„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

пожар

IMG_6210

(Видео) Голем пожар во фабриката ,,Ником" во Кавадарци

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев преку својот Фејсбук профил, информираше за пожарот во фабриката Ником. Пожарот бил локализиран околу 01:30 часот. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци со екипи од Комуналец, Шумско стопанство Бор и екипи од Велес и Неготино.,,Голем пожар во фабриката Ником.Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен, напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне.Дополнително интервенираат и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино.", напиша Јанчев.

Македонија | пред 1 година

IMG_6214

Фабриката во Кавадарци ја гаснеле 35 лица, со 16 цистерни

Од Центраот за управување со кризи, известуваат за пожарот на објект - Ником ДОО Кавадарци, фабрика за дрвена амбалажа на ул.Индустриска бб Кавадарци, од 10:30 до 03:00 часот. Пожарот е локализиран.„Интервенирале:- ТППЕ Кавадарци со 20 пожарникари и 8 ПП Возила; - ТППЕ Велес со 7 пожарникари и 2 ПП Возила;- ТППЕ Неготино со 2 пожарникари и 1 ПП Возило;- ЈП Комуналец Кавадарци со 3 вработени и 3 цистерни;- Голд Никел со 2 пожарникари и 1 ПП Возило; - ЈП НШ Подружница Бор Кавадарци со 1 вработен и 1 ПП цистерна.Поради горливиот материјал пожарот бил голем и го зафатил целиот објект. Има голема материјална штета“, велат од ЦУК.

Македонија | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

Голем пожар во Нови Сад: Неколку лица загинаа, се стравува дека меѓу нив има и деца, потрагата се уште трае

Во пожарот што избувна синоќа во населбата Салајка во Нови Сад, на аголот од улиците Ѓорѓа Дера и Давид Рацковиќ, загинаа неколку лица, соопштија за Танјуг од Новосадската Итна помош.Според првичните информации, можно е меѓу жртвите да има и малолетници.„Брзата помош интервенираше околу 2 часа и 54 минути. Немаме информации колку луѓе загинале, бидејќи е тешко да се утврди“, изјави за Танјуг Зоран Круљ, портпарол на итната помош.Истрагата се уште е во тек.

Свет | пред 1 година

pozar

Шокантни детали од пожарот во Нови Сад во кој загинаа родителите и четирите деца

Во пожар во новосадската населба Салајка, на аголот од улиците Ѓорѓа Дера и Давид Рацковиќ, загина целото семејство, четири деца на две, четири, пет и седум години и нивните родители.Таткото на повредената жена, која живее веднаш до вратата, ги дели само ѕид, слушнале лелек, истрчале надвор, ја скршиле вратата, но не успеале, пожарот бил голем.Се обиделе да го пробијат ѕидот и од другата страна за да ги спасат своите најблиски, но за жал не успеале.Тие со секира и боздо се обиделе да го пробијат ѕидот за да го извлечат семејството од пламените јазици, но за жал, за семејство немало спас.Да потсетиме, како што соопшти полицијата, шест животи загинаа во пожарот во Нови Сад, кој избувна синоќа околу 03:00 часот, додека семејството спиело во куќата. Убиени се родителите Д.А.(29), М.С.(23) и четири деца на возраст од 7, 5, 4 и 2 години.Според првите фотографии, пожарот зафатил неколку згради.Како што дознава на лице место репортерот на Нова.рс, соседите се сомневаат дека пожарот настанал од електрични инсталации, односно дека се запалила батеријата на електричниот велосипед кој бил на полначот.

Свет | пред 1 година

80ede2f2dde90ea1aacd11c748318843

(Видео) Пожар во Франција: 11 лица повредени, меѓу кои и пожарникари

Во пожар, кој избувна во ноќта меѓу неделата и понеделникот во градот Каен-ен-Русијон во департманот Пиринеи-Ориентал на југот на Франција, полесно се повредени најмалку 11 лица, меѓу кои и двајца пожарникари. Според локалните медиуми, пожарот бил ставен под контрола во текот на ноќта, а повеќе од 3.000 кампери биле успешно евакуирани.„Поради силните налети на северни ветрови со брзина до 80 километри на час, пожарот многу брзо се прошири кон туристичкиот камп Мар Естанг, кој се наоѓа на 100 метри јужно од локацијата каде што избувна пожарот“, се вели во соопштението на локалната противпожарна служба, како што објави порталот БФМ ТВ.Како мерка на претпазливост, повеќе од 3.000 кампери беа евакуирани од овој камп и привремено сместени во локалните кафулиња, барови на плажата и во зградата на Домот на културата во Каен-ен-Русијон, а веднаш беа околу стотина пожарникари и 27 амбулантни возила. мобилизирани.Во пожарот уништени се еден камп приколка и една викендичка за туристи, делумно оштетени се шест туристички куќи како и три моторни возила, јавуваат локалните медиуми.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Гори Мадеира: Стотици пожарникари се борат со пожарот

Стотици португалски пожарникари се борат да го изгаснат пожарот што зафати делови од островот Мадеира, популарна туристичка дестинација.Пожарот што избувна во средата во оддалечената рурална област Рибеира Брава се прошири и во соседната општина Камара де Лобос, соопштија официјални лица, пренесе Ројтерс.Речиси 200 пожарникари поддржани од 38 возила го гаснат пожарот, но високите температури, малата влажност и силниот ветер им ги отежнуваат напорите.За гаснење на пожарот бил ангажиран хеликоптер. „Не се сомневам дека овој пожар е подметнат во непристапна област“, ​​изјави претседателот на регионалната влада на Мадеира, Мигел Албукерке. Превентивно се евакуирани околу 160 лица.

Свет | пред 1 година

pozar-kukja-cair

(Видео) Гори куќа во Чаир, лепенка до зграда на осум ката

Голем пожар избувна во куќа во Чаир, јавуваат жители за „Скопје1“. Според снимките кои ги имаме, цел кат во куќа е целосно опожарен со се кров, а во непосредна близина има и зграда на осум ката.Екипи на Противпожарната бригада веќе се обидуваат да го локализираат и изгаснат, за да спремат негово проширување на соседните објекти.Засега нема информации за повредени лица и причини за пожарот.

Скопје | пред 1 година

pozar

Јовчески за состојбата на пожарот на Галичица: Источниот фронт е ставен под конторла, на западниот постојат индиции да се појават жаришта

За состојбата на пожарот на Галичица се огласи раководителот на противпожарна заштита во НП Галичица, Ѓуро Јовчески.,,Во текот на вчерашниот ден во координирана и добро испланирана акција помеѓу Општините Охрид и Ресен, Кризниот штаб на Републка Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, ЦУК со директорот Ангелов пристапено е кон спроведување на предходно подготвениот план во кој учествуваат 120 пожарникари на 3 фронта, 5 воздухоплови, 3 ер-трактори и два хеликоптери на МВР.", вели Јовчески.На источниот фронт пожарот е ставен под контрола на двете критични точки. Западниот фронт кој беше најкритичен е ставен под контрола, но со покачување на температурата во текот на денот постојат индиции да се појават жаришта.", додава ЈовческиЈовчески им се зблагодари на сите учесници кои се директно инволвирани во гаснењето, како и на сите донатори кои се јавуваат во се поголем број.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-0e90a3fa90edcb4a2193a75ba53b92b64399ce036482991e9755b90a98e399cb_288821b1842

53 пожари во текот на вчерашниот ден, 12 се сѐ уште активни

Во текот на вчерашниот ден, четврток, 15.08.2024 година, имаше вкупно 53 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 6 се под контрола и 35 се изгаснати.АКТИВНИ ПОЖАРИ: 121. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума);2. Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа) (нискостеблеста вегетација и букова шума);3. Општина Долнени: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе), како и крак кон с.Крапа (НШ), Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);4. Општина Новаци: с.Полог – Брник – Ивени – Рапеш – Паралово (ниска вегетација, деградирана шума);5. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума);6. Општина Кичево 2: с.Цер, планина Љубин (мешана шума);7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);8. Општина Македонски Брод 2: с.Грешница (мешана шума);9. Општина Макеоднкси Брод 3: с.Девич м.в. Вртешка (мешана шума)10. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (сува трева);11. Општина Чашка 1: Планина Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);12. Општина Чашка 2: с.Мокрени (нискостеблеста вегетација);ПОД КОНТРОЛА: 61. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);2. Општина Битола: с.Острец (сува трева, густа мешана шума);3. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);4. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);5. Општина Чашка: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума);6. Општина Ресен : с.Болно – с.Илино (букова шума);ИЗГАСНАТИ: 351. Општина Кочани и Македонска Каменица: с.Пресека – с.Цера кон маала Стамболии (борова шума и папрат);- заврнат дожд;2. Општина Маврово-Ростуше: с.Врбен (ела, смрека и сува трева);-заврнат дожд;3. Општина Липково: с.Матејче (сува трева);4. Општина Кичево: с.Зајас – с.Горно Строгомиште ( (мешана шума);5. Општина Желино 1: с.Чифлик (депонија);6. Општина Желино 2: с.Горна Лешница (мешана шума);7. Општина Штип: Депонија Штип (ѓубре);8. Општина Тетово: Кај Палма мол (ѓубре);9. Општина Боговиње: с.Горно Седларце (сува трева);10. Општина Врапчиште: с.Градец (ниска вегетација и високи дрвја);11. Општина Радовиш: с.Калуѓерица (ниска вегетација);12. Општина Гостивар 1: Стара касарна во Гостивар (ниска вегетација);13. Општина Гостивар 2: Ресторант Сајгија (ѓубре);14. Општина Гостивар 3: с.Чајле (сува трева);15. Општина Чучер-Сандево: Качанички Пат (сува трева);16. Општина Гази Баба 1: с.Трубарево (сува трева);17. Општина Гази Баба 2: с.Раштак (сува трева);18. Општина Петровец: с.Ржаничино (сува трева);19. Општина Кисела Вода 1: Драчево (сува трева);20. Општина Кисела Вода 2: ул.Борис Трајковски (сува трева);21. Општина Шуто Оризари 1: нас.Шуто Ориазри (сува трева);22. Општина Шуто Оризари 2: нас.Шуто Оризари (ѓубре);23. Општина Сарај 1: с.Бојане ( сува трева и ѓубре);24. Општина Сарај 2: с.Радуша (сува трева);25. Општина Сарај 3: Езеро Треска (сува трева);26. Општина Берово: м.в.Клепало над браната Ратевска Река (борова шума);27. Општина Пробиштип 1: с.Ратковица према Пониква (мешана шума);28. Општина Пробиштип 2: с.Лезово (сува трева);29. Општина Крива Паланка: с.Луке, м.в. Чупино Брдо (мешана шума);30. Општина Ресен: депонија во Ресен (ѓубре);31. Општина Карбинци: с.Долни Балван (сува трева);32. Општина Бутел 1: Граничен премин Блаце (сува трева);33. Општина Бутел 2: Визбегово (сува трева);34. Општина Струмица: с.Секирник (ѓубриште);35. Општина Василево: Карбино (Слобода) (сува трева и ниска шума);

Македонија | пред 1 година

455644083_1002000255273322_4807603395606557774_n

Пожарот на Галичица е под контрола, нема опасност, вели градоначалникот Пецаков

„Пожарот на планината Галичица од Македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег, ова се последните информации од екипите кои се на терен“, посочува градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и додава:„Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух.Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии.Се надеваме и веруваме дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму.Благодарам на сите вклучени на терен, кои со несебичен напор, ден и ноќ се борат со огнената стихија. Упатувам апел до медиумите, новинарите, населението и туристите да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори“.

Охрид | пред 1 година

2

Хеликоптер на МВР фрли 83 тони вода врз пожарите близу Кочани и Маврови Анови

Денеска (13.08.2024), хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови.Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода.

Македонија | пред 1 година

afhgd

Мештаните исплашени, ЦУК смирува: над манастирот Свети Ѓорги“ во Паралово се бие битка со оган

Пожарот кој веќе неколку дена опустошува ридски и рамничарски терени во општина Новаци, вчера се ширеше кон селото Паралово и манастирот „Свети Ѓорги“ под кого е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев и шестмина негови Комити.Отецот и членството од црковниот одбор преку социјалните мрежи упатија апел да се испрати градежна механизација за да се запре развојот на огнената стихија кон манастирот. Пожарникари доброволци кои се вклучени во гаснењето на пожарите во Новаци, велат дека огнот е стигнат на сртот над манастирот и дека има ветер со променлив правец. На терен се дваесетина доброволци и пожарникари, противпожарната единица од РЕК, а се упатува и градежна механизација.Од ЦУК изјавија дека линијата на огнот во Новаци се простега на десетина километри, дека гори во нeпрoоден терен и нискостеблеста вегетација. Градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски рече дека големиот пожар настанал од гром при локално невреме пред некој ден.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Полицискиот хеликоптер исфрли над 25 тони вода врз пожарот во реонот на Јасен

Денеска (09.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Хеликоптерската единица за полициски намени и припадниците на Специјалната антитерористичка единица - Тигар, дејствуваа на пожарот во реонот на Јасен.Благодарение на одличната соработка помеѓу овие две единици, со координирани дејствија од воздух и од земја, под контрола е ставен фронтот кој имаше опасност да го загрози резерватот Јасен. Во 17 циклуси на хеликоптерот Бел 412, исфрлени се над 25 тони вода.

Македонија | пред 1 година

3-1

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода врз пожарот кај Косел

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи дејствуваа на пожарот кај с.Косел, охридско.Во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрли над 43 тони вода , со што дел од краците на пожарот беа ставени под контрола.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-03-at-13.43.49

(Видео) Пожарот под Кале е изгаснат

Пожарот кој вчера избувна под Кале, на кејот од Вардар кај поранешниот полегон е веднаш изгаснат.По интервенцијата со четири противпожарни возила, пожарникарите брзо го ставиле под контрола.Причината за неговото избувнување, засега, не е познато. Постојат сомнежи дека можеби причината е човечки фактор.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања