Османи ќе си користи приватно возило, но не и Маричиќ: можеби е законски, но дали е во ред од морален аспект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
fasdafbhads

Бујар Османи ќе почне да оди по митинзи со приватно возило, а најави и дека ќе внимава максимално во кампањата за да не користи државни ресурси. Ова доаѓа откако тој држеше прес-конференција на која отиде среде работно време со службено возило. Ставот го искажа во „Топ тема“, каде меѓудругото посочи дека ќе успее да извршува четири функции истовремено - портпаролската, партиската, кандидатската, министерската.

— реклама —

Истовремено, молк од вицепремиерот Бојан Маричиќ кој со службено возило, си вршеше приватни потреби. Иако според дел од познавачите на правилниците во МВР, Маричиќ има право 24/7 да користи службено возило и обезбедување, во прашање се доведува моралниот аспект. За разлика од Османи, кој исто така има право на службено возило, но прави чекор назад за да не излезе дека злоупотребува државни ресурси, Маричиќ досега нема таква намера.

— реклама —

— реклама —

Претходно, беше објавено дека нема месец во кој Бојан Маричиќ како министер за правда не бил во ресторан на државна сметка. Од бифтеци и печења до свежи риби и јунешки мускули се плаќале со неговиот министерски потпис. На сметките исто така има и жолти ракии и висококвалитетни вина. Плаќал со службената картичка, но и на фактури што угостителските објекти ги доставувале до Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања