Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска - Давкова загрижена што дел од пожарите се подметнати, ќе ни помага и вештачка интелегенција во предвидување ситуации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
siljanovska-davkova-1

Денеска се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија.

— реклама —

Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага.

Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се лоцираат подметнувачите.

— реклама —

„Од Владата изложија низа мерки кои во иднина ќе ги применуваат, ќе се менува Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување”, рече Сиљановска - Давкова.

— реклама —

Потенцираше дека се ангажирани волонтери, приспособени се возила. Таа вели дека на седницата биле презентирани билтени од страна на нејзиниот претставник кои се испраќаат до надлежните институции, но на седницата било дискутурано дека многу ситуации може да се предвидат со помош на вештачката интелегенција.

Минатата година, рече, имало поголеми топлотни шокови, но годинава има институционална размена и можни се предвидувања на ситуациите.

„Пожарите се под контрола во овој момент, тоа не се должи само на ангажирањето на домашните ресурси кои се интегрирани, но имаме и европска помош.Останува дилемата што со намерно предизвиканите пожари, но јас не можам повеќе да зборувам за тоа додека нема докази и постапки”, изјави претседателката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 2 седмици

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања