ПОЖАР

media-libraryq207fbq1ek755qYsa8x

(Видео) Подметнат пожар на депонија кај Арачиново, чадот се чувствува низ Скопје

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи.Најверојатно намерно запален сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје.Гаснењето ќе биде  сложено бидејки обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново.

Настани | пред 4 месеци

media-libraryckl4l7f1s7js6cJGom2

(Фото) Две возила опожарени во Скопје за една ноќ, оштетени и објекти

Во текот на ноќта во Скопје беа пријавени два пожари во кои беа опожарени повеќе возила и оштетени објекти.На 24 септември 2025 година, во 23:07 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „11 Октомври“ избувнал пожар во патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од огнот биле зафатени и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект.Неколку часа подоцна, на 25 септември околу 03:47 часот, на улица „Дичо Петров“ избувнал нов пожар во возило „Ренџ Ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д. (41) од Скопје. Пламените го зафатиле и возилото „Голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасадата на станбена зграда и дел од продажен објект.Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а за среќа нема повредени лица. Полицијата изврши увид и најави дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryonekr6qd8ghq4RqlJR7

МВР со детали за големиот пожар кај скопско зелено пазарче

Министерството за внатрешни работи утринава соопшти детали за синоќешниот голем пожар кој избувна во центарот на Скопје, веднаш до Зелен Пазар„На 24.09.2025 во 23:07 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на бул. „11 Октомври“ во Скопје, било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а од огнот било зафатено и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект.Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Скопје | пред 4 месеци

trubarevo

Единаесет жители на Трубарево упатени на дополнителни испитувања поради иритации

Единаесет лица од Трубарево се пратени на дополнителни испитувања на Клиниката за пулмологија, откако лекарите констатирале иритации и надразнување во грлото.Вкупно 111 граѓани биле прегледани вчера на двата пункта – на Министерството за здравство и на Клиниката за пулмологија во Трубарево. Од Министерството соопштија дека поголемиот дел од населението е во добра здравствена состојба, но дека дел од нив имале симптоми кои барале понатамошни анализи.Скринингот е организиран по големиот пожар што зафати магацин со отпадна пластика и електронски отпад. Прегледите опфаќаат клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на виталниот капацитет на белите дробови.Пунктовите ќе продолжат со работа и денеска.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryonekr6qd8ghq4RqlJR7

(Видео) Голем пожар кај Зелен пазар – гореа возила и магацин

Вечерва изби голем пожар кај Зелен пазар. Според првичните информации на „Скопје1“, се запалил автомобилот, па пожарот се проширил на друго возило, за потоа да се запали и магацин од маркет.Противпожарни екипи веќе подолг временски период работат на гаснење на пожарот. Засега не е познато дали станува за подметнат пожар.Информациите се дека пожарот е локализиран, но се работи на негово целосно гаснење.

Скопје | пред 4 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Запалено „БМВ“ во Аеродром, зафатено и второ

На 24 септември 2025 година, околу 03:15 часот, на улицата „Владимир Комаров“ во Скопје избувнал пожар во паркирано патничко возило марка „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на 19-годишен скопјанец Ј.Ј. Од огнените пламенови било оштетено и друго паркирано возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ж.П. (46) од Скопје.Во инцидентот нема повредени лица. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

Во скопско Козле ноќеска гореле три куќи и помошна просторија!

Министерството за внатрешни работи го потврди пожарот за кој утринава информираше Скопје1. Пожарот избувнал ноќеска на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле при што биле зафатени три куќи и една помошна просторија, сопственост на тројца скопјани. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот е изгаснат од екипите на Противпожарната бригада на Скопје.На 23.09.2025 во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Почнува скринигот за жителите на Трубарево по пожарот со токсичен чад и тешки метали

Од утре започнува дводневен скрининг на жителите на Трубарево и околните населени места, најави министерот за здравство Азир Алиу.„Ги замолувам сите граѓани што сметаат дека треба да посетат доктор да се пријават на овој скрининг. Прегледите се наменети за жителите од Трубарево и од околните места, а особено за лицата што чувствуваат потешкотии при дишењето или имаат симптоми што укажуваат на заболувања на дишните патишта“, изјави министерот Алиу.Прегледите ќе ги вршат тимови од Клиниката за пулмологија и алергологија, со комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни испитувања. „Доколку се појави потреба од дополнителни испитувања, тие или ќе бидат извршени на лице место или пациентите ќе бидат упатени на Клиничкиот центар во Скопје“, додаде тој.Директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија, Оливер Зафировски, потенцираше дека скринингот ќе го спроведат две екипи со две амбулантни возила. „Започнавме една убава акција ‘Здравјето на граѓаните пред сè’. Два тима ќе ги посетат сите граѓани во Трубарево и ќе направат почетни испитувања. Во зависност од тоа, ако може да се постави дијагноза или да се покаже дека немаат никакви оштетувања на нивните бели дробови, останува да им се ревидира терапијата. Но, ако има потреба, ги упатуваме на Клиниката за пулмологија за да можеме да ги продлабочиме испитувањата“, изјави Зафировски.Иако според последниот извештај на Министерството за животна средина концентрациите на ПМ10 честички се во рамки на дозволеното, по пожарот во фабриката „Ф-групација“ на 13 септември беа регистрирани сериозни надминувања. Тогаш во Трубарево ПМ10 честичките достигнале 92,65 микрограми на кубен метар, речиси двојно над дозволената граница. Покрај тоа, измерени се покачени концентрации на олово, арсен и особено кадмиум – дури десет пати над максимално дозволените вредности.Црниот чад од пожарот тогаш со часови се гледаше од целиот град, а жителите на Трубарево сè уште стравуваат за последиците врз здравјето.

Скопје | пред 4 месеци

media-library652rhj7abvuoaCVzvXQ

(Видео) Се слушале експлозии, горело многу: Голем пожар ноќеска во Козле, горела куќа

Ноќеска избувнал пожар во скопската населба Козле, на улица „Јуриј Гагарин“, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“.„Во 02:03 се јавив на 112 и веднаш ми се јавија и ми кажаа дека се запознаени и дека се во акција. Во 02:12 огнот беше изгасен, остана чад. Во02:30 пак се слушаа експлозии и имаше чад”, сведочи водителката Снеже Велков.Противпожарната бригада на Скопје интервенирала со четири возила, откако огнот зафатил една шупа, а поради големината на пожарот бил оштетен и покривот на соседната куќа.„Пожарот беше голем и бараше ангажман на повеќе екипи. По два часа интервенција, успеавме целосно да го изгаснеме“, изјави за медиумите Ѕвонко Томевски, командир на Противпожарната бригада на Скопје.Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, а причината за пожарот дополнително ќе се утврдува.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarygfk588bd66l221sAxlJ

(Видео) Познато е како изби пожарот во Горно Нерези, има двајца уапсени

На 20 септември 2025 година, во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К. (50) и А.А. (43), двајцата од Република Турција со привремен престој во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, двајцата се сомничат дека на плац во Горно Нерези предизвикале пожар. Додека работеле со апарат за заварување, искрите запалиле сува трева, а огнот се проширил и надвор од плацот.Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Повредени лица нема.„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Скопје | пред 4 месеци

media-library6d86j0s86mgmdwSOrc6

Лишен од слобода маж од Струмичко поради подметнување пожар

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода 42-годишниот Е.А. од селото Василево, поради сомнение дека предизвикал пожар во атарот на истото село.Според информациите од МВР, на 20 септември околу 12:00 часот, осомничениот подметнал оган на место викано „Џидет“, при што била зафатена нива со сува вегетација. Пожарот бил навремено изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Струмица, а повредени лица нема.Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Е.А. е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица.„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-library8qs70ohqjp7g6O1R4SL

Пожарот кај Батинци ставен под контрола, екипите остануваат на терен

Пожарот што денеска избувна во близина на селото Батинци е локализиран и моментално не претставува закана за жителите и околните објекти, информираат надлежните.Директорот Мухамед Али присуствувал на лице место и ја координирал целата акција. За гаснењето биле активирани сите расположливи ресурси – два авиони ератрактори, еден хеликоптер на МВР, како и противпожарните единици од Скопје.Благодарение на брзата реакција и професионалноста на екипите, пожарот е ставен под контрола, но тие остануваат на терен сè додека не се изгасне целосно и за да се спречи евентуално повторно активирање на огнот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryuseh2fg8e5lu17pfQKb

(Видео) Пожарот над Батинци е подметнат, постоеше опасност да се прошири во селото, се гасне од воздух

Во Батинци завладеа паника откако над селото избувна голем пожар, при што граѓаните се исплашија дека гори депонијата „Дрисла“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.„Имаме индиции дека пожарот над Батинци е намерно подметнат бидејќи одеднаш се разви во линија. Пожарот брзо се ширеше поради ветрот. Поради опасност да го зафати и селото Батинци, по барање на ЦУК, испративме хеликоптер и ер-трактори. Во овој момент имаме целосна контрола на пожарот,“ изјави Ангелов.

Скопје | пред 4 месеци

trubarevo

Министерство за животна средина: Концентрациите на PM10 честички во Трубарево под дозволените граници

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во рамки на дозволените граници, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).Според податоците од мерењата спроведени вчера и денеска, просечната концентрација изнесува 9,7 µg/m³, додека максимално измерената вредност била 28,2 µg/m³. Во моментот на завршување на мерењата, вредноста изнесувала 20,1 µg/m³.„Просечните концентрации на PM10 честичките не ја надминуваат 24-часовната гранична вредност пропишана за заштита на човековото здравје. Овие резултати се во согласност со Уредбата за гранични вредности и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух“, наведуваат од Министерството.Мерењата биле извршени со автоматски систем AMBICON RTM – PM, нефлометар за реално време со светлосен сноп и циклон селектор, инструмент ES-642 METONE од САД, сертифициран за индикативен мониторинг според MCERTS стандардите на Обединетото Кралство.Министерството нагласува дека континуирано го следи квалитетот на воздухот со цел навремено информирање и заштита на населението.Ресорниот министер, Изет Меџити, денеска изјави дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за санирање на еколошките штети од пожарот во Трубарево.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryuseh2fg8e5lu17pfQKb

Пожар и во Батинци

Пред малку изби холем пожар на отворен простор над скопското с. Батинци, зафати трева, грмушки и мешана шума, порафи ветрот се шири со голема брзина.Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС.На лице место е и директорот на ЦУК Мухамед Али.Според првичните информации се работи за намерно подметнат пожар.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања