Dodik

Османи не го поканил Додик во Охрид

Српскиот политички лидер од БИХ, Милорад Додик, не доби согласност на неговото барање да присуствува на Форумот за дијалог - Преспа Форуморганизиран од Министерството за надворешни работи во Охрид од 16 до 18 јуни.Босна и Херцеговина најави присуство на Шефик Џаферовиќ, претседател на Претседателството и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ.На Форумот за дијалог во Преспа ќе присуствуваат високи европски и светски претставници, како што се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Борут Пахор, претседателот на Словенија, Мирослав Лајчак (ЕУ), Стјуарт Пич (Велика Британија), Мануел Саразин (Германија) и Габриел Ескобар (Соединетите Американски Држави).Официјални лица го инфоирмирале политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на форумот во Преспа.„Стигна порака од главниот град на Северна Македонија: Извинете, не сте добредојдени“, пишува politicki.ba.

Македонија | пред 3 години

FTvtSoqXEAAWT2w

Османи на средба со Кулеба во Киев

Денеска, Министерот за надворешни работи Бујар Османи e во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со својот хомолот, Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина. Предвидено е министрите да разговараат за руската воена агресија и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија можат да помогнат.Во Киев Османи беше пречекан од амбасадорот на Република Северна Македонија, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција, соопштија од МНР.-Северна Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ, напиша Османи на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-512

Османи: Ги ценам напорите на Фрација за почеток на пристапни преговори и членство во ЕУ

Остварена средба со висока делегација од француското МНР во состав: Сирил Дикемал, заменик директор на Директорат за ЕУ во МЕНР на Франција, Леонор Гим, советничка во Директорат за ЕУ, Силвен Гиоге, заменик директор на Директорат за Континентална Европа и Никола Фај, шеф на мисијата за Западен Балкан во Директорат за Континентална Европа.„Особено ги ценам напорите кои Франција ги вложува во насока на одблокирање на евроинтегративниот процес преку одржување на првите меѓувладини седници со Северна Македонија и Албанија, уште за време на француското претседателство со Советот на ЕУ. Почетокот на пристапните преговори и членството во ЕУ е геостратешка инвестиција за стабилност и просперитет за земјите од Западниот Балкан, но и за Европа, особено во актуелниот геополитички контекст“, вели Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи со сите сили ја брани Теута и ја претстави како жртва

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, тврди дека никогаш немало предлог поранешната градоначалничка Тута Арифи да биде амбасадор во Анкара.„Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара. Вчера беа објавувани информации без да се бара став од МНР. Немало размислување, предлог, ниту одбивање. Ниту предлог во Вашингтон. Немало формализиран предлог за во Брисел, имало само размислувања. Три дена се споменува име, места, дека се одбиени агремани, и покрај тоа што пуштивме соопштение, за второто не бев прашан, така да, да внимаваме, во однос на споменување на имиња. Јас не можам да коментирам имиња, но бидејќи беше спомената Арифи, да кажам дека немало таков предлог“, рече Османи.Тој посочи дека кога влегле во политиката, како политичари, биле свесни дека ќе бидат жртви на лажни вести.„Ве замолувам да внимаваме, затоа сум толку транспаретен, ние работиме со луѓе. Важно е кога луѓето ги ставаме на тапет без проверени информации“, кажа Османи.

Македонија | пред 3 години

248256573_508136460663027_2254212878446040908_n

Османи за центарот за култура „Ванчо Михајлов“: Ова е голема навреда за нашите граѓани и се смета за провокација

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, во интервју за бТВ одговори на прашањето зошто го смета за провокација отворањето на културниот центар во Битола „Ванчо Михајлов“.„Кога ќе влезете во центарот за култура, на главниот влез има голема табла со цитат од Ванчо Михајлов, на која пишува: „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“.Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михаилов, која беше поставена на влезот од клубот. Но вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што не провоцира, што не лути, за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина“, вели Османи.На прашањето дали му пречи само името на центарот и конкретното лице или составот на бугарската делегација, тој вели дека доколку клубот не го носел тоа име, целата влада би присуствувала на настанот„И јас во мојата изјава кажав дека доколку клубот не го носеше ова име ние ќе бевме дел од оваа делегација во Битола. Целата наша влада би била таму, бидејќи ја поздравуваме и сакаме да ја поттикнеме бугарската заедница да се организира, сакаме бугарската заедница да се интегрира во институциите, системите и механизмите создадени преку рамковниот договор. Но, мора да внимаваме на чувствителноста на двајцата, особено во овој период на доверба. Сакаме да ја вратиме довербата еден во друг. Секако дека ваквите прашања ќе ни бидат се помалку важни, бидејќи ќе бидеме фокусирани на иднината, на заедничката европска перспектива за граѓаните на двете земји. Но, ова е деликатен период во кој и вие и ние мора да бидеме внимателни за да ја создадеме нашата заедничка иднина“, додаде Османи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања