ОСМАНИ

osmani-za-besmira-ejupi

Османи набрзинка ја скапува Ејупи: Несудената конзулка добива итен дипломатски пасош, за да помага во Бон

Несудената конзулка, а поранешна ТВ презентерка, Бесмира Ејупи, заминува на испомош во Бон, Германија, веќе во вторник. За издавање на дипломатски пасош потребни се најмалку 15 дена, но, не и сега. Таа треба да го добие во најкус можен период, за во вторник да биде на своето ново работно место. Министерот за надворешни работи во заминување, во „последна секунда“ и ги спакува куферите на Ејупи.Ејупи ќе работи на издавање на пасоши, ако се следи одговорот на МНР. Оттаму посочуваат дека има наплив на иселеници кои бараат патни исправи, а Ејупи ќе го средува хаосот. Помошен персонал како Ејупи е потребен оти е сезона на годишни одмори, па нема кој да работи.Претходно, имаше обид на Османи, истата Ејупи да биде назначена за конзул во Њујорк. По купот реакции, меѓудругото и дека нема дипломатско искуство, Османи ја отповика дадената насока.

Македонија | пред 1 година

najcevska-osmani

Османи со директен повик на насилство, на делување надвор од Уставот, треба кривично да одговара, вели Најчевска

Кривична одговорност побара професорката по право, Мирјана Најчевска за министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според неа, тој врши насилство со изјавата: „Влада без принципот „победник со победник“ нема да има“, принцип кој токму ДУИ го наруши во 2017 година.„За ваква изјава Османи треба кривично да одговара. За обид за насилно рушење на уставниот поредок на државата. Ова е директен повик на насилство, на делување надвор од Уставот и законите. Насилниците мора да бидат отстранети од Собранието. За да почнеме да градиме демократска држава која се базира на правото“, напиша Најчевска.Отвореното одбивање на Христијан Мицкоски да совладее со ДУИ во следниот мандат ја натера оваа партија да ја заостри реториката кон него. Според партијата на Ахмети, тоа нема да се случи и ќе се почитува волјата на народот.

Коментари | пред 1 година

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

На Османи му пречи што се зборува за коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција: Нема поголемо омаловажување

Кандидатот на ДУИ за претседател, Бујар Османи, кој не успеа да се пласира во вториот круг, е навреден оти се зборува за коалиции по изборите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозоција. Тој кажа дека тоа носи мобилизација, а истото е понижување на другите етникуми односно Албанците.„Во следните денови секој што ќе зборува за коалиции, вршат најголемо понижување на граѓаните. Луѓето треба да ја изразат нивната волја, ние не се занимаваме со Владата. Ние понудивме и оставка за уставните измени, а камо ли за волјата на граѓаните. Тоа е прво и последно и треба да се почитува од сите. Затоа мислам дека нема поголемо омаловажување, од тоа денес, девет дена пред изборите да зборувате кој со кого ќе коалицира“, посочи Османи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-24-at-10.51.27

Овие избори не се обични избори, рече Османи

Кандидатот за претседател Бујар Османи при неговото гласање, кажа дека очекува изборите да бидат слободни, фер и демократски.„Овие избори не се обични избори, туку се одлучувачки избори по однос на иднината на државата. Граѓаните се исправени пред две опции - изолација или интеграција, очекувам да ја донесат правата одлука“, кажа Османи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-11.07.31

Османи се најави како победник уште на првиот ден од кампањата за претседател

Бујар Османи, како претседателски кандидат, смета дека трката е негова важна мисија. Тој смета дека предводи победнички караван.„Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македнија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател. Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднина“, додаде Османи.Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде осврната на делот Македонија да стане членка на ЕУ.„Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓанините“, додаде Османи.Ќе раскажува и како во наредните пет години, Македонија ќе стане членка во ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Има начин да се убедат сите земји да нѐ пуштаат со пасоши без „северна“, но Османи нема таква намера

Без конкретен одговор остана прашањето - дали секоја земја сама си одлучува околу прашањето дали ќе пропушти граѓани на Македонија со важечки пасош без „северна“. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, прашан за коментар, како секаде Македонците можат да одат со пасош без „северна“, ама не можат да излезат од Македонија, тој топката ја префрли кај МВР.„Тие закони се донесени од МВР дека на 12 февруари 2024 година, пасошите со старото име, стануваат невалидни. Тоа било во функција на имплементација на Уставот“, рече Османи.И самиот посочува дека постои начин да се убедат земјите да нѐ пуштаат со старите пасоши, но сепак, смета дека тоа не треба да се прави.„Црна Гора имаше одлука да не ги признае, ама се видов со амбасадорот, па се договоривме Црна Гора да го следи примериот на другите земји од ЕУ. Црна Гора веќе нѐ извести дека ќе ги признаат, односно прифаќаат валидните пасоши. Швајцарија исто така донесе одлука. МНР не треба да се води по тоа да најде алиби, односно решение, за да се одложи примената. Дајте да се фокусираме на подобра организација за повеќе пасоши за граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

makedonija-evropa-eu-mkd-2

Резулуцијата на САД е само охрабрување за Македонија и земјите членки на ЕУ, Османи очекува Македонија да влезе во семејството до 2030 година

Резолуција на САД со која го поддржа пристапувањето на Македонија во ЕУ е само охрабрување за Македонија, но и порака до ЕУ. Ова е ставот на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој очекува членство на земјава во европското семејство до 2030 година. Посочува дека очекува и преговорите да одат со забрзано темпо.„Ова ќе биде охрабрување за нас. Преговарачката рамка ги брани нашите позиции и не дозволува историски и идентитски прашања да бидат причина за отворање и затворање на поглавја. Очекувам по изборите да се забрза процесот и до 2030 година, Македонија да биде членка во ЕУ. Резулуцијата е уште една поддршка на процесот. Ќе помогне во охрабрување на земјите членки, порака е до политичките партии во Македнија кои заговараат дека има алтернатива во ЕУ. Процедурите се утврдени, тие се во наш интерес“, рече Османи.Тој очекува резулуцијата да влијае и врз политичарите кои заговараат излагање од НАТО и алтернатива за ЕУ.Американските сенатори Питер Велч, Џин Шахин, Пит Рикетс и Том Тилис предложија Резолуција со која САД даваат поддршка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.Сенаторите ја истакнале силата на трансатлантските односи меѓу САД, Република Северна Македонија и Европа. Во резолуцијата, како што пренесува Гласот на Америка на македонски јазик, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Северна Македонија, без дополнителни билатерални услови.

Македонија | пред 1 година

najcevska-osmani

„Кажа дека одговара пред Ахмети, а не пред Владата, а сега вели дека работи за сите заедници“ - Најчевска го обвини Османи за уценување

Професорката по право, Мирјана Најчевска одново го искритикува министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, Бујар Османи. Таа смета дека тој немал ниту една активност во корист на етничките Македонци.„Бујар Османи ни соопшти дека тој во досегашната своја работа покажал дека работи за сите заедници. Мене ме интересира една единствена работа која ја направил за македонската заедница. Дали како таква ја смета посветената работа за внесуваето на Бугарите во Уставот? Или, можеби изјавата дека не одговара пред Владата туку пред Али Ахмети?Или посветената работа во полза на Косово и Албанија за вереме на преседавањето на Македонија со ОБСЕ? Или можеби со промовирањето на лагата дека етничките Македонци се проруски настроени, а етничките Албанци во Македонија се тие кои се борат за влез во ЕУ? Или со узурпацијата на Министерството за надворешни работи и ставањето на ова министерство во функција на ДУИ? Или со дискриминацијата на дипломатските претставништва раководени од етнички Македонци наспроти тие раководени од етнички Албанци? Или со уцените упатени кон етничките Македонци и заканите во случај овие уцени да не вродат со плод? Навистина ме интересира да ми биде посочена една единствена активност на Бујар Османи која е во корист на етничките Македонци“, напиша Најчевска.

Коментари | пред 1 година

fasdafbhads

Османи ќе си користи приватно возило, но не и Маричиќ: можеби е законски, но дали е во ред од морален аспект

Бујар Османи ќе почне да оди по митинзи со приватно возило, а најави и дека ќе внимава максимално во кампањата за да не користи државни ресурси. Ова доаѓа откако тој држеше прес-конференција на која отиде среде работно време со службено возило. Ставот го искажа во „Топ тема“, каде меѓудругото посочи дека ќе успее да извршува четири функции истовремено - портпаролската, партиската, кандидатската, министерската.Истовремено, молк од вицепремиерот Бојан Маричиќ кој со службено возило, си вршеше приватни потреби. Иако според дел од познавачите на правилниците во МВР, Маричиќ има право 24/7 да користи службено возило и обезбедување, во прашање се доведува моралниот аспект. За разлика од Османи, кој исто така има право на службено возило, но прави чекор назад за да не излезе дека злоупотребува државни ресурси, Маричиќ досега нема таква намера. Претходно, беше објавено дека нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис. На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда.

Македонија | пред 1 година

osmani-51

(Видео) „Нека помини Бyjap да му спакувам шо остана од ручек, луѓе сме, да си поможиме“ - го исмејуваат Османи откако кажа дека живее од плата

Поплаките од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека не може да преживее без плата и дека ќе мора да отвори кредит, се мета на исмејување бидејќи граѓаните сметаат дека тој живее на „висока нога“. Со денови, изјавата за „Плусинфо“ на министерот е мета на коментари на социјалните мрежи. „Bujar Osmani да не ти треба број од iute Macedonia? Даваат кредити без камата!“, пишува Иљче Затаракоски.Смислија и име за нов кредит.„Нека помини Бyjap да му спакувам шо остана од ручек, луѓе сме, да си поможиме…“, нашиша Божидар Божиновски.Кире Михаилов направи и кутија за донации, покрај која се фотографираше.„Добро би било со потписот за Бујар да оставате и по едно влакно. Зошто реално, едно влакно за вас е ништо, но за Бујар е многу“, напиша Иљче Затаракоски.Тој и во нов статус го коментираше Османи.Османи: "Морам да се задолжам за да преживеам ако еден месец не земам плата."Остатокот од земјава: "Морам да се заколам за да преживеам ако еден месец не земам плата."

Коментари | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Кутија за донации пред МНР: Искрено сме загрижени за Османи и функционерите на ДУИ чии блиски фирми добиваат милионски тендери, а се жалат дека немаат пари

„Искрено и длабоко сме потресени од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истакна дека секој месец едвај врзува крај со крај, а многупати, се плаши да не треба да се задолжи кај своите пријатели“, вели Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Во духот на нашиот политички ангажман насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после 8-ми мај ќе го пратиме во политичка пензија и ќе остане без работа, одлучивме да преземеме акција и да ги направиме неговите опозициски денови поубави.Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, поставивме кутија за донации пред Министерството за надворешни работи, за што испраќаме апел до сите македонски граѓани да донираат.Ситуацијата во Македонија, за жал, е дојдена до ниво да можеме да ја опишеме само на саркастичен начин. Додека функционери чии блиски фирми добиваат милионски тендери и се жалат дека немаат, фондовите и институциите под нивна контрола се нефункционални, а ние како млади луѓе сме приморани сопствените средства, да ги двоиме за лекување на нашите сограѓани.Во ситуација кога над 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, кога потрошувачката кошница е 60 илјади денари, а платите изнесуваат околу 30.000 денари, безобразно е Бујар Османи да се жали со неговите над 120.000 денари плата.Деновите до крајот на ова безредие се одбројани. Македонија наскоро повторно ќе добие политичари кои се чесни, нова генерација на лидери кои ќе се грижат не за сопствениот џеб, туку за оние на кои помошта им е најпотребна.

Македонија | пред 1 година

bujar-osmani-512

Османи: Ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам за да преживеам

Ако само еден месец не земе плата, Бујар Османи ќе треба да се задолжи за да преживее. Ова го кажва министерот за надворешни работи и кандидат за претседател во изјава за поткастот на „Плусинфо“. Се пожали дека го исјемувале и пријателите„Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам. И сите ми велат: „Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам“, рече Османи.Себеси не се смета за коруптивен лик и посочува дека секој може да го обвини за сѐ друго, но не и за коруптивни активности.

Македонија | пред 1 година

vankovska-osmani

Османи со сета дрскост спроведува надворешен диктат и наместо да молчи и да ги слуша пратениците, тој им наредува, вели Ванковска

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресрет на собраниската седница за уставните измени упати отворено писмо до пратениците во Парламентот во кое порачува дека од нивната одлука ќе зависи дали земјата ќе ги продолжи преговорите или ќе ги запре на подолг рок без гаранција за успех, по што на социјалните мрежи се огласи професорката Билјана Ванковска.„Откако ни/им црташе, сега Бујар им/ни пишува (овој пат двојазично)! Ко писмото на Тито, па и она на Грујо, сега Бујар треба да не’ просветли и диференцира кој е на вистинската страна, а кој не.Тој е министер за НАДВОРЕШНИ работи, а води внатрешна политика. Уставот е највнатрешната и најсуверената работа на една држава. Тој со сета дрскост спроведува надворешен диктат во државата која го поставила за министер и наместо да МОЛЧИ и да ги СЛУША пратениците, тој им НАРЕДУВА! Па уште дава и лични гаранции!!!А притоа лаже, бидејќи ниту Собранието ниту граѓаните расправале и гласале за влез во НАТО“, вели Ванковска.

Македонија | пред 2 години

osmani-1

Османи со писмо до пратениците: Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата

Во продолжение писмото на министерот за надворешни работи, Бујар Османи пратено до пратениците на Собранието на Република Македонија:„Во петок започнува дискусија по која ќе следи гласање за второто најважно прашање кое било кој парламентарен состав требал да ги донесе во историјата на земјата по независноста – по зачленувањето во НАТО, остварување на втората стратегиска цел на државата за приклучување кон напредното Европско семејство на држави. Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе.Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет.Во процесот на преговорите имавме за цел да го зачуваме и зајакнеме македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет. Одговорно тврдам дека во тоа успеавме. Македонскиот јазик за прв пат беше прифатен и гласан во Советот на ЕУ помеѓу земјите членки и е недвосмислено дел од европските јазици. Овој факт не може никој да го побие.Јас ги разбирам сите оние што стравуваат од можностите за натамошни обиди за негирање и наметнување нови билатерални услови. Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Со оваа промена на Уставот, ние само ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка за нашите цели. Низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура ќе бидат значително подобри и зајакнати.Секој човек и политичар би бил среќен да биде запаметен од историјата дека постапил правилно кога било најважно. Да остане запаметен дека бил на вистинската страна, дека не се колебал во одлуката со која помогнал земјата да оди напред, а луѓето во неа да живеат подобро.Јас лично не се сомневам дека со оваа промена на Уставот ќе направиме било каква грешка, напротив ќе отвориме ново поглавје на развој и стабилност за нашите граѓани.Како што веќе многупати повторував во сите мои јавни настапи, оваа промена не менува ништо во положбата на Бугарите во земјава и во однос на правата што до сега ги имаа и им ги гарантираше Уставот.Оваа промена ни дава можност на Република Бугарија и на светот да им докажеме дека тие не се дискриминирани, бидејќи реално тоа е така. Ова е можност да ги одземеме сите аргументи, а потоа да се втурнеме брзо кон реформските процеси кои се најважни за нашите граѓани и во наш најдобар интерес.Со промената на Уставот, ќе стане јасно дека покрај македонскиот народ во земјава живее и дел од бугарскиот народ, кој е различен.И конечно, одговорно кажувам дека ова не го правиме под диктат на Бугарија, ниту заради уцена од нејзина страна. Ова е компромис во преговорите откако нивниот меморандум до ЕУ за непризнавање на македонскиот јазик и нација не доби поддршка од земјите членки. Компромис со кој го заштитивме македонскиот јазик и идентитет“, се вели во писмото

Македонија | пред 2 години

bujar-osmani-512

Не делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување сигурна европска иднина, вели Османи

Во пресрет на почнувањето на собраниската седница за уставните измени закажана за овој петок, министерот за надворешни работи и потпретседател на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи денеска преку својот Фејсбук профил повикува „да не дозволиме да се дефокусираме и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации“.-Не делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување сигурна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани, собраниската седница за уставни измени. Затоа, ве повикувам да не дозволиме да се дефокусираме сега, кога сме во финале, и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации. Моментот е сега!, напиша Османи.Тој во објавата потенцира дека „со месеци доаѓаа пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваа со пријателски совет да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на поглавјата од преговорите“.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања