ПОЖАРИ

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Четири активни пожари – ЦУК апелира за внимателност поради високите температури

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот денеска, 5 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, а четири се успешно изгаснати.Моментално активни се следните пожари:Во селото Бешиште, општина Прилеп, каде гори приземен пожар во квалитетна мешана шума.Во с. Црешнево, м.в. Церо Поле, општина Македонски Брод, каде гори деградирана дабова шума и грмушки.Во општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – каде моментално нема активен пламен, но се забележува чад на карпест терен.Во општина Велес, каде гори ниска вегетација.Во исто време, изгаснати се следните пожари:Во с. Врањовци, општина Врапчиште, каде гореше ниска вегетација и ѓубриште.Во с. Лојане, општина Липково, каде беа зафатени ниска вегетација и стрниште.Во с. Радање, општина Карбинци, каде пожарот опфатил житни насади и ниска вегетација.Во с. Орланци, општина Арачиново, каде гореше ниска вегетација и отпаден материјал.Од ЦУК апелираат до граѓаните за максимална претпазливост и одговорно однесување во природа, особено во услови на високи температури, кои го зголемуваат ризикот од појава и ширење на пожари. Надлежните служби остануваат на терен и ги следат сите потенцијално критични точки низ државата.

Македонија | пред 6 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Повеќе пожари на отворено – активен фронт кај Бешиште, изгаснато во Визбегово

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13:00 часот денеска евидентирани се неколку пожари на отворено низ земјава.Пожарот на дивата депонија во Визбегово е целосно изгаснат, а противпожарната единица на Град Скопје интервенирала и кај запалена сува трева на улицата Малешевска во населбата Драчево, како и по пријави во близина на авто-плац ЕНЗО и во Долно Лисиче, кај местото Чаталот.Најсериозен е пожарот кај село Бешиште (општина Новаци), во близина на границата со Грција. Пожарот кој избувна вчера попладне зафаќа уредена шума со бор, даб и бука, и е поделен на два краци. Гаснењето е отежнато поради непристапен терен и детонации од заостанати гранати. На терен се четворица вработени од ЈП „Црн Бор“ со едно возило.Во атарот на село Ерџелија, општина Свети Николе, пожарот е локализиран, а гореле сува трева и стрниште. Екипите на ТППЕ Свети Николе интервенирале со три пожарникари и едно возило.Исто така, пожар бил пријавен и на автопатот Гостивар–Тетово, кај Неготинска Петља, каде што интервенирале пожарникари од ТППЕ Гостивар.Надлежните апелираат на внимателност и одговорност при движење и активности на отворено.

Македонија | пред 7 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Големиот шумски пожар над беровско е ставен под контрола - гори на уште девет локации

Големиот шумски пожар над беровското с. Двориште е ставен под контрола.„Инаку, во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имаше вкупно 62 пожари на отворен простор врз кои дејствуваа локалните противпожарни единици. Од нив 9 останаа активни во текот на ноќта и сеуште се активни иако со смален интезитет. Од вкупниот број на пожари на отворен простор 6 се шумски пожари“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.Шумски пожари на ден 09.03.2025 година, (недела).1.Во правец Ресен спрема с.Евла (Општина Ресен) - запалена ниска вегетација и грмушки, смрека и мал дела од букова шума.2.Помеѓу ресторан „Чифлик“ и с. Брусник (Општина Битола) - пожар на шума (гореле овошки).3.М.в. Кобел кај с. Алданци (Општина Крушево) - запалена ниска вегетација, трње и нискостеблеста дабова деградирана шума.4.с. Сладуево (Општина Демир Хисар) - запалена сува трева и шума.5.Планината Oгражден над с.Сушица (Општина Ново Село)- папрат, смрека и млада дабова шума6.С.Кованец (Општина Гевгелија) пожар на шума

Македонија | пред 10 месеци

izgore-avtomovil

(Видео) Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Според информациите на ТППЕ Струмица, во 23:30 часот синоќа, изгорел автомобил на патот Струмица-Дабиле.Во гасењето на запалениот автомобил учествувале едно против пожарно возило и пет пожарникари, кои кога пристигнале на местото, пожарот веќе бил разгорен, но пожарот за кратко време бил локализиран и изгаснат, а причинета е голема материјална штета.

Македонија | пред 1 година

pozar-belasica2

Изгасен пожарот на Беласица

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека шумскиот повеќедневен пожар што започна на 10 ноември годинава во подножјето планината Беласица помеѓу селата Смолари и Мокрино во општина Ново Село е ликвидиран. Зафатена била површина од околу 20 хектари.Вчера на терен беа седум вработени и две теренски возила од ЈП „Национални шуми“ подружница „Беласица“ - Струмица. Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Струмица од 12.16 до 13.10 часот со четворица пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалена ниска вегетација, капини и тополи во село Робово во општина Струмица.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-080647

Пожарот на Беласица од вчера вечер е повторно активен, нема опасност за објекти

РЦУК - Битола, известува дека пожарот кој започна на ден 03.11.2024 г, над село Белушино, е активен и проширен на 3 краци. Гори букова и борова шума. Од утринските часови интервенираат 4 вработени во ПШС „Липа“- Крушево, ТППЕ Крушево 3 пожарникари и локално население. Заради непристапноста на теренот за возило за дотур на вода, гаснењето е отежнато. Попладнето пожарот се проширил со уште еден крак и зафаќа обем од околу 5 – 6 км. Опасност по населени места нема. Од 16.00 часот заради паѓањето на мракот, екипите се повлечени од терен до утинските часови. Воздушна поддршка немало.РЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и 2 пп возила, и 2 од ПШС Беласица Струмица. Во 22:30 часот пожарот се активира повторно. На лице место извршено увид од страна на директорот на ЈП ПШС Беласица и од МВР ПС Струмица и се бара возило од ТППЕ Струмица да дежура вечерва поради опасност кон викендица и манастирче. Известени ТППЕ Струмица од страна на помошник дежурен во ЦИК Струмица. ТППЕ Струмица во разговор со директорот на ЈП ПШС Беласица биле известени дека пожарот е на околу 200 метри од објект, и според проценка на ТППЕ Струмица засега нема опасност кон објекти или према село. На лице место на пожарот се началник на одделение за Полиција и директорот на ЈП ПШС Беласица и 4 полицајци кои ке патролираат.

Македонија | пред 1 година

pozar-zgrada-cair-1

ЦУК: Пожарот во зградата во Чаир е комплетно изгасен, состојбата допрва ќе се утврдува

Во 06.00 часот, денеска е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле три противпожарни возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат, извести ЦУК.Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува, додаваат од ЦУК

Македонија | пред 1 година

pozar-portugalija1

(Фото) Гори во Португалија: Најмалку 7 лица загинаа, помош испраќаат Шпанија и Мароко

Најмалку седум лица загинаа во пожарите во областите Авеиро и Визеу во Португалија, а помош ќе испратат и Шпанија и Мароко, соопшти Управата за цивилна заштита.Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума, пренесува Ројтерс.Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во централниот кварт Визеу, каде беснеат пожарите. Помошта од Мароко треба да пристигне денес во Португалија, рече Коста.Шпанија, Италија и Франција веќе испратиле помош откако португалската влада побара помош во рамките на механизмот за цивилна заштита на ЕУ во понеделникот.„Се наоѓаме во стресна ситуација, на границата на нашите можности и затоа бараме помош од европскиот механизам, Шпанија и Мароко“, изјави Коста. Португалскиот премиер Луис Монтенегро рече дека владиниот тим ќе го координира обезбедувањето „најитна поддршка“ за оние кои ги загубија своите домови и средства за живот.Португалската национална гарда во соопштение соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага.

Свет | пред 1 година

pozar

Вонконтрола се пет пожари, под контрола се шест - службите и вчера со полни раце работа

ЦУК: Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 6 и изгаснат е 1.АКТИВНИ: 51. Општина Прилеп 1: с.Волково (сува трева и ниска шума);2. Општина Прилеп 2: с.Дуње (сува трева и ниска шума);3. Општина Чашка: с.Степанци ( мешана шума)4. Општина Зелениково: с.Горни Дејковец над гробиштата (мешана шума)5. Општина Липково: с.Матејче (сува трева и ниска шума)ПОД КОНТРОЛА: 61. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);3. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);4. Општина Прилеп 4: с.Вепрчани (сува трева и шума);5. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума).6. Општина Берово: место викано Паруца (ниска деградирана шума и сува трева)ИЗГАСНАТИ: 11. Општина Прилеп: Во близина на Дата центар (сува трева)

Македонија | пред 1 година

0-02-05-6a6b2117dc807c8469251780ea3a67334ba376e04851f944963933f238f16f03_28e8401a1ec

Горело скоро низ цела Македонија: на седум локации се гасне, три не се под контрола

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, сабота, 07.09.2024 година, имаше вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола се 4 и изгаснати се 31.АКТИВНИ: 31. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостеблeста шума);2. Општина Кичево: с.Арангел (деградирана шума);3. Општина Демир Хисар: с.Сопотница.ПОД КОНТРОЛА: 41. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);3. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);4. Општина Прилеп: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);ИЗГАСНАТИ: 311. Општина Чашка 1: Планина Мукос – с.Ораов Дол се шири кон с.Габровник (активен), с.Оморани (повторно активен), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);2. Општина Чашка 2: с.Голозинци – с.Мелница (ниска вегетација);3. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);4. Општина Гази Баба 1: с.Јурумлери (депонија);5. Општина Гази Баба 2: с.Брњарци (сува трева);6. Општина Гази Баба 3: с.Идризово (сува трева и дрва);7. Општина Бутел: бул.Словенија (грмушки и сува трева);8. Општина Сарај 1: автопат Скопје – Тетово (сува трева);9. Општина Сарај 2: с.Горна Арнакија (сува трева и грмушки);10. Општина Сарај 3: с.Шишево (сува трева и трски);11. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);12. Општина Делчево 1: с.Разловци (сува трева);13. Општина Делчево 2: Градска депонија (ѓубре);14. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);15. Општина Куманово: с.Табановце (сува трева);16. Општина Старо Нагоричане: с.Дренок (сува трева);17. Општина Липково: с.Лојане (сува трева);18. Општина Виница: на влез во градот (сува трева);19. Општина Брвеница: с.Милетино (шума и сува трева).20. Општина Теарце: с.Нераште (сува трева);21. Општина Гостивар: с.Форино (сува трева);22. Општина Валандово: с.Градец – с.Удово (нискостеблеста дабова шума);23. Општина Македонски Брод: с.Грешница, м.в.Стојанова населба (деградирана шума, сува трева и грмушки);24. Општина Битола 1: с.Трново (сува трева);25. Општина Битола 2: ул.Индустриска (ѓубре);26. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, с.Мало Илино (сува трева);27. Општина Охрид: с.Горенци, во близина на аеродромот (мешана шума и депонија);28. Општина Струга 1: с.Ложани (сува трева);29. Општина Струга 2: с.Ново Село (стрниште и сува трева);30. Општина Дебар 1: с.Бомово (мешана шума);31. Општина Дебар 2: с.Мал Папрадник (дива депонија)

Македонија | пред 1 година

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Девет пожари не се под контрола: Македонија и натаму се справува со огнените стихии

Во текот на изминатиот ден, петок, 06.09.2024 година, имаше вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, под контрола се 3 и изгаснати се 9.АКТИВНИ: 71. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Ораов Дол (активен), с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);5. Општина Долнени 1: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);6. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);7. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума).ПОД КОНТРОЛА: 31. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);2. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);3. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).ИЗГАСНАТИ: 91. Општина Гостивар: нас.Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева);2. Општина Струмица: м.в.Суфилар (сува трева и гаража);3. Општина Василево: с.Чанаклија – с.Нова маала (сува трева);4. Општина Куманово: нас.Карпош (грмушки и сува трева);5. Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре);6. Општина Студеничани 1: с.Вртекица (мешана шума и сува трева);7. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (мешана шума и сува трева);8. Општина Кичево: с.Црвивци (ѓубре);9. Општина Македонски Брод: с.Русјаци (сува трева).

Македонија | пред 1 година

pozar

Вон контрола се четири пожари во Македонија: Гори во Скопје, Прилеп, Штип, Чашка

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, понеделник, 02.09.2024 година, имаше вкупно 32 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е 1 и изгаснати се 27.АКТИВНИ: 41. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци, м.в.Кадиица – с.Оморани, с.Ораов Дол (мешана шума);2. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален (нискостеблеста вегетација);3. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);4. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума).ПОД КОНТРОЛА: 11. Општина Демир Хисар: с.Вардино (исечени дрва за огрев).ИЗГАСНАТИ: 271. Општина Сопиште: с.Јаболци, м.в.Краста (камион и ниска вегетација);2. Општина Ѓорче Петров: с.Кучково (мешана шума и сува трева);3. Општина Бутел 1: Качанички Пат (сува трева);4. Општина Бутел 2: с.Љуботен (сува трева);5. Општина Бутел 3: с.Љуботен (сува трева);6. Општина Гази Баба: с.Јурумлери (ѓубре);7. Општина Куманово: с.Табановце (сува трева);8. Општина Липково: с.Никуштак (висока сува трева);9. Општина Старо Нагоричане: с.Татариновац (висока сува трева);10. Општина Гостивар 1: с.Долна Бањица (ѓубре);11. Општина Гостивар 2: с.Форино (сува трева);12. Општина Врапчиште: м.в.Тумба (сува трева);13. Општина Прилеп 1: с.Радобил (шума);14. Општина Прилеп 2: кај ресторан „Романса“ (сува трева);15. Општина Прилеп 3: кај ресторан „Романса“ (сува трева);16. Општина Прилеп 4: кај ресторан „Романса“ (сува трева);17. Општина Прилеп 5: нас.Тризла (ѓубриште);18. Општина Долнени: Планина Мукос, с.Десово – с.Дреновци (мешана нискостеблеста шума и сува трева).19. Општина Битола: с.Острец (папрат и шума);20. Општина Кочани: с.Нивичани (мала депонија и сува трева);21. Општина Кичево: с.Орланци (стрниште);22. Општина Струга: с.Белица (стрниште, сува трева);23. Општина Штип: м.в. 7ми км во близина на Сушара (стрниште);24. Општина Теарце: с.Теарце (стрништа, грмушки и сува трева);25. Општина Боговиње: с.Калник (сува трева);26. Општина Теарце: с.Глоѓи (ѓубриште);27. Општина Крива Паланка: Крива Паланка (ѓубре).

Македонија | пред 1 година

pozar-srbija

(Видео) Вонредна состојба во Србија: Борбата со пожарите сѐ уште трае

Борбата со пожарите на планината Видлич продолжува, а најголем проблем се уште има во Басара кај Пирот, додека во Жагубица и Кучево е запрено ширењето на пожарот кон селата.На Стара Планина пожарот проголта повеќе од 2.000 хектари ниска вегетација и шума, а најкритичен е во селото Басара кај Пирот, каде гори борова шума, јавува РТС.Во општина Димитровград, кај селото Смиловци, пожарот е ставен под контрола и во голема мера изгаснат.Пирот и Димитровград прогласија вонредна состојба на дел од нивните територии.Истребувањето го отежнува непристапниот и карпест терен.Деноноќ на терен се пожарникари, екипи на компанијата „Србија шуми“, припадници на доброволната противпожарна единица, локално население, хеликоптери.Пожарот е активен во Бељаница кај Жагубица и во општина Кучево.Активните пожари изгореа над 3.000 хектари во општините Жагувица и Кучево.Ширењето на пожарот кон селата е запрено, но се уште има делови до кои пожарникарите не можат да стигнат и да го локализираат пожарот.Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ вчера ги посети пожарникарите кои се борат со пожарите во Видлич и кај Жагубица и рече дека двата најголеми пожари - на Стара планина и во околината на Жагубица - се ставени „под еден вид контрола“ и Спречено е дека МУП ќе ги искористи сите свои капацитети за натамошно ширење на пожарот низ Србија.За време на обиколката на Жагувица, Дачиќ изјави дека во Србија дневно има по 200 пожари, а од почетокот на годината имало меѓу 20.000 и 25.000 интервенции поради пожари, од кои 14.000 поради отворени пожари.

Свет | пред 1 година

pozar

Горело на 25 локации: два пожари се вон контрола

ЦУК: Во текот на вчерашниот ден, 26.08.2024 година, имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 2 и изгаснати се 21.АКТИВНИ: 21. Општина Чашка: Планина Мукос, м.в.Котева Круша, атар на с.Оморани (изгаснат од дожд), додека активен е према с.Степанци и место викано Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);2. Општина Студеничани: над с.Црвена Вода, м.в.Крста ( ниска вегетација и нискостеблеста шума);ПОД КОНТРОЛА: 21. Општина Кичево: с.Цер (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување);2. Општина Охрид: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (4 НП, 6 планинарска служба) (тлеат трупци од претходниот пожар), пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот.ИЗГАСНАТИ: 211. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева);2. Општина Карпош 1: пат за Бардовци (ѓубре);3. Општина Карпош 2: Момин поток (сува трева);4. Општина Арачиново: с.Арачиново (ѓубре);5. Општина Шуто Оризари: Депонија (ѓубре);6. Општина Чучер Сандево: населба Голиово (сува трева);7. Општина Илинден: с.Кадино (сува трева, дрва и бандера);8. Општина Гостивар: населба Млаки (сува трева);9. Општина Врапчиште: кај гробиштата во с.Врапчиште (ѓубриште);10. Општина Брвеница: с.Радиовце (сува трева);11. Општина Радовиш: над с.Подареш (шума);12. Општина Македонски Брод: с.Грешница, кај резервоарите од селски водовод (мешана шума);13. Општина Струга 1: с.Велешта (сува трева);14. Општина Струга 2: с.Враништа (сува трева);15. Општина Струга 3: с.Октиси према с.Долна Белица (сува трева);16. Општина Кичево: населба Ивандол (стрниште);17. Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);18. Општина Старо Нагоричане: с.Никуљане (ниска вегетација);19. Општина Штип: с.Крупиште (ниска вегетација);20. Општина Берово: м.в.Смојмировско Поле(ниска вегетација);21.Општина Прилеп: с.Галичани, с.Беровци (ниска вегетација)

Македонија | пред 1 година

pozar2

Пожар избил до охридскиот аеродром: запалена била нива со отпушок од цигара

На 24.08.2024 во 18.56 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во близина на аеродромот во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид излегоа на местото на настанот каде претходно биле две лица во близина на патничко возило „тојота“ кои потоа веднаш се дале во бегство со друго возило. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Охрид пожарот бил изгаснат, а пристигнал и Р.Р.(23) од Струга, кој кажал дека нивата била негова сопственост и дека со негови роднини вршеле средување на нивата, а пожарот настанал поради негово невнимание односно додека извршувале работи, истиот фрлил неизгаснат отпушок од цигара од што настанал пожарот кој не успеале да го стават под контрола. На местото на настанот пронајдено е и патничкото возило „тојота“ и две канти со бензин. Во полициска станица повикан е Р.Р, а известен е Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања