„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Романскиот претседател Никушор Дан заглавен во Париз поради снежна бура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-librarykvpeid76cq9eaijICjc

Претседателот на Романија, Никушор Дан, остана завеан од снег во Франција, откако поради силна снежна бура неговиот воен авион не можеше да полета од Париз ниту синоќа ниту утрово.

— реклама —

Воениот авион „Спартан“, со кој патуваше романската делегација, првично требаше да полета во вторник на полноќ, а потоа и во среда наутро, но обилните снежни врнежи ја прекрија пистата на аеродромот, поради што надлежните служби не дадоа дозвола за полетување. Иако авионот бил одмрзнат, полетувањето било одложено во последен момент, а околу 9:30 часот претседателот бил изведен од леталото.

На Никушор Дан му било наложено да го напушти авионот додека трае чистењето на пистата, за да се создадат услови за безбедно полетување кон Букурешт. Надлежните информирале дека операцијата ќе трае од еден до еден и пол час, но снежните врнежи продолжиле и пистата повторно била покриена со снег.

— реклама —
yHog-W9p_uk

Според информациите на „Обзерватор“, околу пладне започнале нови операции за одмрзнување на авионот, при што опремата била обезбедена од Префектурата на Париз. Во меѓувреме, се разгледува и можноста за испраќање друг авион, со цел романскиот претседател да може да се врати во земјата.

Додека чекал на аеродромот, Никушор Дан разговарал со новинарите и укажал на проблемот со недостигот од модерен претседателски авион способен да лета во тешки временски услови. Тој истакнал дека таков авион нема да може да се набави ниту во 2026 година.

„Во одреден момент ќе мора да имаме претседателски авион, и тоа не само за претседателот, туку и за министрите кои патуваат во делегации за важни прашања. Овој авион има многу повеќе функции од обичен авион, а во моментов немаме ни соодветна комуникација – кога сме во лет, ние сме изолирани“, изјави Дан.

Тој додаде дека во авионот „Спартан“ не постои безбедна комуникација, поради што претседателот не може во реално време да добие информации доколку во земјата се случи сериозна ситуација. Дан нагласи дека одлучил да патува со овој авион со цел да заштеди средства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-18-at-08.55.54

(Видео) Драматични зборови на пилот пред да удри во зграда: Ух, изгубивме контрола

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања