ПОЖАР

media-librarylou69ss491dfeaoLPaO

(Видео) Винчини полека се консолидира и продолжува со работа, а целиот тим веќе е прилагоден во фабриките

Винчини полека се консолидира и продолжува со работа, а целиот тим веќе е прилагоден во фабриките, соопштија од Макпрогрес груп.На 6 септември во вечерните часови во пожар изгоре еден производен погон и два магацина на компанијата од Виница, еден од најголемите произведувачи на кондиторски производи во земјава.–Целиот наш тим е вратен и целосно прилагоден во фабриките „Винчини“, „Сончева долина“, „Фантазија“, „Натура“, „Дони“, а и „Винчини чоколадна фабрика“. Навистина сме горди што ги презедоа сите предизвици како вистински шампиони – рекоа од Макпрогрес груп.Тие, како што наведуваат, искрено и од срце се благодарни за огромната поддршка што ја добиле од граѓаните и од бизнис заедницата.– Ова е феномен, да се види како цела Македонија застана зад еден домашен бренд и зад еден мал град како Виница. Тоа отсега натаму ќе го дефинира нашиот бренд и нашата приказна – потенцираат од Макпрогрес груп.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarytfg839p8gjjtfMiWi8O

(Видео) Автомобил гори во Идризово, Кадински пат: се запалил во движење

Автомобил во движење се запали во Идризово. Според првичните информации нема повредени лица.Пожарот се случил за момент, а возилото се запалило во движење. Патниците навреме излегле.Беше повикана противпожарна бригада која го изгасна огнот, но автомобилот е веќе пеплосан.

Скопје | пред 4 месеци

trubarevo

Во Скопје се дишеле тешки метали, 12 пати над дозволеното, по пожарот во Трубарево

Концентрацијата на тешки метали во воздухот во Скопје по пожарот во Трубарево драматично ја надминала дозволената граница, покажуваат анализите на Министерството за животна средина, објавени шест дена по избувнувањето на огнената стихија.Мерењата направени на 13 и 14 септември покажуваат дека концентрацијата на кадмиум изнесувала 59,1 нанограм по метар кубен – речиси 12 пати повеќе од дозволените 5. Во воздухот имало и зголемени количини арсен (8,9 од дозволени 6) и олово (0,75 од дозволени 0,5). Единствено никелот останал во рамките на дозволеното. Од министерството уверуваат дека состојбата веќе е стабилизирана и дека тековните мерења покажуваат нивоа во границите.Од МЖСПП велат дека објектот во кој избувнал пожарот во Трубарево бил повеќе пати контролиран, а и на денот на трагедијата инспектори извршиле увид и целата документација ја предале во Јавното обвинителство.Премиерот Христијан Мицкоски најави законски измени со кои подметнувачите на пожари ќе се третираат како терористи, а за фрлање отпад на јавен простор ќе се предвидуваат затворски казни над пет години.Ова мора да престане. Ќе се заострат сите казни и ќе има јасна порака дека подметнувањето пожар е тероризам врз граѓаните и нивното здравје – изјави Мицкоски.Претседателот на Собранието, Африм Гаши, пак, потсети дека засега во Парламентот не е пристигнат ваков предлог-закон.„Кога ќе се најде на дневен ред, мнозинството ќе одлучи дали потпалувачите ќе се третираат како терористи“, рече Гаши.По зачестените пожари, Владата испрати допис до сите општини да извршат расчистување на дивите депонии, а Државниот инспекторат за животна средина да спроведе вонредни контроли на сите ризични локации.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykb9lktfgrla82ukZPsY

(Фото) Гореше куќа во Кавадарци

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев информира дека екипите на Територијалната противпожарна единица Кавадарци со три возила и брза интервенција успеале за само половина час да го стават под контрола пожарот во куќа во селото Горна Бошава.„ТППЕ Кавадарци со три противпожарни возила и навремена реакција, за само 30 минути од приемот на повикот пристигна во с. Горна Бошава. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, пожарот во куќата е ставен под целосна контрола,“ објави Јанчев.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryom2e5l0i6tl12kyRLQt

(Видео) Пожар меѓу две згради во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“

Пожар избувнал помеѓу две згради во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, покажуваат и снимките до кои дојде „Скопје1“. Ова се случило во текот на денешниот ден, кога со брза интервенција на вработените, било спречено негово ширење.Од снимката се гледа пламенот помеѓу зградите. По дојава, со ПП-апарати започнува и неговото гаснење. Од помеѓу зградите излегувало чад.Засега нема информација дали ова е пријавено во МВР и како избувнал пожарот.

Скопје | пред 4 месеци

pozar-crna-gora

Пожари на Кожуф и кај скопско Виниче, гори ниско стеблеста шума

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во земјава до утрово во 07:00 часот, од кои два се активни, два се под контрола, а 27 сe изгаснати, соопшти ЦУК.Иако најголемиот дел од огнените стихии се локализирани, состојбата и понатаму е сериозна, бидејќи активните пожари се прошириле на шуми и носат ризик од ново разгорување.Едниот активен пожар е на територијата на Општина Гази Баба, во атарот на селото Виниче, каде гори нискостеблеста шума во месноста Муратница. Другиот пожар е на Кожуф планина кај селото Петрово во Општина Гевгелија, каде огнот зафатил букова шума и се движи кон поширок предел, што ја отежнува интервенцијата.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryl0er7mjvnnqo7wUQWQF

Локализиран пожар над селото Моране во Општина Студеничани

Во вечерните часови на територијата на Општина Студеничани, над селото Моране, избувна пожар.Од Центарот за управување со кризи информираат дека благодарение на навремената и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, во координација со надлежните институции, огнот бил локализиран за кратко време.„Состојбата со пожарот е целосно ставена под контрола и во моментот не претставува закана за населението во околината. Пожарникарските екипи остануваат на терен за постојан мониторинг и целосно изгаснување на сите жаришта, со цел превенција од евентуално повторно разгорување на пожарот“, велат од ЦУК.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryp7gaduiomondeWRp1zE

Пожар во скопско Морани, Ангелов вели пожарите ги предивикуваат дрвокрадците!

Вечерва избувна пожар на ридот во скопското село Морани.Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов упатени се екипи на терен, а тргаат и неколку пинцгауери.„Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци“, вели Ангелов.Тој додава дека Кире Михаилов, директор на Национални шуми, им го расипал бизнисот со кражба на дрва.

Скопје | пред 4 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

Постои опасност од ново разгорување во Трубарево, направен е увид иако и натаму чади

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на МВР, денеска извршија увид на локацијата во Трубарево каде што изминативе денови избувна голем пожар во складиште за отпад.Како што соопштија од Обвинителството, увидните дејствија се спроведени и во однос на причините за избивање на пожарот и во однос на складирањето на отпадот. На терен било извршено фотографирање и дронско снимање.„Со оглед на затрупувањето на локацијата од безбедносни причини, увидните дејствија се отежнати. По наредба на јавен обвинител, локацијата ќе остане обезбедена и во наредниот период за потребите на постапката“, велат од ОЈО.Дополнително, Министерството за животна средина ќе продолжи со мерења на загадувањето, а на терен ќе излезе и вешто лице од областа на екологијата.На местото и понатаму е стационирана противпожарна екипа, бидејќи се јавуваат повремени чадења и постои опасност од ново разгорување.Обвинителството најави дека, паралелно со увидот, ќе продолжат и другите истражни дејствија за целосно испитување на настанот и одговорноста за него.

Скопје | пред 4 месеци

Seq-16-9.00_00_05_15.Still002

(Видео) Нѐ евакуираше полиција, се слушаа експлозии, овде живеат и изнемоштени лица, сведочи жител на Пинтија по палењето на сервисот

Жител на скопската населба Пинтија сведочи дека утрово околу 3:40 часот го разбудила силна експлозија што потекнувала од сервис за возила во непосредна близина на неговиот дом.„Кратко потоа, за околу десетина минути, на врата ми затропаа полицајци и ме замолија да го напуштам домот поради безбедносни причини,“ раскажува тој за медиумите. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Пожарот, како што вели, предизвикал голем пламен и густ чад.„Гореа гуми, пластика, работи кои можеби се и канцерогени, тоа експертите подобро знаат. Но дефинитивно не беше пријатно за дишење, особено кога сте во непосредна близина,“ додаде жителот.Иако пожарот бил локализиран, гаснењето траело подолго време поради тоа што на повеќе места материјалите тлеле и повторно се разгорувале.„Со навремена координација на пожарникарите, пламенот беше ставен под контрола и не беше дозволено да се прошири кон куќите во околината каде што живеат луѓе,“ нагласи сведокот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-16-at-10.56.57

(Видео) Целосна снимка: Во Пинтија гореле автомобили и масло, се гаснело два часа

Стаклара, во местото познато како Каменик. Во објектот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи предмети, што придонело за брзото ширење на огнот и сложеноста на интервенцијата.Екипите на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје веднаш излегле на терен и интервенирале со осум возила. По речиси двочасовна борба, пожарот бил ставен под целосна контрола и изгаснат пред 6 часот изутрина.„Пожарот беше тежок за гаснење поради големото количество масло и запаливи материјали во сервисот, но навремената реакција спречи поголема катастрофа“, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

97E3F27E-18A9-4A0C-91C2-D295D436663D

Ангелов: Нов пожар на „Дрисла“, изгаснат за еден час

Синоќа пред 23 часот повторно избувнал пожар на депонијата „Дрисла“, но овој пат на нова локација, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.Тој посочува дека на терен веднаш интервенирале скопските пожарникари кои започнале со гаснење, но поради специфичноста на огнот било потребно и затрупување на опожарената површина. За таа цел биле активирани градежни машини кои веќе биле распоредени на депонијата, а нивните возачи брзо пристигнале на местото.„Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан, со што беше спречено негово ширење кон главнината на депонијата“, објави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-16-095605

(Видео) Снимка од палењето на сервисот во Пинтија, еве како е подметнат пожарот ноќеска

Скопје1 дојде до снимка од палењето на сервисот за возила во Пинтија, што утрово целосно изгоре. На видеото јасно се гледа лице облечено во дуксер со качулка како ја прескокнува оградата и како со канта полева бензин врз паркираните автомобили, по што настанува експлозија и пламените брзо го зафаќаат објектот. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Потсетуваме, пожарот избувна ноќеска нешто пред 04 часот во сервисот лоциран над Стаклара, во местото викано Каменик. Во објектот имало повеќе возила и запаливи материјали, што придонело огнот брзо да се прошири. Екипи на Противпожарната бригада на Скопје со осум возила интервенирале на терен и успеале да го стават пожарот под контрола пред шест часот.Од Дирекцијата за заштита и спасување утрово информираа дека немало повредени лица, но материјалната штета е огромна.Со новата снимка, истрагата добива сосема поинаков тек, бидејќи се потврдува дека станува збор за намерно подметнат пожар. Полицијата работи на идентификување на лицето што се гледа на видеото.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-16-090132

(Фото) Изгореа автомобили во сервис за возила во Пинтија

Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот избувнал пред 04 часот и дека е изгаснат пред шест часот.– Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети. БППЗ Скопје веднаш излезе на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот беше изгаснат пред шест часот – информираа од ДЗС.Фотографии објави и градоначалникот на Кисела вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски-После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко - вистински чувари на градот и наши херои!Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат.Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви.Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност.Повикувам на итно постапување на МВР и Јавното обвинителство, ова мора да запре!

Скопје | пред 4 месеци

kocani-puls-protest-4

Денеска марш на ангелите во Кочани – шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од големата трагедија што на 16 март годинава го потресе Кочани и целата држава, кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ животите ги загубија 62 млади лица. Несреќата се случи во доцните вечерни часови, а огнот за кратко време го зафати целиот објект, оставајќи зад себе пустош и незамислива болка кај семејствата на жртвите и жителите на градот.Во спомен на загинатите, денеска ќе се одржи традиционалниот „Марш на ангелите“. Поворката ќе започне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се движи по претходно утврдената патека – покрај општинската зграда, УЈП, полициската станица, кочанскиот суд и Јавното обвинителство, а ќе заврши повторно во паркот.Во саботата, пак, семејствата и најблиските одржаа помен на вечното почивалиште на младите чии животи беа прекинати прерано. Трагедијата остави длабока трага во колективното сеќавање на граѓаните, кои и денеска со маршот ќе ја испратат пораката дека болката е голема, но и дека споменот на нивните најмили никогаш нема да згасне.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања