ПОЖАР

media-library8l685ses09k72lcPnAw

Идентификација на жртвите од пожарот во швајцарски бар: анализи на ДНК, отпечатоци и лични предмети

На прес-конференцијата за пожарот во швајцарски бар се обрати и шефот на криминалистичката полиција на кантонот Вале, Пјер-Антоан Ленжен.Тој изјави дека специјализирани судски вештаци, стоматолози и полицајци работат на идентификација на жртвите.Во рамки на таа постапка се анализираат отпечатоци од прсти, лични предмети, облека и примероци од ДНК, истакна Ленжен.Околу 50 лица повредени во пожарот во скијачкиот центар се префрлени или ќе бидат префрлени во болници во други европски земји заради специјализиран третман, им изјави на новинарите Матијас Рејнард.„Околу 50 повредени се пренесени или ќе бидат пренесени во европски земји, во специјализирани центри за лекување изгореници“, рече тој.Тој додаде дека имало комуникација со францускиот министер за здравство и дека трансферите на пациентите веќе започнале кон болници во Франција.Рејнард исто така изјави дека швајцарските здравствени власти добиле понуда за помош во згрижувањето на повредените пациенти и од Италија, па дел од пациентите ќе бидат префрлени на северот на Италија.

Свет | пред 1 месец

media-library65d7i3vghbbh0CsW5DR

„Барот имал повеќе излези, но гостите во паника не ги пронашле“

Истражителите кои работат на случајот со пожарот во барот се фокусираа на прскалките како можен причинител на трагедијата. Главната обвинителка на Вале, Беатрис Пилу, потврди дека тие сега се „главната насока на истрагата“. Таа ги опиша како роденденски свеќички за торти што може да се купат во која било продавница, додавајќи дека е во тек истрага дали нивната употреба во затворени простории била дозволена.Стефан Ганзер, шеф на безбедноста во Вале, изјави дека, спротивно на некои медиумски написи, барот немал пријавени безбедносни недостатоци и бил опремен со повеќе излези за итни случаи. Сепак, се чини дека гостите во паника не успеале да ги пронајдат, па речиси сите се упатиле кон главниот влез. „Повеќето луѓе не го пронашле патот до излезите за итни случаи“, потврди Ганзер.На прашањето на новинарите дали ширењето на огнот го поттикнала пената на таванот на објектот, обвинителката Пилу одговори дека и тоа е предмет на истрага. „Ќе се утврдува дали оваа пена била наменета за безбедност, дали била во согласност со прописите и дали е причина за пожарот или не“, изјави таа, нагласувајќи дека сè уште е прерано да се носат заклучоци дали материјалот бил во согласност со прописите.Сопствениците испрашани, истрагата продолжуваОбвинителката исто така потврди дека сопственици на барот се францускиот пар Жак и Џесика Морети. Таа додаде дека точниот број на лица кои во моментот на пожарот се наоѓале во барот сè уште не е официјално потврден. Пилу упати апел до јавноста: „Ве молам, не шпекулирајте.“

Свет | пред 1 месец

media-libraryv68ahl5v8n7m7GaTJzx

Постојат две главни теории за причината за пожарот во барот во Кран Монтана

47 лица загинаа, а 115 се повредени во пожарот што избувна за време на дочекот на Новата година во бар во познатото скијалиште Кранс-Монтана, на југозападот од Швајцарија.Пожарот во барот „Ле Констелацион“ избувнал во 1:30 часот по полноќ. Властите потврдија дека во барот имало луѓе од различни националности. Главната регионална обвинителка посочи дека случајот се третира како пожар и дека е исклучена можноста за напад.Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека 13 италијански државјани се повредени, а шест се водат како исчезнати. Девет француски државјани се повредени, а осум сè уште се водат како исчезнати.Клучни информации:Во барот имало многу млади луѓе во моментот кога избувнал пожаротПричината официјално не е позната, но се појавија две теории:некој активирал петарда во затворен простор и го запалил плафонот;келнер ставил друг келнер на раменици, кој држел шише шампањ со распрскувачиПожарот предизвикал експлозии, веројатно поради ослободување на запаливи гасовиПаничната толпа се обидела да избега од подрумот по тесни скали и низ тесни врати, додека други кршеле прозорциГлавната државна обвинителка на кантонот Вале, Беатрис Пилу, исклучи каков било вид терористички нападВо спасувачката акција учествувале 13 хеликоптери, 42 возила на итната помош, 150 медицинари и 70 пожарникари

Свет | пред 1 месец

media-libraryrp9b59pea1rvbnAQZlr

Сопствениците „Le Constellation“ во Кран Монтана се живи: Џесика Морети била во барот кога избувнал пожарот, раката ѝ е изгорена

Сопствениците на барот Le Constellation на познатото швајцарско скијалиште Кран Монтана, каде што во новогодишната ноќ се случи трагедија, се живи, објавија француските медиуми. Станува збор за Џесика и Жак Морети, со потекло од Корзика.Според пишувањата на неколку француски интернет-портали, брачниот пар го презел популарниот бар на скијалиштето во 2015 година. Освен Le Constellation, тие управуваат и со друг угостителски објект – ресторанот Le Vieux Chalet во местото Лен.Под нивно водство, некогаш запуштениот бар бил претворен во популарен ноќен клуб, едно од омилените места за вечерно излегување во Кран Монтана.Пријател на семејството потврдил за корзиканскиот весник Corse-Matin дека Морети се живи. Според тие информации, во моментот на избувнувањето на пожарот во барот била само Џесика Морети, 40-годишничка која, како што се наведува, добила изгореница на раката.Ниту еден медиум засега не успеал директно да разговара со сопствениците. Еден од вработените изјавил дека сите се во длабок шок. „Изгубивме дел од нашиот тим, но денес е многу тешко да се говори за тоа“, рекол вработениот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryikqov6kcgh3sd52KFU4

Нема трага од Македонецот Стивен Ивановски: проверени болници во Швајцарија, надежта сега е во Франција и Италија

Нема никакви нови информации за судбината на младиот Стивен Ивановски, кој исчезна за време на катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, потврдува блиска роднина за „Скопје1“. Тие се надеваат дека ќе го најдат во болниците во Франција и Италија, бидејќи низ болниците во Швајцарија го нема.„Сè уште немаат никакви информации. Семејството живее и работи таму повеќе од 20 години. Проверени се болниците низ Швајцарија и го нема. Се надеваат дека можеби ќе се појави информација од болниците во Франција и Италија“, вели роднината за „Скопје1“.Од МНР вчера потврдија дека кај нив е пријавено дека се трага по Стивен, а посочија и дека отворени се телефонските линии од амбасадата за секого кој има потреба од помош.Стивен последен пат бил виден во новогодишната ноќ, кога избувна пожарот во барот, во кој загинаа десетици лица, а стотици беа повредени. Од тој момент, од него нема никаква трага.Според апелите што ги објавија неговите најблиски на социјалните мрежи, во моментот на исчезнувањето Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, а постои можност со себе да ги имал и препознатливите очила за сонце што се гледаат на фотографиите кои кружат на интернет.Семејството и пријателите упатуваат итен повик до сите кои можеби го виделе Стивен, имаат каква било информација за него или знаат дали бил примен во некоја од болниците во Женева, Цирих или во други европски земји, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:076 415 0868076 385 7165078 229 5745„Братучед ми е исчезнат во пожарот во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот што го споделуваат неговите најблиски.Во меѓувреме, болниците во регионот на кантонот Вале и понатаму се под силен притисок поради големиот број повредени. Претседателот на кантонот, Матијас Рејнар, утринава за швајцарските медиуми изјави дека значителен дел од медицинскиот персонал доброволно се вратил на работа за време на слободните денови, а во тек се разговори за ангажирање дополнителни специјалисти за лекување на изгореници од Франција.Семејството на Стивен Ивановски, и по неколку дена неизвесност, сè уште се надева дека ќе се појави каква било трага што ќе помогне во неговото пронаоѓање.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryocu304qdsv9p1jq2aEX

(Видео) „Беше апокалипса“: Сведоштва од градот погоден од трагедијата во новогодишната ноќ

Стотици граѓани синоќа во тишина се собраа во Кран Монтана, полагајќи цвеќе и палејќи свеќи во спомен на жртвите од катастрофалниот пожар што ја зави во црно оваа швајцарска туристичка дестинација. Дел од присутните стоеја со поглед вперен кон местото на трагедијата, додека разговорите, доколку воопшто ги имаше, се водеа шепотејќи.„Не бев во барот, но многу мои пријатели и роднини беа таму. Некои загинаа, други се во болница“, изјави млад човек кој дошол да положи цвеќе во знак на почит. „Нека почиваат во мир“, додаде тој, видно потресен.Во близина, групи пријатели се прегрнуваа во солзи, додека мажи стоеја немо, со солзи во очите. Матијс, жител на соседното место Шермињон-д’ан-Ба, за агенцијата АФП изјави дека барот бил едно од главните места за дружење на младите. „Тоа е барот каде што се среќаваме со многу пријатели, практично секој викенд“, рече тој.Тој сведочеше дека првично помислиле оти станува збор за мал пожар, но реалноста била сосема поинаква. „Кога стигнавме таму, беше како војна. Тоа е единствениот збор со кој можам да го опишам – апокалипса. Беше ужасно“, истакна Матијс.Пауло Мартинс, француски државјанин кој живее во регионот повеќе од 24 години, изјави дека трагедијата можела директно да го погоди и неговото семејство. „Мојот син многу лесно можеше да биде внатре. Не беше далеку. Беше со девојката и планираа да влезат, но на крајот не отидоа. Кога се врати дома, беше во целосен шок“, рече Мартинс.Поради интензитетот на пожарот и тешките изгореници, идентификацијата на жртвите се одвива бавно и со големи тешкотии. Меѓу исчезнатите има француски и италијански државјани, вклучувајќи и 16-годишно момче од Болоња, чија мајка јавно апелира за помош. Како исчезнати се водат и двајца тинејџери од Милано.Барот бил особено популарен меѓу младата популација, а голем дел од жртвите се тинејџери. Преживеани раскажуваат за застрашувачки моменти на бегство од пламените јазици, при што некои биле принудени да кршат прозорци за да излезат од објектот.Повредените се згрижени во болници низ Швајцарија, но и во странство, а здравствената состојба на многумина од нив се оценува како критична.

Свет | пред 1 месец

media-librarysdcs49uqho91fXOoqEd

(Видео) Расте бројот на загинати и повредени: 47 мртви во пожарот во бар во Кранс-Монтана за новогодишната ноќ

Најмалку 47 лица загинаа, а 115 се повредени во катастрофалниот пожар што избувна за време на дочекот на Новата година во барот „Ле Констелејшн“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кранс-Монтана, на југозападот од Швајцарија. Трагедијата се случи околу 1:30 часот по полноќ, кога објектот бил преполн со гости од различни националности.Надлежните институции соопштија дека случајот се третира како пожар, а можноста за терористички или друг насилен напад е целосно исклучена. Регионалната обвинителка изјави дека истрагата е насочена кон утврдување на причините за избувнувањето и брзото ширење на огнот, како и кон безбедносните услови во објектот.Француските медиуми објавија дека сопствениците на барот, Џесика и Жак Морети, се живи. Станува збор за брачен пар со потекло од Корзика, кој го презел барот во 2015 година. Покрај „Ле Констелејшн“, тие управуваат и со ресторанот „Ле Вје Шале“ во местото Ленс. Според информациите, во моментот кога избувнал пожарот, во објектот се наоѓала само Џесика Морети, 40-годишна жена, која претрпела изгореници на раката.Под водство на Морети, некогаш запуштениот локал бил трансформиран во еден од најпопуларните ноќни клубови во Кранс-Монтана, редовно посетуван за време на туристичката и скијачката сезона. И покрај тоа, медиумите досега не успеале директно да стапат во контакт со сопствениците.Еден од вработените во барот изјавил дека целиот колектив се наоѓа во длабок шок. „Изгубивме дел од нашето персоналот. Денес е навистина тешко да се зборува за тоа“, рекол тој, додавајќи дека трагедијата оставила длабоки последици кај сите кои биле поврзани со објектот.Швајцарските власти најавија дека истрагата ќе биде темелна и ќе опфати проверка на противпожарните системи, евакуациските излези и безбедносните протоколи, со цел да се утврди дали трагедијата можела да биде спречена. Во меѓувреме, продолжува идентификацијата на жртвите и информирањето на нивните семејства.

Свет | пред 1 месец

media-libraryfas4dnloef2rfYz5JXl

Објавено е името на првата жртва - италијански тинејџер

Првата идентификувана жртва на пожарот е 17-годишниот италијански голфер, Емануеле Галепини.Неговото име го објави Италијанската голф федерација, која соопшти дека жали поради смртта на „младиот спортист кој ја претставуваше страста и вистинските вредности“.„Во ова време на длабока тага, нашите мисли се со неговото семејство и со сите кои го сакаа“, порачаа од федерацијата.

Свет | пред 1 месец

media-libraryfhaot02omjum7foZW2V

Од срце сме со вас - не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана! Родителите од Кочани понудија каква било помош по трагедијата во Швајцарија

Членовите на „Здружението на граѓани 16-ти март 2025 година“, кои и самите ја преживaja трагедијата на губење на најблиските во огнена стихија, упатија писмо со сочувство до Швајцарската амбасада. Како што наведуваат, веста за пожарот во Кран-Монтана ги вратила во денот кога нивните животи засекогаш се поделeни на „пред“ и „потоа“.Со скршено срце ја примивме веста за трагичната несреќа во Швајцарија.Веста нè врати таму каде што болката никогаш не замина — во моментот кога животот засекогаш се подели на „пред“ и „по“.Ние, семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ – Кочани, знаеме што значи ненадејно да ти се урне светот.Знаеме како боли кога ќе остане празно столче, кога тишината зборува погласно од зборовите, кога секој здив е тежок.Нашите мисли, молитви и срца се со семејствата на загинатите, со повредените и со сите кои ја носат оваа незамислива болка.Од срце сме со вас — не како набљудувачи, туку како луѓе кои ја носат истата рана.Во вакви моменти, единственото што има вистинска вредност е човечноста, солидарноста и подадената рака.Да знаеш дека не си сам во болката.Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите.На повредените им посакуваме сила и надеж за закрепнување.Стоиме на располагање за сè што можеме да помогнеме — со разбирање, со тивка поддршка и со срце што знае.Нека почиваат во мир оние што заминаа, а на живите нека им биде дадена сила да продолжат, пишуваат во писмото.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvs5ja0rq9leocvnvC1A

Тешко се идентификуваат жртвите во трагедијата во Кран Монтана, бројот на починати се зголемува, а десетици сè уште се водат како исчезнати

Бројот на загинати по катастрофалниот пожар што избувна во новогодишната ноќ во бар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана постојано се зголемува. Најмалку 47 лица го загубија животот, а повеќе од 115 се повредени. Дел од гостите, меѓу кои тинејџери и млади луѓе сè уште се водат како исчезнати.Италијански и француски државјани меѓу исчезнатитеИталијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека 16 италијански граѓани се водат како исчезнати, а меѓу 12 и 15 се хоспитализирани. Девет француски државјани се повредени, а осум не се пронајдени.Тројца пациенти се префрлени на лекување во Франција, а трансфери се најавуваат и за други.Родители очајно трагаат по своите децаМеѓу исчезнатите е и 16-годишниот Артур од Лозана. Неговите родители, Кристоф и Летиција Бродар, велат дека последен пат слушнале за него кога со пријателите бил во барот.„Сè уште се надеваме. Треба да веруваме дека е жив“, изјави таткото за Си-Ен-Ен.Тој додаде дека Кран Монтана отсекогаш важел за безбедно место и дека младите традиционално ја слават Новата година таму.Пожарот избувнал околу 1:30 по полноќ во барот „Ле Констелејшн“, кој бил полн со гости од различни земји што ја славеле Новата година. Обвинителството потврди дека случајот се води како пожар без индиции за напад.Швајцарскиот претседател Ги Пармелин изјави дека земјата се соочува со „една од најтешките трагедии во поновата историја“.Пожарот бил жесток – идентификацијата оди тешкоВластите информираат дека голем дел од жртвите сè уште не се идентификувани поради сериозноста на повредите.Меѓу исчезнатите има италијански и француски тинејџери, вклучувајќи 16-годишно момче од Болоња. Семејствата очајно чекаат вести.Градот тагува — барови затворени од почитВо градот сè уште блескаат празничните украси, но дел од локалите ставија клуч на врата во знак на солидарност.Во црквата Монтана-Стејшн се одржа миса во спомен на загинатите.„Мора да се држиме до надежта,“ изјави еден локален жител.Цвеќе и свеќи пред баротНа патот кон барот е поставена маса за цвеќе и свеќи. Граѓани и туристи доаѓаат тивки, потресени, некои со солзи во очите.Една жена, чиј близок сè уште се води како исчезнат, рече:„Само сакаме вести. Какви било.“Истрагата продолжува, а лекарите се борат за животите на најтешко повредените во болниците низ Швајцарија и во странство.

Свет | пред 1 месец

media-library8l685ses09k72lcPnAw

(Видео) Новогодишен хорор во Кран-Монтана: Пожар во бар однесе околу 40 животи, над 100 повредени

Голема трагедија го потресе швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, кога разорен пожар во популарен бар усмрти околу 40 лица, а приближно стотина беа повредени.Според потврдени информации, пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ, а првичните сомнежи укажуваат дека бил предизвикан од пиротехнички средства. Очевидци наведуваат дека пиротехниката била поставена на шишиња со пијалоци, по што пламенот го зафатил таванот на објектот.Еден од сведоците, 19-годишниот Мелко, изјавил дека пожарот се проширил за само неколку секунди, создавајќи хаос и паника меѓу стотиците посетители. Поради тоа што главниот дел од барот се наоѓал во подрум, до кој се пристапува преку скали, евакуацијата била исклучително тешка, а во обидот за бегство дошло и до стампедо кон излезот.Домарот на соседната зграда и неговата сопруга сведочат за драматичните сцени по избувнувањето на пожарот. „Нè разбудија вресоци. Луѓето врескаа, имаше густ црн чад и ужасна миризба. Брзата помош и пожарникарите пристигнаа многу брзо. Станарите во паника ја напуштија зградата, стравувајќи дека пожарот ќе се прошири. Многумина побараа засолниште кај нас, им направивме кафе и останавме со нив до раните утрински часови“, изјавил тој.Надлежните служби спроведуваат официјална истрага за утврдување на точната причина за пожарот, додека швајцарската јавност е во шок од една од најтешките трагедии што ја погоди земјата во новогодишната ноќ.

Свет | пред 1 месец

media-libraryiskmp27mf371elXcBpA

(Видео) Намерно запалена баскет подлогата на игралиштето во Радишани

Вечерва е регистриран инцидент на баскет игралиштето во населбата Радишани, каде што, според првичните информации, намерно била запалена подлогата на теренот. Станува збор за едно од најквалитетните баскет игралишта во државата, опремено со сертифицирана подлога од ФИБА.Благодарение на совесни граѓани кои случајно забележале дека подлогата гори, пожарот бил навреме пријавен и изгаснат, со што е спречена поголема материјална штета. За среќа, оштетувањата се оценуваат како помали и не го загрозуваат целосно користењето на теренот.Случајот го вознемири локалното население, а се очекува надлежните институции да го испитаат инцидентот и да ги утврдат околностите под кои дошло до намерното палење.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj06i8htj5k87824ah17

(Видео) Непознат маж запали новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад

Непознат маж во Нови Сад вчера навечер го запали дел од новогодишната декорација пред Градската куќа. Според информациите, мажот пристигнал со велосипед, а во 4:14 часот го подметнал огнот на еден од осветлените вагони кои се дел од декоративниот воз на плоштадот.Полицијата веднаш започнала истрага за случајот и работи на утврдување на идентитетот на сторителот.

Свет | пред 1 месец

media-libraryj099d82c30u1fma45JC

Избувна пожар во стан во Загреб

Во Загреб денес околу 11:30 избувнал пожар, потврди Јавната противпожарна единица на Загреб.Пожарникарите примиле пријава во 11:32 часот. Пожарот го зафатил дневниот престој на станот, а опожарената површина изнесува околу пет квадрати. Во пожарот изгореле маса и плакар.Според информациите од пожарникарите, станарите успеале да ја задушат огнената стихија пред нивниот пристигнување. Една личност побарала итна медицинска помош поради вдишување чад, а полицијата повикала брза помош.Пожарникарите го изгаснале пожарот, го прегледале просторот и опожарените делови од станот ги изнеле надвор. Интервенцијата завршила без потреба од понатамошни активности.Неофицијално, причината за пожарот била свеќа.

Свет | пред 1 месец

pozarna

Три пожари во Скопје за една ноќ: Горел дел од обложувалница и две возила

Во текот на 19 декември 2025 година, во СВР Скопје биле пријавени три одделни случаи на пожари на различни локации во главниот град, информираат од Министерството за внатрешни работи.Првиот случај бил пријавен во СВР Скопје, при што било утврдено дека на 16 декември, во периодот од 18:00 до 19:00 часот, била опожарена тенда на обложувалница на подрачјето на Карпош. Во инцидентот нема повредени лица, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.Истата ноќ, на 19 декември во 00:40 часот, 53-годишниот А.А. од Скопје пријавил дека додека управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода, настанал пожар во возилото. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид.Неколку часа подоцна, во 06:49 часот, 52-годишниот Г.Ј. од Скопје пријавил пожар во неговото патничко возило „опел“, исто така на улицата „Христо Татарчев“. И во овој случај нема повредени, пожарот бил навремено изгаснат од противпожарните служби, а извршен бил увид од надлежните служби.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарите и за целосно расчистување на сите случаи.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања