ПОЖАРИ

pozar

Пристигна помош од Србија за гаснење на пожарите, во текот на денешниот ден ќе пристигнe и од Словенија, Хрватска и Црна Гора

Денес (16.07.2024} на располагање имаме:3 ер трактори на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, 2 хеликоптери на АРМ, 2 ер трактори од Турција, 1 хеликоптер од Турција, 1 голем хеликоптер од СрбијаВо текот на денешниот ден ќе пристигнат и:2 хеликоптери од Словенија, 1 канадер од Хрватска, 1 хеликоптер од Црна ГораУтре ќе имаме плус 1 голем хеликоптер МИ 171 на МВР кој беше на сервис.

Македонија | пред 1 година

IMG_4969

Во последното деноноќие 31 пожар на отворено, 11 од нив сѐ уште активни

ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, од коишто активни се уште се 11. Инаку, вчера имало 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка.Пожарот на Планината Серта се прошира на 2(две)Општини.1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( ниска вегетација и шума );2 Опш. Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);- Опш. Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли ( ниска вегетација и грмушки);- Опш. Ново Село над с.Бадилен, ( борова шума);- Опш. Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);- Опш. Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);- Опш. Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)- Опш. Гевгелија, помеѓу с.Негорци и с.Кованец(даб,смрека,прнар, сува трева).- Опш. Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);- Опш. Радовиш, с.Штурово (Ниско стеблесна и борова шума);- Опш. Битола, ул. Девеани бр.92 м.в. Гермаски гробишта (Ниска вегетација);- Опш. Македонски Брод, с.Грешница и с. Слатино (Деградирана шума, ниска вегетација и грмушки.Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани.Прво почана да дејствува еден полициски хеликоптер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Инаку, побарана е и меѓунардна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и информира подетално и за меѓународната помош.Утрово директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во мугрите, присуствуваше на брифинг со армиските и турските пилоти пери што меѓу другото е договорено фокусирање на огнените точки на Серта, тактика – дејство и точка по точка со концентрирано гаснење. Истовремено, тој искажа голема благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија, цитираме: „Благодарност до Република Туркије за испратената помош од два ПП авиона „ер трактори“ и еден хеликоптер „блек хок“.Во моментов, Ангелов е турскиот хеликоптер, лета кон Серта, за околу еден час, за сите медиуми, ќе следи негова прецизна изјава, сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.

Македонија | пред 1 година

dafsd

(Фото) Како се справуваат со пожарите: и армиските припаднички од вториот пешадиски баталјон на терен

Два дена армијата работи на терен со ЦУК, полицијата, населението, доброволци на гаснење на девет пожари, а најкритично е на планината Серта бидејќи пожарот не може да се локализира поради лошиот терен, а се простира на три општини како четири самостојни пожари. Се очекува да пристигне помош и од Словенија, Турција, Србија и Црна Гора. На терен, се излезени и припадничките на Армијата, кои со лопати гаснат пожари.„Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски баталјон, армиските припаднички од оваа единица храбро и пожртвувано од самиот почеток се вклучија во локализирање на пожарите“, објави Армијата..Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка- Пожарот на Планината Серта се простира на 3 општини како 4 самостојни пожари.1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( гори ниска вегетација и шума);2 Општина Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);3 Општина Штип, местено викано Патрик ( смрек, дабова шум.и мешовита шума)4. Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли (ниска вегетација и грмушки);- Општина Ново Село над с.Бадилен, (борова шума);- Општина Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);- Општина Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);- Општина Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто) и во- Општина Гевгелија,помеѓу с.Негорци и с.Кованец (даб,смрека,прнар, сува трева).Изганати целосно беа 17 пожари во последното деноноќие.Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почанаа да дејствува еден полициски хеликпотер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Се очекува по 10.00 часот да полетаат и два авиони од ДЗС. Инаку, побарана е и меѓународна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и ќе информира подетално за меѓународната помош.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања