„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пожар

Screenshot-2025-07-19-at-18.16.40

Се смирува пожарот кај Желино, можно целосно ставање под контрола до вечер

Пожарот што денеска избувна во општина Желино и се ширеше кон селото Еребино е ставен под контрола, а постои реална можност до крајот на денот целосно да биде локализиран, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Пожарот е смирен, а ер тракторите на ДЗС продолжуваат со дејствување“, изјави Ангелов.Акцијата на гаснење вклучуваше армија, противпожарни екипи, воздухопловна поддршка и теренски сили, откако огнената стихија зафати поголема површина со сува вегетација и шума. Надлежните остануваат на терен до целосно стабилизирање на состојбата.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-3

35 пожари во изминатото деноноќие – четири сè уште активни низ земјава

Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати.На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата:Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума.Македонски Брод, село Грешница – пожарот зафатил мешана шума и ниска вегетација.Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани – се шири во поширока површина од мешана шума и нискостеблеста вегетација.Липково, село Виштица – гори деградирана шума.Благодарение на навремена интервенција, следниве пожари се ставени под контрола:Велес – пожарот што се проширил меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде горела мешана нискостеблеста и деградирана шума.Дојран, село Николич – пожар во нискостеблеста шума.Демир Хисар – пожар на градската депонија.Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа – опожарени површини со дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во текот на последните 24 часа биле изгаснати пожари во 27 различни региони, главно на ниска вегетација, стрништа и депонии. Издвоени се следниве:Ранковце: м.в. Иваница, м.в. Десетак, с. Ранковце – м.в. Коп (деградирана шума и ниска вегетација).Куманово: села Четирце, Пчиња и Романовце (стрништа и ниска вегетација).Липково: Виштица (втора локација) и Ваксинце (ниска вегетација).Старо Нагоричане, село Стрновац.Кратово, село Трновац.Јагуновце, село Јагуновце.Теарце, село Доброште (нива со ниска вегетација).Тетово: покрај патот Тетово–Гостивар.Свети Николе, м.в. Кантонче (ниска вегетација и борова шума).Битола, населба Довлеџик.Карбинци, село Долни Балван (житни полиња).Штип, градска депонија.Делчево, село Стар Истевник (борова шума).Скопје: Аеродром (ул. Гаврил Константиновиќ), Гази Баба (стрелиште Камник), Сарај (крај Вардар), Шуто Оризари (нас. Визбегово), Ѓорче Петров (влез во населбата и ул. Васил Чакаларов), Илинден (индустриска зона).Росоман, село Трстеник.Прилеп / Кавадарци: села Никодин, Ракле и Фариш.Центарот за управување со кризи повторно апелира до сите граѓани за висока претпазливост и одговорно однесување, особено во текот на летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен. Непридржувањето кон забраната за палење огнови, отпад и стрништа може да предизвика катастрофални последици по животната средина и безбедноста на луѓето.„Секој непромислен потег може да го вжешти теренот. Да останеме внимателни и совесни – за нашата безбедност и за природата“, порачуваат од ЦУК.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-18-211738

(ВИДЕО) Полициски хеликоптер исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.Линк од видеото:

Македонија | пред 5 месеци

crkva-pozar

Голем пожар зафати црква во скопско Мршевци

Голем пожар кој вчера избувна во близина на селото Бујковци, се прошири кон индустриската зона „Бунарџик“ и зафати дел од покривот на црквата во близина на селото Мршевци. Интервенцијата на терен ја водеа скопските пожарникари, со помош од касарната „Ѓорче Петров“, единици од Кавадaрци, како и специјализираните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување – „БТР“ и „Хермелини“.-Локалното население се организираше и излезе на терен за да ги заштити домовите, а на лице место беше ангажирана и тешка механизација со која се изработуваа противпожарни линии, информираше доцна синоќа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Во текот на вчерашниот ден, огнената стихија се доближи и до црквата Света Петка во Кумановско, а екипите беа насочени кон спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Македонија | пред 5 месеци

20230227071314

Гореше зграда во Струмица, пожарникарите пронашле едно починато лице

Трагичен инцидент вчера попладне ја потресе Струмица, откако избувна пожар во стан на четврти кат од колективна станбена зграда на улицата „Б.Ј. Мучето“.Екипите на Територијалната противпожарна единица Струмица интервенирале со три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители. За време на интервенцијата, за жал, во зафатениот стан било пронајдено едно починато лице.Сите останати станови беа заштитени од огнената стихија, а жителите на зградата биле безбедно евакуирани и нема повредени.Причините за настанувањето на пожарот, како и околностите под кои починало лицето, се предмет на истрага на надлежните институции.Надлежните апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено во летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-17-at-18.45.32

Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, возилата се насочуваат кон Петровец

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци. Возилата се пренасочуваат кон Петровец.„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот, за што сооодветно ќе известиме“, велат оттаму.

Македонија | пред 5 месеци

pozarna

Пожар во стар објект на училиште во Ракотинци – повреден пожарникар

Во село Ракотинци, скопско, избувнал пожар во стариот објект на основното училиште. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а при интервенцијата со повреди се здобил еден пожарникар.Повредениот бил пренесен во здравствена установа за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.фото: архива/Скопје1

Скопје | пред 5 месеци

IMG_4224

Три автомобили уништени во ноќен пожар на паркинг во Аеродром

Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила.Според информациите од СВР Скопје, во 02:51 часот било пријавено дека се запалиле три автомобили: „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ со скопски таблички, сопственост на 36-годишниот М.П. од Скопје, и „Фолксваген Пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К. (44) од Скопје.На местото на настанот интервенирале полициски екипи и Противпожарната бригада.Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.фото: Архива/Скопје1

Скопје | пред 5 месеци

pozar-Iral

(Видео) Стравична трагедија во Ирак, најмалку 50 загинати во пожар во трговски центар во Кут

Најмалку 50 лица ги загубија животите во голем пожар што избувна во хипермаркет лоциран во петкатна зграда во градот Кут, во источниот дел на Ирак, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на државната новинска агенција ИНА.Засега не е утврдено што го предизвикало пожарот, а локалните власти најавија дека првичните резултати од истрагата ќе бидат објавени во рок од 48 часа. Според досегашните информации, огнената стихија ја зафатила целата зграда каде се наоѓал трговскиот центар. Видеа објавени на социјалните мрежи го прикажуваат драматичниот момент кога противпожарни екипи се борат со пламените јазици, обидувајќи се да го стават пожарот под контрола.

Свет | пред 5 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во гаражен простор во зграда во Хиподром – оштетени мерцедес и БМВ, а едно лице вдишало чад

Во раните утрински часови денеска, во скопската населба Хиподром избувнал пожар во гаражен простор под зграда, во кој биле зафатени патнички возила „мерцедес“, „бмв“ и мотор „беверли“.Возилата се сопственост на А.С. (32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на ППЗ Скопје, а едно женско лице добило медицинска помош поради вдишување чад.

Скопје | пред 5 месеци

pozar-1

Пожар зафатил шест куќи во Скопје, неколку лица биле итно хоспитализирани

Во голем пожар што изби на улицата „Скупи“ во Скопје, биле целосно опожарени шест куќи, додека делови од уште две биле зафатени од огнот.Според информациите од МВР, настанот се случил на 13 јули 2025 година во 20:00 часот, а во пожарот малолетно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“.Со симптоми на вдишување чад, медицинска помош побарале и Ш.С. (34), Р.С. (69), Х.Х. (49) и тројца полициски службеници. Пожарот бил успешно локализиран од екипи на Противпожарната бригада на Скопје.

Скопје | пред 5 месеци

pozar-kukji

(Видео) Горат три куќи во Злокуќани: избувна голем пожар кој брзо се шири, присутна и Брза помош

Голем пожар избувна во Злокуќани, каде горат и куќи. Според првичните информации, станува збор за тесни улици, каде многу тешко е да стигнат противпожарни возила. Пожарот брзо се ширел.На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.„Во 20:02 часот преку Е-112 добиена е пријаа за пожар на куќа на ул.Скупи (опш.Карпош). Од страна на МВР, преку ДОЦ на ЦУК побарано е да се исклучи електричната енергија во нисконапонската мрежа за да може екипите на БППЗ да интервенираат. Имаме неофицијални сознанија дека од пожарот се зафатени и дополнителни три куќи.БППЗ е на лице место и работат на гаснење на пожарот“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

Армиски хеликоптер исфрли 32,5 тони вода во акција против пожарот кај село Николиќ, Дојран

Во текот на утринските часови, Армијата на Република Македонија ангажираше хеликоптер Ми-8МТ од воздухопловниот ВИНГ за гаснење на шумскиот пожар во подрачјето на село Николиќ, општина Дојран.Според информациите од АРМ, биле извршени 13 летови со воден товар, при што биле насочени кон критичните жаришта на теренот. Во акцијата се испуштени вкупно 32,5 тони вода (по 2,5 тони по лет).Воздушната интервенција траела 3 часа и 20 минути и се одвивала под строго контролирани услови, согласно пропишаните стандарди за ваков тип операции.Од Армијата порачуваат дека остануваат подготвени за понатамошна поддршка при справување со шумските пожари, во координација со останатите надлежни институции.

Македонија | пред 5 месеци

pozar-3

38 пожари низ државата – три сѐ уште активни

Во текот на изминатото деноноќие (11/12 јули), надлежните служби регистрирале вкупно 38 пожари на отворен простор низ целата држава. Од нив, три се сѐ уште активни, пет се ставени под контрола, а 30 се целосно изгаснати.Најтешка е состојбата во општините Дојран, Велес и Македонски Брод, каде пожарите зафаќаат нискостеблеста и мешана шума, како и деградирани дабови појаси и грмушки.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Чучер Сандево и Долнени, а се работи претежно за шумски појаси и запалени депонии.Меѓу изгаснатите пожари има повеќе локации со ниска вегетација, отпад, депонии и дури едно домаќинство, а интервенции се вршеле и кај населени места, патишта и објекти во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Кавадарци, Ресен, Радовиш, Крива Паланка, Струмица, Теарце и други општини.Надлежните апелираат до граѓаните на висока внимателност, избегнување палење на стрништа, отпад и друг запалив материјал во природа, особено при екстремно високи температури. Сите сомнителни активности треба веднаш да се пријават во МВР или во Територијалните противпожарни единици.

Македонија | пред 5 месеци

ad38ed85-fc1a-4aa7-bada-62fbc0eb2a5c-1

За пожарот кај Стајковци приведени и пуштени на слобода три деца

По избувнувањето на пожарот во близина на селото Стајковци, биле лишени од слобода три деца, странски државјани, соопштија од обвинителството.„Согласно Законот за правда за децата, со нив беше извршен разговор, по што беа пуштени на слобода. Обвинителството продолжува да обезбедува докази во однос на нивната евентуална поврзаност со конкретниот пожар или со намера да извршат друго кривично дело“, велат од Основното јавно обвинителство.Случајот останува под понатамошна истрага, а надлежните институции ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на фактите и можната одговорност.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања