„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ПРИЛЕП

bolnica-prilep-01

Едно лице застрелано, уапсен 50-годишен маж за пукањето во Прилеп

Полицијата уапси прилепчанец кој истрелал куршум од пиштол, соопшти МВР. Ова доаѓа по добиената пријава во СВР Битола за пукотници во Прилеп.„Во 13.53 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Центарот за социјални работи Прилеп имало пукање со огнено оружје и било повредено едно лице кое е пренесено во Градска болница Прилеп. Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезени на лице место при што лишен од слобода бил А.Ј.(50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 11 месец

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Малолетнички биле нападнати и допирани по телата од четири лица во Прилеп

На 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп, 37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири малолетни другарки, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп биле физички нападнати и допирани по телото од страна на четири лица.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 11 месец

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Скандал, градоначалникот на Прилеп со 5 директори фатени во криминал со превозот на ученици, обвини Лукароска

„На денешниот Меѓународен ден за борба против корупцијата, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обелоденува нов случај за незаконско работење на избрани и именувани функционери на ВМРО-ДПМНЕ.Постои основано сомнение дека градоначалникот од Прилеп и 5 директори од средни училишта го прекршиле законот со незаконски јавни набавки“, обвини Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп и додаде:Бараме итна реакција на надлежното Јавно обвинителство и соодветни кривични пријави.Имено, на 6-ти март 2023 година, директорите на 5-те средни училишта од Општина Прилеп: „Ѓорче Петров", „Кузман Јосифоски – Питу“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и Гимназијата „Мирче Ацев“, во својство на застапници на договорни органи и правни лица, склучиле Договори за јавна набавка на услуги за превоз на ученици.Договорите биле со важност до 31.12.2023 година и освен времетраењето, со нивното потпишување двете страни ја прецизирале и вредноста на Договорите.Две недели пред истекот на времетраењето на Договорите, директорите на 5-те училишта и превозниците склучиле анекси со кои важноста на Договорите ја продолжиле до 29.02.2024 година.После првиот, следувало потпишување нов, втор по ред анекс на Договорот.Меѓутоа, освен што неговата важност ја продолжиле за нови 50 дена, овој пат директорите направиле измена и во вредноста на Договорот, поточно ја зголемиле цената на услугата, што е спротивно на Законот за јавни набавки.За целото тоа време превозниците вршеле превоз на ученици без важечки договори, а за извршената услуга доставувале фактури кои директорите ги исплаќале без претходно спроведена јавна набавка.Со склучените анекси на Договорот за јавна набавка на услуги за превоз на ученици, сметаме дека постојат основи за сомневање дека директорите на 5-те средни училишта и градоначалникот на општина Прилеп направиле неколку кривични дела, меѓу кои и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ и „Несовесно работење во службата“.Од тие причини, доколку Обвинителство не отвори предмет по допрен глас, тогаш Социјалдемократскиот сојуз на Македонија до Основното јавно обвинителство Прилеп ќе поднесе кривична пријава против петтемина директори и градоначалникот на Општина Прилеп.

Македонија | пред 1 година

soobrakajka-prilep

Ден на жалост утре во Прилеп: градот тагува по тројцата доктори кој го загубија животот во сообраќајката

Прилеп утре ќе прогласи Ден на жалост за смртта на трите медицински лица кои рано утринава, на пат кон работа загинаа во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.„Со тага ја примивме веста за загубата на тројца наши лекари, кои денеска ги загубија животите во сообраќајна несреќа во Прилеп. Прим. д-р радиолог Александар Ристески, спец. гинеколог д-р Никола Василевски и технологот за радиологија Фанче Јованоска ги загубија животите одејќи да ја извршуваат својата благородна мисија, како што е докторската работа. Најдлабоко сочувство до нивните семејства, пријателите и колегите“, напиша министерот Арбен Таравари на Фејсбук.Тројцата загинаа на место на несреќата. Како и секое утро, двајцата лекари и ренген техничарка од Прилеп, тргнале на работа во битолска приватна болница. Некаде во близина на клучката Лагово, точно во 7 часот и 51 минута, нивната Тојота налетува на камионот Волво, кој доаѓал од спротивен правец, од Битола кон Прилеп. По судирот, двете возила изгореа речиси во целост. Медицинските работници останале во едното од нив.

Македонија | пред 1 година

0-02-05-5cbb21f69cad093af2d5dced7488a1386c7d1176e61281257e4794344c03bdaa_2919d3a63d9

Се шири пожарот во Прилеп: се движи кон уште две села, го гаснат 20 лица и пет возила

Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп известиле дека пожарот во атарот на с.Небрегово (општина Долнени) што започна на ден 18.07.2024 година во 18.59 часот се движи во правец на с.Небрегово и с.Присад, каде што е зафатена ниска вегетација и ниска деградирана мешана шума.Ангажирани се 17 пожарникари со 3 теренски и 2 ПП возила - цистерни. Испратена е и екипа од 3 вработени во Национални Шуми – Прилеп.Ангажирана е и градежна машина од рудникот „Фимар Балкан“ за создавање на заштитен појас во с.Небрегово. Од ЕЛС Долнени побарана е воздухопловна поддршка.

Македонија | пред 1 година

286888220_5313051732126326_1454981420611626797_n

По полноќ: Мотоциклист во болница, откако се судрил со „мазда“ во Прилеп

Денеска (13.07.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на крстосница од ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Цане Кузманоски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Д.П.(34) од Прилеп и мотоцикл управуван од В.М.(18) од с.Беровци, прилепско, двете возила со прилепски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 година

366742213_621788976689095_7503184062032785488_n

Кучето кое два дена го чекаше газдата пред болница во Прилеп и трчаше по брзата помош кога добил мозочен удар е на сигурно

Се сеќавате ли на познатиот филм Hachi: a dog’s tale, снимен во 2009 година, во главната улога на Ричард Гир и кучето, кое почина на железничка станица чекајќи го да се врати?Една таква вистинска животна приказна се случува пред болницата во Прилеп.Кучево е пред болница Прилеп, гласи објавата на Фејсбук, која се споделува а на која никој не може да остане рамнодушен.Приказната за кучето го разнежни секое срце, а се апелира и да му се помогне.-Трчало по возило на итна помош во кое се превезувал газдата со мозочен удар. Два дена го чека пред болница сопственикот и не јаде. Која е оваа љубов луѓе. Ги молам сите активисти кои ги имам во пријатели, да не ги тагирам, ако имаат линкови во Прилеп да му се помогне некако со пансион или храна, бидејќи е мавано со камења за да се тргне од ,,луѓе”, вели меѓу другото и апелира за помош, Славко Дамјановски во својата Фејсбук објава.Подоцна информираа дека кучето е на сигурно.„UPDATE: кучето е на сигурноМногу медиуми се загрижија и секоја почит за нив.Многу почит за здружението за заштита животни од Скопје кое понуди брзо и конкретно решение.Многу почит за луѓето кои се понудија да покријат финансиски трошоци, луѓето кои се понудија со храна и било каква друга помош.На крај а не помалку битно, голема благодарност за докторката која алертираше со многу емпатија, емоција и љубов.БравоПс. Кучево е позитива на денот, пример за чиста љубов и лојалност, а сите Вие пример како треба и дека ќе одиме напред како заедница по осветлен пат“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 години

pozar-tila

(ФОТО) Фабриката „Тила“ во Прилеп е целосно уништена, сопственичките најавија продолжување со производството во најбрз можен рок

Во пожарот во прилепската конфекција за детска облека „Тила“ изгорело сѐ, соопштија двете сопственички на овој бренд. Тие порачуваат дека ќе продолжат со работа и дека производството ќе продолжи во најбрз можен рок и продавниците нема да се затворат."Драги наши пријатели, за оние кои сеуште не се информирани, со многу тешко срце и голема болка во душата, Ве информираме дека вчера на 21.04.2023 г во фабриката Тила изби пожар во кој за жал изгоре се!Причините за пожарот за жал сеуште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на утврдување на истите како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени.За оние кои не знаат брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра во Прилеп започнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани 20ти години!Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многугодишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд со кој ќе се гордеат сите Македонци.Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок.Воедно Ви се заблагодаруваме за Вашата безрезервна поддршка која ни ја дававте и во изминатите години, а која сега ќе ни значи најмногу од се. Тила живее преку Вашите најмили и се надеваме така и ќе продолжи и во иднина!",објавија сопственичкитеа на Фејсбук.

Македонија | пред 2 години

cibisev

Д-р Чибишев: Во 21. век да ти се случи инфекција со бактерија која ја има само во книги и да ти почине млада жена е трагично

Д-р Андон Чибишев од скопска Токсикологија се огласи за трагедијата во Прилеп каде жена починала од сепса во Општата болница по извршена операција при која во организмот и навлегла опасната бактерија.„Во 21 век, во регионална болница на еден од поголемите урбани центри во Македонија да ти се случи интрахоспитална инфекција со бактерија која сме ја среќавале само во нашите книги и тоа напишана со мали букви и при тоа заради ваквиот недозволен пропуст да ти почине млада жена ( 51 година) е повеќе од жално, трагично, нестручно, непрофесионално.Под итно да се испита случајот и да се казнат одговорните.Сочувство до семејството на починатата.Господ нека ја прости!“, вели д-р Чибишев.

Коментари | пред 3 години

bolnica-prilep-01

Жена починала од сепса во прилепската болница

Во прилепската болница затворени се седумте операциони сали на сите одделенија поради интерхоспитална инфекција, предизвикана од бактеријата „serratia“, поради која починала пациентка од сепса, објави ТВ Алфа повикувајќи се на болнички извори.Починатата е една од четирите пациенти кои претходниве денови биле оперирани, две на Гинекологија, и по еден на Ортопедија и Хирургија, но поради постооперативни инфекции, односно сепса, биле испратени на Инфективната клиника во Скопје.Пациентката пред четири дена починала во Скопје. Станува збор за 52-годишна жена врз која била извршена полесна, рутинска хирурушка интервенција на Гинеколошкото одделение. Зафатот поминал без проблеми, немало крварење, но наместо да се опоравува, пациентката набрзо паднала во кома, по што ургентно била префрлена во Скопје каде што и починала– Стручна комисија допрва треба да утврди за каков вид бактерија станува збор. Ќе треба да се почекаат и резултати од обдукцијата на починатата жена. Дотогаш, не би шпекулирале ништо. Неитните операции ќе се одложат, а додека итните ќе се прават во болниците во соседните градови – кратко одговориле од Болницата.

Македонија | пред 3 години

pesak

Прегазен пешак во Прилеп

На 07.12.2022 во 12.27 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(54) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од с. Мало Коњаре.Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-28-083828

(ФОТО) Гром запали куќа во Прилеп

Вчера вечер се запали куќа во Прилеп.Според информациите гром удрил во семејна куќа и предизвикал пожар.Од пожapoт зафатени биле 4 куќи, а густиот чад и пламен ги вознемиpи жителите од населбата “Марино маало”.Пожapoт е целосно изгacнат околу 3 часот по полноќ

Македонија | пред 3 години

petar-risteski-avtomobil-prilep

Кој го запали автомобилот на пратеникот, приведен кршел телефон во полцииска станица

Две лица се приведени во случајот со запаленото возило на пратеникот Петар Ристески, кое во пожар целосно изгоре вчера во раните утрински часови. Едното лице е од прилепското село Ново Лагово на возраст од 41 година, а другото лице е од Прилеп на возраст од 31 година.Според јавниот обвинител од прилепското основно јавно обвинителство Маријана Илиеска, на едно од двете лица, 31-годишниот прилепчанец му е определен притвор до осум дена поради спречување на службеното лице во извршувањето на должноста.-Се прибира доказниот материјал во случајот, налогот е даден да се приберат сите видеозаписи од околината, од бензиски пумпи, јавни објекти во периодот кога е запалено возилото, а од собраниот доказен материјал на лице место се чека да заврши вештачењето, изјави обвинителката Илиеска.Мажот кој вчера беше уапсен поради сомневања дека има поврзаност со опожарувањето на автомобилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, доби осум дневен притвор. Тој во полициска станица не признал вина ниту дека знае нешто поврзано со случајот. Но, во момент кога бил издаден налог за одземање и вештачење на неговиот мобилен телефон, тој го искршил пред полицајците.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-23-at-10.31.14

Бизнисмени вие сте на ред: Државата крена раце од Марианчо познат по „Идол“, остана без кров над глава, роднини и родители

Марианчо Костовски е суперхерој од Прилеп-познат по видеото од Идол. Сега, се бара претприемач кој ќе му овозможи достојни услови за работа, како и примања, но и сместување. Неговиот сограѓанин, Даниел Кочоски, објави за состојбата на Марианчо.„Идол мој со кој седам секоја вечер пред домот за култура Марко Цепенков и пијам пиво. Лик со големо срце и душа. Државата има кренато раце од него има преголем долг во ЕВН, нема струја, нема вода, нема греење, нема кров, нема роднини, нема родители, нема ништо и покрај тие сите нечоечки услови тој е позитивен со сите прилепчани. Има приход од Тобако 🙌 со разнесување на лото. Има храна од сите угостители во цела чаршија 🙌. Секоја чест за нив !!! Има социјална помош од 5000ден. Која му ја укинуваат доколку се согласи да живее во домот за старци и мора од 21:30 да се прибере таму. Мацио не сака да ги изгуби тие 5000ден. и не сака да биди условуван во колку часот да се прибира таму. Мацио е млад и сака да живеј нормално! Мацио одбива да седи таму и порај неколку иницијативи од прилепчани кои сакале да му помогнат за да го вдомат таму.Мацио е златен чоек на кој мора да му помогниме. Помош се бара само од стабилен претприемач кој можи да му обезбеди соба и работа. Вреден е, сите го знајме чоеков. Доколку има чоечки услови за живот тој можи да ја одржува хигиената и нормално(со малце помош) да функционира перфектно. Во градов мислам дека има стабилни претприемачи кои би му помогнале. Ги замолувам претприемачиве со страшни фирми да му помогнат! За чоечки живот зботувам на долг период! Мациов че си работи кај вас поштено, само дајте му минимална плата и чоечки услови за живот. Кој сфати, сфати! Добротворни донации не се добрдеојдени. Добредојдени се само доби работодавци кои можат да му помогнат. Поздрав! За чоек прајме муабет!“, напиша Костовски.

Магазин | пред 3 години

272347445_4857828307642342_8495103307608053811_n

30 дневен притвор за четворицата осомничени за насилство во прилепската болница

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар. Тие најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања