Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПОЖАР

IMG_4969

Од утрово полицискиот и воениот хеликоптер ги гаснат пожарите кај Ново Село и Серта

Утрово започнува гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница.Бидејки се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух.Армискиот хеликоптер започнува со дејство врз пожарот на планината Серта каде утрово од земја гаснат поголеми сили.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

Активен пожар во велешко, пожарникарите на терен

Активен пожар од 10.07.2024 од 01.15 часот помеѓу селата Караслари и Црквино – над месноста викана Венуле. На овој пожар покрај сува трева гори и шума. На лице место гаснат 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Исто така за овој пожар се известени ЈП Македонски Шуми ШС Бабуна – Велес, но бидејќи вработените не биле осигурани, немале гориво за возилата, истите не биле исправни и регистрирани возила тие не излегуваат на терен да го гаснат пожарот.Запознаена е Дирекцијата за заштита и спасување.Побарана е и воздушна подршка од страна на градоначалникот на Општина Велес, за која во координација со Хеликоптерската единица во МВР поради извршување на оперативни задачи за потребите на МВР ќе се процесуира после 12.30 часот, веднаш кога ќе се ослободат хеликоптерите.

Македонија | пред 1 година

voz-pozar

13 пожари во последното деноноќие, еден се уште активен во Велес,

ЦУК информира дека имаше 13 пожари на отворено во последното деноноќие, 12 се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово има само 1, во Општина Велес, помеѓу с.Отишино и с.Оризари (каде гори ниска вегетација) ТППЕ Велес интервенирале со 3ПП возила и 11 пожарникари и поради темнината се повлечени од теренот.Утрово ќе продолжат да дејствуваат согласно ситуацијата на теренот.Една третина од вчерашните пожари на отворено биле на повик за гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шири огнот и на поголем простор во околината. Вообичаено тие диви депонии се до населби и освен што од нив може да се прошири пожарот, дополнително опожарените диви депонии и ѓубришта го загадуваат амбиенталниот воздух, особено во градовите каде што е веќе загаден воздухот.Такви примери имаме на повеќе места, а вчерашен пример, од сношти, е хроничниот проблем со палење на дивата депонија „Вардариште“ во скопската Општина Гази Баба, за што граѓаните коишто гравитираат во тој скопски реон, со право реагираат дека многу често се пали и освен што опасност за пожари во околината, дополнително го загадува и воздухот во скопската котлина.ЦУК, покрај тоа што редовно ги известува надлежните служби и институции, апелира до граѓаните да не палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

Македонија | пред 1 година

pozar

Избувна пожар во Грција

Пожар избувна утрово во областа Сидирунта, на островот Хиос во Грција.Како што информираат од Противпожарната служба, на ова подрачје со пожарот се борат 40 пожарникари со 2 групи планинари, 10 возила, 2 авиони и 2 хеликоптери, пренесува грчки Катимерини.Засега нема информации за штети и повредени.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-8240PM

11 пожари на отворено во последното деноноќие, ЦУК апелира да не се палат отпадоци и ѓубре

ЦУК информира дека имаше 11 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема.Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината.ЦУК упатува апел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и кога е се посува вегетацијата во природата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-54-8620PM

Осумнаесет пожари на отворено, гореле депонии и ѓубришта

ЦУК информира дека имаше 18 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема. Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината.Алел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.

Македонија | пред 1 година

1120507507

(Видео) Нападнати три острови во Грција: Пожари на Крит, Хиос и Кос, туристите евакуирани

Се уште горат три пожари кои избувнаа на грчките острови Крит, Кос и Хиос, иако пожарникарите делумно успеаја да ги локализираат.Пожар избувна на островот Кос во понеделникот и излезе од контрола бидејќи силните ветрови го шират кон Кардамаина, популарно туристичко одморалиште на источниот брег на островот, пренесува Екатимерини. Петмина пожарникари се полесно повредени во операциите за гаснење, а околу 10.000 туристи и жители се евакуирани од областа и сместени во училишта, спортски стадиони и хотели во Антимакија, Мастичари и Мармари.Пожарникарите и камионите беа испратени и од Атина и Родос за да им помогнат на локалните сили да го стават пожарот под контрола. На Хиос, пак, избувна пожар во областа Сидирунди, која се наоѓа на северозапад од островот и е позната по прекрасната средновековна населба, која за среќа се спасила без штета.Дополнителни противпожарни сили беа испратени од Лезбос и Атина за да им помогнат на напорите на локалните служби, така што до утринава пожарот беше ограничен на пошумениот дел на островот и пренасочен од станбените области. Во меѓувреме полесно се повредени пет пожарникари. Надлежните уапсиле и 63-годишен маж кој ненамерно го предизвикал пожарот и е казнет со речиси 9.000 евра, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за подметнување пожар.Третиот шумски пожар беше на Крит, особено во Вианос, на јужниот брег на Ираклион и се уште беснее. Локалните власти на островот превентивно го евакуираа селото Катофиги, додека помош за гаснење на пожарот беше испратена од другите делови на островот.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

15 пожари во последното деноноќие, сите успешно изгаснати

Во последното деноноќие, вкупно имало 15 пожари на отворено и сите се изгаснати. Активни нема.Опасен беше шумскиот пожар што изби вчера попладне во атарот на крушевското село Пуста Река. Доби опасни димензии и се приближи близу до селото поради што на помош на крушевските пожарникари во координација на ЦУК беа испратени два полициски хеликоптера нс МВР. Се дејствуваше брзо и силно со силите коишто беа на располагање.Благодарение на пожарникарите, месното население и двата полициски хеликоптери пожарот е ставен под контрола пред 19 часот вчера и потоа и целосно беше изгаснат.Опожарена беше квалитетна борова шума, на еден хектар и ниска вегетација два 2 хектара.

Македонија | пред 1 година

Tan2021-8-3_183236530_0-1068x712

Избувна шумски пожар во популарно турско одморалиште: Продолжува воздушната и копнената интервенција“

Шумски пожар избувна во неделата во областа Лара во турското летувалиште Анталија, каде што се наоѓа хотелскиот комплекс, соопшти градоначалникот на градот, Мухитин Бејек.„Продолжуваме со воздушната и копнената интервенција за гаснење на пожарот што избувна во шумската област во регионот Лара“, изјави тој на социјалната мрежа Х.Бејек додаде дека властите се во состојба на готовност поради зголемениот ризик од шумски пожари, истакнувајќи дека моменталната температура во Анталија е 36 степени. Претходно денеска беше објавено дека големи шумски пожари ги зафатија турските провинции Чанаккале, Измир и Ајдин.Во провинцијата Чанаккале, пожар зафати земјоделско земјиште во регионот Езине. Спасувачите морале да ги евакуираат жителите на неколку села. Шумски пожари ги зафатија областите во близина на градовите Бурса, Једрене, Баликесир, Караман и Караманмарас.

Свет | пред 1 година

grcija-pozari-4

Два активни пожари од последното деноноќие

По неделната етапа на поројни локални дождови во целата држава веднаш имавме премин на етапа на пожари викендов. Имало 10 пожари на отворено во првото „викенд“ деноноќие (петок кон сабота), при што девет (9) биле целосно изгаснати и еден се уште се водел како активен: во Општина Василево, кај с.Добрашинци (ниска вегетација, ниска шума и грмушки), коишто ги загрози селата во тој струмички и радовишки регион и целодневно се дејствуваше со сили и од земја и од воздух со два полициски хеликоптери, а се догаснува и утрово – пожарникарите се од пред 05.00 часот на терен.Конкретно, во последното деноноќие (недела кон понеделник), вкупно имало осум (8) пожари на отворено. Активни се уште се два пожара, а целосно се изгаснати шест пожари. Двата активни пожари на отворено што се уште се водат како активни се во Општина Василево, с.Доброшинци (каде што гори нискостеблеста шума и вегетација) и во Општина Прилеп, над населбата „Варош“ (каде што гори ниска вегетација).Регионалниот ЦУК Струмица утрово известува дека вечерва имаше дежурни пожарникари во струмичкото село Сушево, од утрово веќе неколку часа се на терен струмичките и радовишките пожарникари. Инаку, во текот на изминатиот ден во интервенцијата учествуваа пожарникарите од ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 20 пожарникари, од ТППЕ Радовиш со 5 пожарникари и 2 ПП возила и околу 25 полицајци, а целодневно дејствуваа двата хеликоптера на МВР и се одбранија селата во тој регион.Денеска, уште при разденувањето, е направената обиколка на теренот од екипи на ТППЕ Струмица и е утврдено дека нема активно горење. Од 05.00 часот ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 16 пожарникари се на место на пожарот вршат догасување на места што чадат и контрола на теренот. Доколку во текот на денот има потреба од дополнителни сили ќе се бара помош од ТППЕ Радовиш и воздухопловна поддршка од хеликоптер.Регионалниот ЦУК Битола, известува дека пожарот на ниска вегетација зад населбата Варош (м.в. „Загра“) во Општина Прилеп, којшто започнал од пожар на патничко моторно возило во и бил изгаснат во долниот дел. Активен е крак од пожарот што се движи во насока на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ (манастирот „Траскавец“) и истиот се гаси во во утринските часови денеска и не преставува опасност за населени места. Во текот на изминатиот ден интервенирале 15 пожарникари со 5 ПП возила од ТППЕ Прилеп и една цистерна од ЈП „Комуналец“ Прилеп, што пред полноќ беа повлечени од терен. Во моментов на терен се ТППЕ Прилеп со 1 ПП возило и 5 пожарникари. Инаку, утрово, во 04:39 часот од градоначалникот на Општина Прилеп е упатено барање до ЦУК за воздухопловна поддршка, што ќе се координира согласно ситуацијата на терен.Во последното деноноќие целосно се изгаснати шест пожари на отворено, во општините: Неготино, Црвени Брегови (гореле иска вегетација и лозје); Виница, градот Виница (ниска вегетација);Берово, помеѓу Берово и Пехчево (ниска вегетација); с.Желино (ниска вегетација); Гостивар, с.Речане (ниска вегетација) и во Општина Шуто Оризари, во реонот на населбата „Шуто Оризари“ (ниска вегетација и ѓубре).

Македонија | пред 1 година

pozar1

(Видео) Пожар во станбен блок во Лондон: Пет лица повредени

Пет лица се повредени и пренесени во болница откако во четвртокот вечерта пожар избил станбен блок во источен Лондон.Околу 70 пожарникари и 10 противпожарни возила се ангажирани во гаснењето на пожарот на улицата Римил во Норд Вулвич, јавува Sky News.Поголемиот дел од трисобниот стан на 10-тиот кат е оштетен, соопшти лондонската противпожарна бригада.Противпожарните екипи евакуираа околу 100 жители. Контролниот центар примил триесетина повици околу 22.30 часот, а пожарот е ставен под контрола нешто пред полноќ.Причината за пожарот е под истрага.

Свет | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Драма среде ноќ: Пожар избувна на сплав, пожарникарите веднаш реагирале

Вечерва околу еден часот по полноќ дошло до пожар во кракот на реката кај Ада Циганлија каде изгоре приватен сплав.Според неофицијални информации, пожарот бил пријавен околу 01:25 часот, а на местото на настанот пристигнале неколку противпожарни возила.Пожарот бил локализиран околу 01 часот и 45 минути, по што се настојувало да се изгасне и на крајот целосно бил изгаснат.Според првичните информации, во пожарот нема повредени, пишува Телеграф.

Свет | пред 1 година

pozar

(Видео) Голем пожар кај Сплит: Над градот се издигна густ црн чад

Во поранешната фабрика за железо во Каштел Суќурац кај Сплит утрово избувна пожар, кој го гаснат три екипи локални пожарникари.Како што јави локалниот портал Далмација Данас, пожарот избувнал околу 8 часот и 40 минути и над градот се издигнал густ црн чад.Причината за пожарот засега не е позната.?si=3gUqSAPLXe2Mls6c

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Локализиран активниот пожар во Општина Ново Село

Активниот пожар од вчера, во Општина Ново Село, на планината Огражден кај „Хаџиица“ е локализиранРегионалниот ЦУК Струмица информира пожарот во Општина Ново Село на планината Огражден кај место викано „Хаџиица“ е локализиран денеска во 10.00 часот на ден 24.06.2024 година според комуникацијата остварена со ЈП „Национални шуми“- подружница „Беласица“ од Струмица.Со пожарот беше зафатена букова шума, млада јасикова шума, сува трева и папрат. Зафатената, со пожар површина дополнително ќе се утврдува.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Избувна пожар во фабрика во Сеул: Има жртви, работниците заробени

Пожар избувна во фабрика за батерии во Јужна Кореја, јужно од Сеул, во кој загина еден работник во фабрика, а неколкумина се повредени.Пожарот избувнал во фабриката на производителот на литиумски батерии Арисел во Хвасонг, 45 километри јужно од Сеул, околу 10:30 часот, соопштија пожарникарите, додавајќи дека гаснењето сè уште е во тек.Починатиот работник починал поради срцев удар. Едно лице е тешко повредено, а две се здобиле со полесни повреди, состојбата на останатите повредени работници се уште не е позната.Според The ​​Korea Times, најмалку 21 лице се верува дека се заробени во фабриката.Од засега непознати причини пожарот избувнал во трикатница со вкупна површина од околу 2.300 метри квадратни. Еден сведок, кој побегнал од вториот кат на фабриката, изјавил на противпожарната станица дека во моментот на пожарот дошло до согорување на експлозив во една од ќелиите на батеријата.Станицата соопшти дека пожарот брзо се проширил бидејќи батериите во него експлодирале, што го отежнувало влезот и пребарувањето на спасувачите. Се верува дека во фабриката има најмалку 35.000 батерии. Беше речено дека во понеделник ќе дежураат околу 67 работници.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања