Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

(Видео) Кутија за донации пред МНР: Искрено сме загрижени за Османи и функционерите на ДУИ чии блиски фирми добиваат милионски тендери, а се жалат дека немаат пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„Искрено и длабоко сме потресени од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истакна дека секој месец едвај врзува крај со крај, а многупати, се плаши да не треба да се задолжи кај своите пријатели“, вели Илија Ристески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

Во духот на нашиот политички ангажман насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после 8-ми мај ќе го пратиме во политичка пензија и ќе остане без работа, одлучивме да преземеме акција и да ги направиме неговите опозициски денови поубави.

— реклама —

Како УМС на ВМРО-ДПМНЕ, поставивме кутија за донации пред Министерството за надворешни работи, за што испраќаме апел до сите македонски граѓани да донираат.

— реклама —

Ситуацијата во Македонија, за жал, е дојдена до ниво да можеме да ја опишеме само на саркастичен начин. Додека функционери чии блиски фирми добиваат милионски тендери и се жалат дека немаат, фондовите и институциите под нивна контрола се нефункционални, а ние како млади луѓе сме приморани сопствените средства, да ги двоиме за лекување на нашите сограѓани.

— реклама —

Во ситуација кога над 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, кога потрошувачката кошница е 60 илјади денари, а платите изнесуваат околу 30.000 денари, безобразно е Бујар Османи да се жали со неговите над 120.000 денари плата.

Деновите до крајот на ова безредие се одбројани. Македонија наскоро повторно ќе добие политичари кои се чесни, нова генерација на лидери кои ќе се грижат не за сопствениот џеб, туку за оние на кои помошта им е најпотребна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Скопје | пред 1 седмица

osmani

Османи: „ВЛЕН се очајни ако официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби“

Македонија | пред 2 седмици

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања