Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ПРЕДМЕТИ

ubistvo

Ја удирал со боксови и ја давел, таа стигнала до кујнски нож и го убила - детали за крвавиот чин во Кратово

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила кривичнo делo – Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 2 од Кривичниот законик.При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете

Македонија | пред 2 години

IMG_4237

Обвинение за убиствата на Вања и Панче: познати нови детали, Палчо ќе се гони во посебна постапка

Пет дена пред истекот на шесте месеци од истрагата, Обвинителството денеска го поднесува обвинението за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинети ќе бидат Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, а пак, за Љупчо Палевски-Палчо истрагата ќе потрае бидејќи тој беше во бегство, а по враќањето кај него беа најдени повеќе телефони и мемориски уреди кои се на вештачење.„Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четир

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-28-at-13.43.14

Два месеци од убиството на докторот во Железара со девет убоди: до каде е пронаоѓањето на убијците

Два месеци се трага по лицата кои го убија матичниот доктор Ацо Трпковски во скопската населба „Железара“ пред истоимената поликлиника. Прибрани се траги, се чекаат вештачења, се вршеле распити. Случајот е во рацете на скопското Обвинителство, од каде посочуваат дека ги издале сите потребни наредби за да се обезбедат сторителите на грозоморното убиство. Оттаму, за „Скопје1“ посочуваат дека и натаму се постапува во насока, пред лицето на правдата да бидат изнесени виновниците за крвопролевањето.„

Скопје | пред 2 години

ubistvo

Телото на докторот убиен во Железара најдено во текот на ноќта - обвинител со детали

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син.Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

Скопје | пред 2 години

pozar-paar-ohrid-ohrid-njuz

19-годишен скопјанец осомничен дека го запалил кафулето на државниот правобранител Речи

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник од Скопје, бидејќи постои основано сомневање дека тој сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Објектот е на сопственост на јавниот правобранител Агрон Речи.На 10 март во раните утрински часови, осомничениот заедно со уште едно непознато лице, заедно отишле кај кафе бар на булеварот „Туристичка“ во центаро

Охрид | пред 2 години

02

Дома си чувал хероин: 21-годишник приведен и на чекор да заврши во притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик.При претрес во домот на осомничениот, на 15 март полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 грама марихуана. При претресот биле одземени и четири дигитални ваги и други предмети со остатоци од хероин.Надлежниот јавен обвинител

Македонија | пред 2 години

imigranti-2

Пет претреси, уапсени четири лица: голема акција против криминална група, имале помош и од странство

Денеска во раните утрински часови, под раководство на предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше акција во која е сузбиена организирана криминална група која во периодот од август до ноември 2023 година извршувала кривично дело криумчарење мигранти. Извршени се претреси на пет локации во Скопје и Неготино, при што од слобода се лишени четири лица, додека за едно лиц

Македонија | пред 2 години

ambulanta

Со дрва и цевки тепани жени во виничко село: при апсење се заканувале со убиства

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувај

Македонија | пред 2 години

viber_image_2024-03-13_13-12-34-042

(Видео) Таткото на Вања донесен од затвор во суд, мајка му и татко му дојдоа да го поддржат

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, беше спроведен во Врховниот суд, каде што за првпат се одржува јавна седница за притвор. Освен него, во јавност дојде и неговото семејство - мајка и татко, во знак на поддршка. На седницата ќе се бара Ѓорчевски по повеќе од три месеци, да биде пуштен да докажува невиност од слобода.Адвокатот Владимир Туфегџиќ во неколку наврати посочи дека Ѓорчевски се држи во притвор без никакви аргументи, но и без докази за неговата вмешаност во случајот. Тој поб

Македонија | пред 2 години

0-02-05-c95e789b946e135c59bbfc6844334b1890fc921b6abee116c79a5b6fe5dc0f8c_2176f4fc936.00_00_22_02.Still001

(Видео) Таткото на убиената Вања: Кога ќе се донесе одлуката, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка

Обвинителката Наталија Тасевска бара Александар Ѓорчевски, татко на Вања, да остане во притвор, адвокатот Владимир Туфгеџиќ бара тој да биде да се брани од слобода, а осомничениот низ солзи му кажа на судот дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот. Ѓорчевски кажа дека е на два света, а дека сам ќе одлучи дали ќе остане со помладата ќерка или ќе и се придружи на Вања. Од почетокот на јавната седница па се до крајот, тој плачеше.„Јас сум на два света во моментов. Едното дете с

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-03-13-at-13.50.22

(Видео) „Па дајте докази! Нема ни помисла за бегство, не се знае со никој од осомничените“, вели адвокатот на таткото на убиената Вања

Адвокатот Владимир Туфгџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, верува дека од прв ден тој нема никаква вина. Според него, одреден му е превентивен притвор, без никакви докази. Посочува дека четири месеци не е предочен ниту доказ, а ниту индиција од кој би произлегла основаност на сомневањето за притвор.„Па дајте докази, како смета тој јавен обвинител, кои се фактите и доказите дека ќе се даде во бегство. Јас за такво нешто немам ниту индиција, ниту помисла. За мене работит

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Монструм силувал малолетно девојче во Крива Паланка

Грозоморен чин во Крива Паланка. Силувано е малолетно девојче. Нејзината мајка, 32 годишна жена од Крива Паланка пријавила дека Б.Д. од Штип извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.Надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.Освен иницијалите, нема информации за годините на штипјанецот, ниту за возраста на детето.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-11-14-at-20.02.44

Јанакиески на слобода во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во јуни ќе излезе на слобода, а за слободата на ексдиректорот на УБК Сашо Мијаков, допрва ќе се одлучува, соопшти денеска Апелацискиот суд Скопје. Предметот на Мијалков оди на повторно постапување.Апелацискиот суд – Скопје донесе решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот Миле Јанакиевскиод со која се бара условен отпуст, се уважува. С

Македонија | пред 2 години

collage

(Видео) Законот не дозволува возачот на Палчо да остане во притвор, се правда Обвинителството откако тој беше пуштен на слобода

Предлогот за укинување на ефективниот притвор на Стефан Димковски, транспортерот на Љупчо Палевски-Палчо до Турција, од обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска бил оти законот не и дозволувал продолжување на мерката повеќе од три месеци. Со овој став, Обвинителството го оправдува ослободувањето на Димковски и одредување на алтернативни мерки. Димковски се сомничи за помагање – а според Обвинителството, законот не дозволува притвор подолг од три месеци.„Со оглед на кривичното дело за кое е осом

Македонија | пред 2 години

IMG_9013.00_00_15_13.Still002

(Видео) Возачот на Палчо бил ослободен од притвор по предлог на обвинител, вели Судот

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифоска која ја води истрагата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, побарала Стефан Димковски да биде пуштен од притвор. Ова го тврдат од Кривичниот суд, од каде велат дека постапиле по тој предлог.„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за с.д. и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште/престокувалиште, одземање пстна исправа, обврска за јавување во суд

Македонија | пред 2 години

stefan-dimkovski

(Видео) Прв укинат притвор во случајот за убиството на Вања: Возачот на Палчо пуштен од затворот во Шутка

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.„Скопје1“ побара став о

Македонија | пред 2 години

policija-policaec-35

Полицаец натепан со боксови во Битола оти запрел 27-годишник со „БМВ Џ6“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и предложи притвор за 27-годишник со двојно македонско и австралиско државјанство, за кого постои сомнение дека сторил – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 10 март, на крстосница меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ во Битола, осомничениот во видно алкохолизирана состојба управувал со автомобил БМВ Х6. Двајца полициски службениц

Македонија | пред 2 години

siluvanje-1-640x432-163518

Грозоморно: Повеќепати силувана малолетничка во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во периодот од август до крајот на декември 2023 година, осомничениот во стан на улицата „Прилепска“ во Битола, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз 14-годишно девојче.Јавниот обвинител до Основниот суд во Битола

Македонија | пред 2 години

pari-zaplena-evra-denari-mobilen

Внимавајте: Скопјани со фалсификувани пари купувале храна, изнајмувале соби

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против пет лица, од кои две се осомничени дека сториле продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, додека останатите со умисла им помогнале да го извршат делото.Осомничените, четворица жители на Скопје и една жителка на Крива Паланка, сите на возраст меѓу 19 и 34 години, за сума од 18.000 денари набавиле девет фалсификувани банкноти од по 100 евра од лице од Скопје.Потоа, во пе

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

За 50 евра земен поткуп, му се заканува притвор - полицаец од Блаце фатен на дело

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик.Вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши. Откако претходно возач на авотбус со косовски

Македонија | пред 2 години

maksim-dimitrievski0123

Максим Димитриевски доби обвинение пред избори: го гонат за злоупотреба, а обвинува дека целта е дискредитација

Претседателот на Движењето Знам – За наша Македонија, Максим Димитриевски доби обвинение за злоупотреба на службената положба и овластување. Кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани поднел обвинителен предлог по кривичната пријава на две кумановски фирми дека не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и покрај тоа што, адвокатскиот тим на Димитриевски барал тој да биде изземен поради пристрасност и селективно постапување во предистражната постапка.Димитриевски одржа вонредна прес ко

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања