Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПРЕТСЕДАТЕЛ

Screenshot-2024-05-25-at-10.28.33

Сиљановска Давкова во Рим на средба со македонската дијаспора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова за време на посетата на Италијанската Република и Светиот Престол, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, во Рим, оствари средба со претставници на македонската дијаспора и на италијанско-македонската стопанска комора.Сиљановска Давкова беше зспозната со нивните активности и вклученоста на дијаспората во сите процеси во Италија.Во разговорот со Мунир Шемси, бизнисмен и претседател на АПИ НОРДЕС, претседателката беше информирана за заложбите на Комората, за неговиот личен и професионален развој, како и за над тридеценискиот хуман активизам насочен кон социјално ранливи семејства во неговиот роден крај.Претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за исклучителниот придонес на македонските иселеници во континуираното унапредување и продлабочување на соработката меѓу македонската и Италијанската република. Таа ја нагласи важноста од одржувањето на врските со дијаспората, што како нераскинлив дел од македонското ткиво доследно ги негува културата и традицијата, афирмирајќи ја нивната матична држава во странство.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-05-18-at-11.19.21

Првите кадровски решенија на Сиљановска: кои се новите лица на челни функции

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров се разрешени од функциите. Од Кабинетот на претседателката Сиљановска за „Скопје1“ велат дека нов генерален секретар е Ѓорги Божинов, а заменик Горан Момироски. Божинов, според неговата биографија е правник кој работел на повеќе позиции во Министерството за земјоделие пред да отиде во Вила Водно.„Генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, законодавната и институционалната рамка, процесите на јавни набавки, корпоративно советување, програмите за финансиска поддршка, државна помош, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области. Претходно, Божинов својата кариера во областа на правото ја остварува на раководни административни позиции во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, велат од Кабинетот за „Скопје1“.Момироски, е познат за јавноста. Тој долги години е дел од медиумскиот свет.„Заменик генералниот секретар Горан Момироски е дипломиран новинар со долгогодишно работно искуство во повеќе медиуми во земјава, меѓу кои МТВ, А1 ТВ, ТВ Канал 5, МИА, Телевизија Алфа, а соработувал со голем број меѓународни организации и медиуми во регионот. Во текот на бегалската криза во 1999 година и на воениот конфликт во 2001 година Момироски бил шеф на одделот за комуникација при Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации, а работел и како регионален координатор за комуникации на Меѓународниот комитет на Црвениот крст“, додаваат од Кабинетот на Сиљановска.Побаравме детали и за други кадровски решенија како што се шеф на протокол, аѓутант, нови лица во Секторот за односи со јавност.„Во однос на други кадровски решенија, јавноста ќе биде навремено известена“, додаваат од кај Сиљановска.

Македонија | пред 1 година

Foto-1

И Европската унија на нозе оти Силјановска не кажа „северна“ - стигнаа првите предупредувања

Продолжуваат реакциите од Европската Унија за денешната заклетва на новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова. Брисел директно бара Скопје да го почитува Договорот од Преспа со Грција.Во соопштението, Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС) нагласува дека „ЕУ жали поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска, не го употреби уставното име на земјата за време на денешната церемонија полагање заклетва“.„ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција“, се заклучува во соопштението.Претходно со соодветна реакција имаше и претседателот на Комисијата. Во својата објава на Платформа Х, Урсула фон дер Лајен нагласи дека „со цел Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон членство во ЕУ, од најголема важност е земјата да продолжи со реформскиот курс и целосно да ги почитува своите обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.

Македонија | пред 1 година

396386857_276519935371604_6305156327003636374_n

Собранискиот претседател да ја презеде функцијата шеф на државата, оти Силјановска не кажа „северна“, вели Лога

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, смета дека тоа што новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, не кажала „северна“ при повторување на заклетвата туку се дала свечена изјава со Македонија, значи дека таа не е инагурирана за претседател.„Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска.Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, вели Лога.Остра реакција имаше и од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-13.38.51

(Видео) : Пендаровски заминува, Силјановска влегува во Вила Водно

Во Кабинетот на претседателот, се одржа официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски остварија тет-а-тет средба.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.39.10

(Видео) Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие, им се обрати Силјановска на жените и кажа дека само Мицкоски верувал во нејзина победа

Претседателот на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова кажа дека таа не верувала во победа на изборите, а единствен кој ја убедувал и верувал дека тоа ќе биде така, бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Му се заблагодари преку својот говор во Собранието.„Ќе го почитувам овој Парламент, ќе ги заборавам лошите моменти, ќе ги паметам само добрите. Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани, нема да правам разлика меѓу нив. Ќе се обидам да ги оправдам овие илјадници гласови, кои се најголемата обврска која сум ја имала во животот. Ќе сторам се за да ја оправдам. Време е за единство“, рече Силјановска-Давкова.Кажа дека првите честитки ги добила од жени-политичарки од сите континетнти и сите области.„Зошто сакам овој говор да го посветам на жените.. Во ова Собрание јас законите ќе ги читам и ќе укажувам дека не мора да дојде до вето, дека може да направиме преку обраќањето некои корекции. Кога ќе именувам, или кога ќе предлагам членови на Судски совет, Уставен суд, ќе тргнувам од стручноста и компетентноста. За жал жените ги нема во политиката, затоа сум среќна што ќе инспирирам други жени. Ако јас можам да бидам претседателка, можете и вие! Запомнете“, додаде Силјановска-Давкова.Посочи дека силните жени можат да ги решаваат проблемите, меѓу државите, нациите.„Оваа држава ја немаме само благодарение на комитите, туку и поради комитките, оваа земја ја немаме само поради партизаните, туку и поради партизанките“, додаде Силјановска-Давкова.Додаде дека зад успешни жени стојат мажи, како што е нејзиниот сопруг.„Јас, Мицкоски пред 2019 година само еднаш го видов на телевизиските екрани. Довербата е многу важна, јас ќе ја оправдам - не поради долг кон политика или партија, туку бидејќи добив шанса да бидам опкружена со многу жени“, додаде Силјановска-Давкова.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-12-at-12.42.45

(Видео) Црвенковски и Пендаровски не дојдоа на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

На инаугурацијата на новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, иако поканети, присутни не беа експретседателите Бранко Црвенковски и Стево Пендаровски.На почетокот од собраниската седница за нејзино назначување, собранискиот претседател во заминување, Јован Митрески кажа дека одвоил столчиња за овие двајца претходници на Давкова, кои останаа празни.На поканата се одзваа Ѓорѓе Иванов и Вилма Трајковска, сопруга на починатиот претседател, Борис Трајковски. Двете столчиња до нив, беа празни.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Се токми ли Спасовски за претседател: Тоа не се отворени теми, ниту теми за јавност

Ниту демантира, ниту потврдува – вака министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се постави, кога доби прашања за неговата кандидатура за претседател на државата. На истата прес-конференција двапати беше прашан. Првиот пат одмавна со рацете и рече: „Благодарам“. Кога прашањето беше повторено, тој отворено кажа дека не сака да зборува на таа тема.„Тоа не се теми отворени, ниту теми за јавност, за тука. Тоа се партиски работи за кои кога ќе дојде моментот ќе го кажам својот став“, рече Спасовски.Борбата во СДСМ за кандидат за шеф на државата продолжува. Никој од политичарите чии имиња циркулираат во јавноста како кандидати, не сака ниту да потврди, ниту да демантира. Сите посочуваат дека тоа ќе се знае откако партијата ќе одучи.Сличен пристап имаше и актуелниот претседател, Стево Пендаровски. Тој пред месец кажа дека не исклучува можност да биде повторно кандидат, но дека нема дефинитивна одлука од негова страна.„Скопје1“ пишуваше на оваа тема.

Македонија | пред 2 години

Foto-2

(ВИДЕО) Пендаровски во еден ден посети спомен соба на Петре М. Андреевски, библиотека, манастир, граѓани

За време на посетата, претседателот Пендаровски во селото Слоештица ја посети спомен-собата на големиот македонски писателот Петре М. Андреевски, сместена во некогашниот Задружен дом, кој се реконструира и ќе прерасне во нов Мултифункционален центар. Претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните работи на објектот, како и со плановите во спомен-собата, покрај дела од писателот Андреевски, да бидат изложени и негови лични предмети кои ги подари неговото семејство.Во селото Слепче, претседателот Пендаровски го посети манастирот Св. Јован Претеча, каде беше запознаен со историјатот на манастирот, кој меѓу другото, бил и значајно црковно и манастирско средиште на Охридската Архиепископија, а низ неговата богата историја оформил и богата библиотека со вредни ракописи и книги за богослужбена употреба. Денес манастирот ја продолжува издавачката дејност и творештвото на нова химнографија, а ја возобновува и резбарската школа со автентичен стилски израз. Сестринството се занимава и со сточарство, пчеларство и земјоделство.Претседателот Пендаровски, во село Бабино, ја посети библиотеката „Ал-Би“, во приватна сопственост на Стево Степаноски. Библиотеката е резултат на 140 годишна семејна традиција во колекционерство. Најстарата книга е Арапски речник од 1307 година. Вкупно во библиотеката има над 20.000 наслови и брои 3.000 читатели од кои голем број видни академици, а има и членови од странство. Во состав на библиотеката има и етномузеј и амфитеатар на отворено.Во селото Слепче претседателот Пендаровски го посети домот на Гоце Трајчевски, кој е неодминливо место за посета од домашни и странски туристи. Тој дава и личен придонес за инфраструктурното уредување на целото село.Преку „Лице в лице со Претседателот“ претседателот Пендаровски остварува неформални средби со граѓаните коишто на различен начин придонесуваат во локалната заедница и во општеството во целост. Целта на проектот е ваквите поединци да станат повидливи, истакнувајќи го нивниот труд и несебичен влог во работата.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања