Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПОЖАР

Нема фотографија

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

Повторно активиран еден крак од пожарот кај Јасен

,,Сношти и утрово, а и до сега, во предел на пожрите кај с. Тажево и ЈП „Јасен“ - заштитеното повеќенаменско подрачје, имаше малга помешана со чад, од којашто покрај тоа што се немало прегледност, не било безбедно да се дејствува по земја. По дигањето на маглата и појава на ветер, се створија услови за распоредување на 30-те припадници на специјалните сили на МВР, но се појави огнот на дел оод кракот повторно којшто беше изгаснат во „Јасен“.Воздухопловите утрово беа префрлени на страната кон селото Тажево и Брезница, Општина Македонски Брод.Инаку, по планот на Главниот штаб при ЦУК, специјалците е предвидено да се во линија за дејство кон сртот на Тажево, кон репетиторот и кога Ќе стасаат и заштитна планираната линија е потребно да стапат во контакт и комуникација со лицето за координација за дејство по земја.Додека, специјалците од МВР го изведуваа маневарот за распоредување според планот, припадниците на Армијата се движеа кон зборното место кај репетиторите во Тажево и откако втасале за кратко се распоредени и се вклучени во гаснењето заедно со вработените на „Јасен“, според специфичноста на теренот и условите за гаснење на пожарот. Од ЈП „Јасен“ известија дека има еден крак од пожарот, што во моментот е повторно активиран, при што предложија армиските припадници да се поделат во два дела, Притоа, едниот армиски дел да помогне во активностите на справување со кракот кон Тажево и Брезница а другите да се вратат назад кон „Јасен“ и да помогнат да се изгасне и тој крак.Дејствувањето врз пожарот е во координација со Главниот штаб при ЦУК, согласно глобалните планирани активности утрово и согласно моментните ситуации после расчистувањето на маглата во реонот за дејство по пожарот кај с.Тажево и повторното активирање на дел од изгасениот пожар во „Јасен“”, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Уапсен осомничен за подметнување смртоносен пожар во Ница: Загинаа седум членови на семејството, познат и мотивот

Француската полиција денеска уапси трето лице кое е осомничено за подметнување на пожар во Ница, во кој загинаа седум членови на семејството, јавува БФМ.Обласниот обвинител истакна дека постои можност мотивот за делото да е наркотици.Полицијата претходно уапси двајца осомничени кои во понеделникот беа осудени на 10 години затвор.Продолжува потрагата по уште две лица осомничени за ова кривично дело.

Свет | пред 1 година

0-02-05-06ac2a27bb73847d4c72722ac9eee4487cdc6fc4946d33728993b887fd1207bb_292c46778db

Целосно изгаснат пожарот на Серта

По тринаесет дена борба со огнената стихија пожарот кај Серта е целосно изгаснат, информираше Столе Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица Неготино.,,Упатувам неизмерна благодарност до сите доброволци, доброволни друштва, ловно друштво, државни, регионални и локални институции кои со сите расположливи ресурси беа вклучени во акцијата. Без вас, невозможно беше да се справиме со огнените јазли кои незапирливо зафаќаа се поголеми површини”, напиша Атанасов.Упати благодарност и до локалното население кое храбро и пожртвувано заедно со нив, помогнало во совладувањето на пожарот.

Македонија | пред 1 година

kumanovo-pozar-grom

Уапсен осомничен за предизвикување пожар во Подгорица: Пожар избувна поради огномет

Пожарот што синоќа го зафати ридот Горица во Подгорица бил локализиран околу еден часот утринава, неофицијално дознава „Вијести“.При гаснењето на пожарот во Подгорица во Црна Гора, кој најверојатно бил предизвикан од огномет, полесно се повредени двајца мажи.Огнот зафатил поголем дел од површината, како и шумите. Вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување на главниот град, Здравко Блечиќ синоќа изјави дека пожарот најверојатно бил предизвикан од огномет.Заменик-градоначалникот на главниот град Лука Ракчевиќ во објава на својот Инстаграм профил рече дека „првиот дел од пожарот, кој беше забележан во 21:00 часот во близина на врвот на платото Горица, најверојатно бил предизвикан од невнимателно палење огномет“.„По тој повод одредени лица се лишени од слобода и предадени на обвинителството. И токму кога успеавме да ја одбраниме дабовата шума, чие зафаќање би имало далекосежни последици, избувна уште еден пожар, на околу 300 метри од сите жаришта кои тогаш беа активни, што, за жал, укажува на ново чин на подметнување“, рече Ракчевиќ, пренесува News.Тој нагласи дека истрагата ќе се води во соработка со Управата на полицијата. Ракчевиќ рече дека при гаснењето на пожарот полесно се повредени двајца мажи.„Благодарение на напорите на сите, особено на Јасна Гајевиќ и Здравко Блечиќ, претходните месеци од Горица отстранивме и однесовме повеќе од 1.300 кубни метри суви опожарени дрвја. Да останеше на ридот, како што е со години (од последниот голем пожар), вечерашните активности ќе беа неспоредливо потешки и се плашам дека ќе потрошевме денови за гаснење на пожарот“, рече Ракчевиќ. .

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Намерно предизвиканиот пожар во близина на Трогир изгаснат, пироманот уапсен

По четири дена пожарот кај хотелот Медена кај Трогир е изгаснат и пожарникарите денеска ќе се повлечат од таа локација, изјави командирот на противпожарната единица на сплитско-далматинската жупанија Иван Ковачевиќ.,,На местото на пожарот нема чад и оган и сега се е во ред“, рече Ковачевиќ и најави дека пожарникарите во текот на денот ќе го напуштат местото на пожарот, пренесе Хина.Пожарот намерно го предизвикал 35-годишен хрватски државјанин кој бил уапсен.Тој со запалка го запалил огнот на две места, кој во четвртокот вечерта се разгорел во пожар кој се заканувал со катастрофа, приближувајќи се до блискиот станбен комплекс каде имало туристи.

Свет | пред 1 година

IMG_4969

Целосно изгаснат пожарот кај Битола

Пожарот кај Битола на Пелистер е целосно изгаснат, известува Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.Пожарот изгаснат од страна на битолските пожарникари со подршка на хрватскиот канадер и два ер трактори на ДЗС.

Македонија | пред 1 година

pozar1

(Видео) Запалена зграда во Франција, седум мртви

Седум лица загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во Ница во југоисточна Франција, соопштија пожарникарите.„И покрај големите напори, за жал седум лица загинаа при пожарот“, соопштија од итните служби. Три лица итно се префрлени во болница.Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари.

Свет | пред 1 година

IMG_5071

Пожар кај граничниот премин „Богородица“, границата е затворена

Пожар над граничниот премин „Богородица/Евзони“. Пожарот избувнал на грчката страна, преминот е целосно затворен и не работи.На местото на пожарот први пристигнале пожарникарите од Гевгелија, а во моментов грчките пожарникари го гаснат со хеликоптер.Вработените на границата се евакуирани.Од грчката страна, сообраќајот е запрен до Поликастро. Возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.На преминот неколку возила останале заглавени, влегле пред да избувне пожарот денеска напладне. Во моментов колоната е до Гевгелија.[caption id="attachment_296363" align="alignnone" width="828"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

IMG_5079

Пожарот кај „Богородица” изгаснат, граничниот премин е отворен

Пожарот кај „Богородица/Евзони“ е ставен под контрола. Граничниот премин е отворен.При гаснење на пожарот имало асистенција и од македонска страна.Протокот на возила е повторно овозможен.Поради пожарот, кој избувна на грчката страна од границата, сообраќајот беше запрен, па се создаде гужва и од македонска страна.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-16-at-19.16.38

(Видео) Страотни снимки од планината Серта каде македонската Армија, полиција, пожарна се бори со страшниот пожар

На некои места гори и покрај патот кој минува низ планината Серта. За информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Македонија | пред 1 година

IMG_5051

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Радовиш ставен под целосна контрола

,,Добра вест!Пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола!Голема благодарност до радовишките пожарникари, градоначалникот на Радовиш и локалното население кое даде голема подршка во справувањето со овој пожар.” информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Македонија | пред 1 година

IMG_5034

(Видео) Опасно се шири пожарот на планината Серта

Опасно се шири пожарот на планината Серта. Од снимките направени од хеликоптер се гледаат сите краци по кои се протега пожарот.Пожарот на Планината Серта се простира на 3 општини, Општините Штип, Неготино и Кончекако 4 самостојни пожари.Претходно од ЦУК информираа дека полициски хеликоптер од утрово е започнат со гасење на пожарот на Планината Серта, каде треба да се приклучат и армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.

Македонија | пред 1 година

IMG_4968

(Видео) Ангелов: Рано утрово пристигна помош од Турција, еден турски хеликоптер и два турски ер-трактори

Пожарот на планината Серта е се уште активен на териториите на Општините Штип, Неготино и Конче. Покрај пожарот на планиата Серта активен е и пожарот на територијата на Општина Ново Село, во непосредна близина на границата со Бугарија, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.,,Нашиот фокус денес ќе биде ставен на овие два пожари. Рано утрово пристигна помош од Република Турција, слета еден турки хеликоптер, како и два турски ер-трактори. Тие ќе започнат со дејсвто врз пожарот во струмичко Ново Село.Полициски хеликоптер од утрово започна со гасење на пожарот на Планината Серта, набргу ќе му се приклучи еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер.", вели Ангелов.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-01dd3eb3265ca724c316129e12f4b10c66e7f76c4be2038ea804a387cfe7c3f0_2920c21332a

(Видео) Пожари гаснат и Армијата со полицијата: На границата со Бугарија има сериозно голем пожар

ЦУК информира дека имаше 21 пожар на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат седум пожари (7). На падините на планината Серта има три активни пожари кои започнаа од еден ист пожар а сега се одвоени.Активните седум пожари (7) се во општините: Неготино, во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село, над с.Бадилен, кај месноста „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу селата Негорци и Кованец (мешовита шума); Конче, кај селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор); Чашка, кај селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (каде што гори ниска вегетација и грмушки). Изгаснатите 14 пожари на отворено беа во општините: Петровец, с.Петровец; Гази Баба, Парк шума Гази Баба; Струмица, селата Добрејци и Пиперово; Валандово, месност „Двете реки“; Охрид, с.Велгошти; Струга, с.Корошишта (стрниште); Центар Жупа, с.Житинени; Кичево, 4 интервенции, Спортска сала-Кичево, с.Колибари Вигор Деленци и Трапчин Дол; Виница, на планината Плачковица (букова шума) и во Општина Тетово, 2 интервенции с.Непроштено и с.Буговиње (ниска вегетација), а и Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки).Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со неколку воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања