Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПАРИЗ

media-library47r82fb1fuba1MXDqZA

Скандал во Лувр: Туристички водичи и вработени обвинети за измама, продавале лажни билети на кинески посетители

Париската полиција го разби организираниот обид за измама во музејот Лувр и уапси 10 лица, меѓу кои се и вработени во музејот и туристички водичи, осомничени дека на кинески посетители им продавале лажни билети и преполнувале тури со водичи.Според информациите на весникот „Le Parisien“, полицијата ги уапсила осомничените во вторник откако управата на Лувр пријавила „нерегуларности“.Како што пренесува „Euronews“, одземени се три возила, 130.000 евра кеш, скоро 200.000 евра на банкарски сметки и повеќе банкарски сефови со големи суми пари.Откривањето на оваа измама следи по низа предизвици за Лувр, вклучувајќи штрајк на вработени незадоволни од платите и работните услови, што довело до делумно затворање на музејот секоја недела.Музејот исто така бил критикуван поради зголемување на цената на билетите за посетители од надвор од Европа од 22 на 32 евра, како дел од националната политика за „диференцирани цени“ што ја применуваат и други културни институции во Франција.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqsrf3nak5oa20XMhDDI

Владата уверува во Париз: Македонија останува посветена на заштитата на Охридскиот Регион

Владина делегација составена од Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт и врски, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Муамет Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, како и градоначалниците на Охрид и Струга, Кирил Пецаков и Менди Ќира, вчера и денес престојуваше во работна посета на Париз, каде беа остварени средби со високи претставници на УНЕСКО.Делегацијата одржа разговори со генералниот директор на УНЕСКО, Калед Ел-Енани, со претседателот на 43-тата Генерална конференција на УНЕСКО, Конгкер Мохамад Талха, како и со претседателот на Извршниот одбор на УНЕСКО, Насер бин Хамад Ал Хинзаб. На средбите било разговарано за улогата и значењето на УНЕСКО во современиот свет, како клучна мултилатерална организација која промовира дијалог и меѓународна соработка во областите на образованието, науката, културата и комуникациите.Посебен акцент во разговорите бил ставен на состојбата на Охридскиот Регион како природно и културно светско наследство. Притоа била нагласена важноста од континуирана, систематска и навремена имплементација на препораките за заштита, со цел зачувување на статусот на регионот на Листата на светско наследство.Од Владата информираат дека за време на средбите била потврдена јасната определба на државата за доследно спроведување на преземените обврски за заштита на Охридскиот Регион. Истовремено, била изразена подготвеност за продолжување и унапредување на соработката со Република Албанија во рамки на постојните билатерални и меѓународни механизми, со цел обезбедување долгорочна и одржлива заштита на овој исклучително значаен природен и културен простор.

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Лет на Wizz Air прекинат по два часа: итно слетување во Брисел

Авион на авиокомпанијата Wizz Air кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесуваат специјализирани сервиси за следење на летови.Станува збор за летот W64719, управуван од авион „Airbus A321neo“. Според достапните информации, екипажот одлучил да го прекине летот и да го пренасочи кон аеродромот Брисел–Шарлроа, каде што леталото безбедно слетало околу 7:30 часот по универзално време, по приближно два часа и 15 минути во воздух.Податоците од системот за следење на летови Flightradar24 исто така покажуваат дека авионот бил пренасочен и наместо во Париз слетал во Брисел.Според објавите на домашните медиуми, додека авионот бил во воздушниот простор над Луксембург, пилотите побарале итно слетување на бриселскиот аеродром Шарлоа, кој бил поблизу се со цел да му се укаже лекарска помош на патникот.

Македонија | пред 1 седмица

pariz-traktori

(Видео)Фармерите ги блокираа Ајфеловата кула Триумфалната капија

Земјоделците во Париз ги блокираа Триумфалната капија и Ајфеловата кула. Незадоволството на земјоделците, кои протестираат веќе со недели, е насочено против политиката на колење говеда погодени од болеста јазлеста кожа, ниските цени на пченицата и високите трошоци за ѓубрива.Околу стотина земјоделци се собраа во Париз, и покрај забраните, протестирајќи против договорот за слободна трговија со Меркосур и барајќи административни поедноставувања.Демонстрантите ги блокираа Триумфалната капија и Ајфеловата кула, а делумно беше затворен и автопатот А13 во западниот дел од француската престолнина.

Свет | пред 1 месец

media-librarykvpeid76cq9eaijICjc

(Видео) Романскиот претседател Никушор Дан заглавен во Париз поради снежна бура

Претседателот на Романија, Никушор Дан, остана завеан од снег во Франција, откако поради силна снежна бура неговиот воен авион не можеше да полета од Париз ниту синоќа ниту утрово.Воениот авион „Спартан“, со кој патуваше романската делегација, првично требаше да полета во вторник на полноќ, а потоа и во среда наутро, но обилните снежни врнежи ја прекрија пистата на аеродромот, поради што надлежните служби не дадоа дозвола за полетување. Иако авионот бил одмрзнат, полетувањето било одложено во последен момент, а околу 9:30 часот претседателот бил изведен од леталото.На Никушор Дан му било наложено да го напушти авионот додека трае чистењето на пистата, за да се создадат услови за безбедно полетување кон Букурешт. Надлежните информирале дека операцијата ќе трае од еден до еден и пол час, но снежните врнежи продолжиле и пистата повторно била покриена со снег.Според информациите на „Обзерватор“, околу пладне започнале нови операции за одмрзнување на авионот, при што опремата била обезбедена од Префектурата на Париз. Во меѓувреме, се разгледува и можноста за испраќање друг авион, со цел романскиот претседател да може да се врати во земјата.Додека чекал на аеродромот, Никушор Дан разговарал со новинарите и укажал на проблемот со недостигот од модерен претседателски авион способен да лета во тешки временски услови. Тој истакнал дека таков авион нема да може да се набави ниту во 2026 година.„Во одреден момент ќе мора да имаме претседателски авион, и тоа не само за претседателот, туку и за министрите кои патуваат во делегации за важни прашања. Овој авион има многу повеќе функции од обичен авион, а во моментов немаме ни соодветна комуникација – кога сме во лет, ние сме изолирани“, изјави Дан.Тој додаде дека во авионот „Спартан“ не постои безбедна комуникација, поради што претседателот не може во реално време да добие информации доколку во земјата се случи сериозна ситуација. Дан нагласи дека одлучил да патува со овој авион со цел да заштеди средства.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања