Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПОЖАР

Нема фотографија

(Видео) Шумски пожар од големи размери во Канада, најавена е масовна евакуација

Поради шумски пожар во близина на градот Форт Мекмареј во северниот дел на канадската провинција Алберта, најавена е евакуација на повеќе од 6.000 локални жители.Пожарот веќе уништи речиси 21 илјада хектари и моментално е на оддалеченост од помалку од 10 километри од периферијата на градот. Сувото време и силниот ветер придонесуваат за ширење на пожарот во правец на населбата, јавува канадскиот јавен сервис CBC News.Регионалната општина Вуд Бафало во вторникот попладне прогласи вонредна состојба и издаде наредба за евакуација.Во сила е наредбата за евакуација за населбите Бикон Хил, Абасанд, Прери Крик и Грејлинг Тераса.Голем шумски пожар во 2016 година предизвика значителна штета и предизвика евакуација на сите 66.000 жители на тој град.Сепак, според пожарникарите, природата на сегашниот шумски пожар е поинаква, бидејќи уништената шума се уште не е закрепната. Ова значително го забавува ширењето на пожарот и им ја олеснува работата на пожарникарите.Во гаснењето на пожарот биле вклучени 14 хеликоптери и 70 пожарникари.Во Алберта моментално горат околу 50 шумски пожари, но само два се во близина на населени места.https://twitter.com/rugcarpetz/status/1790522744875999304https://twitter.com/leandro_ptbr/status/1790555145404633443

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Пожарот кај Шибеник ставен под контрола

Пожарот што избувна вчера попладне меѓу Врпоље и Гребаштица кај Шибеник е ставен под контрола нешто пред 10:30 часот, изјави Дарко Дукиќ, командант на противпожарната бригада на Шибеничко-книнската жупанија.Откако од терен биле повлечени два кантари, два ертрактора и 20-тина пожарникари со 10 возила останале да го изгаснат пожарот.Нема отворен оган, работиме на тоа“, изјави Дукиќ.Опожарена е површина од околу 450 хектари, а опожарена е ниска трева, вегетација и борова шума. Пожарот во текот на ноќта го изгаснале 60-тина пожарникари, чија работа ја отежнал ветерот.Денес наутро на местото на пожарот биле испратени два кантари, а потоа и два ер-трактора.Крајбрежната област на Шибеничко-книнската жупанија е зафатена од најмалку еден голем пожар секоја година.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Гори огромна фабрика во Русија

Руските медиуми јавуваат за пожарот во електромеханичката фабрика Елмаш во рускиот град Воронеж, изјави Антон Герашченко, поранешен советник на украинското Министерство за внатрешни работи.Тој додава дека локалните медиуми јавуваат дека пожарот зафатил околу 3.000 квадратни метри. Во фабриката се произведуваат менувачи, мотори, сопирачки, индустриски вентилатори и слично. Засега нема извештаи за жртви.https://twitter.com/NOELreports/status/1782301589320987009https://twitter.com/Gerashchenko_en/status/1782301201523999060

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Се шири пожарот во Шибеник

Пожарот што избувна вчера во близина на Шибеник во Хрватска се прошири поради ветрот и непристапниот терен, а утринава во акцијата за гаснење учествуваа и два канадски авиони, пренесува Index.hr.Во акцијата за гаснење учествуваат и противпожарни единици од Шибеник, а им помагаат и припадници на доброволни противпожарни компании од околните градови.Ангажирани се вкупно 59 пожарникари и 22 возила.Како што соопштија утрово од противпожарната служба во Шибеник, голем број нивни припадници се уште се на терен, а пожарот е се уште активен.Пожарот избувнал вчера околу 18:25 часот на подрачјето на Врпоље и Гребаштица, а гори тревата и ниската вегетација.,,Полето е обраснато со трева, а поради ветрот пожарот брзо се шири“, изјави синоќа за ХРТ началникот на Шибеничко-книнската жупаниска противпожарна служба Дарко Дукиќ.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Една од најпознатите згради во Копенхаген е во пламен

Во една од најпознатите згради на данската престолнина, избувна пожар и нејзината кула се сруши на покривот. Нема извештаи за повредени.Снимките во живо од локалните медиуми покажаа дека луѓето носат големи слики надвор од зградата за да ги спасат од пламенот.Историската зграда, чија кула имаше облик на испреплетени опашки на четири змејови, беше во реновирање кога избувна пожарот.Во зградата, изградена во холандски ренесансен стил, служи како седиште на данската стопанска комора, пишува Гардијан.,,Не пречека страшна глетка. Берзата гори“, пишуваше на профилот на ДГК на социјалната мрежа Икс.Полицијата во Копенхаген побара од луѓето да избегнуваат возење низ оваа зграда.https://twitter.com/visegrad24/status/1780143205176025475

Свет | пред 1 година

x4Qk9kpTURBXy85Mjc5NGFiNzIxN2ZiOWRmOWIyODBlODljNDYzNmQwYi5qcGeRkwLNAxYAgaEwAQ

ЧЦУК: Пожарот на Баба Планина е под контрола (локазиран), има само чад и нема опасност од ширење по населени места

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарот што беше активен од вчера (14.04.2024) над с.Велушина, односно над с.Остерец на Баба Планина е под контрола (локазиран), но постои само чад и нема опасност од ширење по населени места. ТППЕ Битола интервенираше со три пожарникари и едно ПП возило, Екипата од ЈП ,,Национални шуми" - подружница ,,Кајмакчалан" од Битола денеска не се на терен.

Македонија | пред 1 година

pozar-doneck

Шест лица загинаа во пожарите во Кина

Шест лица загинаа во пожарите во кинеските градови Вужоу во провинцијата Гунагси и Хефеи во провинцијата Анхуи, соопштија локалните власти.Пет лица загинаа во пожар во градот Вужоу што во понеделникот избувна во самопослуга, а истрагата за причините за пожарот е во тек, јавува Ксинхуа.Во градот Хефеи едно лице загина, а 11 се повредени во пожар во трикатница.Жртвите се ученици од старателскиот центар, кои по завршувањето на часовите си ги вршеле домашните задачи во читалната, пишува весникот Чајна.Полицијата започна истрага.

Свет | пред 1 година

pozar

(Галерија) Голем пожар во скопско Волково: нема човечки жртви

Голем пожар изби вчеравечер во скопско Волково. Мештаните посочуваат дека за среќа немало човечки жртви.Пожарот зафатил стар објект, а не се проширил на околни објекти. Пожарот е во близина на железничката пруга каде поминуваат возови.Утрово, и натаму има пожарникари на местото.Непознати се причините поради кои пожарот избил.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-13.48.47

(Видео) „Се слушнаа експлозии“ - четири возила изгореа на паркинг кај Водовод, покрај кеј

Четири автомобили горат на полигонот под Амбасадата на САД, веднаш до кејот на Вардар и објектот на „Водовод“. Просторот се користи како паркинг, а особено за викендите е препоплн. Очевидци за „Скопје1“ раскажуваат дека се слушнале и неколку експлозии, а дека пожарот брзо се проширил.Граѓани панично ги ваделе автомобилите од просторот, во страв дека пожарот може да се прошири. На местото пристигнаа и пожарникари со Противпожарни возилаПовеќе информации се очекуваат за подоцна. „Скопје1“ контактираше и со МВР, чии екипи треба да го обезбедат местото.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Голем пожар во Русија: Горат 800 метри квадратни

На индустриска локација во Екатеринбург избувна пожар, кој го гаснат 13 единици на противпожарната служба, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.Противпожарните и спасувачките единици кои пристигнале на местото на повикот утврдиле дека гори покривот на лакарницата на површина од 800 квадратни метри, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.Засега нема информации за жртви.https://twitter.com/UkrReview/status/1774741847652368848https://twitter.com/MyLordBebo/status/1774748385951588786

Свет | пред 1 година

image_123650291

Пожар на Света Гора, целосно уништена ќелија на манастир

Според грчките медиуми, пред два дена избувнал пожар во ќелија која се наоѓа во близина на административниот центар на Света Гора, а ќелијата на Светиот великомаченик Пантелејмон, која припаѓа на манастирот Кутлумуси, речиси целосно била изгорена.Според грчките медиуми, пожарот во ќелијата, која се наоѓа во близина на административниот центар на Света Гора, Кариес, избувнал во 09:40 часот.За гаснење на пожарот ангажирани се пет противпожарни возила. Главна задача на пожарникарите била да спречат пожарот да се прошири кон соседните ќелии, каде живеат десетици монаси.Според достапните информации, зградата на ќелијата е речиси целосно уништена и во моментов се работи на спасување на црквата. Монахот Теофилакт кој живее во ќелија остана неповреден.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-03-01-at-09.25.53

Пожар во зграда во Лондон: Пожар избувна во луксузен кварт, 11 повредени, повеќе од 100 луѓе евакуирани

Единаесет лица се пренесени во болница откако избувна пожар во зграда во луксузната лондонска населба Саут Кенсингтон, во југозападен Лондон, во близина на Природонаучниот музеј.Лондонската противпожарна бригада на мрежата Х извести дека 11 лица биле третирани поради вдишување чад и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од зградата каде што избувнал пожарот и од соседните згради.На местото на настанот пристигнале 15 противпожарни возила и околу 100 пожарникари, јавува Би-Би-Си.Околу 15 луѓе успеале да побегнат од зградата зафатена во пожар пред да пристигнат пожарникарските екипи, јавува Sky News.Еден од пожарникарите изјавил дека пожарот се проширил од приземјето кон горниот кат и покривот. Причината за пожарот засега не е позната.

Свет | пред 1 година

viber_image_2023-08-03_19-28-31-835

Пожарот кај Богданци е ставен под контрола

Пожарот кај Богданци е ставен под контрола и е локализиран, но сеуште се појавуваат жаришта на кои со брза интервенција на распоредените пожарникари не им се дозволува да се прошират.„На терен се 62 лица, има пожарникари со теренски ПП возила од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, пожарникари од доброволните ПП друштва од Валандово и Дојран како и тимови на ДЗС и Национални шуми и од Јавното комунално претпријатие од Богданци.Во овој момент нема потреба од воздушна поддршка“, информираат од ЦУК.

Македонија | пред 2 години

313353348_428438042809499_335778477865698192_n

Каде гори во Македонија во моментов

Денеска, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира, согласно сублимираните информации од терен, за справувањето со пожарите во Македонија.„Вчера хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи (МВР) опремен со ведро за гаснење пожари на отворено и двата авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) беа голема поддршка на копнената акција во гаснење пожари на непристапни места. Практично, со голем ангажман на сите ангажирани сили за гаснење на пожарите на отворено, во координација на ЦУК, беше спречено огнот да не навлезе во неколку села. Конкретно, со пожтртвуваноста на ангажираните пожарникари, месното население, вклучените субјекти од Системот за управување со кризи, ДЗС, а и други организации, во координацијата преку ЦУК, согласно барањата на силите на терен спречија огнот да не навлезе во неколку села во Кичевско и реонот на Македонски Брод.Инаку, вчерашните снимки направени од воздух се од тимот на МВР од гаснење пожар што го зафати просторот помеѓу селата Крушица, планината Песјак и Кичевија, при што во време од шест и половина часа налет беа пренесени и исфрлена многу тони вода, а со таа континуирана акција пожарот е локализиран и не е дозволено негово ширење кон селата Козичино и Дупјани.Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Секторот за операции и координација ги сублимираше информациите од терен за справувањето со пожарите во Македонија, коишто се добиени од регионалните центри за управување со кризи преку кои се координираат дејствата и информирањето.Конкретно информациите се следните:Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид, известува дека пожарот кој започнал на ден 30.10.2022 година во 13:00 часот во близина на Тајмиште, Општина Кичево зафатил ниска вегетација, дабова и букова шума. Во период од 11:50 до 15:15 часот во гаснењето на пожарот интервенирале два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) што извршиле 16 налети и го спречиле неговото ширење во правец кон планинскиот превој „Стража“. Линијата на пожарот е драстично намалена. Во гаснењето на пожарот интервенирале и три лица од ДЗС и 15 лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ од Кичево. Според известувањето од ДЗС пожарот е локалзиран, а екипата од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ вршеле патролна обиколка на теренот за да не дојде до негово повторно разгорување. Сите екипи во текот на ноќта биле повлечени од терен.Пожарот во атар на с.Бачишта, Општина Кичево е се уште активен. Едниот правец од пожарот не може да се прошири, бидејќи има голем пристапен пат и слегува до реката каде што има хидроцентрали и тука се запира неговото ширење. Пожарот останува активен во правец на месноста викано Зајашки Рид односно над селото Бачишта. Има зафатено букови дрвја и нискостеблести растенија. На овој предел авионите на ДЗС не можеле да интервенираат заради стрмноста на теренот. Во текот на денот, за негово гаснење интервенирале четири пожарникари со едно противпожарно (ПП) возило и мешана екипа од 20 лица вкупно, составена од вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ и од месното население. Во текот на ноќта екипите се повлечени од терен.Пожарот што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец, место викано Присој во Општина Македонски Брод, се уште е активен. Зафатена е ниско деградирана дабова шума и лисната постела. Во гасење на пожарот во текот на денот интервенирале четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и четири пожарникари со едно теренско возило од ТППЕ Македонски Брод. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод во текот на денот интервенирале над селото Ижишта правејќи безбедносни појаси за пожарот да не се префрли во погустата шума. Екипата од ЈП „Национални шуми“ била распоредена во атарот на с.Ореовец над Манастирот „Св. Архангел Михаил“. Од лицата коишто биле на терен е известено дека пожарот е многу повисоко на самиот срт на планината каде што гори претежно сува трева и дека не постои можност да се врати на кај селата Ореовец, Русјаци и Ижишта. Во гаснењето бил вклучен еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) којшто успешно го пресекол пожарот на непристапните места. Направен е увид за формирање на базен кој ќе служи за полнење на хелихоптер со вода од реката Треска. Пожарот е се уште активен и е во четири линии, гледано од с. Долно Ореовец. Во текот на ноќта се повлечени силите, но се формирале екипи коишто ќе интервенираат во текот на раните утрински часови.Регионалниот центар за управување со кризи (ПО РЦУК) Македонски Брод е во постојан контакт и координација со Единицата на локална самоуправа (ЕЛС) Општина Македонски Брод, Територјалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонски Брод и подружницата на ЈП „Македонски Шуми“ од Македонски Брод.Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, известува дека во атар на с.Печково е започнат шумски пожар во 08:00 часот на 02.10.2022. Пожарот се проширил и била зафатена дабова шума, на делумно непристапен терен. Таму каде што било достапно за гаснење на едниот крак, страна, дејствувале три пожарникари со едно противпожарно (ПП) возило, а вториот дел од пожарот го гаснеле четири лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Шар“ од Гостивар и истиот е ставен под контрола. Постои проширување на пожарот на трета страна над с.Вруток, но на тој правец не е интервенирано од причина што осум лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Шар“ од Гостивар интервенирале, според приоритет, во атар на с.Буковиќ за да го спречат проширувањето на пожарот што се префрлил од Кичево кон Гостивар“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

cementara

(ВИДЕО) Пожар во кругот на Цементарница усје во Кисела Вода

Пожар избувнал во кругот на фабриката Цементарница Усје во Кисела Вода. По пријава, интервенираат и противпожарни возила со неколку пожарникари. Непознато е дали се зафатени објекти, но од информациите кои се познати, нема повредени лица.Од Противпожарната бригада-Скопје за „Скопје1“ велат дека станува збор за спој на електрична енергија, поради што настанал пожарот. Детали се најавуваат по интервенцијата.Се очекува проверка и од екипи на МВР.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања