ПОЖАРИ

stojance-angelov1

Густ чад и силен ветер го отежнуваат гаснењето на пожарот во Јасен! „Пожарите се подметнати“

Густ чад го оневозможува гаснењето од воздух на пожарот во ловиштето „Јасен“, кој четврти ден се обидуваат да го стават под контрола екипи со хеликоптери, ер трактори и припадници на Армијата и МВР. Во текот на ноќта успеаја да изгаснат една од линиите над патот и да спречат огнот да навлезе во боровата шума.Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, пламените јазици зафаќаат стрмни и тешко пристапни делови, каде што на одредени места човечкиот пристап е невозможен. Утрово повторно се активира дел од пожарот на сртот, каде што се испратени екипи за да го запрат ширењето.„Од долната страна на патот, од капијата на ‘Јасен’ кон езерото Козјак, состојбата е многу лоша. Има густ чад и видливоста е мала, особено за леталата, па затоа не можеме да дејствуваме од воздух. На терен, покрај екипите на АРМ и МВР, има и тимови од ‘Јасен’ и ‘Национални шуми’, повеќе специјални возила и цистерни, а од вчера помагаат и пожарникари од Кавадарци со две возила,“ изјави Ангелов.Освен во „Јасен“, активен пожар има и во општина Сарај, од селото Радуша кон Дворце, каде што гори ниска вегетација. Во моментот не е закана, но може да се прошири кон планината Жеден. Во атарот на селото Крапа, во Македонски Брод, гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.Во последните 24 часа се регистрирани 33 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Ангелов посочува дека дел од пожарите се подметнати, бидејќи бројот од вчера повторно е многу висок, а дополнителен проблем претставува и силниот ветер.

Македонија | пред 5 месеци

Crna-gora-pozar

(ВИДЕО) Црна Гора немоќна во борбата со пожарите, бара странска помош-загрозени се и плажите!

Шумските пожари кои беснеат на повеќе локации во Црна Гора, меѓу кои и во близина на Подгорица, ја натераа владата да побара помош однадвор. Активирани се меѓународните механизми за поддршка, вклучувајќи го Евроатлантскиот центар за координација на одговор на катастрофи при НАТО, како и Механизмот на Европската унија за цивилна заштита. Паралелно се бара и билатерална помош од други земји.Пожарите веќе зафатија големи површини и предизвикаа оштетувања на објекти и домови. Неколку пожарникари се повредени, а властите признаваат дека расположливите ресурси не се доволни за справување со кризата. Огнот се шири на тешко достапни места, при високи температури, силен ветер и суша, поради што е побарана и воздушна поддршка. Загрозени се дури и плажите преполни со туристиВо моментов активни жаришта има во општините Подгорица, Будва, Бар, Никшиќ, Шавник и Бијело Поље. Најсериозна е состојбата кај местото Пипери, каде што пламенот се приближува до куќи, а неколку домаќинства веќе се евакуирани. Главниот патен правец Подгорица–Никшиќ е затворен за сообраќај.„Воздушните капацитети на Црна Гора работат со полн интензитет, но поради обемот на пожарите и техничките ограничувања не можат да одговорат на сите потреби“, соопшти владата, додавајќи дека временската прогноза предвидува продолжување на неповолните услови.Премиерот Милојко Спајиќ вети поддршка за граѓаните кои претрпеа штета, со цел надминување на последиците и надомест на загубите. Тој се заблагодари на Хрватска, Србија, Словенија, Европската унија и НАТО за нивната помош.Во акцијата за гаснење учествуваат и канадер од Хрватска и хеликоптер од Србија.фото. Инстаграм

Свет | пред 5 месеци

MixCollage-07-Aug-2025-12-18-PM-5664

(ВИДЕО) Во Франција беснеат најразорните пожари во последниве 80 години, огнот уште е надвор од контрола

Во јужниот дел на Франција беснее најобемниот шумски пожар во изминатите осум децении. Огнената стихија, што започна оваа недела во областа Од, досега зафати над 16.000 хектари шума, однесе еден живот, а неколку лица се водат како исчезнати.Пожарот сè уште не е ставен под контрола, а високите температури, ниската влажност и силниот ветер придонесуваат за неговото брзо ширење.„Ситуацијата на теренот и понатаму е критична, пожарот не е ставен под контрола“, изјави Кристоф Магни, кој ја координира теренската акција за гаснење, за француската телевизија BFM TV. Огнот се движи кон границата со Шпанија и веќе уништи површина што надминува големина на целиот Париз.Според француските власти, ова е најголемиот шумски пожар од 1949 година. Временските услови значително ја усложнуваат работата на противпожарните екипи, кои се борат со силен ветар, екстремна жештина и слаба видливост.На терен се ангажирани и воздушни сили, вклучувајќи хеликоптери и канадери, но пламенот продолжува да се шири и покрај сите напори.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-03-180237

(Видео) Национални шуми: Повторно нови пожари, во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро

По краткиот прекин и станилизирање на состојбата претпладне, попладнево во повеќе места во Македонија изнувнаа нови пожари.Информацијата ја објави заменик директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов.„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам. Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража.Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово.Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари.После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми”, екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС.Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите”, напиша Михаилов на ФБ.Тој објави и видео од пожарот над Ваксинце.

Македонија | пред 6 месеци

siljanovska-davkova-1

Сиљановска - Давкова загрижена што дел од пожарите се подметнати, ќе ни помага и вештачка интелегенција во предвидување ситуации

Денеска се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија.Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага.Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се лоцираат подметнувачите.„Од Владата изложија низа мерки кои во иднина ќе ги применуваат, ќе се менува Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување”, рече Сиљановска - Давкова.Потенцираше дека се ангажирани волонтери, приспособени се возила. Таа вели дека на седницата биле презентирани билтени од страна на нејзиниот претставник кои се испраќаат до надлежните институции, но на седницата било дискутурано дека многу ситуации може да се предвидат со помош на вештачката интелегенција.Минатата година, рече, имало поголеми топлотни шокови, но годинава има институционална размена и можни се предвидувања на ситуациите.„Пожарите се под контрола во овој момент, тоа не се должи само на ангажирањето на домашните ресурси кои се интегрирани, но имаме и европска помош.Останува дилемата што со намерно предизвиканите пожари, но јас не можам повеќе да зборувам за тоа додека нема докази и постапки”, изјави претседателката.

Македонија | пред 6 месеци

pozarnikari-oglas

Се смирува огнената стихија: Сите пожари изгаснати освен еден во Малешевија

До 18:00 часот денеска, на територијата на државата се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои шест се изгаснати, а еден е ставен под контрола – соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).Активни пожари: НемаПод контрола: 1 – Берово, на планината Готен кон Малешевските Планини, каде гореле нискостеблеста шума, смрека, борова и букова шума, како и ниска вегетација и грмушки.Изгаснати: 6 пожари, и тоа:Карбинци – во селото Јунузлија (шума)Кавадарци – помеѓу селата Галиште и Ќесендре (ниска вегетација)Прилеп – кај с. Бешиште и околните локации, вклучително и кон границата со ГрцијаПрилеп – втор пожар меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и ДренСкопје, општина Гази Баба – с. Трубарево (пожар на депонија со ѓубре)Гевгелија – с. Милетево (ниска вегетација)ЦУК апелира граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во подрачја со сува вегетација.

Македонија | пред 6 месеци

grcija4

Словенечки пожарникари и чешки хеликоптер се вклучуваат во битката со пожарите!

Словенија се вклучува со 50 пожарникари и специјализирана опрема, а Чешка испраќа хеликоптер како поддршка во гаснењето на пожарите што беснеат низ повеќе региони во земјава. Помошта од овие две земји се очекува да пристигне во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според нивните податоци, од вкупно 27 активирани пожари на отворен простор, во моментов седум се сè уште активни, три се ставени под контрола, а 17 се целосно изгаснати.Активни пожари се регистрирани на планината Голем Готен и во Малешевските планини, како и во прилепското село Бешишки Рид, каде огнот се шири кон селото Градежница во општина Новаци и кон државната граница со Грција.Гори и во подрачјето меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радибил и Дрен во Општина Прилеп, потоа во селата Галиште и Трстеник во Општина Кавадарци, како и меѓу селата Црешево, Локцива и Крапа во Општина Македонски Брод. Пожар е активен и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица, како и во селото Ореше во Чашка и во кичевското село Горно Црско.Пожарите кои се ставени под контрола се во селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела мешана шума и сува трева, потоа меѓу селата Драгоево и Селце во Општина Штип, каде биле зафатени нискостеблеста шума, прнар и сува трева, и во село Јунузлија, општина Карбинци, каде се регистрирано горење на шума.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-DZS

Девет активни пожари низ државата – над 15 локации се во пламен

До 12:30 часот на 28 јули, на територијата на Северна Македонија се евидентирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои девет се сѐ уште активни, а шест се ставени под контрола – информира Центарот за управување со кризи.Меѓу најобемните пожари е оној во реонот меѓу Василево, Радовиш и Берово, кој зафаќа делови од планината Голем Готен и Малешевските планини. Активен е и пожарот кај Прилеп, на потегот с. Бешиште – Градешница – граница со Грција, каде, поради детонации, не се изведува интервенција на терен.Гори и на неколку други критични точки: околу Царевиќ, Смолани, Дрен, Галиште, Црешево, Церово, Групчин, Нерав, Ќосевица, Мршевци, Бучинци и Ореше – дел од нив со ризик и за населени места.Пожарите под контрола се бележат кај Куманово, Македонски Брод, Штип, Карбинци, Кичево и Петровец, но на некои локации, како Димонце и Коњух (опш. Кратово), сѐ уште постои закана по куќи.Надлежните апелираат до граѓаните за крајна внимателност и пријава на секое воочено жариште. Институциите остануваат на терен со сите расположливи ресурси.

Македонија | пред 6 месеци

grcija-1

(ФОТО/ВИДЕО) Горат и куќите, во Грција и Турција пожарите оставија пустош, илјадници се евакуирани, температурите некаде надминуваат 50 степени

Илјадници граѓани во Грција и Турција беа принудени да ги напуштат своите домови поради жестоките шумски пожари што беснеат на повеќе локации, поттикнати од силни ветришта и екстремно високи температури.Температурите во југоисточна Европа веќе седми ден по ред надминуваат 40 степени Целзиусови, а грчките спасувачки служби, според премиерот Киријакос Мицотакис, водат „титанска битка“ за ставање на огнот под контрола.„Сите државни механизми се активирани за борба против повеќекратни шумски пожари. На оние кои го изгубиле својот имот, им порачувам – државата е со вас“, изјави премиерот.Во Грција, единаесет региони се под голема закана од пожари, а властите побараа поддршка од земјите членки на Европската унија за справување со огнените фронтови.Иако пожарот кај Крионери, североисточно од Атина, во кој беа повредени двајца пожарникари, е ставен под контрола, ситуацијата во Месинија, во југозападниот дел на Пелопонез, и на островот Китера сè уште е критична.Огнената закана е присутна и на островите Евија и Крит, каде жителите добија налози за итна евакуација.Неколку подрачја се под црвен аларм – категорија 5, што е највисоко ниво на предупредување во земјата, поради опасните временски услови што ја претворија земјата во сув и запалив терен.Националната опсерваторија во Атина измери рекордни температури: 45,8 степени во Месинија во петокот и 45,2 во Амфилохија во саботата.Во неделата, меѓународна помош пристигна во форма на чешки и италијански пожарникарски тимови, кои се приклучија на напорите за гаснење, со фокус на островот Китера.Во Турција, југоисточната покраина Ширнак забележа нов температурен рекорд од 50,5 степени Целзиусови, надминувајќи го претходниот од 49,5 од август 2023 година.Повеќе од 1.700 лица беа евакуирани откако пожарите се приближија до Бурса, четвртиот по големина град во Турција, каде загинаа четворицаОпозицискиот пратеник Орхан Сарибал ја опиша ситуацијата како „апокалипса“. Над 1.100 пожарникари се бореа со вкупно 76 пожари кои избувнале во рок од 24 часа. Турција со недели се соочува со катастрофални пожари, предизвикани од екстремните температури.фото: France24/YouTube Print Screen

Балкан | пред 6 месеци

pozar-3

Политички судир поради пожарите: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за негрижа и саботажа

Пожарите што последниве денови зафатија делови од државата станаа причина за нова пресметка меѓу владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии преку официјални соопштенија се обвинија за негрижа, политичка манипулација и прикривање на одговорноста за состојбата со противпожарната заштита.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ за време на своето владеење оставила противпожарните единици без опрема, дека не е набавено ниту едно летало или возило за гасење пожари, додека функционерите, како што велат, оделе на одмори на грчки плажи во време кога низ државата беснееле пожари. Според нив, наместо загриженост, СДСМ се радувала на секој нов пожар за да може да обвинува.Во реакција од СДСМ се вели дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога нема одговор за, како што наведуваат, „катастрофалното водење на државата“, вината ја префрла на опозицијата. Потсетуваат дека Стојанче Ангелов, поранешен директор на Центарот за управување со кризи, за кој ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ја уништил системската способност за заштита од пожари, е сега директор на Дирекцијата за заштита и спасување, поставен од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со зголемена плата од 30%.СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ јавно да ги објави имињата на лицата за кои тврдат дека подметнувале пожари, а секое одбивање, според нив, ќе значи соучесништво. Дополнително, посочуваат дека во последните две години изгорела површина каква што не изгорела во изминатите три децении.ВМРО-ДПМНЕ повторно упатува сомнежи дека дел од пожарите се намерно подметнати од лица блиски до СДСМ и ДУИ, и прашува која е нивната корист од тоа. Од партијата велат дека намерното предизвикување штета со цел да се наштети на актуелната Влада, во суштина претставува штета за целата држава.

Македонија | пред 6 месеци

pozarna-

33 пожари на отворено – 12 активни, 5 под контрола, 16 изгаснати

Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати.Меѓу најкритичните активни пожари се издвојуваат оние во Василево, Прилеп, Македонски Брод, Крива Паланка и Петровец, каде што гори мешана шума, бор, нискостеблеста вегетација и сува трева. Во некои региони, како Прилеп и Василево, има повеќе активни жаришта, а дел од нив се прошириле и кон други општини и села.Пожарите што се ставени под контрола се забележани главно во регионот на Македонски Брод, Штип, Струмица и Карбинци, а се работи за пожари на сува трева, деградирана шума и висока вегетација.Во изминатите 24 часа, целосно се изгаснати 16 пожари, меѓу кои и на локации во Скопје (Сарај, Гази Баба, Шуто Оризари), Куманово, Штип, Струга, Василево, Карбинци и Кривогаштани. Најчесто се работело за пожари на стрништа, дива депонија, сува трева и грмушки, но има и случаи на опожарена штала и мешана шума.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-DZS

Орајте и копајте околу дворовите!– Ангелов ги повика сопствениците на викендички да направат заштитни појаси од пожарите

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика сопствениците на објекти надвор од урбаните средини, како викендички и куќи, навремено да се подготват и да преземат мерки за заштита од евентуални пожари.„Ги замолуваме сите граѓани кои имаат викендички или куќи, реновирани куќи во напуштени или запоставени села, но и оние кои живеат во последните куќи во населбите и селата вклучително и оние околу градот Скопје, да ги исчистат своите дворови од вегетација. Нека изораат со мотокултиватор или трактор или веќе ако имаат трева таа нека биде одржувана и зелена, што е прилично тешко во месец јули во Македонија. Исто така и од надворешна страна на дворот нека изораат, нека има по неколку метри мек појас кој нема вегетација бидејќи од она што можеме досега да го видиме постои опасност никој да не биде поштеден од соочување со огнот“, апелира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.фото: ФБ/ДЗС

Македонија | пред 6 месеци

Gumi

Стојанче Ангелов: „Спречен пиромански план во срцето на Осогово“

Благодарение на навремената интервенција на шумочуварите, спречен е уште еден обид за подметнување шумски пожар во тешко пристапен дел од Осоговските Планини, објави дирекоторот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Во месноста Алтн Врв, на над 2000 метри надморска височина, биле пронајдени гуми, суви гранки и запалив материјал – сè внимателно подготвено за потпалување.-СПРЕЧЕН УШТЕ ЕДЕН ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ НА ШУМСКИ ПОЖАРВчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума.Голема благодарност до Шумочуварската служба на Национални шуми.Апелираме до сите граѓани, доколку забележат сомнително однесување кое укажува на намера за предизвикање пожар надвор од населено место како што се гуми, даски, дрвени палети, пластични шишиња или туби со течност која наликува на бензин, итно да се јават на бројот 112 или да пријават во најблиската полициска станица или на било кој припадник на полицијата или друга безбедносна служба.

Македонија | пред 6 месеци

pozar-Angelov1

Седум пожари се активни, четири под контрола, четири изгаснати, состојба со пожарите во Македонија

Во земјава денеска до 13 часот, се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор. Од нив, седум пожари се активни, четири се ставени под контрола, а четири се целосно изгаснати, соопштија надлежните.Активните пожари се наоѓаат во општините Василево, Радовиш, Берово, Македонски Брод, Прилеп, Желино, Демир Капија и Липково. Тие се во различни типови на вегетација, од нискостеблести шуми и смрека до грмушки и трска.Пожарите под контрола се регистрирани во Македонски Брод, Ресен и Прилеп, додека во Дојран, Гостивар, Велес и Куманово целосно се изгаснати пожари кои зафаќале различни видови шума и ниска вегетација.Надлежните продолжуваат да работат на гасење и превенција, при што апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да пријавуваат секој забележан пожар.

Македонија | пред 6 месеци

Kire-Mihailov

Михаилов заминува на одмор, неколку дена ќе „паузира“: „Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене“

Директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, како што објави на својот профил на ФБ, по една година непрекината работа без користење одмор, најави дека заминува на неколкудневна пауза по интензивната и исцрпувачка борба со пожарите во струмичкиот регион.ЕКИПО, ОДАМ НА НЕКОЛКУДНЕВНА ПАУЗАИ така веќе една година откако сум назначен за Директор немам користено одмор, па штом незнам редовно, еве тогаш присилно.Среќен сум што Славе го извлеков од огнот и е овде на сигурно до мене, а беше паднал на линијата од огнот од вдишување на чад бранејќи ја викендицата на чичко му и беше буквално дезориентиран.Се надевам за кратко и чичко му и братучед му кои останаа на викендицата заобиколени од сите страни од огнот, ќе бидат добри.Морам да се поклонам на дечките од хеликоптерите кои со прецизни фрлања го спречија огнот да дојде до нас, а уште повеќе на дечките од МВР Струмица и специјалната единица со пинцгауерите кои заедно лично со командирот Никола на СВР Струмица го направија буквално невозможното.Браво дечки, поклон!И само да знаете почитувани мои пријатели, воопшто не жалам што сум овде, туку жалам за тоа што после 5 дена лавовска битка, денеска конечно оганот ни излезе од контрола и влезе на територијата на општина Радовиш!За кратко се гледаме повторно онаму каде ќе бидам најпотребен, рамо до рамо со нашите сограѓани, во добро и зло, за арно и убаво.Да сте ми живи, здрави и среќни сите,а нашата МАКЕДОНИЈА да ни биде вечна!

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања