ОСМАНИ

vankovska-osmani

И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата, вели Ванковска

Професорката Билјана Ванковска на својот фејсбук профил ја коментира политичката сцена во албанскиот блок.„Промената на името на една улица е само симбилички чин и назнака за тоа кој каде стои на политичката сцена во албанскиот блок. Преку симболичен судир на Адем Демаќи (не со партизанската бригада туку со) Ибрахим Ругова, двете фракции на ДУИ и другите помали партии си ги утврдуваат политичките позиции и агенди. Што подлабоко, тоа подобро. Верувале или не, лидерот на УЧК е сега (симболички) на страната на Ругова, а опозиционерите сакаат да бидат УЧК наместо УЧК, т.е. поголеми радикали од Ахмети и ДУИ. Опонирајќи на корумпираните и улежени/нафатирани кадри на ДУИ, тие не нудат демократски и либерални принципи, туку нешто сосема друго. Албанските новинари и интелектуалци аплаудираат и фаќаат страни.Е сега видете на што сме како политичка заедница и кои ни се опциите. Од лошо - полошо ... Како да времето застанало, а ви зборуваат за промена на Устав, за Бугари и за ЕУ. И Бујар ви црта на табла дека вие, Македонците сте глупави неевропјани, кои ја загрозуваат државата“, напиша Ванковска.

Коментари | пред 2 години

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Не знам дали ПР и стратешкиот тим на МНР и Влада знае дека имаме интернет и гледаме надвор од Македонија, а и дека многу смрди дури и со затнат нос, вели Трајковска

После националистичките и екстремистичките изјави на бугарскиот премиер Денков и претседател Радев дадени на 2 август, со кои уште една јавно, гадно и гласно ја позиционираа бугарската непријателската политика кон Македонија и Македонците, да излезеш на 5 август и да им црташ на табла на Македонците дека само уште сега, за последен пат ќе треба да те понижат и ќе мора да затнеш нос и да голтнеш е во најмала рака трагикомично и безобразно, вели новинарката Жанета Трајковска.„Не знам дали ПР и стратешкиот тим на МНР и Влада знае дека имаме интернет и гледаме надвор од Македонија, а и дека многу смрди дури и со затнат нос и дека ова не се голта.Друго ќе беше, на пример да имавме како држава испратено протесна, ама било каква нота до Бугарија дека со изјавите на нивните челници го негираат постоењето на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и го зголемуваат непријателството и дупката меѓу двата народи и дека такви изјави се неприфатливи за Македонија.Прати некој некое пусулче до Бугарите?! Некоја изјава барем од челниците на државата дека се навредени?! Ноуп! Стратегија скриј се под јорган планина, чекај да помине и земи табла да црташ дека последен пат ќе ги боли сограѓаните, ама ќе мора да голтнат и да се навикнат да живеат со смрдеата која доаѓа од нив самите, оти сами си ја лапнале. А секако, мора да се слуша меѓународниот фактор оти тие се фокусираат кон најлесното решение, а кај нас е најтенко, оти ние немаме идеа за нас, па послушно се слушаат сите други, оти врска немаме што значи автохтона и државна политика.#земисунѓерче“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Osmani-pregovaracka-ramka-1-720x404-1

Димовски до Османи: Нема потреба да се трудите да бидете професор, ако е точно тоа што го зборувате поништете ги протоколите со Бугарија

Нема потреба од мачење господине Bujar Osmani, нема потреба да се трудите да бидете некаков професор. Сите ние добро ја читаме и познаваме и преговарачката рамка и европската патека на Македонија, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.„Гледам денес се трудите да го намалите значењето и местото на Договорот за добрососедство со Бугарија и катастрофалните протоколи од 2019 и 2022 годинаво процесот на наше зачленување во ЕУ и во преговарачката рамка кои вие ги прифативте (едниот документ е и со ваш потпис).Од која мака господине министер?Зар дури денес ја разбравте штетноста на тие три документи кои ги прифативте, иако ви беше издробено и објаснето како на деца од осмолетка, колку се штетни?Нели бевте горди на тие документи?Нели беа достигнувања?Од каде сега не убедувате дека не се воопшто значајни во преговарачката рамка токму тие документи?Нели тешките компромиси со Бугарија, кои ни ги фалевте, беа влезница и откочивање за почеток на преговори со ЕУ?Нели токму тие документи не донесоа поблизу до ЕУ?Нешто не е во ред? Нешто се смени или пак треба нешто да се скрие од македонскиот народ и граѓаните на Македонија?...Еве ви еден предлог, не дека ќе го прифатите, туку со неприфаќањето да биде јасно дека и денес не зборувате искрено:Ако е точно сето тоа што го зборувате денес, господине министер, поништете ги протоколите со Бугарија и повлечете се од Договорот за добрососедство со Бугарија.Само така ќе докажете дека денес достојно ја зборувате вистината.Штом се безначајни, како што тврдите вие, тие три документи во преговарачката рамка, ниту една европска институција или европска држава нема да има аргументи да се лути, да замери или да не блокира заради таква одлука на Република Македонија.Нема никој да се побуни за толку незначајни документи.Нели, логично е?Или пак си играте маркетинг на сметка на македонските национални прашања?...А доколку, господине Bujar Osmani, почнувате да разбирате дека политичкото насилство кое беше направено врз македонскиот народ и мнозинството граѓани на Република Македонија во последните 5 години нема да даде никаков добар плод, тогаш е време да се извините за сите одлуки кои вие ги донесовте, а се однесуваат на идентитетските и културолошките засебности на македонскиот народ, без никаква согласност од тој народ“, додава тој.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-08-05-110749

(ВИДЕО) Османи го имитира Вучиќ, изглуми наставник

Министерот за надворешни работи Бујар Османи влезе во улога на наставник и преку училишна табла, ја објасни преговарачката рамка со Европската Унија.„Кратко објаснување на суштината на преговарачката рамка за преговори со ЕУ, како одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина.Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел.Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата.Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции. Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички.Она што е поважно е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементацијата, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот“, напиша Османи.

Македонија | пред 2 години

osmani

Османи ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа во Стразбур

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, ќе се обрати пред Комитетот на министри на Советот на Европа (СЕ) во Стразбур. Тој пред Комитетот на министри на СЕ, ќе ги презентира досегашните активности во својство на Претседавач со ОБСЕ како и претстојните планови од програмата на Претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.Османи ќе има средба и со Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.Тема на состанокот ќе биде заедничката работа на ОБСЕ и Советот на Европа, во насока на воспоставување на стабилност и безбедност врз основа на демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права во Европа и во поширокиот регион на ОБСЕ.Покрај со Пејчиновиќ-Буриќ, Османи ќе има средба и со Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ.

Македонија | пред 2 години

osmani

Османи потврди дека македонски граѓанин е застрелан во Косово

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи потврди дека македонски граѓанин е застрелан во Косово.„Нашите инситуции комуницараа со косовските власти и го потврдија тој податок кој беше објавен за наш граѓанин кој беше застрелан во Косово, но повеќе детали ќе ви обезбедат останатите институции. Ние како МНР го направивме првиот контакт и ја потврдивме веста“.Синоќа околу 20 часот, косовските медиуми пренесоа дека во Приштина е убиен државјанин на Македонија, додавајќи дека осомничените сè уште не се идентификувани.Според косовската полиција, на околу еден километар од местото на инцидентот, пронајден е опожарен автомобил со германски регистарски таблички, со кој се сомнева дека осомничените избегале од местото.

Македонија | пред 2 години

Dragan-Kovacki-23.06.2022

Ковачки: Османи потврди дека Ковачевски е кираџија во својата влада, единствено народот дава и зема власт, а не ДУИ

Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во вечерашната емисија „ClickPlus“ на ТВ21, порача дека ДУИ е подготвена да ја даде и позицијата премиер до избори ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го побара тоа.„Јас сум малку повеќе информиран од другите поради позицијата Министер за надворешни работи. Знам дека сега е време за големи и сериозни компромиси за напредок на државата. Сега се прават отстапки за доброто на сите. Ако Мицкоски ја побара позицијата премиер на Влада до избори, и за тоа сме спремни. Спремни сме да ја дадеме позицијата премиер на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се историски времиња и затоа сме спремни на компромис кој води до решение“, порача Османи.На оваа изјава на Османи реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Османи со нова потврда дека Ковачевски е кираџија во својата Влада и дека никој за ништо не го прашува.Тргуваат со неговата позиција, а тој е безгласен како немо "Х" во француска азбука.А Османи и после толку години во политика, не разбрал дека тој ништо не дава ниту зема, туку народот зема и дава власт како што ќе се случи и со неговата позиција“, вели Ковачки

Коментари | пред 2 години

osmani

Со советничката на премиерот Петков ги водевме најтешките преговори, вели Османи

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека во разговорите со Весела Чернева, која беше советничка на екс бугарскиот премиер Кирил Петков е направен најмал исчекор во македонско - бугарските односи.На бугарската политичка сцена има сериозни обвинувања дека таа шпионирала во корист на Македонија.„Со Весела Чернева, како советничка на бугарскиот премиер Кирил Петков, ги водевме најтешките преговори“, вели Османи во изјава за 360 степени.Советничката на екс бугарскиот премиер Кирил Петков, Весела Чернева е под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје.Тогашната министерка за надворешни работи Теодора Генчовска дури и ја обвини Чернева дека спроведува паралелна надворешна политика и дека самата лобира во преговорите со Македонија.

Македонија | пред 2 години

visar-ganiu

Ганиу до Османи: Ова што го правиш е партиска анархија

Да обвинуваш за кршење на статутот на партијата во моменти кога работиш за доброто не само за жителите на Чаир, туку и за сите скопјани е многу ниско, се вели во реакцијата на градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу на изјавата на Бујар Османи кој рече дека незадоволните во ДУИ, или „огнената група“ го прекршила статутот на партијата.„Токму тоа го направи Бујар Османи, човек кој потекнува од Чаир и Скопје, човекот кој треба со душа да им помогне на своите жители, бидејќи е дел од највисоката хиерархија на извршната власт. Но, се чини дека не му е ни гајле за народот, но му е гајле како од позиција на прекршител на статутот, каков што е самиот, да упатува обвинувања за кршење на статутот кон други.И еве од тука го информирам Бујар Османи, кој е портпарол на Демократската унија за интеграција, и кој треба да ги знае сите партиски прашања, а изгледа или не ги знае или не е заинтересиран да ги знае, дека секоја коалиција или соработка и за секој детал од тие коалиции и соработки што ги правевме на локално ниво, било во изборниот период или по изборите, го консултиравме и го информиравме лидерот на партијата Али Ахмети за сѐ и сѐ што направивме, го направивме со неговиот амин.Би било добро Бујар да го прашаш лидерот, оти си портпарол и штета е да не знаеш што се случува во партијата“, вели Ганиу.Според него, токму Османи заедно со Артан Груби го прекршиле партискиот статут кога тајно влегле во централното претседателство на ДУИ без партиски филтер, без да бидат членови на месните комитети, без избор од структурите... и повторно Османи го прекршил статутот кога бил назначен за координатор во Чаир на 5 март.„Статутот го прекршуваш и денеска Бујар кога обвинуваш за кршење на статутот додека работиме за нашиот народ за тие што нѐ избрале. Народот многу очекува од вас, а не да ја играте улогата на адвокат, дали бил прекршен или не партискиот статут. Бујар ова што го правиш и ти и тие другари министри со тебе, ни помалку ни повеќе се нарекува партиска анархија“, вели Ганиу.Портпаролот на ДУИ Бујар Османи во изјава за „360 степени“ за последните превирања со фракционерите рече дека прекршувањето на статутот на партијата, како во сите политички партии, носи одредени одговорности.

Македонија | пред 2 години

osmani-4

Османи во посета на Молдавија

Од денес Претседавачот на ОБСЕ министерот Бујар Османи ќе биде во посета на Мисијата на ОБСЕ во Република Молдавија, со што практично продоложува реализацијата на приоритетните обврски од Прoграмата за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023.За време на посетата Преседавачот Османи ќе биде примен од Претседателот на Република Молдавија – Маја Санду, а ќе има состанок и со неговиот домаќин Заменик премиерот и министер за надворешни работи и европска интеграција на оваа земја – Нику Попеску, како и со заменик претседателот на владата и министер за реинтеграција Олег Серебриан. Османи ќе има средби и со авторитетите на Транснистрија – Владимир Красноселски и нивниот главен преговарач Виталиј Игнатиев.Посетата ќе се одвива во време на сложени внатрешно-политички состојби во земјата и после ненадејната оставка поднесена од премиерот на Молдавија – Наталија Гаврилита, но и заради надворешното влијание предизвикано од последиците воената агресија на Руската Федерација врз Украина. Главна цел е да се поттикне процесот на посуштински преговори помеѓу Владата на Молдавија и авторитетите на Транснистрија за реализирање на договорената рамка од 8 области, но и да се даде целосна поддршка на работата на Мисијата на ОБСЕ во Молдавија која има клучна улога во одржувањето на политичкиот дијалог воден од страна на ОБСЕ во формат 5+2, како и за проектите кои се доменот на интеграцијата на државата и социо- економското заздравување на Молдавија.Во текот на дводневната посета Претседавачот на ОБСЕ ќе реалзира и средби на терен, при што ќе се сретне и со младински активисти во Молдавија кои го помагаат прифатот на бегалци од Украина.

Македонија | пред 2 години

apasiev-pendarovski

Апасиев: Кажете им на Прецедникот и на учкана во МНР дека и во Сирија имаше земјотрес со жртви

Лидерот на Левица Димитар Апасиев со порака до претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни Бујар Османи:„Кажете им на Прецедникот и на учкана во МНР дека и во СИРИЈА имаше земјотрес со жртви“, вели Апасиев.

Коментари | пред 2 години

osmani-4

Ковачки: Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи

Македонското министерство за надворешни ќе прати ли нота со осуда за кршењето на клубот или ќе каже 2 реченици за ТВ и толку е доволно, прашува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Ниту еднаш од позиција на претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи не ги спомена правата на Македонците во Бугарија.Ниту еднаш!А сам кажа дека ќе се борел за принципите на ОБСЕ и дека од нив немало да има отстапување. Епа еден од базичните принципи на ОБСЕ е "почитување на правата на малцинствата". Зошто не се обиде да го наметне почитувањето на базичните принципи на ОБСЕ или и од тие принципи ќе си зема тоа што му е потребно за дневна политика?Ни дадоа да претседаваме со ОБСЕ, а не знаеме да го искористиме моментот.Али Ахмети на неговите настапи пред сограѓаните често изјавува дека "Бујар претседава со половина планета".Еве и да се согласиме дека е така, но тогаш што фајде имаме ние од тоа негово претседавање?Зошто е толку антимакедонски настроен министерот за надворешни работи не ми е јасно.Дали е уценет со кривичната за "Пациент", дали е нешто друго во прашање не е јасно, но факт е дека не одработува за Македонија и за македонските национални интереси.* Барем да отидеше да ги собере срчите од демолираниот клуб во Бугарија“, вели Ковачки.

Македонија | пред 2 години

osmani-4

Османи ќе оствари своја прва посета на теренската мисија на ОБСЕ во Скопје

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денеска ќе оствари своја прва посета на теренска мисија во својство на претседавач, со посета на мисијата на ОБСЕ во Скопје при што ќе ги разгледа и разговара за проектите кои мисијата на ОБСЕ ги имплементира во рамките на својот мандат.Османи во мисијата ќе има интерактивен разговор со членовите и шефот на мисијата, амбасадорот, Килиан Вал.Исто така, Османи ќе го посети полицискиот центар во Ѓорче Петров, и ќе разговара со корисници на обука во рамките на програми на мисијата на ОБСЕ каде што заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе присуствува на показна вежба на припадници на Специјалната антитерористичка единица -Тигар и Единицата К9.Во текот на денот, на агенда на претседавачот е посетата и на теренската канцеларија на ОБСЕ во Тетово.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2023-01-22-at-11.24.01

Екс обвинител до обвинителство: Дали изјавите на Османи дека не е важна истрагата, туку тоа што изјавува наркодилерот го доживуваат како мешање во работата и зошто НЕ?

Во интервју за бугарската БТВ министерот Бујар Османи вели дека за него е битно само тврдењето на Пендиков и неговото семејство дека причина за нападот е етничката припадност, без разлика дали истрагата ќе утврди други околности.„Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики“, рече Османи во интервјуто, по што поранешниот обвинител Војо Димоски објави статус во кој вели дека ова е мешање во работата на обвинителстовто.„Од Обвинителството најавија прес за да објаснеле како осомничен за трговија со дрога, без особена причина летна на лечење во странство, дури тие незаинтересирано го проследија со поглед.Добро е некој новинар да искористи прилика и да ги праша: дали изјавите на Бујар Османи дека не била важна истрагата туку за него било важно што изјавува наркодилерот за настанот, ги доживуваат како мешање во работата на ЈО и зошто не?“, вели Димоски.

Коментари | пред 3 години

Osmani

Замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина треба да заврши, вели Османи

Бујар Османи, министерот за надворешни работи, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека мотивот на денешната седница на Советот за безбедност свикана од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски е замрзнатиот конфликт помеѓу Белград и Приштина кој треба да заврши.Паралелно денеска на седницата на Владата на Србија ќе се разговара за германско-францускиот предлог за решавање на односите помеѓу Србија и Косово„Статус-квото не е во интерес на никого, како и отворени прашања кои имаат потенцијал за екскалција и злоупотреба од трети страни. Од замврзнати конфликти има корист Руската федерација во своите планови и стратегии.Тој статус-кво на замрзнати конфликти треба да заврши и ржавите да воспостават нормални односи помеѓу себе и затоа ние го охрабруваме дијалогот помеѓу Србија и Косово. Го следиме внимателно процесот како први соседи и членка на НАТО, а сега и претседавачи со ОБСЕ“, изјави Османи.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања