ОСМАНИ

osmani-4

Сите ние што ја поддржуваме Украина сме на вистинската страна на историјата, вели Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ во рамките на денешната посета на Украина го посети градот Бородјанка во киевската област, кој силно е погоден од воените дејства.Османи на почетокот од посетата изрази жалење за сите невини жртви и илјадници Украинци што мораа да ги напуштат своите домови како би ги избегнале разорувачките последици од руската воена агресија.„Сите ние што ѝ даваме поддршка на Украина сме на вистинската страна на историјата, на вистинската страна на хуманоста, на почитувањето на правото на живот. Во вооружените дејства од страна на Русија разрушени се училишта, болници и друга државна инфраструктура, која, за жал, и понатаму се оштетува или уништува“, посочи Османи.Воедно, претседавачот на ОБСЕ го осуди нападот на станбена зграда во Днепар, каде пред два дена загинаа повеќе од 40 лица и над 70 ранети. „Не постои оправдување ако континуирано се гранатираат цивилни цели. Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна“, оцени Османи.Неиспровоцирана агресија е кршење на меѓународното право, потенцијална закана за регионот, но и извор на страв и несигурност за целиот свет. Османи истакна дека Организацијата ќе ги искористи сите механизми и алатки да помогне во напорите да се стави крај на, како што рече, ова страдање и уништување.„Пустошот предизвикан од воената агресија врз Украина длабоко ме потресува. Уништувањето на виталната инфраструктура и страдањето на украинскиот народ мора да запре. Потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. Мораме да работиме да престане страдањето, а потоа да ги обновиме овие уништени области“, истакна претседавачот на ОБСЕ.Османи, воедно, упати порака дека Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина. Тој исто така порача дека комуникацијата со Русија ќе зависи од тоа какви ќе бидат кон принципите и заложбите на Организацијата за што Османи нема да дозволи никакви компромиси.

Македонија | пред 3 години

osce

Македонија денеска го презема претседавањето со ОБСЕ

Македонија денеска го презема годишното претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).„Голема одговорност и чест е да го преземеме претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата цел ќе биде да се фокусираме на самите принципи на завршниот акт на Хелсинки, во интерес и потреби на народот“, рече министерот за надворешни работи и новиот претседавач со ОБСЕ Бујар Османи.Османи рече дека планот на ОБСЕ е да им пружи помош на населението погодено од конфликтот, но и на другите на кои им е потребна, бидејќи задача на организацијата е да ги ублажува кризите и да го поддржува мирот.Османи посочи дека Украина ќе остане приоритет и клучно безбедносно прашање, бидејќи војната во таа земја ја поткопа европската безбедност и ги загрозува мирот и стабилноста на континентот и пошироко, соопшти ОБСЕ.Зачувувањето на вредностите на ОБСЕ и почитувањето на меѓународното право мора да бидат заеднички приоритет, посочи Османи.Според него, работата ќе се фокусира и на поддршка на одржливиот економски раст и соработка во областа на животната средина.Османи официјално ќе биде инаугуриран како претседавач и ќе ги претстави приоритетите на Македонија за време на претседавањето на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 12 јануари.

Македонија | пред 3 години

osmani-siljanovska-davkova

Силјановска за Османи: Суперминистеров реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи

Суперминистеров не престанува да не изненадува со иновативниот надворешнополитички пристап. Политиката го разбуди и поттикна неговиот интерес за прашања што се далеку од медицината и тој доби несонувана шанса да ги интерпретира и режира МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВНИ РАБОТИ како што си сака или како што ќе му кажат, вели професорката Гордана Силјановска Давкова во својата објава на социјалните мрежи.„На регионално ниво, толку се посвети на градењето најдобрососедство што реши да функционира како албанско-бугарски-македонски министер за сеопшти работи.Ослободен од внатрешните стеги и притисоци, посебна инспирација за решавање на македонските работи добива надвор, во странство. Едно време, кога зборуваше за различните национални перцепции на историјата, заборави дека за фашизмот и холокаустот има силна, несоборлива, не само историска, тука и сечовечка слика на ЗЛО/ГЕРНИКА, што не смее да се заборави и толерира.На „европската“ мисија, не одолеа да се вмеша во ресорот за правда, па се премори од лаички „аргументации“ за правото на здружување и регистрирање на здруженијата „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис III“. "Фердинанд" му го препушти на министерот за правда!Додека се носеа измените на „Законот за здруженија и фондации“ и „Законот за политички партии“ стивна, ама .... при гласањето за законите, видливо беше отусуството на пратениците – Албанци!„Инспириран“ од дошепнат бугарски глас, се огласи од Софија со идеја за испраќање на измените на Законот за здруженија и фондации на Венецијанска комисија.Чудно е што не се се сети на оваа можност во Скопје и што не му ја пренесе на министерот за правда, во чија надлежност е законот, односно на Владата. Дури и на предлагачот можеше да му ја предочи идејата. Уште почудно е што тоа не го стори кога беа предложени измените, оти мислење од Венецијанската комисија ВООБИЧАЕНО се бара кога актот е во фаза на нацрт/draft, за да може евентуалните препораки да се вградат.Ама, сестраниот министер Османи има искуство на Венецијански трговец. Во 2017 година, дури и по изјавата на г-динот Хан дека Законот за употреба на јазиците не е приоритетен, во организација на г-дин Груби, беше извршена трампа на гласовите за законот и гласањето за Преспанскиот договор. Згора, го протуркаа со европско знаме, иако СЕКОЈ приучен правник знае дека ЕУ нема заедничка јазична политика. Кога некои од нас јавно побараа да се чуе мислењето на Венецијанската комисија, ПОЛИТИЧКИТЕ ТРГОВЦИ најпрво ја замајуваа македонската јавност дека побарале, ама комисијата тоа го негираше. Следеше Артановата изјава дека побарале мислење за дел од одредбите и .... пресече министерката за правда со изјавата дека законот ќе биде пратен. И бидна. Дојде мислењето, ама ДУИ-нг АКЦИЈА беше побрза. Уставниот суд ТРУДНО си молчеше и сеуште молчи, никако да се породи од СТРАВ!Во последниот извештај на Европската комисија , на стр. 19, под наслов „ Ефикасност“, се бара преиспитување на законското решение за би-лингвализам во судските постапки.Па, што? Го помнам инспекторот Бујар Османи кога, врз основа на „евроинтеграциската“ инспекција на спроведувањето на законот, документирана со слики од терен, објаснуваше дека нема никаков проблем за двојазичноста од непознат европски вид.И сега, насмеан, се умилкува среде Софија со зборовите : „сакам да верувам дека колегата Милков и јас ќе направиме се за да не дозволиме други да ни ја водат нашата надворешна политика , други да ги обликуваат нашите билатерални односи“?!Да не сонува човеков да се прогласи за крал, инспириран од царските имиња на здруженијата? Знае ли кој е надлежен за креирање на надворешната политика? Која држава ја претставува? Праша ли за судбината на здружението „ Никола Јонков Вапцаров“? Потсети ли на пресудите на Судот за човекови права?Замислете, оној кој со премиерот и прати писмо на Венецијанска комисија во која ја ШОКИРААТ со тезата дека ние сме SUI GENERIS држава со специфични решенија и дека во Мислењето не треба да се споменува неуставноста на Законот за употреба на јазиците, ниту Уставниот суд затоа што тоа може да доведе до етнички проблеми, СЕГА ќе бара МИСЛЕЊЕ НА ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА за Законот за здруженија на граѓаните, иако претходното не го почитувал!Законот за политички партии не го ни споменува иако содржи идентични решенија со оној за здруженијата, оти не е КУРЕНТНО“, додава таа.

Коментари | пред 3 години

jVyEehjkHu-sefot-na-protokolot-na-mnr-si-podnel-ostavka-za-greskata-so-sloveneckoto-zname

Шефот на протокол во МНР си поднесе оставка поради грешката со знамето

Лицето одговорно за протокол во МНР си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.Ова вчера го потврди министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.„Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда, се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква дректна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година“ рече Османи.Потсетуваме, словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на 18 октомври во кабинетот на Османи во Скопје беше пречекана со највиски почести, но и со згрешено знаме од нејзината држава.Наместо знаметонаСловенија, на масата стоеше знамето на Словачка

Македонија | пред 3 години

312228913_10159420643437029_2757026738452682489_n

Сашко Коцев се пошегува на сметка на Османи: Од снимањето на филмот во Словачка, овај Словенија

Откако министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја пречека словенечката колешка Тања Фајон со словачко знаме, се јави и глумецот Сашо Коцев. Објави фотографија од снимањето на словенечката романтична комедија „Нешто слатко“, која ја снимаше во Словенија.„Од снимањето на филмот во Словачка, овај Словенија“, се пошегува Коцев.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-09-20-091234

Коментар на денот: Плаќаме за да ни позираат во New York City, не се они криви што сме сиротињи

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи објави фотографија од министерот Османи, а во описот напиша дека народот плаќа, за политичарите да позираат во Њујорк.„Ние плаќаме, за тие да ни позираат во New York City.Не се они криви што сме сиротињи“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-20-091234

(ФОТО) Османи сака да стане новиот Џејмс Бонд

На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот за надворешни работи, Бујар Османи додека шета во Њујорк.Твитерџиите велат дека министерот намерно позирал како шета кон тајмсквер, во стилот на Џејмс Бонд, а други пак се шегуваат дека ја копира Кери Бредшо од популарната серија „Сексот и градот“.https://twitter.com/VladTepeshMK/status/1571946012914208772?s=20&t=HdLVNboLbj1AsTu84h-D7Qhttps://twitter.com/Darius_696/status/1572109803211612161?s=20&t=pPYHS0fhCs3PtzWYuYgQlAhttps://twitter.com/Biktop16/status/1571954260287299586?s=20&t=eujIFPGooZStvoOREtUHuwhttps://twitter.com/Magnetolicious/status/1571917595388813312?s=20&t=eujIFPGooZStvoOREtUHuwИнаку во минатото Османи на Инстаграм објави фотографија на која се спореди со актерот Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд.

Коментари | пред 3 години

osmani

Бесмира Ејупи знае јазици и има безбедносен сертификат од највисок ранг, вели Османи

Јавноста го обвинува МНР за непотизам, а последниот случај е со сопругата на пратеникот Мартин Костовски, која премина со работа во ова министерство. Министерот Бујар Османи вели дека нема ништо незаконито во вработувањето.-Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24.Министерот вели дека Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание.Случај кој ја разбранува јавноста е случајот на презентерката Бесмира Ејупи за која се велеше дека се подготвува за конзул, а сега е вработена во МНР.– МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10.За Ејупи вели дека знае јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното министерство.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи: Францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во синоќешното гостување на Националната телевизија, истакна дека францускиот предлог и протоколот се два неповрзани процеси.„Францускиот предлог ја утврдува рамката за преговорите за членство, додека протоколот е билатерален документ со кој редовно се следи имплементација на договорот. Коинцидираат временски, затоа што во дел од овој пакет на односи со Република Бугарија за да се даде согласност за европскиот, треба да се потпише и овој договор, меѓутоа тие два документа не се меѓусебно поврзани”, истакна Османи.Османи истакна дека протоколот може да ја пресликува динамиката на европскиот процес, но европскиот процес не смее да пресликува динамика на протоколот кој се однесува на билатерални прашања кои ние ги имаме во односите со Република Бугарија и обврските што ги имаат тие спрема нас во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

osmani

Османи му одговори на Димовски: Да им оставиме на историчарите да нѐ ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината

Министерот за надворешни работи одговори на отвореното писмо на Илија Димовски, на ист начин, се разбира преку социјалните мрежи. Го повика Димовски да седнат и да разговараат и дебатираат, да гу судрат фактите.Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток.Илија, не сум имал никогаш проблем да те разберам, иако ретко сум се согласувал со твоите ставови и мислења. Така е и овој пат – те разбирам ама не се согласувам ниту со начинот на кој ги делиш прашањата на „албански“ и „македонски“, наместо како што доликува, да ги третираме како заеднички предизвик на кој заеднички му пристапуваме.За жал морам да почнам со деманти: ниту сме прифатиле со договорот од Преспа, ниту било кој може да прифати кои Македонци, каде и да живеат, какво им е етничкото потекло. Фактот што сме прифатиле во името на добрососедските односи, да не се мешаме во уредувањето на колективните права кај нашите соседи, не го менува фактот за тоа како се чувствува или како се изјаснува било кој Македонец на планетата земја. Напротив, еднаш засекогаш ја затворивме дилемата што значи зборот Македонец, и тоа веќе никој никогаш не може да го смени.Неправедно е да ја вмешуваме историјата како да е дел од современите политички текови, наместо да им ја оставиме на историчарите да нѐ ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината. Тоа е добар начин да се ослободиме од овие стеги, за да ја затвориме расправата кој и што е Илија, кој и што е Бујар и каков јазик зборуваат.Јас Илија, постојано барам дијалог затоа што имам потреба да разговараме за важни прашања:За тоа како ќе обезбедиме заедно никогаш повеќе никој да не го спори македонскиот јазик, и како тој да стане официјален и службен јазик на Европската Унија, на Обединетите нации, на оваа организацијата со која од следната година претседаваме – ОБСЕ инт.За тоа како ќе обезбедиме зборот Македонец да ја означува етничката припадност на нашите сограѓани Македонци, и никогаш повеќе никој, никаде да не може да го спори тоаЗа тоа како ќе обезбедиме македонските ора, македонските села, македонскиот фолклор, македонската песна, македонскиот еп, да бидат дел од македонската етничка посебност, и никој никогаш никаде да не може да го спори тоа.За тоа како ќе обезбедиме сето ова да не остане само во нашите глави, ами да стане дел од светската номенклатура и комуникација.За тоа како ќе им обезбедиме на нашите сограѓани, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, европска иднина, и зошто тоа да не го направиме на ист начин и за оние наши сограѓани кои себе си се сметаат за Црногорци, Бугари и Хрвати.За тоа како ќе го зачуваме, негуваме и промовираме нашиот автентичен модел на успешна мултиетничка демократијаЗа тоа како ќе обезбедиме европска перспектива, европски стандард и европски вредности овде дома, за сите нас.Ова треба на маса да го зборуваме, но еве и пред да седнеме, да расчистиме со митовите и невистините кои за жал доминираат во јавниот дискурс а се поврзани со предлогот кој треба да го прифатиме.Правата е за јазикот. Се тврди дека со предложената рамка, заклучоци итн…, македонскиот јазик на различни начини ќе биде загрозен. А фактите се токму спротивното: И во рамката, и во предлог заклучоците и во сите документи, во моментот на старт на преговорите – македонскиот јазик станува официјален јазик на кој Европската Унија ќе комуницира, и тоа без никакви фусноти, ѕвездички, дообјаснувања, астерикси, без било што. Овој официјален јазик подоцна, со нашето членство во Унијата, станува чист службен јазик на Унијата, на ист начин како што се и Германскиот, Францускиот, па и Бугарскиот и сите други јазици. Значи Унијата ја усвојува рамката каде стои дека европското Аки (Acquis), европското законодавство, ќе се преведе на Македонски јазик без никаква додавка – и тоа станува затворено прашање за Унијата.Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш, или ќе го оставиме на менито на бугарските партии кои после следните избори ќе ни ги дефинираат правилата за влез во ЕУВтората е за рамката, и за некакво нејасно објаснување дека во оваа рамка се внесени билатералните прашања, билатералните договори, историските прашања итн.Прво околу фамата за „билатерализација“. Добрососедските односи претставуваат еден од фундаментите на Унијата, и оттука не треба да нѐ чуди фактот што се тие дел од постулатите во голем број документи, извештаи, рамки кои Унијата ги изготвува. Како што во секој извештај на Европската комисија, секоја земја се оценува и по напредокот кој го остварува во добрососедските односи, исто така, повторно секоја земја која преговара, во преговарачката рамка има посебен дел каде на различен начин се спомнуваат добрососедските односи.Не во оваа рамка, туку во секоја предлог рамка која било кога сме ја добиле како драфт – и оние кои сме ги прифаќале како добри, и они кои сме ги отфрлале како несоодветни – секогаш стоеле и Договорот од Преспа со Грција, и Договорот за пријателство со Бугарија, како репери по кои ќе се следи дали земјата остварува опипливи резултати. Нема ништо различно и овојпат, и сѐ што се шири по ова прашање претставува лага. Нема дополнителни услови, нема дополнителни обврски, нема нови документи како Протоколи, туку само цитирање на Двата договори како што тоа отсекогаш било така.Трето е самиот почеток на преговорите и лагите дека се одложува стартот на преговорите, се одложува усвојувањето на рамката, сѐ се одложува за кога ќе се извршат промените во Уставот.А фактичката состојба е следна: Со усвојување на заклучоците, се усвојува и содржината на рамката, пред почетокот на преговорите и одржување на Првата меѓувладина седница – и тоа се случува сега и веднаш! Преговарачката рамка се дефинира сега, се усвојува сега – и тоа е завршен процес!По одржувањето на Првата меѓувладина седница, во полн капацитет го почнуваме процесот на скрининг, задолжителен процес кој го минуваат сите земји, и кој во просек трае една година. Нема одложување, нема застој, нема поместување, нема ништо – ги почнуваме преговорите онака како што сите претходно тоа го правеле, исто како што тоа ќе го направи и Албанија.Тоа е сосема доволен период ние да ги завршиме и нашите уставни промени, обврски кои секако ги преземаме. Ако сме искрени дека немаме проблем да ги внесеме Хрватите, Бугарите и Црногорците како прифатени етнички заедници во земјава, тогаш не треба тоа да го одложуваме до бескрај. Имаме доволно време во овој период да си ги завршиме обврските и потоа, онака како што е предвидено за секоја земја, по завршувањето на скринигот да почнеме со отворање на кластерите и поглавјата.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani-696x396

Османи го крие Протоколот затоа што предвидува учебниците да се пишуваат во Бугарија, вели Левица

Министерот Бујар Османи неколку дена одбива да го објави Протоколот со Бугарија, иако претходно изјави дека е спремен веднаш, штом Владата го одобри предлогот, да организира средба со бугарската страна и да го потпише, вели Левица.„Токму во Протоколот се содржани сите елементи преку кои Бугарија ќе ја ревидира историјата, учебниците и јазикот на Македонија Иако власта упорно манипулира дека Протоколот не е дел од преговарачката рамка, во ниту еден документ нема гаранции дека Бугарија нема да ја блокира Македонија на патот кон ЕУ, доколку не се спроведат барањата од Протоколот.Напротив, во преговарачката рамка стои дека напредокот на преговорите ќе зависи од „годишните прегледи и мерки за ефективното спроведување на членот 12 од Договорот за добрососедство” - што директно алудира на спорниот Протокол.Од тоа што го објавија бугарските медиуми, овој Протокол предвидува Македонија да ѝ достави на Бугарија копии од сите методолошки упатства, учебници, наставни средства и други релевантни наставни материјали - со што директно историјата и учебниците ќе бидат пишувани по желба на бугарските врховисти.Дополнително, Владата се обврзува до почетокот на учебната 2023-2024 година да ја промени содржината на учебникот по географија за VII одделение, како и нови книги, документарни и списанија, филмови и други уметнички дела, културни споменици и прослави (кои се државно финансирани) да се спроведуваат во духот на Договорот за пријателство.Налудничавите барања во Протоколот, кои Османи нема проблем да ги потпише, одат дотаму да субјектот финансиран од државата, со обврзувачка изјава ќе потврди дека ќе посвети внимание за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа обврска ќе биде основа за суспензија на доделеното државно финансирање.Дали ова значи дека Владата е спремна да го забрани и филнот Трето Полувреме, како и сите културни материјали кои сведочат за репресијата на бугарските фашисти?Ниту Бугарија, ниту ЕУ, има право да наметнува обврски за говор на омраза кон Македонија, се додека бугарски пратеници држат говори дека Македонија е бугарска.Протоколот ќе биде последниот чекор кон реализација на големобугарската идеја и затоа истиот Османи го крие. Го повикуваме македонскиот народ повторно вечер да го искажи својот револт против бугаризацијата на Македонија!СЕКОЈ ДЕН ВО СЕДУМ - ДО КРАЈ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

bujar-osmani

„Моравме да го одбиеме францускиот предлог“, вели Османи

Фала Франција, но предлогот моравме да го одбиеме, вака министерот за надворешни работи напиша на Фејсбук. Во продолжение во целост го пренесуваме неговиот став:Два збора стојат помеѓу успехот и неуспехот на европската унија во регионот. Зборот „протокол“ во рамката, како парадигма на историските прашања, и зборот „отворање“ во параграф шест од заклучоците на советот. И двата збора не се во францускиот предлог како финални решенија туку се ставени (дел од нив и во заграда) како прашања за кои не може да се постигне согласност поради позицијата на Република Бугарија.Усвојувањето денес на резолуцијата во Бугарскиот Парламент, во која се потенцираат токму овие две прашања ќе го блокира долгорочно европскиот процес, и воедно ќе ги парализира инструментите од договорот за пријателство на долг рок.Француското претседателство беше многу внимателно при срочувањето на текстот внимавајќи на сензитивностите на двете страни и затоа прашањата кои не беа прифатливи за нас ги стави како недефинирани предлози (во заграда) за да потенцира дека тие се прашања кои не се решени. Оттука ние само можеме да се заблагодариме на француското претседателство но моравме да го одбиеме нивниот предлог во ваква форма, токму поради деловите во него за кои Бугарската страна без никаква аргументација не покажа разбирање.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Димовски со отворено писмо до Османи: Замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи објави отворено писмо до министерот за надворешни работи Бујар Османи.Писмото ви го пренесуваме во целостОтворено писмо до Бујар Османи...Bujar Osmaniги следам твоите настапи и одлучив да ти се обратам лично, не како на министер, туку како Илија на Бујар.Во минатото сме разговарале многу пати, знам дека нема да ме разбереш единствено само ако немаш желба да ме разбереш.Ве познавам лично и тебе и повеќето твои соработници од ДУИ и знам дека не можете воопшто да кажете дека не ги разбирате процесите, барем не на мене, но дозволи искрено и директно и заради тебе и заради јавноста да разговараме со суштински, а не со површни маркетиншки флоскули и аргументи.Дозволи низ еден пластичен пример на аналогија да ти објаснам какви се овие времиња за Македонците.Ќе употребам примери со Албанците како народ и нација, не за да навредам или се согласам со тие примери, туку да ти покажам и тебе и на твоите колеги што е тоа што се обидувате, заедно со СДСМ, да го покажете како нормално, а не е.Замисли Бујар некој да ти предложи и да те пристиска, а ти, уште повеќе, да потпишеш и прифатиш дека:Прво, Албанците во Македонија не се ист народ со Албанците во Албанија, исто како што во "Преспа" пишува дека Македонците од Македонија и Македонците од Грција немаат ништо заедничко и не се исти.Второ, замисли да мора да прифатиш и потпишеш дека Енвер Хоџа ја создал албанската нација на вештачки начин, онака како што бугарското Собрание со својата Декларација од 2019 година тврди за Тито и Македонците.Трето, еве помисли Бујар, како би ти било да треба да потпишеш и прифатиш дека Албанците во Македонија не смеат да го користат албанското знаме исто онака како што со Времената спогодба, а потоа и со "Преспа" забранувате и брусите онаму каде што има македонско шеснаесеткрако сонце.Четврто, би можел ли да замислиш ситуација во која ти или некој колега од ДУИ мора да прифати и потпише дека Ѓерг Кастриот е Србин, а Хасан Приштина е Турчин, како што нам Македонците ни се случува секојдневно благодарение на промашената политика на оваа Влада, те за Гоце Делчев, те за десетици други борци за слобода на Македонија.Петто, би се согласил ли Бујар да ставиш во меѓународен правен договор дека Албанците немаат никакво илирско потекло ниту културолошко наследство од Илирите и дека на пример Илирите се Словени, а не Албанци,исто онака како што со Преспа прифативте дека ние Македонците немам никакво македонско потекло и дека Македонците биле Грци (види "Преспа", член 7).Шесто, како би ти било да правиш "мали" компромиси за албанската нација и историја со оние што секојдневно и со години наназад тврдат дека албанската нација е вештачка и создадена со албанизирање на Турци, Словени, Власи и Роми исто онака како што секојдневно преговарате "мали" компромиси за историјата со оние кои имаат ваков однос и тврдење кон нас Македонците.Еве вака изгледаат работите низ призмата на Македонците, доколку сакаш да погледнеш и знаеш.Ова што го напишав не го посакувам на никому, ама не сакам ниту да дозволам некој да ме убедува дека ова што им се случува на Македонците е базирано на нормални европски вредности, затоа што не е.Застани и размисли.Затоа Бујар, Албанците во Македонија во овој случај мора да останат рамо до рамо со нас Македонците, затоа што ние Македонците сме најмал народ на Балканот, но Албанците се втор, а сите околу нас исто или слично се однесувале во историјата и кон нас и кон вас.На еден ден престани да бидеш политичар и ќе разбереш колку многу грешиш.Застани.Се надевам дека ќе ме разбереш во добра намера и дека ќе размислиш длабоко за твоите постапки и чекори.Застанете.Прифаќањето на францускиот предлог е навреда за Македонците,но и ќе го одложи, а никако нема да го забрза евроинтегративниот процес.Ако вашата Влада со СДСМ го прифати овој предлог ќе не навредите нас Македонците, но и ќе ја запечати секогаш шансата на Македонија да стане членка на Европската Унија.Поздрав, Илија

Македонија | пред 3 години

osmani

„Османи да признае дека Бугарите ќе влезат во Уставот како конститутивен народ“, вели Левица

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упорно крие од јавноста кое е вистинското барање на Бугарија за Уставот. Како што откри Пендаровски, барањето на официјална Бугарија е Бугарите да влезат во нормативниот дел на Уставот, а не во Преабмулата, вели Левица„Моментално, во нормативниот дел на Уставот наведени се само македонскиот народ, Македонците кои живеат надвор од границите на државата, МПЦ и Исламската верска заедница. Ниту една друга етничка заедница не влегува во нормативниот дел на Уставот, затоа што единствено македонскиот народ е конституент на македонската држава.Со барањето на Бугарија, де факто ќе се оствари големобугарската идеја дека покрај Македонците, и Бугарите се конститутивен народ на македонската држава! Ќе се остварат децениските шовинистички идеи на бугарскиот двор, дека Бугарија ја формирала македонската држава и ова ќе биде последниот удар на македонската државотворност.Дека Османи целосно работи против интересите на Македонија, потврдува вчерашната негова изјава дека влезот на Бугарите во Уставот претставува успех, затоа што се прави дистинкција меѓу македонскиот и бугарскиот народ.Ова е опасна манипулација со македонскиот народ, кога и Пендаровски потврди дека Бугарија бара влез на Бугарите во нормативниот дел на Уставот.Скандалозно е однесувањето на претседателот Пендаровски, кој го прифати старо-новиот предлог, во кој стои дека нема почеток на преговори без отворање на Уставот.Ја алармираме целата македонска јавност на опасноста и фаталноста на овој предлог, погубен за македонската држава.Потребно е како никогаш досега, македонскиот народ да се обедини против квинслинзите на власт, кои во целост ја спроведуваат големобугарската идеја.Отпорот мора да започне, уште вечерва пред Влада“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

dimitrov-i-osmani

Димитров му врати на Османи: Манипулирате

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров му одоговри на неговиот наследник Бујар Османи кој тврди дека Димитров потпишал протокол кој сега го нема во архивите на МНР.-Навистина? Ама дали навистина?На сите изнесени грижи и прашања, не само од мене, туку од целата домашна јавност, вие повторно со бгнес спинувања?Чија пропаганда терате?Мафтате со протокол потпишан во јуни 2019 кога НЕМА вето, туку црно на бело потврда на бугарската ПОДДРШКА на нашите евроинтеграции напишана во истиот документ.Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена, одговара Димитров.Во однос на тврдењето на Османи дека во тој протокол Димитров го прифатил бугарското гледиште на Илинденското востани, Димитров вели дека тоа е не е точно.-Притоа, манипулирате за клучни делови од тој протокол, повторувајќи бугарска теза што очигледно ви е блиска: дека наводно сме преземале ОБВРСКА историчарите да ги надминат најделикатните теми во одреден рок, игнорирајќи ја клучната кованица во текстот – НАСТОЈУВАЊЕ да се постигнат реални резултати. Како што добро знаете, политиката може да охрабрува, да настојува, да прави добра атмосфера (како што тогаш имало), но не може и не смее да обврзе или да наметне решение врз комисијата за историски прашања.Повеќето од членовите на комисијата се истите луѓе, слободно јавноста нека ги праша дали во мое време биле обврзани или притиснати за било што. Во тоа време тие навистина настојуваа да дојдат до резултати, се’ додека бугарската страна не почна да го минира процесот.Понатаму, во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку. Интересно што полесно сте нашле некоја бугарска верзија, отколку македонската. Мојот кабинет целиот фајл за прашањето со Бугарија го предаде на вашите луѓе. Зошто токму денес ви се губат документи од архива можеме да претпоставиме. Во мое време, архивата на кабинетот и на министерството беше педантно водена, пишува Османи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања