Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ПРЕДМЕТИ

images-1

Детали како се случи несреќата на автопатот Гостивар-Тетово, каде има загинато лице

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за две лица по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетовo.„Станува збор за двајцата возачи, бидејќи според првичните сознанија едниот 19-годишник од Врапчиште со македонско и словенечко државјанство управувал со автомобил Мерцедес со брзина поголема од дозволената, а вториот 47-годишник од Охрид со автомобил Хјундаи презел дејствие на промена на коловозната лента без претходно да се увери

Македонија | пред 1 година

hajrulahi-1

Хајрулахи започна прогон на четири обвинители: тврди дека му отвориле предмет без докази, само за да го тргнат од работно место

Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје, поднел кривична пријава против четири негови колеги, меѓу кои е и неговиот шеф, државниот обвинител Љупчо Коцевски.„Ве информирам дека денеска поднесов кривична пријава против Љупчо Коцевски, јавен обвинител на Република Северна Македонија, Татјана Кацарова, јавен обвинител во ОЈО Штип, Ристо Бојаџиски, Виш ЈО на ВЈО Штип и Ермон Незири, член во Совет на јавни обвинители за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластувањ

Македонија | пред 1 година

palevski

Ќе се бараат снимки од банката во која Палевски уплаќал денот кога е убиена Вања

Судот ќе бара снимки од надзорните камери на „Халк банка“, од 27 ноември 2023 година, кога е убиена Вања, за да види дали и во кој период Љупчо Палевски-Палчо бил во експозитурата на „Партизанска“. Судијата Ивица Стефановски кажа дека ќе се побараат снимките од 9 до 12 часот, а не од 10 до 12 часот, како што бараше одбраната на Палевски. Истовремено, не му беа прифатени другите барања како што е анализа на базните станици каде бил регистриран неговиот телефон на критичниот ден, бидејќи сигналот

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Палевски сака да докаже дека бил во банка дента кога Вања е убиена - уплатницата е реализирана по повеќе од час и половина од времето на убиството

Љупчо Палевски-Палчо, обвинет за планирање и реализирање на двете убиства, пред судот докажува дека денот кога е убиена Вања тој бил во банка. Тој на судот му дал уплатница за да го уведи дека на 27 декември во 11:40 минути бил во „Халк банка“ во Буњаковец. Но ова нема доказна вредност, бидејќи според обвинението, Вања била убиена пред 10 часот. Ова би значело дека трансакцијата на Палевски е направена по грозоморниот чин.Сепак, Палевски, бара судот да ги прибави снимките од надзорните камери на

Македонија | пред 1 година

vanja-palco

(Видео) Палевски бара снимки од 10 до 12 часот за да докаже дека не ја убил Вања, a девојчето било ликвидирано пред тоа стои во обвинението

Јовица Страшевски, адвокат на Љупчо Палевски-Палчо тврди дека со снимки одмвидео надзор ќе се потврди дека обвинетиот бил во банка денот кога Вања Ѓорчевска е киднапирана и убиена. Според уплатницата која ја доставил до судот, Палевски бил во банката во Буњаковец во 11:44 минути. Според Страшевски, Палевски чекал ред од 20 до 40 минути, ама снимките точно можат да го утврдат времето.„Едно е кога е извршена уплатата, друго е дали Палевски чекал ред со посочениот сведок. Тоа сакаме да докажеме, де

Македонија | пред 1 година

boki-13-megjunaroden-sojuz

Пресврт во „Меѓународен сојуз“: Бизнисменот Амзовски се откажа од прогон на Боки 13, кажа дека верувал на Ременски и Кирацоски

Пресврт на судењето за случајот „Меѓународен сојуз“. Бизнисменот Ардијан Амзоски од фирмата „Дрим билдинг“ се откажа од кривичен прогон на Бојан Јовановски-Боки 13, како и од оштетното побарување кое го имаше. Тој кажа дека во проектот влегол поради Фросина Ременски и Александар Кирацовски, додавајќи дека Јовановски, според него, воопшто не е виновен.  Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Јовановски, за „Скопје1“ посочува дека обвинетиот и Амзоски склучиле спогодба.„На последната главна расп

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-05-at-10.32.50

(Видео) Кај Боре Видевски се најдени куршуми, но не и пиштолот за нив, сведочи полицаец во случајот за убиствата на Вања и Панче

Полицискиот службеник Стојан Кујунџиевски, вработен во СВР Велес, а кој е повикан како сведок на обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо во случајот за убиството на Вања и Панче Жежовски, раскажуваше како течела потрагата по сега убиениот велешанец. Палевски го прашуваше полицискиот службеник каде е пиштолот на Боре Видевски и што се случувало при претресот на домот на овој обвинет.„Јас заедно со другите колеги од СВР Велес во иистрагата по исчезнато лице Панче Жежовски. По добивање на сознание, беа изв

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-04-at-18.09.46

Сестрата на смртно-прегазената Теодора: Сестра ми сака мирно да спие, до кога ќе умираме од болка?

"И пак умираме, пак и пак пак до кога? Зарем нетреба да се стави крај на сето оваа, или веќе кога не враќаат во првостепена, ќе ги одложуваме повторно и рочишта до кога? Веќе све е очигледно! До кога ќе се врти неправдата оклу нас, до кога ќе ги гледам моите родители како молат за правда, до кога ќе ни гори душата? До кога ќе молиме и лелекаме за правда? Сестра ми Теодора сака правда, Сестра ми сакам мирно да спиее! Сакаме правда за Теодора! Сакаме веќе колечно да имаме правда!ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-35-50-6940PM

Започна и веднаш се одложи повтореното судење за трагичната смрт на Теодора

Во тетовскиот суд започна и веднаш се одложи повтореното судење за сообраќајката во која загина 22-годишната Теодора Ристовска.Судијата информираше дека се отсутни обвинетиот Менсур Пајазити и неговиот адвокат.Пајазити, стои во образложението, се наоѓа на болничко лекување во Тетовската клиничка болница во одделот за интерна медицина судењето.Ова е инаку повторено судење откако Основниот суд Тетово го осуди Пајазити на три и пол години затвор. Апелацискиот суд во Гостивар му ја намали казната на

Македонија | пред 1 година

DSC02115

Под истрага двајца полициски службеници

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца полициски службеници. Постои основано сомнение дека осомничените сториле продолжено кривично дело Попречување на правдата, продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и продолжено кривично дело Фалсифик

Македонија | пред 1 година

zan-mitrev

Случајот против Жан Митрев почна од почеток

Две судијки поротнички во исто време си дадоа оставки од функцијата, ова е причината поради која предметот во кој докторот и сопственик на Клиниката, Жан Митрев е обвинет за измама на 283 пациенти да се врати од почеток.Основното јавно обвинителство – Скопје на 10 јануари 2023 година поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик. А за ова к

Македонија | пред 1 година

IMG_3884

Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години

Апелација му ја намали казната на осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 од девет на пет години затвор, дознава „Скопје1“. Судиите ја донеле пресудата поради нови околности кои довеле до поблага осуда. До нив била доставена обемна медицинска документација на осудениот, потпишувана од различни професори и доктори, како и од различни државни болници. Со ова, Јовановски е осуден на казна затвор од пет години, а за доиздржување има уште неколку месеци.Судиите разгледувале медицински-конзилијарни мислења

Македонија | пред 1 година

DSC_0288

Велешанец се обидел да изврши силување во Аеродром, тврди Обвинителството и бара притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради обид да изврши кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Осомничениот велешанец, на возраст од 53 години, во населбата Аеродром во Скопје, спротивно на јасно изразената волја на една оштетена, со употреба на сила се обидел врз неа да изврши полов однос. Откако жртвата пружила активен отпор со удирање со рацете и нозете и гласно ви

Македонија | пред 1 година

kokain

Во автомобилот си направил бункер, па му најдоа 4,5 килограми кокаин - кога им влегоа дома им најдоа уште кило

„Како резултат на материјалните и видео докази, обезбедени при претресите во акцијата што под раководство на јавен обвинител беше спроведена на 18 и 19 јануари годинава, во текот на денешниот ден од слобода се лишени две лица. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанци и прекурсори“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и додаваат:Имено, од екстрахираните податоци, истражителите од

Македонија | пред 1 година

merko

Мерко може да избега, па побарано одземање на пасошот - сега го гонат и за предизвикување етничка нетрпеливост

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.“Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што

Македонија | пред 1 година

siluvanje

Силување и полов напад: 23-годишник оди зад решетки, две девојки биле негови жртви

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор против 23-годишник осомничен за две кривични дела – Полов напад и силување од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Против него е поведена постапка, бидејќи во два одвоени настани, на 9 септември и на 7 ноември, полово нападнал две млади девојки и започнал да ги допира. Жртвите и во двата случаи успеале самите да го оттурнат и да се ослободат, по што осомничениот бегал од место

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Ноќеска акција: двајца уапсени, на паркинг просторот на слепа улица во Ѓорче Петров држеле оружје, кокаин, таблети

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.Со истрагата се опфатени и засега непознати лица кои заедно,

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.04

Еден уапсен за убиството во Арачиново: позната причината за пукањето

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторители

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

29-години има девојката која беше убиена во Штип: сѐ се случувало во близина на нејзиниот дом

Девојката која вчера беше убиена во Штип имала 29-години, соопшти Обвинителството. Како што кажаа од МВР, ја убил нејзиниот парнтнер, кој потоа сам се пријавил и предал.„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена.Едно лице е задржано во полициска станица. При увидот беа подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдув

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Грозоморно: Жител од Богданци се соблекувал и задоволувал пред деца помали од 14 години среде училиште

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца.„Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Прибраните докази упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца к

Македонија | пред 1 година

IMG_6295

Полицаец натепан во Гостивар: отишол да го претепа оти син му бил казнет за погрешно паркирање

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски служб

Македонија | пред 1 година

granica-carina

Во „Премин“ паднаа 15 цариници и еден полицаец: шест побарани притвори - барале поткупи, биле и пријавувани

​Под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови се спроведе голема полициска акција под кодно име ПРЕМИН. Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против тр

Македонија | пред 1 година

filipovic

Правна голгота и тромозење: Правдата за загинатиот пешак кај мостот „Гоце Делчев“ не е ни на повидок, откако пресудата беше укината

Нецели три години се развлекува постапката во која се лоцира одговорноста кај кумановката Гордана Филиповиќ, која со „БМВ Х5“ удри во сега загинатиот Слободан Ангеловски на мостот „Гоце Делчев“ кај МНТ.  Судијката Елена Илиевска Јосифова во октомври 2023 изрече затворска казна од 3 години која во мај 2024 година беше укината бидејќи во предметот нема супервештачење, а до денеска судењето не може да започне да се суди одново. Судијката Џенета Бектовиќ која требаше да ја суди повторената постапка

Македонија | пред 1 година

blace

Бркотница на полицијата со дилери на дрога, а еден падна и на Блаце: скопјанец и стружанец завршија со лисици

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил “ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-26-3010PM

Се движел меѓу возилата, пресекол пат, кочел - Косовар се обидел да спречи полицајци да запрат товарно возило

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Р.Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“. Косовскиот државјанин, со автомобил „волво“ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движ

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања