Фабриката во Кавадарци ја гаснеле 35 лица, со 16 цистерни
Од Центраот за управување со кризи, известуваат за пожарот на објект - Ником ДОО Кавадарци, фабрика за дрвена амбалажа на ул.Индустриска бб Кавадарци, од 10:30 до 03:00 часот. Пожарот е локализиран.„Интервенирале:- ТППЕ Кавадарци со 20 пожарникари и 8 ПП Возила; - ТППЕ Велес со 7 пожарникари и 2 ПП Возила;- ТППЕ Неготино со 2 пожарникари и 1 ПП Возило;- ЈП Комуналец Кавадарци со 3 вработени и 3 цистерни;- Голд Никел со 2 пожарникари и 1 ПП Возило; - ЈП НШ Подружница Бор Кавадарци со 1 вработен и 1 ПП цистерна.Поради горливиот материјал пожарот бил голем и го зафатил целиот објект. Има голема материјална штета“, велат од ЦУК.
Македонија | пред 1 година