ПОЖАРИ

Screenshot-2025-07-19-at-14.21.40

ЦУК: Пет пожари сè уште активни – вкупно 29 интервенции на отворен простор

Во текот на изминатите 24 часа, заклучно со 08:00 часот на 20 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, пет се активни, два се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.Најсериозни се пожарите во:Желино, каде огнот се шири кон селото Еребино, зафаќајќи делови од планината Жеден;Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума и смрека;Македонски Брод, село Грешница – опфатена е мешана шума и ниска вегетација;Македонски Брод (реактивиран), помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа;Прилеп, меѓу селата Царевиќ и Смолани – пожар во мешана шума.Под контрола:кај селото Слатина (Македонски Брод), имеѓу селата Џидимирци – Крушје – Иванковци во Општина Велес.Изгаснати пожари:Изминатото деноноќие се изгаснати пожари на различни локации, меѓу кои:скопските општини Студеничани, Бутел, Сарај и Кисела Вода,депонии во Крушево, Демир Хисар и Брвеница,повеќе рурални подрачја во Свети Николе, Штип, Кочани, Куманово, Липково, Тетово и Гостивар.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-14.21.40

(Видео) Голем пожар во Желино, подметнат со гуми кои биле запалени и пуштени да се тркалаат

Голем пожар избувна во Општина Желино, доцна попладнево. Според неофицијални информации на „Скопје1“ истиот е подметнат и за тоа веќе постојат докази.Првично дознаваме дека се најдени гуми, кои најверојатно, се полеани со нафтен дериват, запалени и пуштени да се тркалаат по зелениот појас, каде има и сува трева. На терен интервенираат противпожарни единици, како и екипи од други институции.Автопатот Скопје-Тетово е затворен во двата правци (14:50ч.).Освен овој, активни се уште шест други пожари.Досега, се уапсени повеќе пиромани фатени како се обидуваат да запалат шумски појаси низ Македонија. Владата односно Министерството за внатрешни работи уште при големите пожари кои избувнаа на повеќе локации пред една недела, изрази сомнеж дека некој намерно го прави ова со цел да предизвика хаос во државата.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

35 пожари во изминатото деноноќие – четири сè уште активни низ земјава

Во изминатото деноноќие низ Македонија биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор, покажува најновиот билтен на Центарот за управување со кризи (ЦУК), објавен утрово до 09:30 часот. Од нив, четири пожари сè уште се активни, четири се ставени под контрола, додека 27 се изгаснати.На терен и натаму се води борба со огнот на неколку локации низ земјата:Василево, село Нивичино – гори нискостеблеста шума.Македонски Брод, село Грешница – пожарот зафатил мешана шума и ниска вегетација.Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани – се шири во поширока површина од мешана шума и нискостеблеста вегетација.Липково, село Виштица – гори деградирана шума.Благодарение на навремена интервенција, следниве пожари се ставени под контрола:Велес – пожарот што се проширил меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде горела мешана нискостеблеста и деградирана шума.Дојран, село Николич – пожар во нискостеблеста шума.Демир Хисар – пожар на градската депонија.Македонски Брод – села Црешнево, Локвица и Крапа – опожарени површини со дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во текот на последните 24 часа биле изгаснати пожари во 27 различни региони, главно на ниска вегетација, стрништа и депонии. Издвоени се следниве:Ранковце: м.в. Иваница, м.в. Десетак, с. Ранковце – м.в. Коп (деградирана шума и ниска вегетација).Куманово: села Четирце, Пчиња и Романовце (стрништа и ниска вегетација).Липково: Виштица (втора локација) и Ваксинце (ниска вегетација).Старо Нагоричане, село Стрновац.Кратово, село Трновац.Јагуновце, село Јагуновце.Теарце, село Доброште (нива со ниска вегетација).Тетово: покрај патот Тетово–Гостивар.Свети Николе, м.в. Кантонче (ниска вегетација и борова шума).Битола, населба Довлеџик.Карбинци, село Долни Балван (житни полиња).Штип, градска депонија.Делчево, село Стар Истевник (борова шума).Скопје: Аеродром (ул. Гаврил Константиновиќ), Гази Баба (стрелиште Камник), Сарај (крај Вардар), Шуто Оризари (нас. Визбегово), Ѓорче Петров (влез во населбата и ул. Васил Чакаларов), Илинден (индустриска зона).Росоман, село Трстеник.Прилеп / Кавадарци: села Никодин, Ракле и Фариш.Центарот за управување со кризи повторно апелира до сите граѓани за висока претпазливост и одговорно однесување, особено во текот на летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен. Непридржувањето кон забраната за палење огнови, отпад и стрништа може да предизвика катастрофални последици по животната средина и безбедноста на луѓето.„Секој непромислен потег може да го вжешти теренот. Да останеме внимателни и совесни – за нашата безбедност и за природата“, порачуваат од ЦУК.

Македонија | пред 6 месеци

pozari-mapa1

Висок ризик од пожари во целата земја: Активни пет шумски пожари и алармантна состојба со сувост на вегетацијата

Македонскиот информативен систем за шумски пожари (МКФФИС) објави дневен преглед на состојбата со ризикот од пожари во земјата. Според најновите податоци, метеоролошкиот индекс на пожар (FWI) покажува многу висок ризик на голем дел од територијата. Висок ризик е забележан во западните делови на земјата, како и во околината на Струмица, Валандово и Богданци. Среден ризик има во Осоговските Планини, додека на Шар Планина ризикот се движи од низок до среден.Состојбата со сувоста на вегетацијата (VDM) покажува дека во повисоките предели има висока сувост, што укажува на присуство на многу сува и запалива вегетација. Во пониските делови сувоста е средна или ниска, но ризикот од пожари сепак е присутен.FWI индексот се пресметува врз основа на температура, влажност и ветер, користејќи податоци од автоматски метеоролошки станици на УХМР, додека VDM се добива преку сателитски мерења од NASA FIRMS. Во системот МКФФИС се достапни и карти за горливи точки, метеоролошки индекс на пожар и сувост на вегетација.Во последниот извештај за шумски пожари од 16 јули 2025 година до 12 часот, се бележи вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три се активни, еден пожар е под контрола, а еден е целосно изгаснат.Активните пожари се лоцирани во општина Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во мешана шума; во општина Македонски Брод, во област помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа каде што гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација; и во општина Василево, кај селото Нивичино во нискостеблеста шума.Пожарот во општина Дојран, кај селото Николич, е под контрола и се гори нискостеблеста шума.Изгаснат е пожарот во општина Чучер Сандево, во близина на селото Горњани, исто така во нискостеблеста шума.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.32.13

ЦУК: Пет активни пожари, деветнаесет изгаснати, состојбата со пожарите до утрово

Според извештајот на ЦУК за пожарите на отворен простор за периодот 13/14 јули до 07:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 24 пожари, од кои пет се сè уште активни, додека деветнаесет се изгаснати.Активни пожари се бележат во пет општини:Во општина Дојран, кај селото Николич, гори нискостеблеста шума.Во општина Чучер Сандево, во селото Горњани, исто така е зафатена нискостеблеста шума.Во општина Велес, пожар има во близина на селата Џидимирци и Крушје, каде што гори мешана шума.Во општина Македонски Брод, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, зафатени се дабова шума, грмушки и ниска вегетација.Во општина Прилеп, во населбата Три Багреми, гори ниска вегетација.Изгаснати се 19 пожари на различни локации низ државата, меѓу кои:Два пожари во општина Гази Баба – кај гробиштата Камник и на улицата Душан Тавковиќ.Четири пожари во Прилеп и околината – кај патот хотел „Салида“ – Битола и меѓу селата Лажани и Ропотово.Пожари се изгаснати и во Ресен (с. Перово), Охрид (с. Оровник и н. Далјан), Виница (с. Ласки), Куманово (ФЗЦ, Пармакови ниви, с. Умин Дол), Старо Нагоричане (с. Пелинце – Мишинци и с. Милутинци), Крива Паланка (с. Градец – Ѓошинска маала), Ранковце (с. Милутинци), Тетово (Поправен дом), Гостивар (близина на стадионот и с. Чегране), како и во Шуто Оризари (ул. Индира Ганди).Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Пожарите не стивнуваат: 38 пожари на отворено, седум сè уште беснеат

На територијата на цела Македонија, денеска до 07:30 часот, се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор, од кои седум се сè уште активни, четири се под контрола, а 27 се изгаснати – информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари во моментов беснеат на неколку критични локации, меѓу кои и помеѓу селата Блаце и Горњани во Чучер Сандево, како и во шумските подрачја во Прилеп, Дојран, Тетово и Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и нискостеблеста вегетација.Особено е сериозна состојбата под Солунска Глава, на карпест терен, каде што има задржани огнени џебови и чадење. Пожарите кои се ставени под контрола се регистрирани во општините Македонски Брод и Делчево, вклучително и на градската депонија Острец. Повеќето од нив зафатиле ниска вегетација и мешани шуми, а се прошириле и поради влијанието на човечки фактори, како во случајот со пожарот што се проширил од фабриката Самоков.Во текот на изминатите 24 часа, успешно се изгаснати 27 пожари низ повеќе општини во земјава. Меѓу нив се регистрирани запалени депонии, сува трева, ниска вегетација, како и шумски подрачја – од скопскиот регион, преку источниот и југоисточниот дел на државата, до Пелагонија и Полошкиот регион. Пожар имало и кај Спомен-домот АСНОМ во Кочани, како и долж патот Тетово – Селце.Надлежните апелираат на крајна претпазливост и избегнување на активности што може да предизвикаат пожар, особено во услови на високи температури и суво време. Сите институции се мобилизирани, а на терен се ангажирани пожарникарски единици, припадници на шумска полиција, ЦУК и локалното население.

Македонија | пред 6 месеци

stojance-angelov-1

„Стојанче ќе им плаќа по пиво, тие ќе јавуваат за пожари – нов модел за заштита и спасување”

Во отсуство на системски одговор и транспарентност за вложувањата во противпожарната опрема и ресурси, јавноста сè почесто реагира со сарказам и револт. Социјалните мрежи се преплавени со коментари, а меѓу нив е и објавата на Ина Многу Фина.-Никој не излезе да објасни зошто не се купува опрема за пожари секоја година. По изјавите на бескрајно харизматичниот и духовит Стојанче во кого некој гледа менаџер ја гледам сериозноста на пристапот. Возила од паркинг на АРМ сочувани левел баба ги возела, пожарникари бараме во јули за 24к плата, пилоти ќе обучуваме од септември веројатно за пожарите во јануари да се спремни и најјакото од се не требало дронови туку Стојанче кој до пред некоја година не го интересирало дали постои ДЗС, сега, пазете ова, ќе им плаќал по едно пиво на селаните пред кооперации и они ќе биле место дронови единица за брзо алармирање за пожари.Демек оние 5 луѓе што се собираат "Кај Миле" на гајбите во Благодарево после 5 пива кога ништо не гледаат ќе го видат пожарот во планината, исто ко дрон, ќе го извадат телефонот и ќе му ѕвонат на Стојанче ваљда да му кажат. И он изгледа ќе дојде со гранката и ќе го истепа огинот кој што го регистрирале кооперација единиците за известување.Ама среќа за пратениците за трошоци и за службени коли немаме ваков проблем. За пожарите нека се засрамат овие што не донирале, буџетот си има свои приоритети. И не треба многу со недоверба да се гледа, треба и вие да им верувате ко тие што му веруваат на народот. Еве во Битола, два месеци стара фирма добила тендер од 2.5 милиони евра од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер. Келнер не можеш да најдеш за 2 месеци не па 330 работници ама ете му верувале. Значи треба да се има доверба и со Господ напред некој нешто ќе донира и се ќе биде ок. Добро?, пишува во нејзината објава.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-3

Повеќе од педесет пожари веќе се изгаснати, активни има девет

Заклучно со утрово, 10 јули 2025 година, на територијата на државата се регистрирани вкупно 63 пожари на отворен простор. Од нив, девет се сè уште активни, четири се ставени под контрола, еден е локализиран, а дури 49 се изгаснати.Најкритична е состојбата во општина Македонски Брод, каде се води борба со четири активни пожари. Пожарот кај селото Рамне се проширил од фабриката „Самоков“, а се гори и дабова и мешана шума во околината на селата Црешнево, Локвица, Слатина и Ковче. Активни пожари се бележат и во Чучер Сандево кај Блаце, каде гори ниска вегетација, како и во Шуто Оризари, каде што е опожарена депонијата во близина на селото Визбегово.Во Прилеп сè уште е активен пожарот во атарот на селото Бешиште, на потегот Бешишки Рид, каде гори мешана шума. Пожар е пријавен и на планинскиот масив под Солунска Глава во општина Чашка, како и кај селото Николич во Дојран, каде гори нискостеблеста шума.Локализиран е пожарот кај Кочани, на подрачјето меѓу селата Јастребник и Полаки, а под контрола се пожарите во Делчево, Виница, Крива Паланка и Желино.Во текот на изминатите 24 часа изгаснати се вкупно 49 пожари на различни локации ширум државата. Најголем дел од нив се во Куманово, Прилеп, Велес, Пробиштип, Виница и други општини во Скопскиот, Пелагонискиот, Вардарскиот, Источниот и други региони.Пресекот е изготвен врз основа на податоци добиени од регионалните центри за управување со кризи. Од скопскиот регионален центар пристигнати се информации само за ноќниот период од 20:00 до 07:00 часот. Надлежните институции продолжуваат со интензивно след

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Мобилизирани медицински тимови и итни протоколи, МЗ подготвен за предизвиците со пожарите

Во контекст на активните пожари кои го зафатија дел од територијата на државата, Министерството за здравство уверува дека здравствениот систем е целосно мобилизиран и подготвен за соодветен одговор на евентуалните здравствени последици кај населението.„Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се дежурства од стручни кадри, како и транспортни капацитети за итни случаи. Сите релевантни здравствени служби се во состојба на зголемена готовност, со јасно дефинирани протоколи за постапување“, информираат од Министерството.Од таму посочуваат дека состојбата на терен внимателно се следи и дека институциите постапуваат согласно развојот на настаните, со примарна цел – заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Македонија | пред 6 месеци

armija

Армијата вклучена во гаснење на пожарите низ државата – над 150 војници на терен

Армијата на Република Македонија се вклучи во гаснењето на активните пожари ширум државата, согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и прогласената кризна состојба од Владата, информираат од Министерството за одбрана.На барање на Центарот за управување со кризи (ЦУК), на терен се ангажирани над 150 припадници на Армијата во неколку критични региони:• Ѓорче Петров – над 60 војници• Крива Паланка – околу 30 војници• Село Николиќ, Дојран – над 50 војнициДополнително, во реонот на Визбегово, Општина Шуто Оризари, ангажиран е тим од Четата за атомско, биолошко и хемиско извидување, со цел да го утврди квалитетот на воздухот поради горење на отпад.Од Армијата порачаа дека остануваат во состојба на целосна подготвеност и ќе продолжат со поддршка и интервенции каде што е потребно, во координација со надлежните институции.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-19.52.03-1

48 часа во оган: Тони Пигуловиќ не го брои времето, туку спасеното - знаете ли колку вакви херои имаме?

Тони Пигуловиќ, пожарникар од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, веќе 48 часа е на првата линија од фронтот – таму каде што пламенот е најжесток, а времето – најскапоцено. Без одмор, со трошка вода и уште помалку сон, тој и неговите колеги се борат да спасат што може да се спаси: шума, куќи, објекти, животи.Скопските пожарникари се распоредени на неколку критични точки околу градот, каде што пожарите беснеат низ шумска вегетација, нискостеблести површини, депонии и индустриски зони. Теренот е тежок, огнот – непредвидлив, а ветровите – непријател што не мирува.Според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 18:00 часот на 9 јули 2025 година, во државата се евидентирани 25 пожари на отворен простор, од кои 21 сè уште се активни. Во скопскиот регион има шест жаришта кои постојано се следат, гаснат и повторно се разгоруваат.Но таму, секој ден, секој час – стои Тони. Не прашува колку е ризично, не се жали. Само прашува: „Каде е најпотребно?“Тони Пигуловиќ денес е лице на храброста. Но зад него се десетици други – пожарникари, волонтери, припадници на службите – кои, иако уморни, не се откажуваат. Зашто кога гори татковината, не се брои ниту времето, ниту жртвата.

Коментари | пред 6 месеци

vizbegovo4

25 пожари на отворено – 21 сè уште активен: Најтешка состојба во Македонски Брод, Чучер-Сандево и Ѓорче Петров

На територијата на државата, заклучно со 18:00 часот на 9 јули 2025 година, евидентирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се сè уште активни, а 4 се изгаснати, информираат надлежните служби.Најкритични се локациите во Општина Македонски Брод, каде се гори деградирана дабова шума и ниска вегетација на неколку различни точки, како и во Општина Чучер-Сандево, каде пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер зафаќа мешана шума и трева. Сериозна е и состојбата во Ѓорче Петров, каде гореа куќи во селата Орман и Волково, како и гробишта и Стопански двор.Пожар има и во депонијата во Шуто Оризари, во шумскиот предел кај Осогово (Кочани), како и во региони во Дојран, Радишани, Сарај, Крива Паланка, Тетово и Петровец.Според пријавите, неколку од пожарите се прошириле со голема брзина, особено поради комбинацијата од високи температури и ветер.Во меѓувреме, изгаснати се пожарите на следните четири локации:с. Лубанци (Општина Бутел),с. Веселчани (Прилеп),Ново Село (Демир Хисар),дел од територијата на Старо Нагоричане.Надлежните служби продолжуваат со интервенции на терен, додека јавноста бара од институциите активирање на ЕУ механизмот за цивилна заштита и поголема мобилизација на ресурси за справување со кризата.

Македонија | пред 6 месеци

hermelini

Состојбата со пожарите сѐ уште сериозна – осум активни пожари низ земјата, најмногу во регионот на Македонски Брод

И покрај ангажманот на институциите, состојбата со пожарите на отворен простор во земјава и натаму не е стабилизирана. Според информациите што Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги објави денеска до 14:00 часот, активни се вкупно осум пожари, додека само еден пожар е целосно изгаснат.Најголем дел од активните пожари се лоцирани во општина Македонски Брод, каде се бележат дури три жаришта – кај селото Црешнево, во населбата Самоков и во селото Слатино. Во Црешнево гори деградирана дабова шума и грмушки, додека во Самоков, во кругот на поранешната фабрика „Сувенир“, избувнал пожар во магацин/хала со складирани гуми и палети. Кај Слатино гори лисната постелка и ниска вегетација.Пожар е активен и на подрачјето на општина Прилеп, кај селото Бешиште, каде гори приземен пожар во мешана шума. Во општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу изворите на реката Бабуна и локалитетот Бабина Дупка, засега нема активен пламен, но има појава на чад во карпест дел.Пожар се уште гори и на потегот помеѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, каде е зафатена мешана шума и ниска вегетација. Исто така, шумски пожар е активен и кај селото Белаковце во општина Старо Нагоричане.Од ЦУК информираат дека единствениот пожар кој е целосно изгаснат до овој момент е во село Чешиново, општина Чешиново-Облешево, каде што горело стрниште.Надлежните институции се на терен и ги преземаат сите мерки за локализација и гаснење на пожарите, а јавноста се повикува на зголемена внимателност и пријавување на секое жариште на бројот за итни случаи 112.

Македонија | пред 6 месеци

pozarna-

Возила кои стоеле запуштени осум години сега спасуваат животи – државата заштедила десетици милиони евра, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Пепелиште порача дека државата е поподготвена од кога било досега за справување со пожари, благодарение на акцијата за обнова и пренамена на полициски и армиски возила, кои стоеле запуштени повеќе од осум години.„Ја видовте демонстрацијата – возила што не биле запалени со години, денес се во функција на заштита на животот и природата. Сезоната на пожари е веќе почната, но оваа година сме далеку подобро опремени“, истакна Мицкоски.Тој се заблагодари на сите институции и општествено одговорни компании кои помогнале во процесот – од вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Мисајловски и Тошковски, до градоначалниците на Кавадарци и Неготино, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.Според Мицкоски, со оваа активност државата заштедила неколку десетици милиони евра, а капацитетите за интервенција се драстично зголемени. Во функција се ставаат и два полициски и два армиски хеликоптери, а до крајот на јули се очекуваат уште два противпожарни авиони.„Во однос на минатото – нема споредба. Ова е највисоко ниво на подготвеност до сега“, додаде премиерот, најавувајќи и засилени контроли и забрана за движење во шумски подрачја без дозвола, како дел од новите мерки за спречување пожари.

Македонија | пред 6 месеци

stojance-granki-aa

Стојанче Ангелов: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“ – Владата промовира нова генерација противпожарни возила

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.Според Ангелов, институцијата сега располага со:18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања