Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПЕТРУШЕВСКИ

media-libraryg99ac7jt117b4pR5atQ

Петрушевски: Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра.Очекуваме одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?Почитувани,Вистината е една и единствена, Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат. Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци.Правда ќе има“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 7 часа

media-libraryjv3va3fq8o872FpHYxd

Петрушевски: Груби ќе се соочи со правдата за сторениот милионски криминал

Правдата го добива своето место. По година и пол бегство, денеска на граничниот премин Блаце уапсен е Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер во владата на СДС и ДУИ, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Артан Груби кој важи за олицетворение на криминалот и корупцијата предводена од СДС и ДУИ, конечно ќе се соочи со правдата.За потсетување на јавноста, криминалот на бегалецот од правдата, Груби достигна вредност од минимум 500 милиони денари или над 8 милиони евра, а има индиции дека оваа сума може да надмине десетици милиони евра, пари украдени од граѓаните.Дополнителен криминал на Груби заедно со неговиот другар Бајрами, тогашен директор на Државната лотарија освен што местеле милионски тендери, е исплаќање на аванси на деловни соработници.За целиот овој милионски криминал на Груби знаеше и СДС, но само за да не му пропадне коалицијата и да му потрае власта, молчеше и го одобруваше, со што стана соучесник.Груби крадеше, СДС молчеше и одобруваше.Сега е време на одговорност.Борбата против криминалот и корупцијата е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе продолжи и секој кој се огрешил пред законот, порано или подоцна ќе се соочи со правдата“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 1 ден

media-library6l09otn8scgt9aDmd0W

Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој на самиот почеток истакна дека ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на СДС не биле испорачани.„За една година се бара нешто коешто не било испорачано изминатите 7 години, имале доволно време СДС да ги зголемуваат платите, да ја зголемуваат минималната плата, за да сега синдикатите бидат помалку незадоволни. Кога СДС беше на власт и кога ја зголеми минималната платата на 18.000, со законска измена во договор помеѓу работниците и работодавачите, ја зголеми само минималната плата но не и другите плати, тогаш ССМ на нивно барање иницираше амандман којшто ние го поднесовме за зголемување на сите плати, тогаш ние од ССМ добивме пофални зборови“, рече Петрушевски.Петрушевски објасни дека со доаѓањето на власт, Владата ги исполнила барањата на ССМ, со зголемувањето на платите во јавниот сектор, на здравствените работници, полициските службеници, социјалните работници, како и зголемувањето на платите за 11.000 вработени во администрацијата.„Таа обврска којашто сме ја презеле ние како тогашна опозиција за разлика од другите опозициски партии, ние штом дојдовме на власт ги испорачавме тие барања на ССМ. Линеарното зголемување на вработените во јавниот сектор го направивме секаде, ги зголемивме платите во образованието со колективен договор каде што зголемувањето ќе биде од 40 до 60% во рок од 4 години, ги зголемивме платите во високото образование за 14%, здравствените работници исто така ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати, полициските службеници добија 10% зголемување, социјалните работници добија 20% поголеми плати, вработените во СОЗР 30%, последниот договор со УПОЗ и САДУ околу 11 илјади вработени во администрација добиваат 40% поголеми плати“, објасни Петрушевски и додаде:„Испочитувани се сите колективни договори коишто претходната власт ги потпиша на заминување и не ги почитуваше, во одбраната, во културата и сите други институции. Ние ги зголемуваме платите многу повеќе од она коешто тогаш беше барање на Трендафилов кога беше СДС на власт, сега одеднаш бара 12 илјади и прави протести и блокади каде што претходно не ги правеше. Дијалог се води на институционално ниво, затоа постои социо-економскиот совет каде што треба да седнат работниците и работодавачите, да се усогласат, да ги истакнат аргументите синдикатите кои се нивните барања“.

Македонија | пред 6 дена

media-librarygqlq7q0pge6b2aBrMl2

Петрушевски: Се расплеткува нарко мрежата блиска до Заев и Филипче, епилогот води кон нивна инволвираност

Фирмата ЦБД Медплант во вистинска сопственост на Тони Котев, поранешен функционер на СДС и близок човек на Заев и Филипче, уште од почетокот работела со пропусти, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Иако Филипче тврдеше дека во негово време се било во ред, нашите информации велат друго. Имено, за да се складираат 30 тони дрога треба да помине процес од околу 4-5 години, што значи дека фирмата на Котев, работела незаконски од времето на Филипче и Заев. Денес, Заев и Филипче бегаат од името Тони Котев како од ѓаволот, се прават дека не го знаат а до вчера се сликаа со него.Фирмата ЦБД Медплант, да потсетиме доби лиценца во 2020 година, токму од Заев и Филипче. Во тоа време и Филипче и Заев, сакаа да ја направат Македонија туристичка дестинација за користење на марихуана и ја промовираа продажбата на цвет од канабис. Затоа, по нивна насока во 2023 година е сменет подзаконски акт во правилникот за одгледување на марихуана.Затоа ли е паниката на Заев и Филипче толку голема? Дали се точни нашите информации дека овие двајца имаат удел во бизнисот со канабис и се фатени во тесно? Затоа ли повиците на Заев кон поединци во царина и патувањето на Филипче кон Грција се случуваат во тој период? Дали случајно има и плус висок поранешен функционер вмешан во нарко бизнисот на Заев и Филипче?Клопчето се одмотува, крајот се гледа. ЈО да го истражи случајот до крај. Одговорност мора да има“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryqfajl763e4gidmwjuXM

Петрушевски: Договорот со САД за реципрочна трговија ја подобрува економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција

„Многу голем успех на нашата Влада и дипломатија пред се. После оној стратешки договор што го потпишавме со Обединетото Кралство, ова е втор сериозен договор на повидок којшто огромен бенефит ќе има и Македонија како држава затоа што ја позиционира на една сериозна мапа во светот, но и во самата заедничка изјава со Белата куќа пишува дека најстратешкиот партнер на САД во Балканот и во овој регион е Македонија, што многу значи за потенцијалните инвеститори, економската клима за државата, но и за меѓународната позиција на Македонија“, истакна Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски се осврна на договорот со САД за реципрочна трговија кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%. Тој додаде дека продлабочувањето на стратешкото партнерство со САД ќе отвори нови економски перспективи за Македонија.„Овој договор предвидува сериозни бенефиции пред се она коешто е најбитно за граѓаните дека имаме двојна добивка, односно производите коишто Америка ќе ги извезува во Македонија ќе бидат поевтини затоа што ќе нема царини и граѓаните ќе имаат поевтини производи“, рече пратеникот Петрушевски.Петрушевски нагласи дека Владата има визија за подобрување на економијата на државата и ја унапредува нашата меѓународна позиција.„Да резимираме, зборуваме дека како една малечка балканска земја успеваме да потпишеме сериозен договор со најсилната економија во светот, и тоа во меѓународни рамки значи многу за Македонија“, заклучи Петрушевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryejoha991tf8k0atvxoQ

Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Со денови ги слушаме СДС и Филипче, во прашална форма како лажно ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за некаков шверц на дрога, па го мешаат Томовски, и кој се уште не, но, еве ја вистината на дело, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.„Откриваме фрапантен податок и фотографија, која покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегалната марихуана – еден до друг.Венко Филипче на телевизиско интервју, кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на Фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев, а како што гледаме на сликата тие двајца добро се познавале и соработувале.Венко Филипче и Тони Котев, рамо до рамо еден до друг.Венко Филипче и СДС, наместо секојдневно да прашуваат и да шират невистини и манипулации, треба да одговорат на вистинското прашање, зошто се толку потресени и толку силно водат кампања за овие заплене на околу 30 тони дрога? Дали во СДС се исплашени затоа што Филипче и Заев се вмешани во трговијата со дрога? Затоа ли Филипче добро знае колку камиони требаат за одредена количина на дрога? Затоа ли во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал?Каде има чад, има и оган. Каде има криминал и корупција, таму се и Филипче и Заев. Ако порано се велеше дека сите патишта водат кон Рим, денес сите патишта за криминал и корупција, водат кон Филипче и Заев.Го повикуваме ЈО, да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30-те тони запленети дрога“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhslnj794d4a770CD5sK

Петрушевски: Со подзаконски акт владата на СДС дозволила марихуана за наводни медицински цели да се произведува на нива

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Во член 2 на овој Правилник, СДС си додале дека канабис може да се одгледува на отворен простор (површина или земјиште), додека во постоечкиот закон и стариот правилник јасно е утврдено дека канабис за медицински цели може да се одгледува само на затворен простор.Со овој подзаконски акт владата на СДС дозволи марихуана за наводни медицински цели да се произведува на нива. Вака произведениот цвет од канабис не ги задоволува ГМП нормите, што значи дека во понатамошниот процес на производство и екстракција, маслото од канабис не може да биде ниту лиценцирано, ниту да се најде во промет за медицински цели за тешко болните пациенти.Овие измени на Правилникот не се случајни, туку истите се направени со умисла, затоа што владата на СДС, на чело со Зоран Заев и Венко Филипче се познати по бизнисот со марихуана.Сите паметиме кога во 2020 година Заев и Филипче сакаа да донесат закон за целосна легализација на марихуаната, со што Македонија сакаа да ја направат светска туристичка дестинација за уживателите на марихуаната. Откако ова не им успеа, се дадоа на масовно издавањето лиценци за медицински канабис на лица блиски до кланот Заеви и до Филипче, со што драстично се зголеми бројот на лиценцирани компании во струмичкиот крај.Сомнежите и индициите за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче, како што е заплената на 30 тони марихуана од фирма во струмичко Ново Село, во сопственост на човек близок на Заев и Филипче, поранешен функционер на СДС.Наместо да молчат, ги повикуваме да одговорат, дали свесно, со умисла и по нивна насока се направени измените на Правилникот кој е во спротивност со законот за медицинска марихуана, со крајна цел продавање на канабисот на црниот пазар?Дали поради ова е паниката кај Заев и Филипче, која резултира со нејасни реакции и итни упатувања кон Грција за одржување меѓусебна средба и координација?Во следниот период ќе бидат испитани сите фирми со лиценца за медицински канабис. Кој работи согласно закон ќе продолжи нормално да функционира, а кој работи нелегално, ќе одговара.Ред и одговорност мора да има! ЈО да почне со работа и овие сомнежи и индиции да ги истражи до крај“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryh159tludbijb1sMUMRK

Петрушевски: Не можел кој било да извади лиценца за медицински канабис, тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче

Познанството со Зоран Заев и Венко Филипче, како и блискоста со СДС биле најважен критериум за апликантите за добивање на лиценца за медицински канабис, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Не можел кој било да извади таква лиценца, затоа што тоа било резервирано за луѓето блиски до кланот Заеви и до Филипче, затоа и во струмичкиот регион во Македонија има најмногу фабрики за марихуана за медицински цели.За да им тече бизнисот и да ги вртат милионите, Заев и Филипче во 2020 година планираа целосно легализирање на марихуаната и со тоа сакаа Македонија да ја прават светска туристичка атракција. За среќа на граѓаните, овој обид не им успеа, а сега гледаме и која им била целта.Дека ова било планирано во главите на Заев и Филипче, се гледа во подзаконскиот акт, односно Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во времето на власт на СДС, кој е во колизија со законот, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите. Со ова, логично е дека со неговото користење или во процесот на екстракција, маслото кое се произведува не може да биде лиценцирано, а најмалку да се најде во промет.Ги прашуваме Заев и Филипче, кој бил мотивот за ова? Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски? Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Затоа ли Заев и Филипче овие денови се толку испаничени? Затоа ли Заев излезе да го брани неодбранливото, додека во тоа време Филипче се упати кон Грција да се види со него? И дали Заев и Филипче стојат позади промената на Правилникот?Сите сомнежи и индиции за криминалот со дрогата водат кон Заев и Филипче. ЈО ова да го истражи до крај, еднаш правда и одговорност за ова криминално дуо, мора да има“, вели Петрушевски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryuh68mbasno7letua68c

Петрушевски: Заев и Филипче нека бидат еднаш искрени, нека кажат како се поврзани со бизнисот со марихуана и со последниот случај

И во случајот со околу 40 тони запленета марихуана вплеткани се Зоран Заев и секако неговиот другар, Венко Филипче, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Вклученоста си ја потврди сам Заев, се јави бранејќи се, наместо да им се извини на граѓаните за сиот криминал што го има направено.На Заев веќе никој не му верува, ама со жалопојќите на Фејсбук, тој самиот покажа дека е погоден и фатен жив на дело.Нешто што е јасно во јавноста е несомнениот факт дека неговата влада се прослави со актуелизирање на бизнисот со марихуана, продаден како грижа за здравјето на граѓаните или канабис за медицински цели.Како и да е, факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат  како М'гчев кој пак бизнисите ги тера со Вице Заев.Секако основоположникот на бизнисот со марихуана владата на СДС предводена од Заев кога министер за здравство беше Филипче, креирала правила по своја мерка и доделувала бизниси по своја мерка, или на свои луѓе.Сега следи целосно расчистување на криминалот во оваа област. Секој еден кој се занимава со одгледување, до производство на готови производи од марихуана ќе биде проверен.А за поврзаноста на Заев и Филипче еве за почеток тие лично нека дадат одговори на јавноста.Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ.Случајот ќе биде комплетен само ако јавното обвинителство ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче“, додава тој.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4onh518qipl0bsfoi1v

Петрушевски: Заев и Филипче вмешани и во последниот случај со заплена на марихуана, дали Заев се интересирал во државни институции и за запленетата марихуана во Србија?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска изнесе сериозни обвинувања на сметка на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поврзувајќи ги со, како што рече, низа скандали и сомнежи за криминал поврзани со производство и трговија со марихуана.Петрушевски изјави дека, според ВМРО-ДПМНЕ, името на Зоран Заев се појавува во речиси сите случаи во кои постои сомнеж за криминал, заедно со Венко Филипче, кого го нарече негов близок соработник. Тој оцени дека јавните настапи на Заев се, како што рече, „изблик на нервоза“ поради наводи дека лица блиски до него биле фатени „на лице место“.Пратеникот тврди дека Заев не ја говори вистината кога вели дека не гради во Дубаи и дека постојат јавни сведоштва според кои и тој и Филипче поседуваат т.н. златна виза. Според Петрушевски, Филипче претходно објаснувал дека визата ја добил како лекар, а постави прашање врз која основа Заев ја добил истата.Во обраќањето, Петрушевски истакна дека, според ВМРО-ДПМНЕ, владата предводена од Заев била основоположник на бизнисот со марихуана во Македонија. Тој тврдеше дека околу 70 проценти од запленетата дрога ѝ припаѓа на фирма поврзана со кадар на СДСМ, односно со лице блиско до Заев, додавајќи дека само во текот на вчерашниот ден во струмичкиот регион биле запленети околу 30 тони дрога.Како што наведе, станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, која, според неговите зборови, е поврзана со Тони Котев, познат како М’гчев, поранешен претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село, при што формалната сопственост била на неговиот син, Христијан Котев. Петрушевски додаде дека Котев бил познат и по бизнис-релации со Вице Заев.Тој изјави дека, според документи со кои, како што тврди, располага ВМРО-ДПМНЕ, фирмата на Котев во период пократок од шест месеци во 2025 година испорачала 19 тони марихуана до скопска фабрика, каде што подоцна започнала полициска акција. Дополнително посочи дека дозволата за работа фирмата ја добила во 2020 година, кога премиер бил Заев, а министер за здравство Филипче.Петрушевски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ и тогаш укажувала оти лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале на лица блиски до Заев, а не врз основа на исполнување на законските услови, наведувајќи и други примери на фирми кои добиле дозволи во истиот период.Од ВМРО-ДПМНЕ упатија апел до Јавното обвинителство да ја испита поврзаноста на Заев и Филипче со фирмата во која била запленета марихуаната, како и да се утврди зошто, според нивните тврдења, Заев лично се интересирал и контактирал со државни институции во врска со случајот со петте тони марихуана запленети во Србија.Петрушевски порача дека борбата против криминалот, според ВМРО-ДПМНЕ, е јасна и дека, како што рече, ќе дојде крајот на „наркокартелот на Заеви“.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryo1epvp84skak6J6n7F2

Петрушевски го осудува СДС: Гласаа против „Безбеден град“, а осудуваат возење без дозвола

Двојните аршини на СДС и Филипче се потврдија, од една страна велат дека секој оној кој сака да вози без возачка дозвола треба да е санкциониран, а од друга страна гласаа против системот „Безбеден град”, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ„Сведоци бевме дека на протестите активисти на СДС кои работеле за Оливер Спасовски, се закануваа со тепање и убивање на полициски службеници, и дивееја низ градовите за да возат без возачки дозволи. Ваков начин на изразување на протест, ние не поддржуваме и јавно го осудуваме.Потсетуваме дека СДС и Филипче гласаа против овој проект во Собранието, а координаторот на нивната пратеничка група, Оливер Спасовски, кој инаку е и ексминистер за внатрешни работи не направи ништо поврзано со ова прашање за да ја зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот.Во време на СДС, Филипче и Спасовски не беше имплементиран ниту еден системски проект што ќе обезбеди дигитална контрола над сообраќајот, транспарентно санкционирање и реално намалување на сообраќајните прекршоци.Сега кога конечно се воведува систем кој воспоставува ред, одговорност и еднаквост пред законот, Филипче и СДС се против. Од друга страна пак Филипче и СДС тврдат дека се против возење без возачка дозвола и без регистрација, а гласаа против проект и механизам што практично го гарантира токму тоа.Оваа контрадикторност ни Венко Филипче не може сам да си ја објасни ниту со политички разлики, ниту со загриженост за граѓаните.На СДС и Филипче треба да им биде јасно дека проектот „Безбеден град“ не е партиска агенда, напротив е системско решение за заштита на животите на граѓаните.Секој што е искрено за ред, закон и безбедност, треба да го поддржи, а се друго е политичка калкулација на штета на јавниот интерес“, додава тој.

Македонија | пред 2 седмици

media-library88j2dg5annmi2InbN4d

Петрушевски: Лицата кои повикуваа на тепање и убивање на протестите против „Безбеден град’’, активно вклучени во кампањата на СДС и Спасовски

Лицата кои деновиве повикаа на тепање и убивање на полициски службеници, поради желбата да возат без возачки дозволи, поради проектот „Безбеден град’’, биле активно вклучени во кампањата на Оливер Спасовски, што може да се види на фотографијата на екранот, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ „Лицата кои јавно се спротивставија на проектот „Безбеден град’’, во изминатите денови излегоа на протести, кои беа насочени против мерки кои имаат за цел да спречат возење без возачка дозвола, без регистрација и без одговорност.СДС и Спасовски, да потсетиме за јавноста, гласаа против имплементација на проектот „Безбеден град’’ во Собранието.Замислете, ексминистер за внатрешни работи, кој не направил буквално ништо во насока на подобрување на сообраќајната безбедност, гласаше против.Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски, дали ќе се дистанцираат и оградат од овие протести и од лицата кои повикуваа на јавен линч, и дали сметаат дека е прифатливо да се протестира против сообраќаен ред, закон и безбедност?СДС и Оливер Спасовски мора да дадат одговори на јавноста затоа што, за време на протестите беа забележани закани со насилство и убиство, и ова е повеќе од алармантно.Почитувани,Ваквото однесување е недозволиво во демократско општество и затоа ги повикуваме сите надлежни институции да постапат без селекција и без двојни аршини, строго согласно закон, и да обезбедат одговорност за сите кои испраќаат закани за насилство.СДС и Оливер Спасовски повторно се обидуваат да направат саботажа на се што е добро и е од интерес за граѓаните. Целта на ,,Безбеден град“ е да се зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Секој оној кој се залага за безбедност и ред во сообраќајот го поддржува овој проект“, додава Петрушевски.

Македонија | пред 2 седмици

media-library766t4gkq2op60SlthRO

Петрушевски: ССМ водат политика и прават неосновани протести

„Синдикатот одби 40% зголемување на платите во рок од 2 години, нешто коешто беше понудено од Владата, нешто коешто го изјави јавно и премиерот. Зошто? Затоа што нивната борба не е за повисоки плати, нивната борба е да наштетат на Владата. И тоа граѓаните мора да го знаат. Ова раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија, не се бори за поголеми плати на работниците, туку напротив, игра политичка улога под палката на СДС за да и наштети на Владата“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.Пратеникот Петрушевски посочи дека ССМ не го поздравил досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа и нагласи дека  протестот којшто се одржа од страна на ССМ не е затоа  што нивен приоритет се работниците, работничките права и работничките плати, туку дека нивен приоритет е политиката.„Владата е медијатор, го има оформено Економско-социјален совет, разговара со синдикатите, разговара со работодавачите, меѓутоа конечниот договор, согласно закон, согласно досега воспоставена пракса мора да биде постигната помеѓу работодавачите и синдикатите. Меѓутоа, ССМ кој што денес протестира, наместо да преговара, наместо да разговара со работодавачите, наместо да ги пофали оние зголемувања на плати коишто досега се постигнати во здравство, образование итн., и да си ја работи работата за којашто всушност постои, ССМ водат политика и прават неосновани протести, претходно одбивајќи 40% зголемување на платите“, дециден е Петрушевски.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryov21403ojavu0iqxqhs

Петрушевски: Проектот „Безбеден град“ дава резултати уште во тест фаза со намален број на сообраќајни несреќи и човечки жртви

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дебатираше на многу актуелни теми меѓу кои и за проектот Безбеден Град и изгласувањето на Законот за прекршоци кој отвора пат за санкционирање на прекршоците, а со тоа и намалување на бројката на сообраќајни незгоди и човечки жртви, се со цел поголема безбедност на граѓаните.„Овој потег на ДУИ не е од аспект на овие аномалии на системот или на законот кои што ќе ги образложам дека се спротивно на тоа кое што го зборат, туку е некаков обид за уцена на владејачкото мнозинство користејќи го овој закон. Записниците ќе стигаат на јазикот на кој е заведен граѓанинот во личната карта, тоа е имплементирано во системот, во делот на важењето или неважењето на целата територија, најпрвин Законот за прекршоци важи апсолутно на цела територија на Македонија. Законот важи за сите, дали ќе биде санкциониран прекршок преку камера на Сејф сити или мобилен полицаец апсолутно ќе биде казнет. Во делот на приватноста имаме закони за лични податоци кои ја уредуваат оваа материја, не е ова прва камера што ја поставуваме на територија на Македонија за сега одеднаш, да се појавуваат сомнежи“, рече Петрушевски.Во емисијата пратеникот Петрушевски истакна дека уште во тест фазата проектот Безбеден град дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, потенцирајќи дека ќе биде имплементиран на територијата на цела држава.„Овој проект дава резултати уште во тест фаза, тоа го потврдуваат бројките и она кое што треба да го знаат сите е дека не завршува тука и дека ќе биде имплементиран низ целата територија на Република Македонија. Во периодот од кога функционира без казнување Сејф Сити, во тест период имаме само 2 смртни случаи, за 37% имаме помалку повредени како последица на сообраќајни несреќи или преку 20% помалку незгоди. За мене овие бројки се доволен доказ дека овој проект дава резултати од аспект на безбедноста на граѓаните во сообраќајот. Во Законот за прекршоци никаде не стои дека ќе се казнува само во Тетово, Куманово и Скопје, ќе се казнува на територија на цела Македонија, вели Петрушевски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryokn3q51dd09pbUFSM9o

Петрушевски: Непристрасен јавен обвинител, законски измени и финансиска поддршка се клучни за враќање на довербата во правосудството

Во денешната емисија „Став на регионот“ на телевизија Њузмакс Балканс гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој истакна дека Јавното обвинителство не ја исполнило својата функција изминатиот период и дека довербата на граѓаните е на ниско ниво, воедно посочувајќи дека оставката на обвинителот Коцевски поднесена непосредно пред закажаната седница претставува избегнување јавна дебата и соочување со аргументите.„Јавното обвинителство е заробено од неколкумина јавни обвинители кои се на висока позиција на чело со овој што си даде оставка и не сите се од тој калибар, меѓутоа оние кои што го држат стегнато јавното обвинителство се оние кои придонесуваат за таа ниска доверба и ги прават оние чувања во фиоки, на предмети за високи функционери на СДС и ДУИ. Свесен дека аргументите се на наша страна, свесен дека на јавна сцена ќе биде обелоденето се она коешто за жал не го работел, јавниот обвинител пред самата седница си поднесе оставка иако за тоа имаше можност месеци наназад да го направи, самиот чин што го направи пред седницата покажува дека сме биле во право и дека избега од една јавна дебата на која што ќе ги соочивме сите аргументи“, вели Петрушевски.Петрушевски изрази очекување дека следниот јавен обвинител ќе биде компетентна и непристрасна личност, способна да се справи со предизвиците и да ја испорача правдата.„Верувам дека следниот јавен обвинител на Република Македонија ќе биде пред се компетентна личност која ќе биде способна да се справи со сите предизвици кои што ја носат таа функција и да ја испорача онаа правда која не само ние како ВМРО-ДПМНЕ туку и граѓаните во Република Македонија ја бараат“, рече Петрушевски.Во однос на идните чекори тој посочи дека со измените на Кривичниот законик како и со обезбедување на финансиски средства за судската и обвинителската власт, Јавното обвинителство ќе функционира ефикасно и сите кои се огрешиле пред законот ќе бидат санкционирани.„Со добра организација, со реформи и на делот на законодавството, во делот на она што го направивме овој период, а тоа е подготвивме  измени на Кривичниот законик каде што воведуваме поригорозни казни, она коешто го најави премиерот, а тоа е дека ќе им се дозволат поголеми финансиски средства и на судската власт и на обвинителската служба, мислам дека сите овие аспекти ако се земат во едно, ако дојде еден способен квалитетен јавен обвинител којшто ќе ја менаџира работата непристрасно, преку словото на правото, мислам дека се ова може да се постигне во наредниот период и сите оние коишто се огрешиле пред законот да си ја добијат заслужената казна. Со сите законски измени кои ги правиме, со финансиите кои ги обезбедуваме и со кадровската реструктурираност која треба да се случи во ЈО мислам дека сработувањето на овие предмети не е недостижно“, рече Петрушевски.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања