Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ПОЖАР

pozarna-suma-pozar

Пожар во околината на Охрид, екипи од сите општински јавни претпријатија на терен

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на социјалните мрежи објави дека од утринава теренот Вапила – Расино – Сирула е зафатен од пожар.„Од рано утринава на теренот Вапила – Расино – Сирула, кој е зафатен од пожар, на припомош се и екипи од сите општински јавни претпријатија. Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“.На терен моментално се екипи од Територијалната противпожарна единица – Охрид со околу 10 пожарникари и две возила, членови на Добороволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“.Согласно последните информации од терен во моментов пожарот према Расино е локализиран“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ЦУК: Еден активен и 20 изгаснати пожари во изминативе 24 часа

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените информации од Регионалните центри за управување со кризи од градовте во државата, регистрира дека утрово има еден (1) активен пожар и 20 изгаснати за последното деноноќие.Активни пожари1. ОхридШумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино е се уште активен.Гори деградирана шума, досега се опожарени околу 12 хектари површина.ТППЕ – Охрид и денес се на терен со 1 пп возило и 6 пожарникари. Од утрово од 05,00 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато.Изгаснати пожари1.СтрумицаПожарот кај с.Фурка нема активно горење и е локализиран во 19.00ч. На терен се останати екипи на ДЗС, а другите се повлечени.Во текот на денот ќе се изврши контрола на опожарената површина за проверка на местата од каде што се уште има чад.2.СтрумицаКај с. Добрашинци, Општина Василево, имало интервенција на депонија во време од 21.10 до 00.10 часот со 1 пожарникар со 1ПП возило.3. СкопјеКај с.Јурумлари - Гази Баба е интервенирано за запалени отпадоци (ѓубре),при што биле ангажирани 2 ПП возило и 4 пожарникари од 15.00 до 16.10 часот.4. ГрадскоКај Градско за запалена сува трева, е интервенирано со 1 возило со 2пожарникари од 14,30 до 15,00 часот на површина од 7 декари.5. ГрадскоКај с.Виничани, е интервенирано за запалена сува трева 1 возило со 6 пожарникари 18.11 до 19.20 часот на површина од 6 декари.6. Свети НиколеКај светиниколската месност „Ливади“ е интервенирано за запалена сува трева, со 2 пожарникара со 1 ПП возило од 12.50 до 13.10 часот на површина 50м2.7. ТеарцеКај с.Теарце е интервенирано за запалена сува трева со 1 возило со 2 пожарникари.8. ОхридКај с.Велестово е интервенирано за гаснење запалена куќа со 1 пп возило и 3 пожарникари.9. КичевоКај с. Другово е интервенирано за гаснење запалена куќа и плевна со 8 пп возила и 15 пожарникари од 08.35 на 08.08.2022 до 02.00 часот на 09.08.202210. БитолаКај с.Крстоар е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17,50 до 20,00 часот.11. КумановоВо населбата Доброшане изгорела 1 штала, при што за да не се прошири пожарот е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 12:45 до 13:50 ч.12. КумановоВо близина на автопат кај с.Табановце е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.20 до 12.50 часот.13. КумановоВо местото „Стари Лозја“ изгорела 1 куќа, а е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 11.25 до 13.10 часот.14. КумановоКај с.Брзак е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17.50 до 20.10 часот.15. ЛипковоКај с. Никуштак е интервенирано за гаснење сува трева и борова шума со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 21.20 до 23,00 часот на површина од два (2) хектара.16. Старо НагоричанеКај с.Макреш е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.10 до 14.30 часот.17. Крива ПаланкаКај с.Луке е интервенирано за гаснење запалена ниска вегетација и насади со овошки (сливи и јаболки) со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 14.30 до 17.30 часот на површина од 1,5 декар.18. РанковцеКај с.Псача е интервенирано за гаснење запалена сува трева со 1 ПП возило и 5 пожарникари и 7 лица од месното население од 13.10 до 14.30 часот на површина од 8 декари.19.СкопјеВо Општина Бутел е интервенирано за гаснење сува трева на површина од 100 м2 со 1 пп возило и 3 пожарникари од 22.15 до 23.15 часот.20.СкопјеВо Општина Шуто Оризари е гасена запалена депонија со 1 пп возило и 3 пожарникари од 01:50 до 03:05 часот на површина од 30 м2.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пожарот кај Фурка се уште активен

Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Дежурниот оперативен центар, согласно информациите и координацијата со субјектите од Системот за управување со кризи утрово (08.08.2022) направи пресек за пожарите на отворено во последните 24 часа: има еден активен пожар и 12 изгаснати. ЦУК е во постојана комуникација и координација со силите на терен и податоците се следниве до 07.00 часот утрово:Активен пожар -- на ден 07/08.08.2022 година - 06:00 часотРегионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица ја пренесува информацијата од ТППЕ Гевгелија во која се наведува дека пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума. Ангажирани сили и служби се: Територјалната противпожарна единица ТППЕ Гевгелија со 10 до 14 пожарникари и 3 противпожарни моторни возила (пп м.в.), доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, Јавно претпријатие Национални шуми (ЈПНШ) Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила и ТППЕ Струмица со едно возило и 4/5 луѓе. Пожарот кај с.Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот према Богданци и мал крак према Рибник Елита. На ден 08.08.2022 година во утринските часови околу од околу 05 часот се излезени на терен околу 40 до 50 луѓе од ТППЕ-Гевгелија, ДЗС-Валандово, ЈПНШ Подружница Кожув, а и граѓани од локалното,население.Изгаснати пожари во последните 24 часа -- на ден 07/08.08.2022 година - 06:00 часот се:1. Струмица с.Ангелци и с.Вељуса стрениште со 2 ПП возила и 6 пожарникари. од 16:25 до 18:30 часот. 2 ха2. Валандово с.Пирава м.б Оџа борум деградирана шума ТППЕ Валандово со 6 Пожарникари и 2 возила и од ЈПНШ Подружница Саланџак-Валандово 6 вработени и 2 возила. од 12:00 до 16:00 часот. 5 ха3. Радовиш с.Ињево и с.Воиславци стрениште со 2 ПП возило и 5 пожарникари. од 11:00 до 14:06 часот.РЦУК Битола с. Житоше кон с. Борино. Шумски пожар на нискостеблеста деградирана дабова шума 1 ПП возило со 4 пожарникари, 3 вработени во ЈП Национални Шуми подружница Липа Крушево и 4 лица од месно население. од 16:00 до 19:30 часот 1 ха4. Крушево на депонијата во Крушево. со 1 ПП возило и 2 пожарникари од 12:00 до 14:00 часот.5. РЦУК Штип стрениште кај м.в. Лезовски Кантон со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 13:10 до 14:50 часот.6. РЦУК Тетово Зафатена е кровната конструкција и еден спрат од куќата во с. Орашје (Опш. Јегуновце), со 3 ПП возила и 12 пожарникари. од 06:40 до 10:00 часот.7. Тетово сува трева и ѓубриште до стариот објект на Воспитно поправниот дом Тетово со 2 ПП возила и 4 пожарникари од 15:35 до 16:35 часот.8. РЦУК Куманово стрениште во с. Рамановце. со 1 ПП возило и 3 пожарникари. од 09:55 до 10:45 часот.9. РЦУК Охрид стрниште во с. Ложани (опш.Кичево) со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 16:30 до 18:20 часот.10.Пожарот кој започна денес околу 11:55 часот во село Гајре опш. Тетово е целосно локализиран во 14:40 часот од страна на Тппе Тетово со 2 ПП возила и 6 пожарникари.11.Пожар кај стариот пат од Тетово накај Желино при што гореше сува трева и ѓубре локализиран е од страна на Тппе Тетово во 11:20 часот со едно ПП возило и 4 пожарникари.12.Во 14,25 часот Од Тппе Тетово известија дека во село Челопек Општина Брвеница од страна на мали деца било запалено од невнимание балирано сено.Се интервенира со 2 пп возило и 5 пожарникари.

Македонија | пред 3 години

01FC77C1-6E50-41F0-9AED-8FC11909DFC2

Станува се посериозно: Пожарот помеѓу општина Дојран и Богданци брзо се шири поради ветрот

Пожарот кај село Фурка се интензивира и побарано е хеликоптерска интервенција во гасењето на истиот.Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци - Дојран во ширина од 300 до 400м.Гори деградирана шума-прнар а на места има и борова шума. Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија. На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе се движи кон Општина Богданци.Ангажирани сили и службиТППЕ Гевгелија со 10-14 пожарникари и 3 пп м.в. , Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода,Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, ЈПНШ Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари,ТППЕ Валандово со 1 ПП Возило и 3 пожарникари,ДЗС-Валандово со 1 Возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила.

Македонија | пред 3 години

295983761_10223773611943262_5916666251534305840_n-768x432-1

Каде има активни пожари во Македонија

Рано утрово со полициски хеликоптер извршено е извидување на трите активни пожари во земјата, информираше на социјалните мрежи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде дејствуваат еден армиски и еден полициски хеликоптер. Ангелов истакна дека воените магацини се дополнително осигурани и се целосно безбедни.Вториот пожар е нов пожар кој бил забележан во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума.„Постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола“, рече Ангелов.Третиот пожар е пожарот кој во текот на вчерашниот ден гореше во атарот на с. Требичино, во општина Василево, струмичко.Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на лице место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот.Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-24-195610

Пожарот кај Ѓавото е под контрола

Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од ветерот.– Надмината е опасноста која цела ноќ му претстоеше на селото Ѓавото, пожарот е концентриран на сртот на ридот на месноста викана Погана. Сите дејствуват во содејство со хеликоптер од Армијата, кој досега има направено шест прелети и истурени се шест ведра вода – информира ЦУК.

Македонија | пред 3 години

kumanovo-pozar-grom

(ВИДЕО) Гром пеплоса куќа во Куманово, настана огромен пожар

Пожар избувна во Куманово.Според првичните информации горат една или повеќе куќи, а пожарот започнал поради удар на гром.Екипите се на терен и го гасат пожарот, информираа кусо од ТППЕ Куманово.

Македонија | пред 3 години

viber_image_2022-07-23_09-32-27-853

Гори во беровско, утрово интервенираше и хеликоптер на МВР

Пожарот во просторот во планските ридови меѓу селата Митрашинци и Будинарци се води се уште како активен во Центарот за управување со кризи. Од утрово, податоците од теренот добиени од командирот Ѓорги Илиев, зборуваат дека тој е под контрола и се уште се дејствува во обиколен простор каде што се уште тлее и гори. Се дејствува од противпожарни сили по земја и со поддршка од воздух со полицискиот хеликоптер со ведро за гаснење пожар. Важно е што сега на терен близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство со хеликоптерот е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро.Службените официјални податоци се следниве:РЦУК – Штип, известува дека во општина Берово, пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци се уште а активен. Во текот на денот на пожарот во утринските часови интервенирал хеликоптер на МВР, додека потоа во попладневните часови интервенирал и авион на ДЗС. На терен интервенирале следните екипи:· ДЗС – 30 луѓе со 4 возила;· ТППЕ Берово – 6 луѓе и 2 возила;· ТППЕ Делчево – 4 луѓе со 1 возило;· Доброволно ППД Кочани – 5 луѓе со 1 возило;· ШС Малешево – Берово со 22 луѓе со 3 возила;· ШС Равна река – Пехчево со 8 луѓе и 2 возила;· ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило;· ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило;· ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила;· Население – 15 лица.Од утринските часови на ден 23.07.2022 година, интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население.Други пожари во државата часа што биле службено регистрирани во последните 24 се:РЦУК – Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две интервенции од кои едната била поради запалено стрниште, а другата поради запалена ниска вегетација. Вкупно опожарени се околу 6.000 м2.Имала и три останати помали интервенции.РЦУК – Битола, известува дека ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, во текот на денот имале по една интервенција.РЦУК – Струмица, известува дека ТППЕ Валандово, во текот на денот имала три интервенции, од кои две биле во с.Брајковци поради запалена ниска вегатација и меѓи, додека третата била од 19:00 до 20:00 часот поради запалена шума на површина од 2 декари во с.Дедели. Во сите 3 случаи интервенирале со по 2 пожарникари и 1 ПП возило.РЦУК – Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Кичево, во која се наведува дека од 12:50 до 14:20 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште во с.Црвивци.ТППЕ Охрид имала една мала интервенција.РЦУК – Велес, известува дека ТППЕ Велес, од 11:30 до 13:30 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале поради запалена ниска вегетација кај градската депонија.ТППЕ Кавадарци, со 2 пожарникари и 1 ПП возило, од 16:00 до 17:00 часот гаснеле запалена ниска вегетација во близина на с.Фариш (на патот кон Плетвар).

Македонија | пред 3 години

294310295_353945723592065_3006602597210099292_n

Куп екипи го гаснат пожарот во Берово, но се недоволни - се бара авион

Центарот за управување со кризи на социјалните мрежи информираше за пожарот во беровско.„Хеликоптерот дејствувал во време од 04.30 часот до 10.30 часот при што е постигнато пожарот да престане да се шири. На терен се следниве сили:1. ДЗС-30 луѓе со 4 возила2. ТППЕ -Берово-6 луѓе и 2 возила3. ТППЕ-Делчево-4 луѓе со 1 возило4. Доброволно ПП Д Кочани- 5 луѓе со1 возило5. ШС Малешево од Берово со 22 луѓе со 3 возила6. ШС Равна река од Пехчево со 8 луѓе и 2 возила7. ШС од Радовиш со 5 луѓе и 1 возило8. ШС Виница со 5 луѓе и 1 возило9. ЈПКР Услуга со 10 луѓе и 2 возила10. Население-15 луѓе.Вкупно се ангажирани 110 луѓе и 17 возила.Преку ДЗС побарано е во гаснењето на пожарот да се вклучи ЕР-трактор (авион)“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

pozar-55

Од утрово на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер

Центарот за управување со кризи преку социјалните мрежи информира каде во Македонија има активни пожари во моментов.„Шумски пожар на м.в.Каменица во атарот на с.Будинарци, каде гори нискостеблеста дабова шума.Поради големиот пожар на месноста помеѓу селата Митрашинци и Будинарци, од страна на ЕЛС Берово поднесено е барање за воздушна подршка (хеликоптер).Од 05:00 часот утрово, на пожарот помеѓу селата Митрашинци и Будинарци интервенира хеликоптер како и екипи од ШС Малешево и ТППЕ Берово.Пожарот во атарот на с.Разловци, м.в.Ќурчински колиби, на планината Средна, каде гори сува трева и дабова шума е ставен под контрола и нема опасност од негово проширување. Опожарени се околу 50 хектари, а на терен е екипа на ШС Голак“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

„Пожарот во беровско е под контрола“, вели Ангелов

Стојанче Ангелов преку социјалните мрежи информираше дека пожарот во Берово е под контрола.„Во моментов големиот пожар во беровско е под контрола“, напиша Ангелов.Тој претходно информираше дека на терен се десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово.Во гаснењето на пожарот од 05:00 часот утрово интервенираше и хеликоптер.

Македонија | пред 3 години

pozarna-suma-pozar

Гори репетитор од мобилниот оператор на А1

Од 05.23 часот утрово има пожар на објект – репетитор од мобилниот оператор на А1 кај с.Новоселани (ЕЛС – Долнени).„На терен се испратени 3 ПП возила со 6 пожарникари од ТППЕ – Прилеп, 1 ПП возило со 3 пожарникари од ПП Кривогаштани, а побарана е помош и од ТППЕ – Битола која поседува специјализирано теренско ПП возило, бидејќи гасењето го отежнува горивото кое се наоѓа во објектот кое се користи за напојување на генераторот (количина околу 1000 литри).За пожарот известени се ДЗС- Прилеп, МВР, ЕЛС – Долнени и ЕЛС – Прилеп“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

pozarna

Пожар во старото училиште во село Винце

Објектот на поранешното училиште во кумановското село Винце вчера е опожарен.Од Регионалниот центар за управување со кризи денеска информираа дека пожарот избувнал во 18 часот во училиштето кое не функционира 40 години.Според податоците на РЦУК Куманово, пожарот првин го гаселе четворица пожарникари со едно возило, а дополнително во 20:40 часот е пратено уште едно возило.Пожарот целосно е изгаснат 45 минути по полноќ.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) До темел изгореа три магацини во Лисиче, детали за пожарот кој се гаснеше до утрово

Доцна синоќа избувна пожар во скопската населба Лисиче.Според првичните информации три магацини се целосно изгорени.Според иформациите кои ги има “Скопје1”, изгорел магацин на на фабрика за производство на мебел, вториот магацин е на фабрика за производство на слатки и третиот е магацини на фабрика за производство дистрибуција и продажба на мраз салфети, цевки и други производи.Гасењето на пожарите започна вчеравечерта. Eкипи на територијалната противпожарна единица со пет возила беа на терен, веќе 12 часа, поради можност пожарот повторно да избувне. Утрово над тој дел од Скопје надлетуваше и хеликоптер, но не е познато дали од воздушен пат. Местото се обезбедува и од полиција.

Скопје | пред 3 години

pozar

(ВИДЕО) Огромен пожар во Лисиче, полицијата и пожарната на терен

Ужасно голем пожар вечерва избувна во Горно Лисиче. Според информации на „Скопје1“ гори магацин лоциран во овој дел од Скопје. Огнените јазици ги пеплосуваат просториите на објектот, за кои детали во овој момент не се познати.Кон местото каде доцна вечерва избувна пожарот, се упатија неколку противпожарни возила и полициски патроли. Засега детали не се познати.Наскоро повеќе...

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања